Скопје, 6 мај 2026 Во гостување во емисијата „Топ-тема“ на ТВ „Телма“ претседателот на Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски, се осврна на заминувањето на пратеникот Миле Цеков оценувајќи дека станува збор за личен чин, кој не ја нарушува стабилноста на партијата - се вели во соопштението на ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално. Тој посочи дека оддалечувањето на Цеков било процес кој подолго време бил видлив нагласувајќи ...

Дебар, 6 мај 2026 (МИА) - Во врска со тужбата поднесена од фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија против партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и нејзиниот претседател, Васил Стерјовски, како и во врска со последното рочиште одржано во Основниот суд во Корча партијата достави барање до судот за обезбедување преведувач на македонски јазик а од судијката која го води случајот преиспитување на одлуката во однос на ...

Битола, 6 мај 2026 (МИА) - Ана Полизовска од Битола, членка на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ е наградена со златен медал од Европската асоцијација за астрономско образование (European Association for Astronomy Education-EAAE) која во соработка со European Southern Observatory (ESO) го реализира детскиот ликовен конкурс „Визија за убавината на универзумот“. Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола оваа година ...

Битола, 6 мај 2026 (МИА) - Општина Битола со поддршка и активно ќе учестува во националната акција „Генералка викенд“ која ќе се одржи на 8, 9 и 10 мај во овој град. Од секторот за односи со јавност информираа дека главна цел на акцијата е отстранување на отпадот од јавните површини, парковите и дивите депонии во градот и околината. Низ акцијата „Генералка викенд“ се овозможува поддршка на процесот на селекција и рециклирање, поврзувајќи ги ...

Перт, 6 мај 2026 (МИА) - Истражувачи од Австралија идентификуваа нов изумрен вид коала „со големи, подвижни усни“, по повторното испитување фосили во Музејот на Западна Австралија во Перт. Тим предводен од Кени Травујон, кустос и стручњак за цицачи во Музејот, откри дека фосилите за коишто долго се претпоставуваше дека му припаѓаат на современиот вид коала („Фасколарктос кинерус / Phascolarctos cinereus“), всушност му припаѓаат на претходно ...

Лос Анџелес, 6 мај 2026 (МИА) - Ќерката на Мајкл Џексон, Парис Џексон, објасни зошто не учествувала во снимањето на новиот биографски филм за нејзиниот татко. Впрочем, таа не е единствениот член на семејството Џексон што не се појавува во филмот „Мајкл“, чијашто премиера Холивуд се случи претходниот месец, а којашто самата Парис ја пропушти. Филмот, во режија на Антоан Фукуа, го следи животот на некогашниот „крал на поп-музиката“ - од ...

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник министерот за односи со јавност Мухамед Исмаиљи, учествува на меѓународниот саем и конференција „SAHA Expo 2026“, што се одржува во Истанбул од 5 до 9 мај. Во рамки на посетата, како што информираат од МВР, делегацијата остварила работна средба со заменик директорот на турската полиција, Мустафа Чалишкан. На средбата била потврдена силната и ...

Њујорк, 6 мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Оклахома поведоа со 1-0 против Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА лигата со победа синоќа на домашен терен од 108-90 . Чет Холмгрен со 24 поени ги предводеше актуелниот НБА првак до стартната победа во полуфиналната серија против Лејкерс, а Аџеј Мичел и Шеј Гилџес-Александер додадоа по 18 поени. Во тимот на Лејкерс, Леброн Џејмс беше најефикасен со 27 ...

Струмица, 6 мај 2026 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија од денеска до 11 мај во Струмица ќе биде домаќин на развоен турнир на УЕФА на кој покрај македонската репрезентација ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора. Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново. Избраничките на селекторот Катерина Милеска во воведното коло, попладнево ќе играат против Сан ...

Куманово, 6 мај 2026 (МИА) - Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дијапозитиви на фотографот Марјан Јаневски – Шалајко, посветена на празнувањето на Ѓурѓовден во ромската населба Средорек. Во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „На Ѓурѓовден“, на која ќе бидат претставени ...

Кочани, 6 мај 2026 (МИА) - Во Центарот за култура „Бели мугри“ синоќа беше отворена изложбата на дела насловена „Портрети“ изработени од на учениците од Училиштето за сликање и цртање при националната установа од Кочани. Во двете фоајеа се изложени стотина цртежи – портрети изработени со графит техника каде љубителите на уметноста одблизу ги погледнат изработките на младите уметници. -Изложбата е резултат на посветеноста, трудот и ...

Киев, 6 мај 2026 (МИА) - Шефот на украинската регионална воена администрација Запорожје, Иван Федоров, денеска извести за руски напад врз индустриски комплекс поради еднострано примирје од страна на Киев кое веќе стапи на сила. Прекинот од страна на Украина е од полноќ денеска, додека Москва предвидува привремено примирје на 7 и 8 мај за да се прослави победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна. Украинскиот ...

Москва, 6 мај 2026 (МИА) - Пет цивили беа убиени во украински напад со дронови во градот Џанкој, во северниот дел од Кримскиот Полуостров анектиран од Русија во 2014 година - објавија руските медиуми повикувајќи се на локалниот гувернер назначен од Москва, Сергеј Аксјонов. „За жал, како резултат на нападите на непријателските дронови во Џанкој имаше жртви меѓу цивилното население. Пет лица беа убиени“, напиша Аксјонов на својот канал на ...

Берлин, 6 мај 2026 (МИА) – Третата пратка на високорадиоактивен нуклеарен отпад без инциденти пристигна во привременото складиште во Ахаус, во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, соопшти полицијата рано утрово. Контејнерот „Castor“ бил транспортиран околу 170 километри од западниот град Јилих до Ахаус во регионот Минстерланд, стигнувајќи на локацијата рано наутро, се наведува во полициското соопштение. Конвојот синоќа тргнал ...

Диселдорф, 6 мај 2026 (МИА) – Полицијата во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија рано утрово почна рации во осум градови, насочени против осомничени десничарски екстремисти, соопштија извори од безбедносните служби. Претресите во најнаселената германска сојузна држава се насочени кон 10 осомничени поврзани со групата позната како „Млади и силни“. Сите се германски државјани, наведуваат изворите. Еден од осомничените веќе бил во ...

Атина, 6 мај 2026 (МИА) – Товарен брод што пловел под знаме на Вануату потона во морскиот дел северно од грчкиот остров Андрос откако удрил во карпест дел, а сите деветмина членови на екипажот се спасени и безбедносно пренесени на пристаниште, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција информираа дека по потонувањето интервенирале два патролни брода на крајбрежната служба и два се упатиле кон локацијата, како и три ...

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Монетарната политика на Народната банка (НБ) е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел, информираат од НБ. На ...

Скопје, 6 мај 2026 Христијан Мицкоски, без решение за економијата, без реформи за ЕУ и без каква било визија за иднината на државата, започна нова кампања „предавници“ и вештачки конфликт со Бугарија, за да ја заштити себе си и својата криминална организација ВМРО, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Полека исчезнуваат парите во буџетот за криминалните тендери, владата се задолжува секојдневно, нема резултати во ...

Скопје, 6 мај 2026 - СДС и Филипче се кријат зад флоскулата „проевропски“ додека во пракса нудат политика на отстапки без принципи, без црвени линии и без гаранции за државата. За Венко Филипче и СДС европскиот пат е алиби за прифаќање на се и сешто на штета на националните интереси, само СДС да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Венко ...

Скопје, 6 мај 2026 ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ ја боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, се вели во соопштението на „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално. Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како ...

Скопје, 6 мај 2026 Изет Меџити, промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Албанците. Човекот кој стана милионер додека Чаир осиромашуваше, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината: неговата политичка структура функционира по истата логика како мафијашките кланови семејна лојалност, крвна поврзаност, лични интереси и контрола преку неговите најблиски луѓе, се вели во реакцијата на ДУИ на ...

Лос Анџелес, 6 мај 2026 (МИА) - Американската компанија „Епл (Apple)“ вчера се согласи на спогодба од 250 милиони долари по тужбата во којашто се обвинува технолошкиот гигант за заведување на купувачите на „Ајфон (iPhone)“ поради доцнење на надградбите на вештачката интелигенција на неговиот гласовен асистент „Сири (Siri)“. Спогодбата, којашто сè уште бара одобрение од федерален судија во американската сојузна држава Калифорнија, се очекува ...

Лос Анџелес, 6 мај 2026 (МИА) - Развивачот на „Чет-ГПТ“, „Опен-АИ (OpenAI)“, се очекува да потроши околу 50 милијарди долари оваа година за развој на компјутерската моќност, според соосновачот и претседател на оваа американска компанија за вештачка интелигенција - ВИ, Грег Брокман. Тој, всушност, ја откри таа бројка во своето сведочење во тужбата поднесена од технолошкиот милијардер Илон Маск, кој е исто така, соосновач на „Опен-АИ“. Имено, ...

Кочани, 6 мај 2026 (МИА) - Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот. На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна ...

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која се разговараше за спроведувањето на реформите и напредокот во рамките на реформската агенда 2024 - 2027. На средбата бил потенциран досегашниот напредок во реализацијата на реформите, како и динамиката на идните ...

Лондон, 6 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави оти е горд на своите фудбалери кои синоќа изборија пласман во финалето во Лигата на шампиони, прво за лондонскиот клуб од 2006 година. „Се гордеам си нив и многу сум среќен. Долго чекавме на ова финале и сум исклучително среќен што го постигнавме пред нашите навивачи. Нашите навивачи се горди на нас“, рече Артета. Арсенал во полуфиналето го елиминираше мадридски Атлетико, ...

Монако, 6 мај 2026 (МИА) – Олимпијакос е првиот тим што избори пласман на завршниот фајналфор во кошаркарската Евролига, откако синоќа на гостински терен го совладаа Монако со 105 – 92 и во доминантен стил со 3-0 го елиминираа францускиот тим во четвртфиналната серија до три победи. Грчкиот тим имаше водство од самиот почеток на третиот натпревар, и по водството од 26-17 по првата четвртина, предноста на Олимпијакос на полувремето достигна ...

Скопје, 5 мај 2026 (МИА) - Во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, истражувачки проект на авторот проф. Кирил Пенушлиски. Како што соопштуваат организаторите, изложбата претставува длабинско истражување на комплексниот однос меѓу европското уметничко наследство и развојот на модерната уметност во државата. Проектот го анализира влијанието што ...

Мадрид, 6 мај 2026 (МИА) – Шпанија му дозволи на крузерот погоден од случаи на хантавирус и три смртни случаи да се закотви на Канарските Острови, додека здравствените власти истражуваат дали на бродот се случило пренесување од човек на човек. Одлуката е донесена во координација со Светската здравствена организација (СЗО) и Европската Унија, во согласност со меѓународното право и хуманитарните принципи, соопшти шпанското Министерство за ...

Ереван, 6 мај 2026 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги отфрли заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за европски автомобили, предупредувајќи го Вашингтон да се држи до трговскиот договор постигнат со Брисел. За прв пат откако Трамп во петокот објави дека ќе воведе царини од 25 проценти за автомобили произведени во ЕУ, Фон дер Лајен изјави дека „договор си е договор“, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.93
65%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
62%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.37
73%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
61%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.69
83%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
58%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
59%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.59
53%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
56%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.56
75%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Калај

51.97

Алуминиум

3.48

Бакар

12.52

Родиум

257205.97

Платина

53756.05

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Паладиум

39545.42

Цинк

0.00

Сребро

2072.63

Кобалт

45.39

Злато

131337.93