Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесe кривична пријава против В.Е.(31) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.10.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Двајца шеснаесетгодишници се сомничат за кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“ поради тоа што физички нападнале врсник. Министерството за внатрешни работи информира дека еден од шеснаесетгодишниците му се заканувал на врсникот и со автоматска пушка. - СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за шверцување медицински препарати штетни за здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде што се пронајдени шверцувани непроверени дермални филери и други медицински производи што се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела кај ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани седум пријави за семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, а со две е извршен службен разговор. Како што информираат од МВР, утрово во 05:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(38) од Штип. И покрај тоа што од април 2026 година имало изречено судско решение да не се доближува и да не ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана под дејство на алкохол - информираат од Министерството за внатрешни работи. Двајца возачи во Скопје и по еден во тетовско, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово управувале ...
Дебар, 6 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз неговата сопруга. -Полициските службеници го лишиле од слобода Б.Г.(45) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга, на која и упатувал и закани, информираа од полицијата. Нападната сопруга побарала и лекарска услуга во Општата ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица и тоа за две лица за кривични дела „криумчарење“ и „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“, како и за една осомничена за кривични дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“. Со цел обезбедување на осомничената и непречено водење на кривичната ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела - телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја ги загубија животите. ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Основниот кривичен суд - Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална единствена казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство, кое резултира со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. Судот го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за телесна повреда, три години за ...
Куманово, 7 мај 2026 (МИА) - Здружение на пензионери Куманово годинава со низа активности го одбележува значајниот јубилеј – 80 години од своето постоење. Наместо традиционални свечени седници, раководството се одлучило за динамична програма што опфаќа фестивали, регионални средби и културно-спортски манифестации со учество на пензионери од земјава и регионот. Во рамки на јубилејната програма, денеска во големата сала на Центар за култура ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Неопходна е поопсежна анализа на законите поради несовпаѓањето на висината на казните со тежината на последиците во случаите со смртен исход, истакна денеска јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на првата неправосилна пресуда за Стојанче Јовановски во траење од 12 години затвор за три кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Ако навистина сакаме објективна слика за „27 април“, мора да се провери целината: што се случувало пред настанот, што се случувало за време на настанот, што се случувало потоа и како тие процеси биле поврзани со тогашните политички цели, пред сè, промената на уставното име на Република Македонија - изјави во интервју за МИА, Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност и министер за внатрешни ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - „Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис-самит, што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. На настанот, што ќе обедини високи претставници од ...
Братислава, 7 мај 2026 (МИА) - Словачка и Македонија имаат огромен потенцијал за унапредување на економската соработка. Совачка е силен поддржувач на македонската евроинтеграција, спроведување на рефомите, кои се во насока на остварување на овој процес и пренесување на своето искуство. Ова беше констатирано на тет-а-тет средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со својот колега и домаќин на средбата, министерот за ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) не е само институција што се грижи за јавните приходи, туку е и институција и заедница на вработени што имаат општествена и човечка одговорност - изјави денеска директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, по повод крводарителската акција со мотото „Дарувај крв - дарувај живот“, што се одржува денеска во УЈП во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Таа им се ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој од вчера е во прва официјална посета на Република Северна Македонија, денеска, со домаќинот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе оствари тет-а-тет средба по што е најавена и заедничка прес-конференција. За време на престојот во земјата, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи 100-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 17 точки. На денешната седница пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема и Владата не е подготвена да преземе каков било чекор кон уставни измени. Ова го изјави министерот за надворешни работи и ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија - изјави денеска генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. - Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и во нивно ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Северна Македонија игра многу важна улога за стабилноста и демократската отпорност во цела Европа и во целиот Западен Балкан - истакнаа на денешната заедничка прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со генералниот сектерат на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјата. - Во текот на овие три децении, како полноправна членка на ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Имаме млади, талентирани и амбициозни луѓе, имаме стратешка географска позиција, имаме потенцијал да станеме регионален центар за нови технологии, логистика, напредно производство и дигитални услуги - порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Германско-македонскиот бизнис -амит во организација на АХК Северна Македонија. Нашата задача како Влада, нагласи Мицкоски, е тој потенцијал да го претвориме во ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Здравствениот систем е сериозен предизвик за сите нас и мораме да се однесуваме кон него како таков - изјави премиерот Христијан Мицкоски по Германско-македонскиот самит во Скопје и најави ново проширување на лековите од позитивната листа. Според премиерот Мицкоски, Владата прави сè за да ги заштити интересите на граѓаните, но потребни се корекции кај поединци и нивното однесување во здравството. - Тоа што ние го ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека привршува внатрепартиската реорганизација и очекува во јуни да се работи на усогласувањето на ставовите за тоа како ќе изгледа Владата во иднина. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со свој став, но дека сака да ги слушне и позициите на другите коалициски партнери. Не ја исклучува можноста за приклучување и на други партии во владината коалиција. Прашан дали веќе има констатирано ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според најавите, во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница. Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска и утре, престојува во работна посета на Република Словачка на покана на министерот за финансии, Ладислав Каменицки. Во рамките на посетата, информираат од нејзиниот Кабинет, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, како и билатерални состаноци на делегациите и средба на државните секретари во министерствата за финансии на двете земји - ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Многу бргу се очекува електронски да се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино. Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски вели дека процесот е во фаза на тестирање. Очекува голем интерес како од страна на производителите така и од страна на извозниците. - Со Инспекторатот за земјоделство многу бргу почнуваме со издавање на потврдите за извоз на тутун и вино, кои многу се користат затоа што за ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на самитот ЕУ - Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица. Смета дека ќе биде меѓу првите држави со кои Европската Унија ќе потпише договор за т.н. роаминг како дома. - Има најава за почеток на ...
Рио де Женеиро, 6 мај 2026 (МИА) – Бразилскиот напаѓач Хулк официјално е нов фудбалер на Флуминенсе. Триесетидеветгодишниот поранешен бразилски репрезентативец потпиша договор до крајот на 2027 година и ќе го носи дресот со број 7. Хулк му се приклучи на Флуминенсе без обесштетување, откако го раскина договорот со Атлетико Минеиро, за кој настапуваше од 2021 година и освои седум трофеи. Хулк од 2008 до 2012 година беше дел од португалскиот ...
Москва, 6 мај 2026 (МИА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е подготвена за „продуктивни преговори“ за Украина, но само доколку тие доведат до конкретни резултати. Захарова за агенцијата РИА Новости изјави дека Москва и понатаму е отворена за преговарачкиот процес и контакти, но оти инсистира на „вистински резултати“. Таа додаде дека западните лидери, според руската оценка, се сè ...