Акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати ...

Јавниот превоз останува сон за над 27.000 жители на општина Ликово, кои во негово отсуство принудени се да бараат алтернативни решенија. Граѓаните бараат од властите да го стават во функција јавниот превоз кој ги поврзува со градот Куманово, но, институциите засега молчат, пишува Порталб.мк. И покрај тоа што најголем дел од услугите ги добиваат во Куманово, граѓаните на општина Ликовo за да стигнат до Куманово, но и во другите населени места на ...

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж беше пуштен на слобода во суд на островот Сајпан, американска територија во тихиот океан. Тој се изјасни за виновен за прекршување на законот за шпионажа со тоа што набавил и ширел класифицирани документи, пренесува Гардијан. Судијата во федералниот суд во Сајпан го прифати договорот за спогодба меѓу Асанж и американската влада, според кој тој нема да служи дополнителна затворска казна бидејќи веќе служеше ...

Холандскиот премиер Марк Руте денес беше официјално назначен за новиот Генерален секретар на НАТО. Назначувањето на Руте стана формалност откако неговиот единствен противник, романскиот претседател Клаус Јоханис, минатата недела изјави дека се откажал од трката за Генерален секретар на НАТО. Руте официјално ќе ја заземе позицијата на 1 октомври, наследувајќи го Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој десет години ја држи својата позиција. „Алијансата ...

Дезинформациите кои доаѓаат од владата на Србија за Косово станаа редовни и речиси истите наративи се рециклираат. Од јануари годинава се врати наративот за протерување на српските граѓани од Косово. На почетокот на февруари стапи на сила правилникот на Централната банка на Косово, со кој еврото е единствената валута со која може да се вршат готовински трансакции. Ова направи цела машинерија, почнувајќи од шефот на српската влада, Александар ...

Полицијата во Боливија го уапси шефот на групата која се обиде да изврши државен удар и да ја собори левичарската влада, неколку часа откако претседателската палата во Ла Паз беше нападната од војници. Стотици припадници на армијата и оклопни возила зазедоа позиции на плоштадот Мурило каде се наоѓаат клучните владини згради, пренесува Би-би-си. Едно оклопно возило вчера ја срушило главната порта на претседателската палата, овозможувајќи им на ...

Младинската иницијатива за човекови права во Србија вчера соопшти дека добила известување од тамошното Министерство за внатрешни работи оти се забранува фестивалот во нивна организација „Мирдита, добар дан“. Забраната за фестивалот, како што велат од таму, била објавена во форма на наредба и во неа се барало да бидат прекинати сите активности кои се дел од настанот. „Со оваа наредба, Министерството за внатрешни работи го прекрши Уставот на ...

Претседателот на САД Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп, прв пат после четири години дебатираа на Си-Ен-Ен, во студиото во Атланта. На дебатата, која беше жестока и конфронтирачка, немаше публика. Бајден уште на почетокот зборуваше со лут глас и кажа дека неговата администрација „конечно го победи Медикер“. По дебатата, Бајден им кажа на новинарите дека има болки во грлото. Трамп повтори бројни лаги, вклучително и дека демократите ...

Руската хакерска група NoName057(16) ја презеде одговорноста на социјалната мрежа Телеграм за хакерските напади врз хрватските институции што се случија во средата, пренесе „Јутарњи лист“. На мета на хакери неодамна беа Министерството за финансии, Даночната управа и Загрепската берза, а во четвртокот беше нападнат и Клиничкиот болнички центар Загреб. „Не сме ја посетиле Хрватска веќе некое време, па решивме да се „потсетиме“, напишаа хакерите ...

„Operation Overload“ („Операција преоптоварување“) таргетирала над 800 организации од повеќе од 75 земји, вклучително и над 200 сметки кои припаѓаат на организации за проверка на факти. Извештајот на CheckFirst анализира преку 200 пораки испратени до повеќе од 20 медиумски организации за да ги открие тактиките на оваа кампања. Организациите претежно добивале идентични мејлови во кои се повикуваат да проверат одредени лажни приказни, што покажува ...

Лошиот настап на претседателот Џо Бајден на дебатата со Доналд Трамп доведе до тоа одредени членови на Демократската партија да почнат да се прашуваат дали тој треба да биде сменет на гласачкото ливче со друг кандидат пред претседателските изборите во ноември во САД. Нема докази дека Бајден е подготвен да ја заврши својата кампања сега, пишува агенцијата Асошиејтед прес. И за Демократите би било речиси невозможно да го заменат доколку тој не ...

Французите денеска гласаат во првиот круг од предвремените парламентарни избори, на кои екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен би можела за прв пат да формира влада. Анкетите покажуваат зајакнување на поддршката за екстремно десничарската Национален собир на Ле Пен, но исходот на изборите што претседателот Емануел Макрон ги свика пред три недели, по катастрофалниот пораз на неговите сојузници на европските парламентарни избори, останува ...

Викенд-изданието на Њујорк Тајмс за 29-30 јуни разоткрива мрежа за трговија со луѓе со кои жители на сиромашниот Непал со измами се вработуваат во руската армија. Њујорк Тајмс известува за случаите на невработени Непалци кои, привлечени со ветувања за големи плати што ќе може да ги праќаат назад на семејствата, се задолжуваат со големи суми и заминуваат на печалба во Русија, каде им се нудат работни места во војската, но далеку од фронтот. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „големо демократско и републиканско обединување“ во вториот круг од предвремените парламентарни избори во Франција против екстремно десничарската партија Национален собир, која е во водство на првиот круг од изборите. „Големиот одѕив во првиот круг сведочи за важноста на ова гласање за сите наши сонародници и желбата да се разјасни политичката ситуација“, рече Макрон. „Соочени со партијата ...

На 88-годишна возраст денеска почина славниот албански писател Исмаил Кадаре. Кадаре, кој се спротивстави на режимот на Енвер Хоџа, доживеа срцев удар, соопштија од болницата во Тирана, а пренесоа светските медиуми. Најпознатиот албански писател е роден во 1936 година во градот Ѓирокастро во јужна Албанија. Триесет години од својата писателска кариера, Кадаре живеел во комунистичка Албанија, каде што ги напишал и своите ремек-дела „Генералот на ...

Нов извештај на Гугл покажа дека вкупните емисии на стакленички гасови на технолошката компанија во 2023 година се зголемиле за 48 отсто во споредба со 2019 година. Според извештајот, оваа разлика воглавно се должи на користењето на технологија која користи вештачка интелигенција (ВИ), пренесува Би-би-си. Емисиите доаѓаат од податочните центри на компанијата, кои претставуваат мрежа на компјутерски сервери. За развивањето на ВИ моделите е ...

Среда, 16.03.2022 година, 8 часот наутро. Невенчаниот сопруг, по претходна расправија, ја удира сопругата со бокс во левото око, а попладнето околу 16 часот насилно ја зема и ја носи на планина. На вратот ѝ става конец за да ја обеси, ја соблекува гола, а потоа се премислува – ја враќа назад дома и ѝ уринира во устата. Насилството тука не запира. Околу 20 часот, тој почнува да ја тепа со боксови по лицето и да ја малтретира. Жената успева да ...

Жителите и еколошките организации „Здрава котлина“ и „Еко долина“ од општините Ново Село, Босилово и Струмица денеска протестираат против отворање на капацитет кој ќе преработува алуминиум. За овие општини рудникот Иловица-Штука, против кој се борат неколку години сè уште не е завршена приказна, а само на десетина километри од таа локација им се отвора нов фронт кој се плашат дека исто така ќе им ги загрозува здравјето и животната средина ...

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, 12 години континуирано функционира со сметка која е блокирана со извршни решенија за наплата на неизмирени обврски, а загубите во работењето го доведоа претпријатието во минус од дури 44,5 милиони евра, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во него е наведено дека финансиските извештаи се одговорност на в.д. директорот Костадин Ацевски, ...

Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека ќе биде кандидатот за претседател на Демократската партија на претстојните претседателски избори во ноември, пренесува Би-би-си. Оваа изјава доаѓа по лошиот настап на Бајден на претседателската дебата против Доналд Трамп, на која 81-годишниот кандидат често изгледаше збунето, а многу од неговите реченици беа и тешки за следење. По дебатата се поставија прашања околу менталната подготвеност на ...

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Ангела Агелер денеска се сретна со министерот за правда Игор Филков на разговори за владеење на правото и борба против корупцијата. „Амбасадорката истакна дека корупцијата е огромен предизвик со кој Северна Македонија мора да се справи и ја изрази посветеноста на Амбасадата да ја одржи нашата цврста поддршка за правдата за граѓаните на оваа земја“, соопштија од американската амбасада во ...

Активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата. Бројот на граѓани коишто престојуваат во странство се зголемува со значителна стапка, а ваквата тенденција носи сериозни предизвици за државата, економијата и општеството во целост. Ова е заклучено во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) насловен „Ефективност на ...

Јован Деспотовски денеска поднел оставка од функцијата директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Тој за оваа своја одлука информираше на брифинг со новинарите. Иако неговиот мандат истекуваше во декември, оставката ја оправда со „новата политичка реалност“. „Поднесувам оставка на функцијата директор на ТИРЗ, мандатот ми истекува во декември, но веќе имаме нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара ...

Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи. „Оваа промена има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги“, велат од Владата. Според новите законски одредби, ќе се укине ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги осудува директните закани кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски и бара од надлежните да постапуваат по очигледната закана по неговата безбедност. Под објавата на својот Фејсбук профил на неговата репортажа од Пустец, Албанија, Видановски доби сериозни и застрашувачки закани од лицето Виктор Стојанов, кој што има забрана за влез во Македонија на неопределено време. ...

Дрво падна врз жена на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје, кај зградата на поранешна „Нова Македонија“. Несреќниот настан се случи попладнево, по невремето кое го зафати главниот град. Жената е пренесена во болница, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Телевизија 21 објави видеоснимки од местото на настанот. На терен интервенирала и екипа на скопската противпожарна бригада. На Единствениот повикувачки број за итни случаи ...

Владата на денешната седница постави нови директори на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Управата за извршување на санкции, Агенцијата за храна и ветеринарство и „Национални шуми“. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. Димовски е доктор на науки, докторирал на тема „Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на малите и средни претпријатија во ...

Меѓу многуте одлуки од денешната, втора седница на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесена е и одлука за враќање на оградата околу владината зграда, која беше отстранета пред пет години. Ваквата одлука за време на седницата беше правдана со тоа дека објектот сега бил опкружен со „нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР“ и затоа се задолжува Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да започне постапка за враќање ...

Северна Македонија никако да најде решение за чистење на рудникот за арсен и опасни минерали во селото Лојане. Проблемите со загадувањето и понатаму предизвикуваат штета врз животната средина и здравјето на жителите, кои после толку години се уморни од барање на решение за овој проблем. Долгорочното решение е отпадот да се депонира во депонии за опасен отпад, кои во земјава ги нема. Поради оваа причина, во владината процедура е давањето на ...

По речиси една година откако беа укинати по два воза дневно на релација Скопје – Битола – Скопје, ЈП „Македонски железници“ ги враќа истите линии на поаѓање и доаѓање. Исто така, повторно се враќа бесплатното патување за младите и пензиониерите со воз, пракса што беше прекината за време на пандемијата со Ковид-19. Укинувањето првично се случи во октомври минатата година, каде што се укинаа по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, и ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
27%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
3.09
31%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
32%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
22%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.55
18%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
1.34
38%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.71
33%
1017
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
23%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
20%
1018
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
31%
1018
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
4.92
25%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
10.29
33%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62