Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Мадрид, 9 мај 2026 (МИА) – Раководството на Реал Мадрид и тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, веќе се во директни преговори за соработката следната сезона, објавува А Бола. Португалскиот фудбалски стручњак има уште една година од договорот со Бенфика. Договорот вклучува откупна клаузула од три милиони евра. Реал Мадрид, под водство на Алваро Арбелоа, е втор во Ла Лига со четири преостанати натпревари, 11 бода зад лидерот Барселона. Реал Мадрид ...
Ливерпул, 9 мај 2026 (МИА) - Ливерпул попладнево ремизираше 1:1 со Челзи на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига. На голот на играчот од средниот ред на Ливерпул, Рајан Гравенберг во 6. Минута, одговори Енцо Фернандез во 35. минута. На почетокот на второто полувреме, судијата Крег Посон го поништи голот на играчот од средниот ред на Челзи, Кол Палмер, поради офсајд по интервенција на ВАР. Ливерпул има 59 бода и е четврти на ...
Мадрид, 9 мај 2026 (МИА) – Раководството на Реал Мадрид останува заинтересирано за селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешам. Според „Ел Мундо“, поканувањето на 57-годишниот Французин на тренерската позиција на мадридскиот клуб е план Б доколку не може да се постигне договор со Жозе Мурињо, кој моментално е тренер на Бенфика. Преговорите со португалскиот менаџер веќе се започнати. Реал Мадрид, под водство на Алваро Арбелоа, е втор ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Вардар е уште поблиску до шампионскиот трофеј по денешната победа над Силекс во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. Победа забележа и Шкендија која не дозволи Вардар уште денес да слави титула. Резултати на денешните средби од 31.коло на ПМФЛ: Пелистер – Шкупи 7:0 Шкендија – Струга Вардар – Силекс 2:1. Вардар е лидер со 77 бода, Шкендија има 71, Струга 62... зс/ Фото: Вардар Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - ...
Ливерпул, 9 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, одговори на прашањето дали верува дека може да ги врати симпатиите на навивачите на клубот. - Да, верувам. Не оваа сезона - тие ќе имаат свое мислење за оваа сезона и тоа нема да се промени. Но, ако можеме да го имаме летото што го сакаме, тогаш сум 100 проценти убеден дека ќе бидеме различен тим следната сезона. Различен во однос на резултатите, различен во однос на тоа како ќе ...
Охрид, 9 мај 2026 (МИА) – Ракометарите на Охрид забележаа победа над Вардар 1961 со 26:24 за прв триумф над „црвено-црните“ во својата клупска историја. Со оваа победа охриѓани се зацврстија на второто место на табелата. Ова беше натпревар од 8. коло во плејофот. На вториот саботен натпревар од ова коло, Алкалоид на гости го победи Тиквеш со 30:23. Вардар е прв со 56 бода, Охрид има 50, Еурофарм Пелистер трет со 48, Алкалоид има 42, Бутел и ...
Манчестер, 9 мај 2026 (МИА) - Манчестер сити го победи Брентфорд со 3:0 дома во 36. коло од англиската Премиер лига. Трите гола паднаа во второто полувреме. Ги постигнаа Жереми Доку, Омар Мармуш и Ерлинг Халанд негов 26-ти во Премиер лигата. Норвежанецот е лидер во трката за голови во лигата. Манчестер сити има 74 бода и е втор на табелата во Премиер лигата. „Граѓаните“ се два бода зад Арсенал, а на двете екипи им остануваат уште три ...
Лисабон, 9 мај 2026 (МИА) - Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го сподели своето мислење за тоа колку далеку може да стигне репрезентацијата на Португалија на Светското првенство 2026. -Португалија може да направи сè. Тие имаат неверојатна генерација. Минатата година ја освоија Лигата на нации. Во 2016 година го освоија Европското првенство. Оваа генерација е технички супериорна во однос на онаа. Секако, тука е Бразил на Карло Анчелоти, тука е ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Шестото издание на Скопски поетски фестивал продолжува и вечерва со настанот „Диптих“ во бифето на Младинскиот културен центар, каде што со почеток од 19:30 часот низ разговор и поетско читање ќе бидат претставени новите стихозбирки на Гонџа Озмен и Кристина Шпиранец, изданија на „ПНВ Публикации“. Од 21 часот ќе се одржи вториот дел од читањето „(Со) стих спроти наратив“ на кое ќе настапат Хајри Хамдан од ...
Тетово, 8 мај 2026 (МИА) - Традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ утре ќе се одржи во Тетово. Како што најавуваат организаторите од Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце, покрај домаќините, ќе настапат гостинските друштва АНИ „Лијевце“ од Разбој-Србац, РС-БиХ, КУД „Жарковац“ од Србија и КУД „Бранко Чајка“ од Тетово. -Љубителите на македонскиот фолклор ќе имаат можност да уживаат во богата ...
Венеција, 8 мај 2026 (МИА) – Во изложбениот простор „Ex Capella Buon Pastore“ во Венеција, вечерва официјално е отворен павилјонот на Република Северна Македонија на 61. Венециско биенале. Нашата држава на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност годинава се претставува со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини - „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот. Официјално ќе биде отворен со палење на фестивалскиот оган од сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, која вечер ќе настапи во втората опера на Пучини. Годинава МОВ е ...
Техеран, 9 мај 2026 (МИА) - Иранскиот Парламент утре ќе одржи пленарна седница, по прв пат преку видео-конференциска линија од безбедносни причини, пренесува ДПА. Портпарол на Парламентот изјави дека закажаната седница ќе се одржи преку интернет „поради моменталната ситуација“, објави иранскиот интеренет медиум Табнак, кој е познат по своите блиски врски со Исламската револуционерна гарда и конзервативните политички фракции. Фокусот ќе биде ...
Бејрут, 9 мај 2026 (МИА) - Најмалку седум лица, меѓу кои и едно девојче, се убиени денеска во израелските напади врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. - Нападот на израелскиот непријател врз градот Саксакие во регионот Саада резултираше со смрт на најмалку седум маченици, меѓу кои и едно мало девојче. Петнаесет лица, меѓу кои и три деца, се ранети, се вели во соопштението на министерството. Порано денеска, биле убиени ...
Брисел, 9 мај 2026 (МИА) - Нов меѓупартиски сојуз на европратеници повикува на брзо создавање „европски одбранбена сојуз“, јави ДПА. „Да сметаме единствено на САД за одбрана на Европа е опасен ризик“, се вели во соопштението потпишано од пратеници од целиот политички спектар, вклучувајќи ги Германците Мари-Агнес Штрак-Цимерман, Михаел Галер и Тобијас Кремер. Тие наведуваат дека се потребни структури што ќе им овозможат на земјите да ...
Берлин, 9 мај 2026 (МИА) - Асоцијацијата на германски аеродроми (ADV) предупреди дека летови може да бидат откажани и цените веројатно ќе растат во иднина, поради недостиг на гориво за авиони, јави ДПА. „Стравуваме дека ќе бидат откажани голем број летови, особено од нискобуџетните авиокомпании и до дестинации со помало значење за туризмот“, изјави Ралф Бајзел, извршен директор на ADV, за весникот „Велт“. „Во најдобар случај за 2026 година, ...
Рим, 9 мај 2026 (МИА) - Италијанската служба за помош на лица со зависност (SERD) го регистрираше првиот случај на зависност од вештачка интелигенција во државата. Пациентка е 20-годишна девојка, јавија италијански медиуми. „Токсичното пријателство“ со текот на времето се претворило во зависност. Случајот е регистриран во службата за лекување зависности на локалните здравствени власти во Венеција. Девојката наводно била во постојана ...
Москва, 9 мај 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е уверен во победа, додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата по повод Денот на победата. Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие „се соочуваат ...
Москва, 9 мај 2026 (МИА) - Германија оди по „многу опасен пат“ одбивајќи да ја признае одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во победата над нацизмот, а ова не е прв пат, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС. - Германија оди по многу опасен пат. Не е прв пат. Сегашната генерација германски политичари, кои практично молчат за улогата на СССР во победата над нацизмот, воопшто не ја ...
Москва, 9 мај 2026 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина за кршење на тридневниот прекин на огнот склучен со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува ДПА. Украинските сили ги нападнале руските воени позиции и цивилната инфраструктура со беспилотни летала и артилерија во регионите Калуга, Тула, Смоленск, Курск, Брјанск и Белгород, како и во Чеченската Република и регионите Ставропол и ...
Москва, 9 мај 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин го прими словачкиот премиер Роберт Фицо во Кремљ. Фицо е единствениот европски лидер кој пристигна во Москва на прославата по повод Денот на победадата над фашизмот - 9 Мај. - Вашиот доследен став во корист на зачувувањето на историската вистина заслужува почит, рече Путин на почетокот од средбата со Фицо и ја пофали „суверената надворешна политика“ што словачката влада се обидува ...
Будимпешта, 9 мај 2026 (МИА) - Петер Маѓар денеска положи заклетва како нов премиер на Унгарија, со што се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Маѓар положи заклетва во Парламентот откако неговата централно-десничарска партија Тиса избори убедлива победа на изборите минатиот месец, победувајќи го Фидес на Орбан. Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот со 199 места, што ѝ дава можност да ги смени клучните ...
Стокхолм, 9 мај 2026 (МИА) – И покрај тензиите со Вашингтон и планираното повлекување на американските трупи од Германија, германскиот канцелар Фридрих Мерц вели дека е оптимист во врска со кохезијата и иднината на НАТО, пренесува ДПА. - Силата на НАТО не зависи само од бројот на војници, туку и од споделените цели, а ова единство останува недопрено, изјави Мерц за новинарите во Стокхолм, каде што присуствуваше на конференција на шведските ...
Вашингтон, 9 мај 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање американска делегација во Москва на разговори за војната во Украина. - Би го направил тоа ако мислам дека ќе помогне. Многу би сакал да видам крај на оваа војна, одговори Трамп на прашање на новинарите пред Белата куќа дали е подготвен да испрати преговарачи во Москва да разговараат за можно решение на конфликтот во Украина. ...
Брисел, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека Европската Унија мора да биде отворена за разговори со Русија за обезбедување мир во Украина. Зборувајќи во Брисел на Денот на Европа, Кошта рече дека ЕУ е подготвена да се вклучи во разговори за праведен и траен мир во Украина. - Ќе треба да се водат разговори со Русија за заедничките безбедносни прашања во соодветен момент, рече Кошта, ...
Киев, 9 мај 2026 (МИА) - Стотици пожарникари продолжуваат да се борат со шумскиот пожар во забранетата зона околу поранешната нуклеарна централа во Чернобил во Украина. Украинските власти соопштија дека ситуацијата е под контрола и нема опасност од радијација. Пожарот бил предизвикан во четвртокот од две руски беспилотни летала. Досега се изгорени повеќе од 1.200 хектари, а за гасење на пожарот се ангажирани 374 пожарникари. Забранетата зона ...
Тирана, 9 мај 2026 (МИА) - Силното влијание на емиграцијата врз образованието во Албанија останува загрижувачко. Од 1991 година, околу 50% од албанското население емигрирало, директно придонесувајќи за намалување на населението на училишна возраст и бројот на ученици, стои во ивештајот на УНЕСКО. Во исто време, трендот се променил, од емиграцијата на неквалификувани работници во 1990-тите, кон заминување на пообразовани лица, што ја зголеми ...
Приштина, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Љумир Абдиџику предложи поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи да ја предводи листата на кандидати за пратеници на ДСК и да биде кандидат за претседател на Косово, додека тој ќе биде номиниран за премиер на Косово. На Главниот одбор на партијата, тој изјави дека денешниот состанок на највисокото тело на ДСК конечно ќе донесе одлука за обединување со ...
9 мај 2026 ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа. По пратеникот Миле Цеков, уште една советничка на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп го напушти владејачкото мнозинство, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ, со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во ...
9 мај 2026 Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, трет по ред од СДС спремен за национални отстапки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси. Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се ...