Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Скопје, 15 мај 2026 Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува. Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и дополнителни средства за патни трошоци, виза ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Продолжува изградбата на базенот во Струмица, како дел од инвестициите во спортската инфраструктура. Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот Петар Јанков извршија увид на терен, при што беше потврдено дека работите се одвиваат според планот. Базенот, вреден 50 милиони денари, се очекува да биде завршен до крајот на јануари 2027 година и по пуштањето во употреба ќе биде на располагање на учениците, ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Пратеникот Сали Мурати оствари средба со претставнички од турскиот парламент и АК Парти, при што беа разгледани билатералните односи меѓу Северна Македонија и Турција, како и состојбите и предизвиците со кои се соочува турската заедница во земјата, соопштуваат од Собранието. Како пратеник на Движењето на Турците за правда и демократија – Европски фронт, Сали Мурати, денеска, остварил средба со претседателката на ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди девет случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на ...
Прилеп, 15 мај 2026 (МИА) - Фондот за здравство работи да најде решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во поцентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување. Клековски при денешниот престој во Прилеп одговараше на ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Јавниот обвинител Ненад Савески оствари средба со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери, на која беа разгледани соработката меѓу двете земји и поддршката на Италија во областа на владеењето на правото. Од Јавното обвинителство соопштија дека на средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочува обвинителството. - Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Со забрзана динамика се одвиваат градежните работи за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Преку објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски наведува дека проектот е во завршна фаза. - Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани - вели тој. Тој додава дека се ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Во 2025 година во кино салите во земјава се прикажани за 12.9% помалку кино кино-претстави отколку во 2024-та, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на прикажаните филмови е 922, на кино-претставите 12 057, а бројот на посетителите е 299 560. Со истражувањето на ДЗС биле опфатени 17 кина. са/ Фото: МИА Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Во 2025 година во кино салите во земјава се прикажани за 12.9% помалку кино ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Над 100 моторџии од повеќе градови низ државава денеска се собраа во Градски парк кај фонтаната, каде се одржа мото дефиле по повод Меѓународниот ден на семејството, во организација на Мото клубот „Вепар“ и СОС Детско село. Моторџиите со ова дефиле ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност. - За нас ова дефиле не е само возење, туку начин ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Актуелните состојби во земјоделството, откупот, наводнувањето и мерките што ги преземаме за поддршка на домашното производство биле теми на разговоро за време на вчерашната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трупуновски, на Јосифово и Балинци во општина Валандово. Посетата била во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“, а за неа министерот информира ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со кој се обезбедени 11 милиони и 340 илјади денари - објави денеска Министерството за економија и труд. Ќе се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари од барател. Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а право на ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30 јуни. Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат - рече денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Дурмиши на прес-конференција информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Нови правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новите правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на кибербезбедноста со цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10 до 20 мај спроведува контроли во сите синџир-маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки - соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тима се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот на надзорите, забележано е одредено поевтинување кај овошјето и ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, и заменик-министерот Кирил Темелков, која се одржа во Атина, Грција. Како што информира Кабинетот на Божиновска, станува збор за средба која е ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Гувернерот на Народна банка Трајко Славески учествувал на регионален состанок на гувернери што се одржал во Пула во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите биле дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања. На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Во првите четири месеци од годинава Управата за јавни приходи констатирала неправилности кај над 40 проценти од контролираните субјекти во однос на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (ЗРГП), од кои 30 проценти се неправилности поврзани со неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. - Загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст ...
Куманово, 15 мај 2026 (МИА) - Во индустриската зона Речица и Новини во Куманово во тек е реализација на втората фаза од инфраструктурното уредување, при што досега се завршени повеќе од 70 проценти од работите, изјави денеска, градоначалникот Максим Димитриевски. – Во моментов се чека исплата на средствата од унгарскиот кредит, кои треба да бидат опфатени со ребалансот на државниот буџет. Паралелно имаме и неколку инвестиции, меѓу кои и ...
Атина, 15 мај 2026 (МИА) – Во време на континуирана геополитичка неизвесност и нестабилност на глобалните енергетски пазари, министрите потврдија дека енергетската безбедност, достапноста и отпорноста повеќе не се само национални приоритети, туку заеднички европски и регионални одговорности. Истакнаа дека ЈИ Европа треба да има поактивна улога во обликувањето на идната архитектура на европскиот енергетски систем преку подлабока соработка, ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18 449 000 патници, од кои 16 964 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз 1 485 000 патници, соопшти Државниот завод за статистика. Со 1 982 патнички автомобили се изминати вкупно 60 158 000 километри, од кои 53 418 000 во градскиот превоз, а 6 740 000 километри во меѓуградскиот превоз.са/ Фото: МИА Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Со такси-превоз, во ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Форумот на жените на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и со пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, Рукије Генч Тој, кои престојуваат во Скопје во рамките на конференцијата организирана како дел од програмата „Од срце до срце“ (Gönülden Gönüle) за Балканот. Како што соопштија од кабинетот на Гаши, на средбата ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Пратеникот Бејџан Иљас, во својство на претседател на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламентот на Република Турција, денеска оствари средба со делегацијата на пратеници од Република Турција. Како што соопштија од собраниската прес-служба, во состав на делегацијата беа претседателката на Форумот на жените на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и пратеничката од ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар - Букојчани. - Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар - Букојчани, а потоа Кичево - Охрид. Повеќе од една милијарда ...
Кичево, 15 мај 2026 (МИА) - Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи - истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. - Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. ...
Димитровски во Кишињев: Дезинформациите и хибридните закани се еден од најсериозните предизвици за демократската безбедност Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска учествуваше и се обрати на 134. сесија на Комитетот на министрите на Советот на Европа, што годинава се одржа во Кишињев, Република Молдавија. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Канализацијата Зајас - Другово ќе биде завршена со буџетски пари затоа што, поради неодговорноста на минатата власт, изгубен е грантот за оваа намена - вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека со посветена работа на оваа власт проектот ќе биде реализиран, но оти ќе се бара одговорност од оние што го довеле во ваква состојба. - Тоа беше исклучително криминален проект, со сета одговорност тоа можам да го кажам. ...
Кичево, 15 мај 2026 (МИА) –Завршен е повикот за избор на компанија што ќе ги финансира трите капитални проекти во сферата на здравство и тоа во Штип, Кичево и Тетово. Владата наредната недела ќе ги анализира доставените понуди, најави денеска од Кичево претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Што се однесува до проектите поврзани со здравството, знаете дека тие се дел од стратешкото партнерство со Обединетот Кралство. Министерството за ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Пратениците Аднан Азизи и Арбана Пашоли беа предложени за осми претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците на денешната прва собраниска седница на овој комитет. Собранискиот претседател Африм Гаши во неговото обраќање на присутните им го честиташе изборот за членови на Комитетот за односи меѓу заедниците. Тој појасни дека во овој состав на Комитетот од вкупно 19 членови, кои се бираат од редот на пратениците ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски остварил средби со канадските претприемачи со македонско потекло Џон и Јордан Битов, сопственици на дневниот весник во Канада „Торонто стар“, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на владата. - Прекрасни средби со претставници на „Македонија 2025“ и нивни блиски соработници. Пријателите на ...
Кичево, 15 мај 2026 (МИА) - По години застој во реализацијата на проекти, во Кичево се забележуваат првите знаци на развој и во периодот што следува како Влада ќе продолжиме да помагаме за развојот на општина Кичево - порача при денешната посета на Кичево претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, како и заменик-министри, директори на државни институции и ...