
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е ослободен од британски затвор и се очекува да се изјасни за виновен за кршење на американскиот закон за шпионажа, што ќе му овозможи да се врати дома во родната Австралија, пренесува „Гардијан“. Асанж (52) се согласи да се изјасни за виновен по кривичнотo обвинение за откривање доверливи документи за национална одбрана на САД. „Викиликс“ на социјалните мрежи објави видео од неговиот основач, како синоќа ...
Осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни, соопшти денеска Основното јавно обвинителство. Оттаму донеле наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот ...
За изградба на инфраструктурен Коридор 8 и Коридор 10д, во должина од 108 км и со проценета вредност во износ од 1,319 милијарда евра, донесен е специјален Закон со кој се уредени условите и начинот за градба. Заклучно со декември 2023 година само 0,12 отсто од трошоците се однесуваат за градба, што покажува отстапување од планираната динамика за градба. Ова го нотирале државните ревизори во последниот објавен извештај на тема „Реализација на ...
Средното стручно образование станува сè поатрактивно. Тоа го покажува и годинашниот прв уписен рок кој заврши денеска во 15 часот, а според добиените пријави, многу училишта нема да имаат потреба од втор и трет уписен рок бидејќи ќе ги пополнат слободните места уште во првиот. Од друга страна, дел од скопските гимназии кои редовно имаат најголем број на заинтересирани кандидати за упис, годинава имаат слободни места и за вториот уписен рок. Едно ...
Откако излезе експанзијата за Елден Ринг, „Shadow of the Erdtree”, публиката почна масовно да се жали дека експанзијата е претешка за играње. Тоа и е причината што оваа експанзија има многу негативни критики, а од неа се откажуваат повеќето играчи. И на Steam Reviews оценката за тоа дали е добра игра или не, e со статус „Mixed“ („Измешано“), односно играта не е толку успешна колку што се очекуваше, според фидбекот од играчите. Хидетака ...
Избран е нов претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за периодот 2024-2025 година, соопштија од најголемиот државен универзитет. Според резултатите од тајното гласање што се одржало вчера, за претседател на ова универзитетско тело е избран професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје. Димитриевски е дел од Институтот за агроекономика на Катедрата ...
Оперативниот програм во хируршките клиники е редуциран, има многу помалку операции во споредба со периодот кога работеше централниот компресивен систем. Но, сепак сè функцонира. Немаме сè уште долгорочно и сигурно решение. Ова го изјави денеска новоназначениот министер за здравство Арбен Таравари, на влезот на хируршките клиники, откако претходно ги посети салите на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, ...
Блокирани улици, автомобили со искршени стакла, поплавени подруми, уништени дрвја. Ова е билансот од вчерашните врнежи во Тетово, кои околу еден час беа придружувани со град. И додека граѓаните до доцните часови ги чистеа подрумите на нивните поплавени куќи, подрумот на Клиничката болница останува поплавен и од него се шири смрдеа. Порталб.мк ви пренесува слики од тоа што се случуваше во последните 24 часа. Секој пат по обилни дождови еден од ...
Во врска со процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување, од Центарот за управување со кризи информираат дека неа ја вршат единиците на локалната самоуправа по единствена Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи која ја донесува Владата, на предлог на Министерството за финансии. „Утврдувањето на висината на штетата ...
Со изложба на концертни фотографии како и архивски материјали, насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“, која ќе се отвори на 26 јуни во 21 часот во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Програмата на фестивалот е организирана во два дела: изложба на фотографии во галеријата Мала Станица „The Vlatko Stefanovski Experience“ и филмска програма од 1 до ...
По вчерашното невреме што ги зафати Скопје, Гостивар и Тетово околу 16.30 часот, од Центарот за управување со кризи (ЦУК), информираа дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК биле добиени пријава на настани во врска со поплавени куќи и подруми, заглавени коли под подвозници, поплавени улици, патишта, паднати дрва… „На повеќе улици на градот забалежено е поплавување на голем број подрумски простории. Исто така има поплавено ...
Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата. Ова го порачаа од УНИЦЕФ во отвореното писмо до сите политички партии пред изборите што ќе се одржат во април и мај. „Децата сочинуваат дваесет проценти од ...
Вакцините спасуваат милиони животи. Ова е така заради рутинскиот календар на имунизација. Имаме вакцини за спречување на над опасни 20 болести. За прв пат во 3 децении имаме големо назадување кога се работи за опфатот заради дезинформациите. Ова го истакна денеска Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ, на прес-конференција која се одржа по повод Европската недела на имунизација. По овој повод, во секој град во Македонија ќе се посетат ...
Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може веднаш да се навикне на промените, односно му треба адаптација. Ова за Мета.мк го тврди метеорологот проф. д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет, кој ...
Најчести тужители при „SLAPP” односно стратешките тужби против учеството на јавноста, се државни субјекти и политичари, како и претставници на бизнис секторот, се кажа денеска при презентација и анализа на темата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и УНЕСКО. „Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) издаде публикација, прва од ваков вид во земјите од Западен Балкан, како до поефективна заштита од стратешки тужби против учеството на ...
Новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“, за сторијата „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“, објавена во емисијата „360 степени“. Втората награда за Најдобра истражувачка сторија ја доби новинарката Ирена Мулачка за серијалот текстови поврзани со случувањата на Клиниката за ...
Последните измени на Кривичниот закон на Република Северна Македонија ја подобруваат заштитата на новинарите така што овозможуваат обвинителството да покрене кривична постапка во нивно име, намалувајќи го товарот на приватното гонење. Дополнително, бидејќи делата клевета и навреда се декриминализирани, бројот на приватни тужби против новинар(к)и е зголемен и претставува нова закана по истражувачкото новинарство. Овие тужби во јавноста се познати ...
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик. Публикацијата има за цел да ги насочи професорите и обучувачите на новинари да им помогнат не само на студентите, туку и на репортерите кои веќе работат во новинарството, правилно да се соочат со едно од најголемите прашања на нашето време – ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија загриженост за говорот на омраза кон новинарите на социјалните мрежи во земјава. Од таму велат дека упатиле заедничко писмо до странските амбасади и организации со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките. „Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ...
Фотографијата на која е прикажано македонското знаме, а до него за јазик пишува Bulgarian (Serbianized), е манипулација и ги измамува корисниците на социјалните мрежи. Фотографијата не е реална туку е фотошопирана. Тоа прво се забележува кај знамињата, каде што македонското знаме не е рамномерно со другите знамиња, туку е поголемо. И алатките коишто се користат за да се види дали со фотографијата е извршена манипулација покажуваат дека ...
Европската Унија се темели на принципи кои се целосно спротивни од оние на фашизмот. Таа е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер, насилно потиснување на опозицијата, ...
Вистиномер не успеа да најде ниту една официјална информација дека Грузија ќе ги обнови дипломатските односи со Русија и ќе отвори амбасада во Москва. Такво нешто нема на официјалните Икс профили на партијата Грузиски сон и на грузиската влада. За веста дека Грузија се подготвува да отвори амбасада во Москва има деманти и од грузиска и од руска страна, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Објава на Фејсбук тврди дека Грузија ...
Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година. На Јутјуб исто така било објавено на 5 мај 2020 година. Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве години. „Eксклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Анализираме објава на Фејсбук ...
Двете видеа кои се споделени во објавата што ја рецензираме се снимени далеку од Европа, поточно во Австралија и во Канада. Не постои ниту приближна иницијатива во ЕУ да се легализира педофилијата која се смета за кривично дело, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат два видеоматеријали и пишува: Педофилска ЕУ која вие многу ја сакате, сакајте ја. На првото ...
Камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук да мислат дека камерите почнале да снимаат. Всушност, станува збор за информација дека било извршено тестирање на камерите, што е наведено во написот кој го споделува објавата, но не и во насловот, пишува ...
Во објавата се прави обид предупредувањата и констатациите дека климатските промени се реалност, да се претстават како наводна „глупост“ мотивирана од „потплатување со пари“ која ја шират „трансхуманисти, фашисти и сатанисти“. Климатските промени се најгорливиот проблем на нашето време, светот станува сè пожежок. Според шестиот извештај за проценка на IPCC за состојбата на климата, изминатата деценија веројатно е најтоплиот период во последните ...
Јавниот долг се „спушти“ под 60 отсто – во првиот изборен квартал од годинава, јавниот долг изнесувал 58,6 проценти од БДП. Идната Влада планира нов заем од 1 милијарда евра, пишува Порталб.мк. Според економистите, оваа сума отвора повеќе прашања, а едно од ни е: за што ќе се трошат парите? Новите заеми – нов „притисок“ за јавниот долг, за што ќе се трошат најавените 1 милијарда евра? Според последните достапни информации, на крајот на март, ...
Oд денеска, 19 јуни заклучно со 31 јули, физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) кои имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на ЈП Водовод и канализација-Скопје (освен тужбата којашто датира од ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април во земјава изнесувала 41.085 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Индексот на просечната исплатена нето-плата во споредба со истиот месец 2023 година изнесува 113,7. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна плата по вработен во секторите Образование (21,8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18,6%) и Информации и ...
Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи вчера во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, објавено е денеска на страницата „ENTSO-E“. Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска. „Загрозените оператори на мрежни системи, со поддршка од соседните оператори, по речиси два часа ...