Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Уште еден инцидент со летало за гаснење пожари е регистриран во Грција, но, за среќа, без човечки жртви. Изнајмен авион „Ер трактор“ во неделата, во доцните попладневни часови, принудно слетал во морето поради проблеми со моторот. Инцидентот се случил во Егејското Море, во областа Валти. Пилотот навреме пријавил дека има проблем со леталото, по што при принудното слетување завршил во морето. На местото прв пристигнал рибарски чамец, чиишто ...
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на Гевгелија, вработен како стручен соработник во експозитура на банка, поради сомнение дека во повеќе наврати неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил значителна сума пари. Според информациите од МВР, К.К. во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година, во 13 наврати, без налог од корисниците, пристапувал до нивните денарски платежни сметки. На тој ...
Преку објава на социјалните мрежи, тој рече дека новата функција претставува ново професионално поглавје за него, но и продолжување на истата посветеност кон зајакнување на позицијата на земјата во евроатлантското семејство. „Нова задача, иста одговорност“, објави вчера Муртезани на Фејсбук, нагласувајќи дека негова цел ќе биде Македонија да биде безбедна држава, сигурен сојузник и земја што има свој глас и придонес во НАТО. Тој исто така ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д. (55) и З.Д. (54), двајцата државјани на Турција, поради сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Според пријавата, двајцата во периодот од 2019 до 2026 година, со закани и присила, натерале 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама. Пријавените, како што ...
Стихозбирката „Ако не се отвори фиоката мачката ќе биде жива“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Антево перо“ за 2026 година, соопшти жири-комисијата на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Одлуката била донесена едногласно од жири-комисијата во состав проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како претседател, и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева-Златева, по ...
Регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, а од нив, три се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај ...
Нафтата продолжува да расте поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, додека приносите од американските обврзници достигнаа највисоки нивоа во речиси две децении. Цените на нафтата, пораснаа трет ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми за 0,64 проценти, на 91,60 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,74 проценти, на 85,55 долари. А на валутните пазари, вредноста на доларот ...
Популарниот поранешен министер за одбрана на Украина, 35-годишниот Михаило Федоров – истакнат реформист чија смена во јули предизвика масовни демонстрации – синоќа повика на одржување избори и покрај руската инвазија, како и на „воспоставување на целосен демократски процес“. „Демократијата не смее да биде заложник на Русија… Затоа, мораме да најдеме правен, безбеден и реален механизам што ќе ѝ овозможи на Украина да го обнови целосниот ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска, околу полноќ Младеновац, на лице место загина возач на автомобил „ауди“, додека возачот на автобусот и седум патници се повредени, неофицијално дознава српски „Блиц“. Поради силината на ударот, „аудито“ излетало од коловозот, а возачот на автобусот и седумте млади лица кои се здобиле со повреди биле итно пренесени во Ургентниот центар. Животот го загуби М.Ј (42). Според првичните информации, ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои ...
Американските федерални обвинители објавија обвинение од 14 точки против 17 членови на иранскиот институт Мабна за 10-годишна кампања на кибер шпионажа. Групата е обвинета за напади врз стотици институции низ целиот свет, а според Министерството за правда, тие дејствувале првенствено по налог на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). „Овие обвиненија разоткриваат поширока мрежа за која се верува дека стои зад обемна кампања спонзорирана од ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините,речните долини и ...
Aдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведува активности за проценка на лојалноста на сојузниците во НАТО пред да одлучи дали ќе ги намали воените ресурси што ги обезбедува за Алијансата. Како што објави „Блумберг“, Белата куќа испратила до земјите-членки на НАТО документ со прашања чија цел е да се утврди колкава е нивната поддршка за политиката на Трамп Во прашалникот се опфатени теми за кои постојат несогласувања ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 5.000, објави Институтот за јавно здравје на земјата. Како што е наведено во најновиот извештај за состојбата, досега се регистрирани 5.021 случаи, вклучувајќи 2.378 со смртен исход. Во меѓувреме, претставникот на Светската здравствена организација, Тиерно Балде, изјави дека епидемијата на ебола во ДР Конго би можела да се стави под контрола во рок од три месеци ...
Родителите на 13 ученици од прво до петто одделение од село Долни Балван реагираат против најавената оптимизација и затворање на подрачното училиште поради што нивните деца од 1 септември треба да посетуваат настава во соседното село Таринци. Тие доцна попладнево, како што пренесува МИА, присуствувале на седницата на Советот на Општина Карбинци, каде што се усвојувал Планот и програмата за работа на Општинското основно училиште „Страшо ...
Нови детали се појавија за трагичното убиство што рано утрово се случи во познатото албанско летувалиште Ксамил, каде животот го загуби 20-годишен турист од Португалија. Според информациите на албанските медиуми, жртвата е Луис Мигел Варела Мендес, кој бил смртно прободен со нож за време на конфликт во угостителски објект. Истражителите ги сослушале пријателите на младиот Португалец, кои биле сведоци на случувањата. Според нивните искази, сè ...
Неверојатен случај на непочитување на одлуките на локалните власти е забележан на Халкидики, каде што само неколку часа по интервенцијата на општинските служби, повторно биле поставени чадори на јавна површина. Според грчкиот портал „Thestival“, утрово Општина Полигирос спровела акција за ослободување на јавниот простор од чадори кои биле трајно прицврстени и поставени спротивно на правилата. Екипите излегле на терен и ги отстраниле спорните ...
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицискиот СДСМ не бара одговорност за загадувањето на водата во Гостивар од градоначалникот Ваљбон Љимани бидејќи заедно се дел од локалната власт. Од партијата сметаат дека проблемот со водата во Гостивар е во надлежност токму на локалната власт бидејќи градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината. „А, СДС во Гостивар е коалиција и дел од ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска објави дека непоколебливо и цврсто стои зад својот персонал, откако САД воведоа санкции врз претседателката на тој суд, Томоко Акане. „Рестриктивните мерки од страна на државите насочени кон судиите, обвинителите и персоналот што работи на исполнување на мандатот на МКС го поткопуваат владеењето на правото“, се вели во соопштението на МКС. САД воведоа санкции врз јапонската судијка Томоко Акане, која ...
Зголемениот интерес кај граѓаните по појавата на случаи на западнонилска треска резултирал со стотина пријави за угинати птици до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Пријавите пристигнувале преку бесплатната телефонска линија, електронската адреса и други достапни канали. Од АХВ апелираат граѓаните да не создаваат непотребна паника доколку забележат поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни ...
САД воведоа санкции за јапонската судијка Томоко Акане, која е претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), беше објавено денеска на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. Тој потег претставува најнова ескалација во кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против МКС со седиште во Хаг, основан од меѓународната заедница во 2002 година за гонење на воени злосторства, геноцид и злосторства ...
Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше вечерва министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани подрачјето околу Солун и Вардар. – Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во ...
Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална нота на српските власти со барање информации за пожарот во областа во близина на границата, што предизвика густ чад и на бугарска територија. Бугарското МНР исто така, понуди помош во гаснењето на пожарот. Бугарското МНР објави дека бугарските дипломатски мисии во Белград и Ниш се во постојан контакт со надлежните српски институции. Поради густиот чад што стигна до делови од Софискиот, ...
Подготовките за создавање на суверена држава на Бектeшкиот ред во Тирана влегуваат во нова фаза, при што лидерите на заедницата работат на идните институционални структури и неговото претставување надвор од Албанија, пишува француски „Интелиџенс онлајн“ во статија објавена денеска. -Според француските медиуми специјализирани за разузнавачки прашања и мрежи на влијание, помалку од две години откако премиерот Еди Рама го објави создавањето на ...
Од јануари до крајот на јули во Хрватска се издадени околу 106.000 дозволи за престој и работа на странски државјани, што е за 7,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Во исто време, бројот на дозволи за нови вработувања е речиси преполовен, додека бројот на продолжувања на постојните и сезонските дозволи е зголемен. Директорот на Хрватската служба за вработување, Анте Лончар, изјави за ХРТ дека во Хрватска моментално се ...
– Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошки пациенти. Мислам, додаде тој, дека многу скоро ќе можам да објави кога ќе почнеме повторно со скенирањето. – ...
Трагичен настан се случил во морскиот предел кај Лејдис Мајл во Лимасол, Кипар, каде што 27-годишен маж го загубил животот откако скокнал во морето во обид да го пронајде својот мобилен телефон. Несреќата се случила на 15 август, а деталите за случајот беа објавени откако била извршена обдукцијата, која потврдила дека причината за смртта е давење. Според информациите од британските бази на Кипар, 27-годишниот маж, по потекло од Египет, се ...
Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди, од кои едниот ќе биде дизајниран специјално за државни службеници. Моделот за државната администрација ...
Невремето денеска попладне зафати повеќе делови од Македонија, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено нестабилно време има во охридско-струшкиот регион, каде силниот ветер го разбранува Охридското Езеро, а над езерото се развива и грмотевична активност. Невреме е регистрирано и во Берово и други делови од источна Македонија. Силниот ветер попладнево се почувствува и во Скопје, особено во Ѓорче Петров. Според информации од ...