Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Белград, 26 ноември 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, денеска, на маргините на 93-то Генерално собрание на Интерпол во Маракеш, имаше средба со директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Северна Македонија, Александар Јанев. Како што се наведува во информацијата од српското Министерство за внатрешни работи, двете страни се согласиле дека постои одлична полициска соработка меѓу Република ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Познатиот албански поп пејач Шпат Касапи почина ненадејно утрово во Италија. Неговиот брат Аљбин во изјава за албански медиуми посочува дека засега се сомневаат дека причина за смртта е срцев удар. Шпат Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово. Касапи е син на екс пратеничката од СДСМ, Ѓилумсер Касапи. Тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување. ...
Бисао, 26 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Гвинеја-Бисао, Умару Сисоко Ембало, изјави дека денеска околу пладне бил уапсен во неговата канцеларија во претседателската палата, тврдејќи дека е во тек обид за државен удар во земјата. Како што изјави за локалниот весник „Жене Африк“, заедно со него биле уапсени началникот на Генералштабот, генерал Биаге На Нтан, заменик-началникот на Генералштабот, генерал Мамаду Туре, како и министерот за ...
Белград, 26.ноември 2025 (МИА) – Тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ понуди оставка на тренерската позиција на КК Партизан по серијата порази на тимот во Евролигата пренесуваат медиумите од Србија. Ова е втор пат Обрадовиќ да биде на клупата на Партизан, а тренерската функција ја презеде во јуни 2021 година. Неуспехот на Партизан во Атина против Панатинаикос е седми во серијата од осум натпревари. Екипата делува безидејно и притоа му ...
Шангај, 26 ноември 2025 (МИА) – Авиокомпанијата „China Eastern Airline“ од следната недела ќе го вклучи во својата понуда најдолгиот комерцијален лет во светот, од кинеската економска метропола Шангај до аргентинската престолнина Буенос Аирес, објавија денеска кинеските медиуми. Линијата што ги поврзува градовите оддалечени 20.000 километри ќе биде во функција од 4 декември. Шангај и Буенос Аирес се наоѓаат на речиси спротивни страни од ...
Белград, 26 ноември 2025 (МИА) - Србија ќе аплицира за отворање Регионалното биро на Интерпол за Југоисточна Европа со седиште во Белград, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи. „Заинтересирани сме Регионалното биро за Југоисточна Европа да биде во Белград и официјално ќе аплицираме“, рече Дачиќ, кој ја предводеше српската делегација на 93-та седница на Генералното собрание на Интерпол во Маракеш. Тој додаде дека разговарал ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. ДСЗИ нареди и вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето, а земени се и мостри од работните површини. Од Институтот за јавно здравје најавија дека првичните информации за тоа што се случило и ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во Коалицијата Вреди се усогласени новите министерски позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник во Чаир, посочуваат извори од коалицијата за МИА. Од Владата пак за МИА велат дека до нив Вреди се уште нема доставено предлог и очекуваат како што денеска кажа премиерот Христијан Мицкоски тоа да се случи најдоцна до понеделник. Според извори во коалицијата Вреди, Беким Сали ќе биде кандидат за функцијата прв ...
Скопје, 26. ноември 2025 (МИА) – Женскиот одбојкарски првак Јанта Волеј Кисела Вода настапот во европските клупски купови го продолжува вечерва (20 часот). Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје гостува хрватскиот тим Младост Загреб во рамки на 1/16 финалето од ЦЕВ купот. Одбојкарките на Јанта Волеј КВ испишаа историски успех, кој не е само клупски, туку ќе остане запаметен и како еден од највисоките успеси во македонската женска клупска историја во ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - ЕУ-финансираната програма ЕУ за економски раст (EU4EG) денеска го одбележа своето официјално затворање со саем на претпријатија кој обедини повеќе од педесет микро, мали и средни претпријатија, стартапи, акцелератори, креатори на политики и партнери. Од своето започнување, EU4EG поддржа над сто мали и средни претпријатија, стартапи од Полошкиот, Североисточниот, Југозападниот регион, како и од Ресен, овозможувајќи ...
Сао Паоло, 26.ноември 2025 (МИА) – Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно е повреден и го очекува нова пауза. Ова е нов проблем за 33-годишниот фудбалер, кој очекува повик во бразилската репрезентација за Светското првенство, но повредата може да го спречи да настапи на Мундијалот. Во следните три дуели „сите финалиња“ Сантос игра против Спорт Ресифе, Хувентуде и Крузеиро). Нејмар има повреда на менискусот, а на истото колено имаше и операција ...
Брисел, 26 ноември 2025 (МИА) – Ако не сакаме нова руска агресија и ако сакаме сегашната да запре, тогаш ни треба постигнување праведен и траен мир за Украина, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на прес-конференцијата по неформалниот онлајн состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата посветен на најновиот мировен план за Украина. - Ќе се борам за тоа колку што ...
Сан Хозе, 26 ноември 2025 (МИА) – Компанијата HP планира да укине до 6.000 работни места во текот на следните три години преку зголемена употреба на вештачка интелигенција (ВИ), соопшти денеска компанијата, при што првичните трошоци за реструктурирање се проценуваат на 650 милиони долари. Овие намалувања на работните места доаѓаат откако производителот на компјутери и печатачи, кој имаше околу 58.000 вработени на крајот на октомври минатата ...
Атина, 26 ноември 2025 (МИА) – Договор за разграничување на Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ) потпишаа во Бејрут претседателите на Кипар и Либан, Никос Христодулидис и Џозеф Аун, а паралелно се согласиле да ја унапредат можноста за електрично поврзување меѓу двете земји преку формирање технички тимови и изработка на студија за одржливост, јави дописничката на МИА од Атина. Според кипарските медиуми, со договорот за Ексклузивната економска зона ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Започнуваме процес што ќе треба да ја обезбеди далекупосакуваната децентрализација, регионализација на услугите, услуги поблиску до граѓаните, нови услуги, поодговорно трошење на здравствениот денар. Ова го изјави попладнево директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, пред Средбата за договорни надомести 2026 година, каде е предвидено да им се презентира на сите јавни здравствени установи, што ...
Битола, 26 ноември 2025 (МИА) - Јавната администрација е „темелот и крвотокот на државата“ и нејзината професионализација претставува еден од најважните приоритети на Владата, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на четвртата серија од Генеричките обуки за административни службеници „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор”. На јавен настан во Битола, Министерството ја продолжи ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Состојбата со врнежи во земјава во моментот е стабилна, но според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Станува збор за адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски. Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски на денешната ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) – Заедничката безбедност е клучна во време на глобални предизвици. Трансатлантското партнерство е посилно од кога било, бидејќи заканите се реални и постојано еволуираат, од кибер напади до последиците од руската агресија врз Украина. Актуелната руска агресија отвора нова поризична епоха во геополитиката и поддршката за Украина е тест за НАТО и ЕУ. Нашата споделена безбедност е споделена одговорност. И, со Европа и ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Министерството за финансии (МФ) денеска го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година. -Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува ...
26 ноември 2025 Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година истакна дека двата амандмани поднесени од пратеничката група на Левица уште еднаш ја потврдуваат нивната хипокризија и лажна борба за интересите на студентите, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. „Овие два амандмани коишто ги има поднесено ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Дваесет и четири амандамани на Предлог буџетот за 2026 година, поднесени од страна на опозицијата не поминаа на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. Заменикот министер за финансии, Николче Јанкуловски и мнозинството во Комисијата не ги прифатија амандманите кои ги поднесоа пратениците од ДУИ, СДСМ и Левица. Најмногу амандмани во првиот дел на седницата-14, до паузата, поднесоа пратениците од ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Спортот и спортската дипломатија за првпат се вклучени како посебен постулат во Предлог–текстот на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2026–2030, кој денеска беше презентиран на јавната дебата во Владата. Во рамките на понатамошниот инклузивен процес, Стратегијата ќе биде објавена и на Националниот регистар на прописи – ЕНЕР, се наведува во соопштението од Министерството за спорт. Носител на ...
Ерусалим, 26 ноември 2025 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска предупреди дека нема да има мир во Либан без гаранции за безбедноста на Израел. - Нема да дозволиме никаква закана за жителите на север, максималниот притисок ќе продолжи, дури и ќе се интензивира, рече Кац во израелскиот парламент. Тој додаде дека без безбедносни гаранции за Израел, „нема да има мир во Бејрут ниту ред и стабилност во Либан“. Израел ги ...
Гостивар, 26 ноември 2025 (МИА) - Полицијата лишила девет државјанки на Колумбија под сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој во гостиварско и против нив се поднесени соодветни пријави. Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер (25.11.2025 во 01:30 часот) при преземање на мерки и активности во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица. - Меѓу нив имало девет државјанки на Колумбија и четири ...
Делчево, 26 ноември 2025 (МИА) - Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Национална установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“, денеска беа одбележани 22 години од објавувањето на романот „Македон“, прв роман во историјата на Делчево, дело на роднокрајниот автор Славчо Десподов. Настанот, кој се одржа пред учениците од четврта година од ...
Рим, 26 ноември 2025 (МИА) – Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, изјави дека едногласното усвојување на нацрт-законот со кој фемицидот станува кривично дело казниво со доживотен затвор, е важен знак за сплотеност меѓу политичките партии во Италија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. - Многу сум задоволна од одобрувањето на нацрт-законот со кој фемицидот се дефинира како кривично дело од страна на парламентот. Тоа е важен знак за ...
Брисел, 26 ноември 2025 (МИА) – Европската комисија работи на „заемот за репарации“ за Украина и е подготвена да презентира законскиот предлог за оваа иницијатива, најави денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. - Во тек се дискусии со земјите членки за оваа тема. Дискутираме врз основа на писмото што претседателката Урсула фон дер Лајен го испрати до земјите членки пред неколку дена. Добиваме повратни информации од земјите членки и врз ...
Париз, 26 ноември 2025 (МИА) – Највисокиот апелациски суд во Франција, Касацискиот суд денеска ја потврди пресудата за незаконско финансирање на кампањата против поранешниот претседател Никола Саркози. Касацискиот суд во Париз пресуди дека понискиот суд бил во право што го осудил за незаконско финансирање во неговата неуспешна кампања за реизбор во 2012 година. Тој сега ќе отслужи шестмесечна затворска казна, веројатно со електронска нараквица, ...
Атина, 26 ноември 2025 (МИА) – Грчката Влада и националните социјални партнери постигнаа и потпишаа договор за зајакнување на колективните договори за работа, договор што е прв од ваков вид и ги укинува сите ограничувања од периодот на меморандумите за штедење, а претпладнево беше детално презентиран, додека пак министерката за труд и социјално осигурување на Грција Ники Керамеос го карактеризираше како историски, јави дописничката на МИА од ...