Каиро, 10 август 2025 (МИА) - Јордан ќе биде домаќин на трилатерален состанок на американски и сириски претставници во вторник, на кој ќе се разговара за начините за обезбедување поддршка за реконструкцијата на Сирија, соопшти јорданското Министерство за надворешни работи. На состанокот ќе учествуваат сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан ал-Шибани, американскиот пратеник за Сирија Томас Барак и американскиот амбасадор во Турција, ...

Тирана, 10 август 2025 (МИА) - Италијанските медиуми објавија вест, повикувајќи се на „Гардијан“, дека Иванка Трамп и Џаред Кушнер, ќерката и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, го купиле островот Сазан во Албанија за над милијарда долари, објави euronews.al. Тие минатиот месец престојувале во Албанија и на албанското крајбрежје минале неколкудневен одмор. „Овој остров, познат по својата природна убавина, поранешна воена база, го ...

Скопје, 10 август 2025 Се јави Путерот, но веројатно со жешкото време се растопил, па замириса на мувла и криминал, кој го крие. Слушај вака Љупчо, ти прво треба да им дадеш одговори на органите на прогонот за сите коруптивни договори кои ги имаш направено, а истрагите за кои ти се заглавени кај главниот обвинител Коцевски. Па за тоа го браневте во Собрание, да ве спасува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Што ...

Рим, 10 август 2025 (МИА) - Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани предупреди дека „воените планови на Израел се закануваат да го претворат Појасот Газа во Виетнам“. Шефот на италијанската дипломатија му порача на Израел да ги послуша предупредувањата што доаѓаат од израелската армија (ИДФ) против започнување широка воена кампања за освојување на целиот Појас Газа. „Инвазијата врз Газа се заканува да стане Виетнам за ...

Скопје, 10 август 2025 Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка и јавно ја осуди секоја форма на насилство и незаконско постапување. Началникот од Демир Хисар е разрешен од функцијата. Ова е борба за принципи и морал, борба што се покажува на дело, за разлика од времето на прогон, нечовечко и злосторничко постапување на партиската полиција на Зоран Заев, Оливер Спасовски и Али Ахмети, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Скопје, 10 август 2025 Чупеска, производот на Фрчкоски и удбашите од 90-тите, кои ги следеа неистомислениците во медиумите, стопанството, вклучително и политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, држи лекции за демократија!?, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Очигледно е дека Ана Чупеска, верната ученичка на Љубомир Фрчкоски и продолжена рака на старите удбашки структури од 90-тите, денес повторно се јавува како ...

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово. -Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и ...

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - МВР конечно постапи, но ова не е доволно, на овој начин МВР сака да го забошоти случајот за нивниот началник, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Откако цели два дена им требаше на МВР да ги видат снимките кои целата јавност ги виде, под притисок на СДСМ и граѓаните, МВР конечно постапи, но ова не е доволно. Добро е познато дека на овој начин МВР сака да го забошоти случајот за нивниот ...

Лондон, 10.август 2025 (МИА) - Кристал Палас и Ливерпул попладнево го играат првиот официјален натпревар сезонава во Англија, популарниот Комјунити Шилд. Дуелот на шампионот (Ливерпул) и освојувачот на ФА купот од ланската сезона (Кристал Палас). Но, двата клуба овој преоден рок ги врзува и потенцијален трансфер на играчот од одбраната на Кристал Палас, Марк Геи. 25-годишниот англиски репрезентативец е во последната година од договорот и секако ...

Вашингтон, 10 август 2025 (МИА) - Бо Хајнс, советникот за криптовалути во Белата куќа, објави дека ја напушта администрацијата на претседателот Доналд Трамп и се враќа во приватниот сектор. „Служењето во администрацијата на претседателот Трамп и работењето рамо до рамо со нашиот брилијантен експерт за вештачка интелигенција и криптовалути, Дејвид Сакс, во Белата куќа беше голема чест за мене. Заедно ја позициониравме Америка како светски центар ...

Брисел, 10 август 2025 (МИА) - Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денеска изјави дека секој договор меѓу Вашингтон и Москва во контекст на војната во Украина мора да ги вклучи Киев и Европската унија. Калас додаде дека ќе свика состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ в понеделник за „да се разговара за следните настани“. „САД имаат моќ да ја принудат Русија сериозно да преговара. Секој договор меѓу САД и ...

Скопје, 10 август 2025, МИА Во очаен обид да инсталираат режим, поради страв од сопствена некапацитираност; неспособноста и незаконското постапување на началниците на г-дин Тошковски, силеџиски дејствуваат против секоја општа и уставна логика. За тоа, итно треба да бидат изнесени пред лицето на правдата! Очекувам за скандалот во Д. Хисар, ОЈО да постапи согласно своите надлежности, кога веќе началникот ги пречекорил своите овластувања и ...

Скопје, 10 август 2025 Поранешниот министер за земјоделство и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, ги осуди погрешните политики на актуелната влада предводена од ДПМНЕ, кои ја загрозуваат иднината на земјоделците и земјоделството во Македонија, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Според Николовски, земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми, од зголемени субвенции за големите компании до намалување на клучните ...

Скопје, 10 август 2025 ДУИ, Бујар Османи, Артан Груби и Али Ахмети мислат дека набрзина ќе си ја избркаат „мувата од капата“, а всушност се разобличија сами, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. ДУИ е партија основоположник на српскиот свет во Македонија. Потсетуваме: Влезот на МТЕЛ во Македонија е во јули 2021 година – токму кога ДУУ беша власт, а Бујар Османи беше министер за надворешни работи, дополнително и ...

Скопје, 10 август 2025 (МИА) – Со положување цвеќе пред споменикот подигнат во чест на загинати бранители во село Љубанци, Општина Бутел, денеска беа одбележани 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа на 10 август 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Венци со цвеќе пред споменикот на паднатите бранители во село Љубанци положија делегација на Влада предводена од ...

Скопје, 10 август 2025 ((МИА) - Едно лице е починато, а повеќе се ранети во вооружена престрелка која се случила денеска напладне во Тетово. Меѓу повредените е малолетно девојче и шеестгодишен случаен минувач. Повредените се пренесени во тетовската Клиничка болница и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од МВР соопштија дека во 12:30 часот на крстосница од улица ,,Илинденска" со улица ,,Благоја Тоска" во Тетово се случила вооружена ...

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Пожар настанал денеска во глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец, на околу 30 метри од брегот. Минитерството за внатрешни работи информира дека за пожарот било пријавено во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција. -Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција. Од ...

Скопје, 10 август 2025 Во државата на ДПМНЕ, ни небото не е безбедно од партизацијата која ја псроведуваат секој ден. Институцијата што ја гарантира безбедноста на секој авион што влегува и излегува од македонското небо, М-НАВ, денес е партиска испостава полна со роднини, пријатели и верни војници на партијата, се наведува во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Прво таму се вработува Атанас Стамнов, човек од Патриотскиот ...

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Зголемување од 2 проценти годинава во однос на минатата има кај површините кои беа засеани со пченица. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пренесува изјава на министерот Цветан Трипуновски кој посочува дека согласно првичните податоци од науката и теренските сондажи, се бележи „сериозен раст во делот на просекот кој ќе биде на државно ниво – тој ќе се движи оваа година над 4 тони по хектар. ...

Лондон, 10.август 2025 (МИА) - Англискиот Супер куп или популарниот „Комјунити Шилд“ попладнево се игра на Вембли. Во битката за првиот трофеј сезонава во англискиот фудбал играат шампионот Ливерпул и освојувачот на ФА купот. Кристал Палас. Ливерпул на Вембли треба да се појави со новите засилувања, а воедно тимот на Арне Слот важи за фаворит и за победа денеска, но и одбрана на шампионската титула. Ова ќе биде и првиот официјачен натпревар за ...

Манчестер, 10.август 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола откри дека не е само фудбалот негов спорт. Тој на прес конференција во Палермо, каде неговиот тим играше контролен натпревар и победи со 3:0 откри дека ја следи и НБА лигата. Притоа му честиташе на својот пријател Џо Мазула за продолжувањето на договорот со Бостон. На прашањето кој е негов омилен играч во НБА лигата, Гвардиола потенцираше дека по повлекувањето на Мајкл ...

Вашингтон, 10 август 2025, МИА Бранка Д. НАЈДОВСКА Роберт Редфилд Јуниор, американски вирусолог кој беше директор на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) во САД инаку, познат по неговата експертиза во областа на ХИВ/СПИН и заразни болести, а кој по заминувањето од функцијата во CDC продолжи да работи во научниот свет и здравствената политика, неодамна повторно излезе со став околу овие вакцини. „Има многу лаги. Почнувајќи со тоа ...

Ерусалим, 10 август 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на прес-конференција ќе зборува за својот план за заземање на градот Газа, кој го оспоруваат неговите крајно десничарски сојузници и семејствата на заложниците, во пресрет на денешната вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на таа палестинска територија. Прес-конференцијата ќе се одржи во Ерусалим во 16:30 часот по локално време ...

Берлин, 10 август 2025 (МИА) - Мнозинство германски граѓани се незадоволни од работењето на конзервативната влада на канцеларот Фридрих Мерц, која наскоро ќе наврши 100 дена откако е избрана, објави ДПА, повикувајќи се на резултати од анкетата на Институтот за проучување на јавното мислење ИНСА за неделното издание на „Билд“. Според резултатите 60 отсто од анкетираните се незадоволни од работењето на коалицијата од три партии, додека само 27 ...

Атина, 10 август 2025 (МИА) –За време на младински натпревар во синхронизирано пливање во грчкиот град Волос, спасувач експресно се фрла во базенοт откако забележува дека едно од девојчињата ја губи свеста и веднаш ја извлекува од водата, а со брзата интервенција и го спасува животот. Конкретниот случај од пред два дена е еден од оние ретките со среќен крај. Губењето живот во водена средина, најчесто во море или базен, особено во летниот период ...

Белград, 10 август 2025 (МИА) - Комерцијалните банки во Србија оствариле профит од 90,7 милијарди динари, или 775 милиони евра, во првата половина од 2025 година, објави „Данас“. Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето добивката на банките се зголеми за помалку од два проценти. Билансите на банките објавени од Народната банка на Србија покажуваат дека доколку банките што работат на домашниот пазар ги повторат резултатите од ...

18 дена - МИА

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Полициски службеници ноќеска (9/10 август) на различни локации во Скопје ги лишиле од слобода С.А.(51), М.И.(33), Н.Ф.(27), А.С.(28) и Д.С.(39), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. На 09.08.2025 околу 16:10 часот во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода А.Е.К.(18) од ...

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 2:11 часот го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта. МВР информира дека на автопатот Скопје – Куманово, во петокот (8 август) во 21 ...

Скопје, 10 август 2025 (МИА) – На територијата на државата денеска до 13 часот имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари и изгаснати четири пожари, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, потоа пожарот во село Рамановце во Општина Куманово, каде гори стрниште, пожарот на депонија во во атарот на село Бучин во ...

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Десет мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија, открила полицијата ноќеска во патничко возило „фоксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки. Како што соопшти МВР во дневниот билтен, возилото било забележано во 00:40 часот кај место викано „Раскрсница Ѓавато“ од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ. -Откако ги забележал полициските службеници, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
52%
1015
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
7.72
30%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
88%
1008
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
55%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.72
45%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.94
87%
1008
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
5.14
45%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
56%
1014
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
58%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
39%
1009
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
78%
1015
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346