
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Детската болница во Киев најверојатно била погодена од руски проектил, изјави шефицата на набљудувачката мисија на Обединетите нации во Украина, Даниел Бел. Советот за безбедност на Обединетите нации соопшти дека денеска ќе одржи вонредна седница за Украина по ракетниот напад. Одржување на седницата побара украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува АФП. Вчера, 41 лица, вклучително и деца, беа убиени во серија руски ракетни напади во ...
Американскиот претседател Џо Бајден го отвори самитот на лидерите на земјите-членки во НАТО во Вашингтон. Во неговиот говор, тој истакна дека алијансата е посилна од кога било, имплицирајќи дека ќе победи на претседателските избори против Доналд Трамп, кој континуирано изразува скептичност кон НАТО и желба да соработува со Путин, пренесува Би-би-си. Трамп често го критикува НАТО поради тоа што многу од земјите не го исполнуваат условот на ...
Жена од Ирска, која работела во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како стјуардеса, e обвинета за „обид за самоубиство“ и консумирање алкохол во Дубаи, пишува британската организација „Приведени во Дубаи“, која нуди правна помош за странци во Блискиот Исток. Дваесет и осумгодишната Тори Тови била жртва на семејно насилство. Нејзиниот маж со потекло до Јужна Африка, кој исто работел за државната авиокомпанија на ОАЕ, континуирано ѝ се заканувал на ...
Најголемиот синдикат на Самсунг Електроникс во Јужна Кореја стапи во генерален штрајк на неопределено време, откако тридневниот прекин на работата и работничките маршеви не дадоа резултати. Работниците на Самсунг бараат повисоки плати и бонуси. Националниот синдикат на Самсунг Електроникс објави дека 31.000 негови членови, што е околу една четвртина од вкупниот број вработени во технолошкиот гигант во Северна Кореја, ќе стапат во штрајк ...
На тековниот самит на НАТО, лидерите од северноатлантската алијанса ја нарекоа Кина „клучен поттикнувач“ во руската инвазија во Украина, нарекувајќиги поврзаностите меѓу Кина и Русија „длабоко загрижувачки“, пренесува Гардијан. „Мислам дека пораката испратена од НАТО од овој самит е многу силна и многу јасна. Точно ја дефиниравме одговорноста на Кина кога станува збор за овозможување на руската војна“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс ...
Веќе неколку викенди по ред илјадници луѓе од Шпанија излегуваат на улиците во Малага и Барселона, протестирајќи против активното зголемување на бројот на туристите во сите региони на Шпанија. Но, истовремено, истражувањата на јавното мислење покажуваат дека најголем дел од граѓаните ја поддржуваат промоцијата на туризмот. Се очекува бројот на посетители во Шпанија оваа година да надмине 100 милиони, што е повеќе од двојно повеќе од населението ...
Кулата на готската катедрала во францускиот град Руан во Нормандија се запали за време на реновирањето. Многу потсетува на пожарот во Нотр Дам во Париз во 2019 година. Првичните телевизиски снимки покажаа темен облак од чад што се издигнува од врвот на зашилената кула додека луѓето долу од улиците ужаснати гледаа нагоре. На подоцнежните слики, сè уште можеше да се види чад низ празнината во белата обвивка што го опкружува скелето околу кулата. ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) им најавија на жителите на градот Газа да се евакуираат, пренесува Би-би-си. На жителите на главниот град на Газа, кој се наоѓа на северот во појасот, им беше кажано да отидат некаде во центарот или југот на Појасот Газа по две безбедни рути. Граѓаните беа известени преку летоци кои беа испуштени од авиони. Во изминатите две недели, израелските сили се вратија на неколку територии во Газа, во кои сметаат дека ...
Четворица мигранти загинаа откако брод се преврте при обид да го преминат Ламанш, соопшти француската крајбрежна стража, а пренесе Би-би-си. Во текот на ноќта, патролен брод на морнарицата бил алармиран дека мигранти паднале во морето во близина на брегот на Булоњ-сур-Мер во северна Франција. Од полицијата известија дека четири лица биле пронајдени без сознание и не можеле да се спасат, додека 63 останати од бродот биле спасени. Според првите ...
Во главниот град, во текот на летото кое е во полн ек, многу локации се полни со смет. Јавното претпријатие Комунална хигиена не успева да го исчисти, што го прави проблемот со ѓубрето уште поголем и со кој надлежните веќе подолг период потешко се справуваат. Проблемот за ѓубрето повторно го актуелизираше Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на општина Кисела Вода, кој денеска, лут поради неодговорноста на институцијата Комунална хигиена, поднесе ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до одговорните лица во македонските медиуми да им овозможат соодветна заштита на своите вработени, посебно на оние новинари и медиумски работници кои мораат да известуваат на отворено. „Земјава според УХМР е во топлотен бран и влегува во портокалова фаза, која носи опасност од влошени временски услови кои носат значителен ризик по здравјето на луѓето, и може да предизвикаат опасност ...
Како реакција на тоа што Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека уставната судија Добрила Кацарска ги исполнила условите за остварување на старосна пензија во јуни 2022 година, со што наводно би требало да го изгуби статусот на активен судија, Уставниот суд излезе во нејзина одбрана. Оттаму велат дека Кацарска го задржува правото да остане на функција. „Судот потенцира дека во 60 годишната историја на постоење на ...
Нов в.д директор на Филхармонија е Александар Котевски, соопштија оттаму. Решението го донеле одговорните во Министерството за култура. Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева, која изминативе неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата. Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 работел како уметнички директор на Македонската опера и балет, ...
Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Уставниот суд во Скопје денеска ќе потпишат меморандум за соработка, за да ја зголемат активноста и вклученоста на професорите во делот на уставното право, организирање на програми и проекти. Меморандумот ќе го потпишат претседателот на судот д-р Дарко Костадиновски и деканот проф. д-р Сашо Георгиевски. „Потпишувањето на овој меморандум е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на ...
Во здравството треба хартијата да се тргне и да се оди сè повеќе кон електронско здравство. Ние бараме од надлежните, на пример, да можеме да искреираме упат кој нема да мора да се печати. Мора да се поедностават работите и за лекарите и за пациентите. Ова за Мета го вели Лилија Чолакова Дервишова од Здружението на приватни лекари. Таа ова му го предочила на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. „Лекарите ќе бидат ...
Човековите права како универзален концепт се исти за сите и сите треба подеднакво да ги уживаат. Пристапот до услуги за поддршка на жртви, деца и семејства засегнати од родово-засновано насилство, по мерка на ранливи категории и лица со попреченост е една од клучните алки за прекин на насилството. Ова беше истакнато на завршниот настан на Балканскиот караван во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите и ангажманот во политиката на ...
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари во изминатите неколку дена именуваше нови в.д. медицински директори во неколку јавни здравствени установи. Како што информираат во Министерството за здравство, на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, а со Клиниката за детски болести ќе раководи д-р ...
Вонредната инспекциска контрола спровеле вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако добиле пријава од 9 лица кои се затруле со храна, соопштуваат оттаму. Од нив, кај петмина се лабораториски потврдени со наод на салмонела (Salmonella infection), 3 лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна). „Инспекциските служби заедно со стручни лица од Центарот за јавно ...
Пратеници од ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ денеска поднесоа барање за автентично толкување на член 7, став (3) од Законот за игри на среќа и за забавните игри, за да добијат, како што велат, прецизно толкување, дали одлуката на претходната Влада и раководство на Државна лотарија за интернет коцкање има законска основа. Како што соопштуваат во ВЛЕН, нивните правни тимови се убедени дека одлуките за формирање на три нови компании за организирање ...
Поради надојдениот топлотен бран кој ја опфати државата, владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено. На денешната седницата владата одлучи да се ослободат од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години во периодот од 12 до 18 јули 2024 година. Во соопштението на Владата стои дека е „Работодавачите треба да ги реорганизираат работните активности ...
Во близина на детското одмаралиште Бунец, некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси, реагираат од невладината организација Анима Мунди. Оттаму тврдат дека се гради стрелиште во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ...
Три авиони за гаснење пожар, ер трактор, ќе полетаат утрово кон пожарот што беснее на планината Серта, а попладне ќе го гаснат и пожарот на планината Огражден во близина на границата со Бугарија. Центарот за управување со кризи денеска информира дека високите температури го земаат својот данок и во изминативе 12 дена имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери. Само во последното деноноќие има 26 пожари на отворено, а од нив ...
Матка никако да ја добие заштитата која и е неопходна и по две децении откако заштитените подрачја мораа да бидат репрогласени според обврските од законот за природа донесен во 2004 година. Законот за прогласување на кањонот за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата, повеќе од една година чека да се најде на дневен ред пред пратениците во Собранието. Откако десетина години се работеше на документацијата за едно од ...
На родителите на децата со попреченост во согласност со проценката од МКФ (Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје) ќе им овозможиме да одберат во какво училиште сакаат децата да им учат. Станува збор за деца кои се инклудирани во редовните паралелки, а нивните родители реагираат до нас дека не чувствуваат корист од тоа дека нивното дете е вклучено во редовна паралелка. Ова го истакнала министерката за образование и ...
Европската унија го повика Илон Маск да одговори како ја претвори социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) во рај за дезинформации и нелегални содржини. Комисијата на ЕУ го обвини „Икс“ за непочитување на законот на ЕУ за социјалните медиуми. Платформата може да се соочи со голема парична казна од повеќе милиони евра во пионерски случај според новиот Закон за дигитални услуги, закон за сузбивање на токсичните и нелегални онлајн содржини и ...
Гејмерката MissMikkaa, која е активна стримерка на Twitch, а нејзините снимки ги има и на YouTube, ги заврши „Елден Ринг“ и експанзијата користејќи само „dancepad” – подлога за танцување, наместо џојстик или тастатура и маус. Ова е подвиг што сам по себе зборува за тоа колку добро „Мис Мика” знае да ја игра „Елден Ринг“. Особено затоа што играта воопшто не е лесна ниту со најдобарриот контролер, а камо ли вака. Нејзиното вртење на експанзијата ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година. Според конкурсот, на УКИМ има 9.921 слободно место, од кои 4.761 се за редовни студенти во државна квота, 4.210 за редовни студенти со кофинансирање на студиите, а 950 места за вонредни студенти. Најмногу слободни места и годинава има на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) – вкупно 1.030, по што ...
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи во сабота, 13 јули, во кафе-бар „Ликвид“ во Охрид со почеток во 19:30 часот. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова – Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. „Стојановска умее со природноста на Господинов да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во ...
Денеска е последен ден да ја набавите бесплатно играта The Falconer на сервисот на Epic Games. Станува збор за игра квалификувана како истражувачка, со симулирано летање преку огромна водна површина на која има повеќе острови. Играта е квалитетна и во редовна продажба чини 20 евра. Светот во играта е квалитетно сработен, како да е потопена планета слично на книгата на Балард – „Потопен свет“ и филмот „Waterworld“ со Кевин Костнер што ...
Проектот „МСУ – Скопје ремек дела за сите“ е единствниот македонски проект избран во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN), од вкупно 46 пријавени проекти. Во рамките на проектот за Музејот на современа уметност – Скопје (МСУ) вклучени се организации и стручни лица на национално и регионално ниво. Креиран е концепт за спроведување ...