
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се извини за своето однесување на крајот од синоќешниот натпреварот против Барселона во финалето на Купот на кралот. Германецот, кој веќе беше заменет, доби црвен картон откако фрли кесички мраз кон судијата Рикардо де Бургос, а неговите соиграчи од клупата го спречија физички да се пресмета со арбитерот. Рудигер реагираше незадоволен од одлуката на судијата да го запре ветувачки напад на Реал во ...
Од денеска гробницата на папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан. Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час. На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре ...
Кина денеска соопшти дека ќе ги зголеми повратите на даноци за странските туристи за да ги зголеми нивните трошења. Во заедничко соопштение на Министерството за трговија на Кина и другите министерства се вели дека минималниот дневен лимит за трошење странски турист во една продавница за да се квалификува за враќање данок сега е намален на 27,45 долари (200 јуани), во споредба со 68,62 долари (500 јуани). Се истакнува дека Кина ќе го промовира ...
Неколку лица загинаа, а поголем број се повредени кога возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, соопшти полицијата, без да го прецизира точниот број на жртви. Во соопштението се наведува дека полицијата на местото на настанот уапсила 30-годишен жител на градот. Инцидентот се случи синоќа во близина на улицата „Фрејзер“ и Источна 41-ва авенија, објави канадската мрежа Си-Би-Си. Според изданието Глобал њуз, „осум лица ...
Девет лица загинаа откако маж со автомобил влета во посетители на фестивалот Лапу Лапу во Ванкувер во саботата навечер, објави полицијата на мрежата Икс. Претходно денеска, полицијата во Ванкувер соопшти дека верува оти инцидентот за време на уличниот фестивал во тој град не бил терористички чин. „Во овој момент, уверени сме дека овој инцидент не е терористички чин“, се вели во соопштението на полицијата во Ванкувер објавено на платформата Икс. ...
Експлозијата во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран не е поврзана со иранскиот одбранбен сектор, изјави денеска портпаролот на иранската парламентарна комисија за национална безбедност и надворешна политика, Ибрахим Резаи. Резаи за иранската државна телевизија изјави дека во пристаништето немало воен материјал. На овој начин, тој ги негираше медиумските наводи дека експлозијата во пристаништето може да биде поврзана со ...
Во Струмица вчера во 11.00 часот полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Д.(24) и С.У.(23), двајцата од Велес, соопштија денеска од МВР. - На 25.04.2025 околу 09.15 часот тие биле затекнати при обид да извршат кражба од подрумска просторија од куќа на ул.„Спиро Захов“ во Струмица, при што физички ги нападнале сопственикот З.К. и неговиот сосед Д.Т., по што побегнале од местото, се појаснува во соопштението. Тие биле задржани ...
Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 02.00 часот го лишиле од слобода Х.Б.(32) од кичевското село Подвис. -При сообраќајна контрола извршена на улица „Методија Стефаноски“ во Кичево било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека Х.Б. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта, соопшти МВР. Претходно, ...
На граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со потерница од Интерпол Италија. -Синоќа, во 22.05 часот на Граничен премин „Блато", на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Џ.С.(29) од Република Албанија. При гранична проверка е констатирано дека се бара од Интерпол Италија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид. Додаде ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ навести дека можеби го одиграл својот последен натпревар на Мастерсот во Мадрид, откако во саботата загуби во второто коло од Италијанецот Матео Арналди. Италијанскиот тенисер го победи четвртиот носител Ѓоковиќ со 6-3, 6-4 и се пласираше во третото коло, нанесувајќи му го на 37-годишниот Србин третиот последователен пораз. Ѓоковиќ, кој ја брка својата 100. АТП титула, претрпе изненадувачки пораз во финалето во ...
Ракометарките на дански Оденсе и унгарски Ѓер се првите учеснички на завршниот турнир од Лигата на шампиони. Оденсе го обезбеди своето место на завршниот турнир, кој ќе се игра во Будимпешта на 31 мај и 1 јуни, со победа синоќа од 25-24 на гости против домаќинот на финалето, Ференцварош. Првиот натпревар во Данска заврши нерешено 27-27. Ѓер беше многу поубедлив во четвртфиналниот натпревар против германскиот Лудвигсбург, по минималната победа ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле 63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. - Инаку, имало 618 ...
Во Културниот центар „Фазил Искандер” во Москва од 23 до 30 април се одржуваат Денови на македонската литература за деца и млади насловени „Читај ја Македонија!". Такво широко претставување на македонските писатели за деца во Русија се прави прв пат, соопшти Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва. Главни гости на настанот биле деца на 11-12 годишна возраст и нивни школски наставници. Панкина ...
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово денеска ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од село Страцин, кратовско. МВР соопшти дека при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал ...
Членството на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), е потврда за успешните регулативни реформи предводени од Народната банка и следствено - високите регулативни стандарди коишто се применуваат од страна на финансиските институции, што е важно за натамошното поттикнување на конкуренцијата, иновациите, но и за задржувањето на финансиската стабилност, како предуслов и за макроекономската стабилност. Светската банка (СБ) ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека на американските воени и комерцијални бродови треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал. „На американските бродови, воени и комерцијални, треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал. Тие канали не би постоеле без Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут сошл. Тој додаде дека ...
На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии. Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство за неговата смрт, претседателката Сиљановска-Давкова, во ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-5) уште на стартот го заврши настапот на АТП Мастерс турнирот во Мадрид, откако попладнево загуби од Италијанецот Матео Арналди со 2-0 во сетови. Арналди ((АТП-44.) до својата втора победа во кариерата во дуели против пет најдобро рангирани тенисери дојде за 101 минути, елиминирајќи го рекордерот според освоени грен – слем титули со 6-3 и 6-4. Ѓоковиќ го почна настапот на Мастерсот во Мадрид од второто коло, ...
Фудбалскиот клуб Воска Спорт соопшти попладнево дека се повлекува од натпреварувањето во Првата македонска фудбалска лига на пет кола до крајот на сезоната. Одлуката доаѓа ден откако Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја казни Воска за повлекувањето од теренот на дуелот против Вардар во минатото коло, одземајќи му девет бодови. Воедно, Воска беше казнета и со глоба од 7.500 евра, додека клупскиот претседател ...
Фудбалерите на Кристал Палас се првите финалисти на овосезонското издание на најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп, откако вечерва во полуфиналето на Вембли триумфираа над Астон Вила со 3-0 (1-0). Еберечи Езе го донесе тимот од јужен Лондон во водство во 31 минута, водството го зголеми Исмаил Сар (58), а истиот играч во судиското продолжение го постави конечниот резултат. За Кристал Палас ова е трето финале во ФА ...
Во спектакуларно финале со резултатски пресврти вечерва во Севиља, фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид со 3-2 (2-2, 1-0) и го освоија трофејот во шпанскиот Куп на кралот. Педри во 29 минута ѝ донесе водство на Барселона, a со влегувањето на Килијан Мабпе во вториот дел уследи резултатски пресврт на Реал, откако францускиот репрезентативец израмни од слободен удар во 70 минута, а Орелиен Чуамени беше прецизен во 77 минута. Со гол во ...
До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Попладнево нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи имало во западните планински региони, во Охридско-Преспанскиот регион и во Пелагонија. Според најавите, времето и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Од УХМР велат наместа процесите ќе ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишен скопјанец, кој со мотоцикл на улицата „Џон Кенеди“ удри 10-годишно девојче кое го преминувало коловозот на пешачки премин. Како што стои во соопштението на ОЈО, за лицето постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, кој на 25 април како ...
СДСМ се консолидира, но е подготвена и за предвремени парламентарни избори и за локални избори, доколку дојде до таков развој на настаните, изјави вечерва претседателот на партијата Венко Филипче. - Тој процес на консолидација, за кој сум свесен дека ќе трае и дека не сме го завршиле целосно...Апсолутно партијата е во кондиција да трча и на локални и на парламентарни избори, истакна претседателот на СДСМ во Тема на денот на ТВ Сител. Сепак, ...
Филипче се залепи до Заев и вели немало друг како него, а откако Бујар призна дека преговарал за етнички прашања со дозвола на СДС, бара попустливост со Бугарија Филипче се залепи до Заев и со гордост зборуваше за него во денешното интервју на Сител. Народот може да учи од Заев, смета Филипче. За какво учење од Заев и искористување на негово искуство зборува Филипче, кога Заев единствено што правеше беше предавството и распродавањето на ...
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и француски репрезентативец Патрис Евра идниот месец ќе го има своето деби во ММА. Четириесетитригодишниот Евра ќе се бори во Професионалната боречка лига на Париз која ќе се одржи на 23 мај во Арената „Акор“. Според француските медиуми, поранешниот дефанзивец се занимава со боречки спортови речиси една деценија. Сè уште не е официјално познато кој ќе биде негов противник во октагонот. Евра настапуваше ...
Почна исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта тутун и на сметките на 14 500 тутунари од земјава им се префрлени близу 40 милиона евра, што е рекордно ако се земе предвид дека лани се произведоа 24 000 тони тутун, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, кој денеска го посети расадопроизводството на прилепскиот тутунар Ристо Џамбазов на периферијата на Прилеп. - Ова е една рекордна исплата на субвенции во однос на ...
Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп. - Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се ...
Со своето писмо, Бујар Османи директно призна дека водел задкулисни преговори за етнички прашања за Македонците, со дозвола од СДС. Тоа е најсилен доказ за теснопартиското тргување со државните интереси, далеку од очите на јавноста и без легитимен мандат од граѓаните. А што имаме ние од признанието на Бујар Османи денес? Македонија понижена, а европските интеграции никогаш подалеку. Единствениот пат што го избрале СДС и Бујар е патот на ...
Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица. Како довчерашните скромни момчиња, сега станаа тајкуни? Дали Апасиев и луѓето околу него едвај чекаа да дојдат на власт, за да се богатат? Глумецот Апасиев, кој одеше со точак на работа и глумеше дека е дете од ниска класа, сега преку Левица купува деловни простори од над 400м2, во соработка со извршителите, кои до вчера ги плукаше и ...