Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до претседателот на САД, Џо Бајден. Во продолжение е интегралниот текст на честитката. Почитуван господине Претседателе, Ми претставува особена чест и големо задоволство, во име на македонските граѓани и во свое лично име, да Ви го честитам Денот на независноста, упатувајќи најискрени желби за просперитет и за сестран ...

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје тврдат дека Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) им должи пари, односно од јануари наваму ги добиле само дел од средствата што им следуваат. Поради тоа, денеска и утре ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Денеска, преку изјави во медиумите, гадоначалничката на Скопје, под чија ингеренција е ЈСП Скопје, посочува дека не е точно оти им ...

Добитник на „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ е истакнатиот француски и светски кинематографер Бруно Делбонел. Фестивалот годинава ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола. Бруно Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност“ што фестивалот „Браќа ...

Сите ние сакаме да уживаме во комфорот кој го нуди нашиот дом, понекогаш преуморни од секојдневните активности кои нè оптоваруваат забораваме да уживаме во малите нешта. Сепак, во светот постојат и такви луѓе кои не дозволуваат секојдневните проблеми да влијаат во начинот како ќе го поминат остатокот од денот. Данскиот автор Мајк Викинг има издадено книги насловени „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, во кои преку интересни и ...

Еден месец по завршувањето на фестивалот за јапонска култура „Сакура“, Јапан@мк продолжува со настани. Утре, на 4 јули, се организира аниме, дружење и мини базар во „Base42“ во Скопје, со почеток од 19 часот. Овој пат во соработка со хакерскиот простор на „Бase42“ најавени се серија настани – ЈапанХ42, кои ќе се одвиваат еднаш месечно. Утре заедницата на љубители на јапонска култура ќе има шанса да погледне летно аниме „Тунелот на летото, ...

На прв поглед изгледа како суштество кое е излезено од научно-фантастичен хорор филм, но розeвата дупка со стаклени очи е револуционерен робот покриен со жива кожа. Развиена од истражувачи од Универзитетот во Токио, оваа иновација би можела да биде голем чекор кон изработка на роботите послични на луѓето. Пионерски истражувачки тим Проектот, предводен од професорот Шоџи Такеучи, се надоврзува на претходната работа каде што користел колаген и ...

Светското првенство во е-спорт започна денес во главниот град на Саудиска Арабија – Ријад, каде што ќе има натпревари во видеоигри во следните 8 недели. Според објавата на официјалната веб-страница на Фондацијата за Светски куп на е-спорт, овој настан во гејминг-индустријата има рекорден награден фонд од 60 милиони долари и повеќе од дваесет наслови во видеоигри, покривајќи игри како Counter-Strike 2, League of Legends и Call of Duty. Вчера се ...

Младите ова лето кај нас ќе имаат можност во периодот од 12 јули до 23 јули 2024 година да ги развијат своите вештини и способности со цел да може полесно наесен да пристапат кон пазарот на трудот. Преку промоцијата на обуката „Зграпчи го летото“, во партнерство со зелената програма за развој RECONOMY на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, предвидени се неколку едукативни обуки. Визијата е да се организираат четири едукативни ...

Мрежите на младински организации – Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Коалиција на младински организации СЕГА и Сојузот за младинска работа, преку допис го искажаа својот став кон Владата, со кој го поздравуваат чекорот за унапредување на положбата на младите во рамки на организацијата на државниот апарат. „Веруваме дека новоформираното Министерство за социјална политика, демографија и млади ќе биде водечката институција која ќе ...

Анастасија Мојсовска е професионален спортист во воздушно стрелаштво која што се квалификуваше за Олимписките Игри што ќе се одржат во Париз годинава. Таа е повеќекратен државен шампион и рекордер во воздушно стрелаштво жени во Македонија. На ОИ, на 28 јули, Анастасија ќе се натпреварува во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени, со 60 истрели. Таа, исто така, е и студентка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ. Но, ...

Социјалните мрежи се полни со лажни вести кои го негираат глобалното затоплување и климатските промени. Нападнати сме од дезинформации во кои глобалното затоплување, а неретко и климатските промени, се опишуваат како светски заговор и нешто што не постои, туку само треба да ги застрашува луѓето. Ова го велат од Центарот за современи уметности кои денеска ја поставија уметничката инсталација „Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување е мит“ ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес гостуваше во емисијата „360″ на МТВ, каде говореше за состојбите во образованието и за приоритетите на кои ќе се фокусира за време на мандатот. „На државата ѝ е потребна Национална стратегија за образование во која ќе се постават принципи за создавање на квалитетен образовен систем во Македонија и ова е една од целите во нашата програма. Тоа ќе биде документ кој ќе го прифатат ...

Во сабота во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје ќе се одржи саемот на универзитети „УниКомпас“, во организација на СтудентаријаМК – најголемата дигитална студентска заедница. Организаторите велат дека настанот има за цел да ги опреми матурантите со увид и ресурси што им се потребни за да донесат информирани одлуки за продолжување на нивното образование и кариера. „Саемот ‘УниКомпас’ е единствена можност за средношколците и идни студенти ...

Организацијата за прoмоција на источноазиски култури во Македонија „Пагода“, во соработка со медиумот Комикс.мк, го најавуваат првиот настан за промоција на јапонските видео игри, насловен како JRPG (Јapanese role playing games). Овој настан ќе се случи на 13 јули во „BASE42“, со почеток до 19 часот. Во рамките на овој JRPG настан, предвидено е да има панел дискусија на тема „Од пиксел до полигон: Како JRPGs повторно го освоија светот“, со гости ...

Богатата ризница на настани на овогодинешното „Скопско лето“ кое ќе трае од 21 јуни до 31 јули, ќе ја шири својата енергија преку уметниците, музичарите, забавувачите и изведувачи, кои преку нивната умешност за уметност ќе творат на неколку локации низ Скопје. Главната отворена локација ќе ја заземе Сули Ан (Факултетот за Ликовни уметности), но и театарот „Златец“. Годинава побогат во програмата, но посиромашен во буџетот, збирот на културни ...

Во светот на креативните професионалци, процесот на оживување на идеите често е спој на страста и упорноста – патување исполнето со триумфи и искушенија. Чинот на творење е проследен од инспирација и дисциплина, каде идеите се обликуваат преку алхемијата на фантазијата и вештините. Културните и креативните индустрии вработуваат околу 8 милиони луѓе во ЕУ, со околу 1,2 милиони компании, од кои над 99,9 отсто се мали и средни претпријатија. Сепак, ...

Програмата на деветтото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура продолжува утре, во 19:30 часот, во Националната галерија Чифте амам, со предавање на една од најинтересните современи промислувачки на квир феминизмот, Изабел Лорај. Таа ќе одржи предавање насловено како „Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг“, во кое ќе се тематизираат сегашните практики и потенцијали на општествената грижа, кои можат да бидат основа ...

Паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци која беше ветена, но нереализирана, ќе започнат да се исплаќаат од понеделник, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од таму велат дека новата министерка за образование, Весна Јаневска, ги задолжила надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ...

Заврши чистењето на четвртиот лот од малата депонија со линдан во ОХИС. Во периодот од март до јуни ископани се 450 тони на HCH отпад и 250 тони земја контаминирана со линдан. Целата количина е спакувана во специјализирани буриња во кои ќе се транспортира на конечно уништување. Од Министерството за животна средина информираат дека 240 тони линдан ископани од четвртиот лот се веќе извезени, додека остатокот ќе биде извезен до крајот на месецов. ...

Речиси 30.000 студенти оваа учебна година биле регистрирани како корисници на субвенционираниот студентски оброк, покажуваат бројките што Мета.мк ги доби од Министерството за образование и наука (МОН) – институцијата надлежна за спроведување на оваа мерка. Студентите, генерално, се задоволни од проектот, но велат оти зголемување на сегашниот износ е повеќе од добредојдено. Денеска е последен ден за користење на средствата од оваа мерка, која ќе ...

Разрешувањето на Бесиjа Иљази од функцијата економски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје предизвика спинувана невистинита реакција од лидерот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, кој де факто тврди дека таа е разрешена од новиот министер Арбен Таравари зашто е Албанка, која се борела против албанофобијата на Клиниката и генерално. Хоџа не кажува ниту дека е започнат процесот на укинување на економските директори, ниту ...

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ – Скопје соопшти дека ја поздравува идејата за воспоставување на градски железнички превоз во Скопје, за која деновиве известуваат медиумите, а по најавата на новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски. Во гостување во вестите на Телевизија Сител, Николоски пред три дена рече дека се размислува за воведување на т.н. градски воз во рамки на Градот Скопје, по ...

Изложба на млади стрип авторки од Македонија беше отворена во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) – Битола, во партнерство со Стрип центар на Македонија – Велес. На изложбата беа претставени стрип дела од 22 млади македонски стрип авторки кои се носители на новата генерација на стрип цртачки. Програмскиот координатор на Македонскиот стрип центар, Томе Трајков, истакна дека недвосмислен впечаток е оти развојот на женскиот стрип во Македонија е ...

Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти, оценува новата министерка за образование и наука, весна Јаневска. Таа се сретнала со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи, со кој дискутирала за образованието. „Планираме историја, географија, граѓанско образование и други ...

Воведувањето на кривичното дело екоцид е значаен чекор напред во воведување вистинската заштита на животната средина, но за да постигне крајната цел мора и да се подобри правната рамка и да се специјализираат судиите и јавните обвинители. Судиите исто така треба да имаат прецизни упатства потребни за да изрекуваат конкретни санкции, а еден од условите за ефикасна заштита на животната средина е и формирање на еколошка полиција. Република Северна ...

Повеќе од деведесет и пет отсто од пријавените кандидати за насоката медицинска сестра со настава на албански наставен јазик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, се со сите петки. За 102 слободни места на оваа насока, во првиот уписен рок кој заврши вчера, се пријавиле 154 ученици, од кои дури 147 се скроз одлични. За да се изврши селекција, в петок сите пријавени ќе полагаат квалификациски тест по предметите биологија и хемија за ...

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вчера се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беа Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. ...

Минисерот за здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека д-р Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за државна кардиохиругија. „Да, ми потврди заменичката-министерка дека д-р Шокаровски е вратен на функцијата. Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – нормално го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во ...

И во новоформираната влада на Северна Македонија жените ќе бидат минимално застапени во извршната власт. Со измените во реорганизацијата на Владата, овој состав ќе има повеќе министри кои заедно со премиерот ќе бидат 24, но министерки ќе бидат само три жени, ниту една од нив албанка. Партиите молчат, а граѓанскиот сектор продолжува да апелира за решавање на проблемот, пишува Порталб.мк. Оваа влада, иако со повеќе министри, ќе има помалку ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на првата работна посета на Брисел оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата, соопшти МНР. Како што посочуваат оттаму, средбата се реализира во рамки на подготовките на Алијансата за одбележување 75-годишнина од формирањето на НАТО. Јубилејот ќе се одбележи за време на претстојниот Самит на НАТО во јули во Вашингтон. ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
27%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
31%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
32%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
22%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.55
18%
1017
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
37%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
8.05
32%
1017
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
23%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
20%
1018
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
30%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
2.24
25%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
8.75
34%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62