Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Белград, 8 август 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Србија секогаш ќе ја поддржува Украина на нејзиниот пат кон европска интеграција. „Украина секогаш ќе има целосна поддршка од нашата земја на нејзиниот европски пат и му сум благодарен на украинскиот претседател за поддршката што ѝ ја дава на Србија. Истакнав дека ја поддржуваме ...
Белград, 8 август 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Белград, за време на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека го разбира неговиот скептицизам во врска со приклучувањето кон ЕУ, но дека Украина е во војна и тие имаат визија за тоа каква треба да биде државата во иднина. „Не станува збор само за реалност и ентузијазам во изборот на насока кон ...
Aнкара, 8 август 2026 (МИА) - Турција го ограничува пловењето на трговските бродови во Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. „Турција го ограничува преминот на трговски бродови кон Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала врз трговски бродови, вклучително и бродови во сопственост на турски компании. Според ...
Белград, 8 август 2026 (МИА) - Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, за билатералните односи, ситуацијата во Украина и европските и меѓународните прашања, соопшти владата. Мацут изјави дека Србија континуирано обезбедува хуманитарна помош за цивилното население во Украина. „Како земја што ја разбира вредноста на мирот, Србија секогаш ќе поддржува секој сериозен напор што води ...
Загреб, 8 август 2026 (МИА) - Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство. На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. ...
Тирана, 8 август 2026 (МИА) - Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите. - Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило со повеќе од 0,5 промили во крвта, откако ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак, стои во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Вечна им слава на Горан Миновски, ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Денес, целата јавност е скандализирана од реакцијата на партијата Влен и нивното прозивање на обвинителството. Меѓународната заедница континуирано известува за притисокот на владата врз обвинителството и судовите, додека Влен јавно го потврди ова сомневање денес, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Извештајот на Европската Унија предупредува како никогаш досега за политичко мешање во ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Над 50 хектари земја во плодната Гевгелиска Котлина цели четиринаесет години се држат во заложништво на една од пропагандните макети на ДПМНЕ. На оваа површина нема фабрики, производствени погони, инвеститори ниту ветените работни места. Има празни парцели, трње и депонија, додека Македонија увезува храна и домашните земјоделци молат за обработлива површина - се посочува во денешното соопштение на партијата ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните. Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина - изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски што МИА ја пренесува интегрално. ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денеска положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак - се посочува во соопштението од Левица што МИА го пренесува интегрално. На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Денеска стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички. Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи - изјави денеска на прес конференција на Христијан Ефтимов од СДММ, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ВМРО на ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои Македонија се позиционира како се поатрактивна туристичка дестинација - изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и ...
Скопје, 8 август 2026 Министерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“?Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар. ...
Скопје, 8 август 2026 Додека вмровската пропаганда оди во една насока, а населението во друга, на ДПМНЕ му останува уште празните училишни клупи да ги прогласи за историски успех на Владата. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) вели дека во учебната 2025/26 имало 17.921 прваче. Актуелната бројка од уписите за новата генерација е 4.900 помалку. Преведено на јазик што не трпи партиски спин, тоа се околу 13.021 запишани деца и пад ...
Скопје, 8 август 2026 Европа се соочува со суша, со намалување на водните ресурси и пресушување на реките. Поради ниските нивоа на реката Дунав нарушено е производството на струја низ Европа, постои голем ризик за недостаток на струја што ќе доведе до значително покачување на цените. А Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува. Додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со загадена вода. И во вакви услови, Мицкоски ...
Скопје, 8 август 2026 Бујар Османи се обидува да создаде впечаток дека застанал во „одбрана“ на имамот Бекир Халими и активистот Валон Бела, откако двајцата беа прогласени за „персона нон грата“ од Владата на Албанија, барајќи оваа одлука да биде преиспитана, се наведува во соопштението на Вреди кое МИА го пренесува интегрално. Лицемерието на Бујар наликува на народната изрека: „Ноќе те убива, дење те оплакува.“ Тоа е затоа што сите знаат ...
Скопје, 8 август 2026 СДС продолжуваат со својот филм во кој има само лаги и ширење на страв во јавноста, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Денес на прес-конференцијата од СДС покажаа дека или не знаат или намерно ги мешаат фактите. Па така не се знаеше што мислат за големите комерцијални дата центри и Националниот дата центар што Владата планира да го изгради само за потребите на државата и на ...
Скопје, 8 август 2026 Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби, се вели во соопштението од ...
Скопје, 8 август 2026 Прво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат ...
Прилеп, 7 август 2026 (МИА) - Нивната храброст стана наш темел, наш код на честа и заклетва по која живееме и работиме - рече потполковник Сашко Палевски, командант на прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ на одбележувањето на 25- годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители кај Карпалак во кругот на касарната. Бројни делегации, од касарната, од Општината, од роднините на загинатите, од здруженијата, партии и граѓани, положија свежи ...
Дебар, 8 август 2026 (МИА) - Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. - По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации - соопшти Општина Аеродром. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да ...
Битола, 8 август 2026 (МИА) - Битолскиот Камерен оркестар со поддршка на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, на 14 август на Големо Езеро на Пелистер ќе одржи целовечерен концерт. Изборот на времето и локацијата се совпаѓаат со персеиди, метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј, истакна Љупчо Милевски, директор на ЈУ Камерен оркестар на Битола, на прес конференција што се одржа на Големо Езеро. -Долго ...
Дебар, 8 август 2026 (МИА) - Селската слава „Св. Великомаченица Петка Римјанка“ или летна Света Петка, која се смета за заштитничка на селото, достоинствено беше одбележана во селото Леска, општина Пустец, Мала Преспа. -Во чест на овој голем празник, одбележувањата почнаа од синоќа во селската црква „Свети Василиј“ каде беше отслужена Вечерна богослужба а на самиот празник, денеска, Утрена со Света божествена литургија. Послужен беше ручек а ...
Пустец, 8 август 2026 (МИА) - Жителите на Општина Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостиг на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа Мала Преспа, констатира Корча плус во написот „Пустец заборавен, патиштата катастрофа“. Според истиот извор и покрај извонредниот природен потенцијал што го нуди Националниот парк ...
Делчево, 8 август 2026 (МИА) - Со пригодна свеченост денеска беше официјализирано збратимувањето на Делчево со општините Новело, Монфорте д’Алба и Родино од Република Италија. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски и градоначалникот на Општина Новело, Марко Поларо денеска ставија потпис на Меморандумот со кој се унапредуваат пријателските односи, се зајакнува меѓусебната доверба и се развива соработката во духот на европските ...
Делчево, 8 август 2026 (МИА) - Во рамките на Делчевското културно лето во салата од Спомен-дом АСНОМ, се одржи промоција на графички роман - стрип со наслов „Беше еднаш на истокот“ од авторот Бобан Пешов, виничанец кој живее и работи во Италија. Романот е во издание на „Бункер“ кој веќе постигна голем успех на италијанскиот стрип-пазар. Во „Беше еднаш на Истокот“, авторот нè враќа во деведесеттите години на минатиот век, додека една држава се ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Состојбата со водата во Гостивар посетепено се стабилизира. Бројот на бактерии е значително намален, но водата се уште не е подобна за употреба како вода за пиење и останува забраната за нејзино пиење и готвење. Водата може да користи како техничка вода. Агенцијата за храна и ветеринарство е таа која што ќе каже кога водата ќе биде добра за пиење, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување ...