
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Роботите и ботовите преземаат сè повеќе работни места. Дали тоа води до спасување на луѓето од стрес и од напор или до масовни намалувања на работни места. Германскиот министер за труд Хубертус Хајл проценува дека вештачката интелигенција ќе принуди милиони луѓе да се прилагодат, пренесува германската агенција дпа. На пример, вештачката интелигенција може да ја автоматизира тешката работа во трговијата, банкарството или осигурувањето, рече Хајл ...
Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје нема да работи следната академска година, дознава Мета.мк. Комплексот ќе биде затворен во целост сè додека не се реновира. Откако пред десетина дена се отселија сите студенти, се затвори и третата зграда, од каде и ќе почне реконструкцијата. Нема да функционираат ниту бараките, и покрај тоа што во овие објекти е исправно сè, ниту пак студентската менза. Австриската компанија „Штрабаг“ која е избрана за да ...
Играта The First Descendant е Free to Play бесплатна најнова игра на Steam со огромна популарност. Станува збор за group to play shooter многу сличен на Warframe. Со таа разлика е што ќе ви треба посилен компјутер одошто е потребен за Warframe. За детали околу играта и други споредби уште при првата најава на First Descendant имаме детален напис што може да го прочитате овде. Играта моментално на Steam има преку 200.000 активни играчи. Покрај ...
Вистинската ѕвезда по парламентарните избори во Велика Британија несомнено е мачорот Лери кој е резидент на улицата „Даунинг“ број 10 уште од 2007 година. Секогаш тука пасивно, но набљудувачки, мачорот Лери бил дел од политичкиот живот на многуте премиери на Велика Британија, a се очекува да биде тука рамо до рамо со новоизбраниот премиер Кир Стармер. Кој е мачорот Лери? Тој е роден во 2007 година – за живот на една мачка стар, но сепак самиот ...
Струшките вечери на поезијата го објавија добитникот на поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година. Свечениот настан се одржа на 8 јули во 11:30 ч. во просториите на Јуроп Хаус Струга. За наградата одлучуваше жири комисија во состав: Славе Ѓорѓо Димоски, претседател, и Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади – членови Претседателот на жири комисијата. Истакнатиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, во образложението на Одлуката за доделување на ...
Вкупно 52.316 студенти се запишани во академската 2023/2024 година на високообразовните установи во Северна Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно извештајот, бројот на студенти во оваа академска година е помал за 2,8 отсто во споредба со запишаните студенти во претходната. Најголем дел од студентите – речиси 78 отсто, се запишале на државните високообразовни установи, додека 22 проценти ...
Отпадните води во автокамповите „Љубаништа” и „Ливадишта“, хотелoт „Св. Наум“, ресторанот „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум“, се директни загадувачи на Охридското езеро. Тие се приклучени на канализациониот систем, но истиот не функционира. Ова е наведено во последниот извештај за квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење од природните езера и проценка на здравствениот ризик пред почетокот на ...
„Иноклин“ (Innoclean) e името на уредот кој го создале матуранти во училиштето „Михајло Пупин“, а чии „сини” UVB-LED светла, го спречуваат брзиот развој на бактерии во устата и забите, во време кога луѓето се на подолг пат и немаат услови за редовно одржување на оралната хигиена. Фидан Маџоски, Марија Јованова, Зорица Геровска, Стефан Јанковски и Андреј Тодоров, се младите ентузијасти, на кои им биле потребни 20 дена да го создадат „Иноклин“. ...
Центарот за современи уметности денес постави инсталација во Порта Буњаковец, во форма на стапица за глувци, на која се испишани дезинформации околу вакцинацијата. Авторот на уметничката акција е Љубиша Камењаров, кој цели да ја покаже примамливоста на антиваксерските лажни вести, на кои „паѓаат“ граѓани кои не се во состојба да препознаат лажни вести. Дезинформациите кои беа побиени вклучуваа тоа дека вакцините предизвикуваат аутизам и ...
Софтверско инжинерство и иновации, лабораториско биоинжинерство, прехранбена биотехнологија, ветеринарна медицина, студии по новинарство… Ова се само некои од студиските програми, со кои денеска имаа можност да се запознаат матурантите – идни бруцоши, на саемот на универзитети „УниКомпас“, кој се одржа во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ). Настанот, кој го посетија десетици млади, нивни родители и пријатели, го организираше ...
По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември да ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали, информираат во МОН. Оттаму велат дека за оваа цел донеле одлука за одложување на имплементацијата на Концепцијата за основно образование, во седмо, осмо и во деветто ...
„Фан“ на серијалот игри Legend of Zelda по име Ентони Бреј кој живее во Англија во градот Нунитон, осуден е на 4 месеци затвор затоа што во јавност носел реплика од „Мајсторскиот меч“ од играта. Должината и големината на сечивото на мечот е само 15 сантиметри и повеќе изгледало како привезок, а Бреј велел дека го користи како „фиџет“ играчка за смирување на нерви. Не станува збор за меч во ергономска адекватна големина. Полицијата изјави дека ...
Три училишта во Северна Македонија велат дека немаат информации дали нивните ученици се на списокот на Министерството за образование и наука за добивање на средства од антикризните мерки за поддршка на учениците од основните и средните училишта, на чии семејства вкупните месечни примања од нето платата им се до 50.000 денари. Родители и ученици, изразувајќи ја својата загриженост за статусот на нивните поднесени барања за надоместок според оваа ...
Според Извештајот на агенцијата за патенти, помеѓу 2014 и 2023 година, повеќе од 38.000 патенти со GenAI (генеративна вештачка интелигеција) излегле од Кина, многу повеќе од оние поднесени од пронаоѓачите во САД, кои се на второ место. Сепак, најпопуларнитеалатки врз база на генеративна вештачка интелигенција се произведени од американски компании, како Опен АИ и Гугл. Генеративната вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да креираат ...
Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3.25, што е помалку од минатата и од предминатата година, соопшто МОН. Во 2023 година просечната оценка беше 3.65, додека во 2022 година – 3.78. Ова, според Државниот испитен центар како надлежна институција за спроведување на процесот е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени. Вкупно 14.834 пријавени кандидати, на 1 јуни го полагаа ...
Министерството за образование и наука (МОН) во моментов ги консултира наставниците дали да има само електронски дневник или да се врати и хартиениот од идната учебна година. Ова синоќа го изјави министерката Весна Јаневска во гостувањето на Телевизија Сител. Според неа, МОН ќе постапи според изјаснувањето на наставниците, но смета дека треба да има „некоја скратена, печатена форма на дневник за евиденција“. „Пред неколку дена заврши проектот за ...
Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите, односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Во оваа објава оправдувањето е дека причината била ставање крај на сите војни, што е сосема нелогично, пишува Вистиномер. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал на кој се наоѓа девојка која носи балони со боите на знамето ...
Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот, прв со потпис на новата Влада, економистите оценуваат дека претстои период на неопходни промени, пишува Порталб.мк. Но, колку и како може да се прекрои буџетската каса, дали може да се крати од веќе дадени права, каде може да се заштеди? Оценки на економистите Со поголем буџетски дефицит, а помал економски раст во однос на планираното. Вака според дел од економистите ќе заврши оваа изборна економска ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма пред локалните избори од 2021 година, насловена како „За Охрид гарантираме, создади нова иднина“, вети дека ќе биде набавен специјален пловен објект, наменет за чистење на отпадоците во Охридско Езеро. Ветувањето е наведено во секцијата за заштита од климатски промени и животна средина, каде што пишува дека „квалитетно изработената урбанистичко-планска документација ...
Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје е назначен за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Тој доаѓа на функцијата на местото на неговиот претходник, Ејуп Рустеми. Владата вчера постави нови директори на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, на Управата за извршување на санкции, на Агенцијата за храна и ветеринарство и „Национални шуми“. Сашо Клековски беше назначен за директор на Фондот за ...
Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ. Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет. „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.С. (57) од Битола, поради основано сомнение за сторени четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, сите од Кривичниот законик. Пријавената во својство на одговорно лице, директорка на државен ученички дом во Битола ја злоупотребила ...
Иклузивното образование е сериозен и повеќеслоен предизвик, што бара посветена и тимска работа, посочи министерката Весна Јаневска, на настанот „Разговори за еднаквост“, организиран од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Зборувајќи за децата со посебни образовни потреби, Јаневска кажа дека лично ќе се заложела тие да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што со помош на образованието ги ...
Снимка од лет на борбени авиони без никаков извор и доказ е опишана како влетување на Русите во воздушниот простор на САД. Ако е тоа точно, а не е, тоа би бил страотен инцидент, кој би бил ударна вест во медиумите и кој би предизвикал дипломатска војна во ООН, ако не и трета светска војна. Иако на Куба, која е близу до Флорида, пристигнаа руски борбени бродови, меѓу нив нема носач на авиони, па ваков лет е неизводлив, а со своите радари и ...
Според видеото и транскриптот од нејзиниот говор објавени од страна на италијанската влада, Мелони зборува за тоа дека Украина ќе беше принудена да се предаде, доколку Западот не ѝ ја дадеше поддршката по руската воена инвазија во февруари 2022 година, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Ако Русија не ги прифати условите (на самитот за мир), ќе ја принудиме да се ...
Трозабецот е одамна поврзан со украинската историја. Тој бил знак на предците на династијата Рурик (10-12 век, време на Киевска Русија). Во 1918 година веднаш по падот на руската империја, владата на Украинската Народна Република го одобри трозабецот како државен грб. Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, иако Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година. Ова се прави со цел ...
Објавата е манипулативна и не остава впечаток дека говори за животот на познатиот американски бизнисмен Фреди Фигерс. Истата е конструирана на таков начин што делува како да пренесува приказна од С. Македонија, со цел да привлече што е можно повеќе кликови. Текстот користи фотографија од дете која нема никаква врска со приказната, таа е земена од Интернет од каде може да се купи за 40 долари и истата е насловена како „портрет од изморено дете“, ...
Станува збор за верижни реакции на руски високи функционери по доставувањето и ставањето во оперативна употреба на долгострелните западни ракетни системи што ги користат САД и Германија. На почетокот на месецот, украински пратеник потврди за Си-Ен-Ен дека украинската војска почна да ги користи ракетните системи HIMARS, испорачани од САД, за да гаѓаат руски системи за противвоздушна одбрана, складишта за оружје и други цели на руска територија. ...
Придобивките од мерката МојДДВ и натаму ќе ги ползуваат граѓаните, промени ќе се направат само во системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител. „Мерката МојДДВ останува со истата сума за поврат кон граѓаните. Ќе се направат одредени корекции, што не се поврзани директно со граѓаните, туку системски во рамки на Управата за јавни ...
Бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за половина денар повеќе по литар од ноќеска на полноќ и ќе чини 83 денари. Цените на Еуросупер 98, Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат. Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) покачувањето на малопродажната цена на бензинот Еуросупер 95 е за 0,15 отсто во споредба со минатата недела. Од ...