
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



На националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk од денеска се достапни две нови услуги од основните судови - Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица. Со новата услуга за дигитална потврда за неосудуваност се заокружува пакетот најважни дигитализирани услуги за граѓаните, покрај веќе достапните - изводи од матичните книги, уверение за државјанство, имотен лист и за сопственост ...
ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата Христијан Мицкоски со најголема доверба кај граѓаните, покажува најновото истражување на МКД.мк и Маркет вижн. На прашањето „За која политичка партија ќе гласате на наредните избори?“, високи 51,7% одговорија во корист на ВМРО-ДПМНЕ, додека само 10,9 би гласале за опозициската СДСМ. Според резултатите од анкетата ВМРО-ДПМНЕ се на прво место, на второ место е коалицијата Вреди, па следуваат ДУИ, СДСМ, ...
Време е да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата на виделина, затоа што и врапчињата знаат за корупцијата и злото што владее кај нас, порачаа родителите на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ на четвртиот протестен марш „Задоцнета реакција“ што денеска се одржа во Кочани. Во пораката до институциите кои се одговорни за функционирање на системот во државата побараа тие да не ја одбегнуваат одговорноста и да ја сфатат ...
Папата Франциск е погребан денеска во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а приватната церемонија траеше околу половина час, соопшти Ватикан. „Погребниот обред се одржа според прописите на Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, а го водеше кардиналот коморник во присуство на лицата наведени во соодветното известување од Канцеларијата за литургиски прослави, како и членови на семејството на починатиот Папа. Церемонијата заврши во 13:30 часот по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со напуштање на мировните преговори за Украина доколку идната недела не се постигне договор за Украина, јави денеска лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на свои извори. Украинскиот претседател Володомир Зеленски моментално е под огромен притисок да го прифати американскиот предлог, наведува изданието. Предлогот, како што е претставен од специјалниот пратеник Стив Виткоф, предвидува Вашингтон ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот. Во објава на мрежата X, тој рече дека завршувањето на војната во Украина е цел што ја делат со американскиот претседател Доналд Трамп и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за да постигне примирје. „Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир. „Можете да сметате на нашата поддршка на преговарачката маса за да постигнете праведен и траен мир“, напиша таа на официјалните социјални мрежи по средбата со Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциск. ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим, а за време на средбата двајцата претставници ја повторија својата поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување праведен и траен мир, што би можел да гарантира идна безбедност, суверенитет и слобода за Украина. Како што соопшти кабинетот на премиерката, Мелони, исто така, изразила сочувство до Зеленски во ...
Во однос на политичките партии, како и на претходното истражување од декември минатата година, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците. Прв е Мицкоски, втор Ахмети, трет Филипче кој има ист рејтинг како Таравари. На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со минорни 3,8%. Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%). Но, вкупниот рејтинг на ...
Анкета: Економијата најважен проблем на граѓаните, убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски Најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните денес е економијата, а ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство на рејтинзите, покажуваат резултатите од истражувањето што денеска го објави mkd.mk, а беше спроведено од 20 март до 17 април од агенцијата Маркет вижн. -Ова истражување покажа дека македонските граѓани денес ...
Стивен Даути, Министер задолжен за Европа и Северна Америка на Обединетото Кралство, сподели детали на Платформата Х за средбата со вицепремиерот Александар Николоски. На средбата се разговараше за економската и политичка соработка со посебен акцент на унапредувањето на трговска соработка, особено во делот на инфраструктурниот сектор и инвестиционите проекти предвидуваат економски раст и развој за Македонија Се разговараше и за стратешкото ...
Кениската атлетичарка на долги патеки Агнес Нгетич го собори светскиот рекорд на 10 километри на денешниот митинг во германскиот град Херцогенаурах, станувајќи првата жена која ја истрча делницата за помалку од 30 минути во трка само за жени. Нгетич, која има 24 години, истрча време од 29 минути и 27 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд, кој го држеше Агнес Јебет Тироп, од 30:01, поставен во истиот германски град во 2021 година. Јебет ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната спринт трка во Херез, која се одржа во рамки на Големата награда на Шпанија од шампионатот во Мото ГП. Маркез победи со резултат 19:32.107 минути и тоа беше негова петта последователна спринт победа сезонава, со што се израмни со Хорхе Мартин од Априлија. Алекс Маркез од Гресини го освои второто место со заостанување од 1,001 секунди, а Франческо Бањаја од Дукати беше трет со заостанување од ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија за време на разговорите на маргините на погребот на папата Франциск во Рим да се сретнат на сè уште неопределен датум. „За време на краткиот разговор, претседателката Фон дер Лајен и претседателот Трамп се согласија да се сретнат“, изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, без да даде дополнителни детали. Ова е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го напушти Рим по завршувањето на погребната церемонија на папата Франциск и кратката средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави Си-Ен-Ен. Средбата Трамп-Зеленски во базиликата „Свети Петар“ беше првата средба по нивниот разговор во Белата куќа, кога американскиот претседател се обиде да изврши притисок врз Украина да склучи мировен договор со Русија. Украинското претседателство ...
Шампионската трка во шкотското фудбалско првенство денеска официјално заврши, откако Селтик извојува гостинска победа од 5-0 над Данди јунјатед и стекна недостижна предност пред второпласираниот Глазгов. Селтик има 84 бодови, 18 повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Глазгов Ренџерс. За Селтик ова е 55 шампионска титула во историјата, а четврта во серија. На денешниот дуел во составот на Данди јунајтед во завршните 30 минути се најдоа ...
Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребот на папата Франциск денеска, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим, каде што ковчегот со телото на Папата беше пренесен во црквата Санта Марија Маџоре каде што беше погребан, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози. „Меѓу присутните на плоштадот 'Свети Петар' за мисата и 'присутните по преминот' кон базиликата 'Санта Марија Маџоре', проценуваме дека имало ...
Противпожарно возило од марката „ивеко“ и опрема за лична заштита и спасување доби Доброволното противпожарно друштво од Кочани, донација од Амбасадата на Германија. Донацијата е во рамки на воспоставената соработка и е поддршка за општина Кочани по трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Возилото е набавено со средства од Амбасадата, а располага со хидраулична опрема, пумпи за вода, клешти за извлекување лица во сообраќајки и може да превезува ...
Системот функционира, се водат истраги и се апсат луѓе кои во време на СДС беа заштитени и недопирливи СДС е партија која за време на нивното владеење, државата ја претвори во оаза за белосветски криминалци и наркобосови. Во мандатот на нивниот долгогодишен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски се доделуваа македонски пасоши на светски криминалци, наркобосови, мафијаши, па дури и на припадници на ИСИС. Исто така, за време на неговото ...
Англискиот фудбалски прволигаш Борнмут планира да го откупи назад својот стадион „Виталити“ за да може да го реновира и прошири, објави клубот од Премиер лигата. Борнмут го продаде својот објект во 2005 година на брокерската фирма Структаден, користејќи ги парите за да ги отплати долговите во време кога настапуваше во англиската трета лига. Во меѓувреме, Борнмут се етаблираше во Премиер лига и драматично ја подобри својата финансиска состојба. ...
Нафтена индустрија на Србија (НИС) доби трето одложување на воведување санкции од САД поради мнозинскиот руски капитал во таа компанија. Овојпат, воведувањето на санкции беше одложено за дури два месеца, односно до 27 јуни. Рокот на претходно одложените санкции изминува в понеделник - 28 април. „Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овојпат за два месеца, до 27 јуни. Благодарност до ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера присуствуваше на лансирањето на новиот повеќенаменски брод разорувач во бродоградилиштето Нампо, објави државната новинска агенција КЦНА. - Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќното оружје и е изграден во рок од 400 дена целосно со наша сопствена сила и технологија, изјави секретарот на владејачката Работничка партија на Кореја, Џо Чунг-рјонг. Ким им се заблагодари на работниците и техничарите ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. Тој по пристигнувањето во Рим, каде ќе присуствува на погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса. - Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата, истакна Трамп. Тој ...
Вирџинија Џуфри, која ги обвини британскиот принц Ендру и Џефри Епштајн за сексуална злоупотреба, изврши самоубиство на 41-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Таа го обвини Епштајн и неговата поранешна девојка Гислен Максвел дека ја подведувале на војводата од Јорк кога имале 17 години. Во соопштението од нејзиното семејство се наведува дека Џуфри вчера си го одзела животот откако целиот свој живот беше жртва на сексуална злоупотреба ...
Американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски денеска имаа средба во Рим, пред погребот на папата Франциск. Портпаролот на Зеленски ја потврди средбата, додека Белата куќа ја оцени како „многу продуктивна“. Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари. Трамп претходно изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. - Само што слетав во Рим. Добар ден за ...
Околу 50 блиски соработници и приврзаници на поранешниот уапсен градоначалник на Истанбул се приведени во рамките на истрагата за корупција поведена против Екрем Имамоглу, соопшти денеска Обвинителството на Истанбул. Во рамките на истрагата издадени се налози за апсења на 53 лица во Истанбул и во Анката, а уапсени се 47 луѓе, се наведува во соопштението на Обвинителството. Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција и поддршка ...
Руски воен хеликоптер синоќа навлезе во воздушниот простор на Полска, соопшти денеска Оперативната команда на вооружените сили на Полска. - На 25 април навечер руски воен хеликоптер од составот на Балтичката флота го повреди воздушниот простор над територијалните води на Полска на Балтичко Море. Летот до следеа нашите воени радари и цивилните системи на полската поморска пловидба, се наведува во соопштението. Полската армија оцени дека со тоа ...
Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад во Струмица беше донесена од храмот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“. Пред поголем број верници и граѓани се одржа молебен, а поздравно слово одржа Епископот Стобиски Јаков. - Излишни се сите зборови во оваа светла седмица, којашто ние ја сметаме како еден ден кој не завршува и тоа не е било каков ден, туку ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија. Од лице место биле се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. По наредба на јавен обвинител, се додава во соопштението, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните ...
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Кичево утрово во 02.00 часот, го лишиле од слобода М.Б.(63) од Кичево. При сообраќајна контрола на локален пат во кичевската населба Горица, како што соопштија од МВР, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, ...