Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието предлог-законот за 600 евра минимална плата. Филипче посочи дека и покрај фалењето на премиерот Мицкоски со наводни економски успеси и раст на платите, граѓаните реално не ги чувствуваат тие бројки, туку се соочуваат со растечки трошоци и се потешко ги покриваат основните потреби. „Граѓаните не можат да се прелажат, ...
Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...
Абази денеска рече дека се враќа во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, иако законот дозволува да трча за уште еден мандат На истекот на четиригодишниот мандат, актуелниот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, вели дека не размислува за повторна кандидатура. „После години раководна функција сметам дека треба човек да каже – доволно е, и да отстапи простор на другите ...
СДСМ нема да биде алиби на власта за предвремени парламентарни избори – изјави денеска лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. – Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот кој има двотретинско мнозинство. Апсолутна власт на секое ниво претседателката, извршната власт, Собранието, мнозинството во општините, централна и локална власт… Може да направи избори кога сака. Избори ќе има кога ќе снема пари за ...
Обвинителката Верица Бержецка на брифинг со новинарите денеска кажа дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки, пренесе 360 степени. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата. Предметот беше отворен на 10 септември 2021 г. по допрен глас, откако се случи ...
Целата територија на Македонија, утре ќе биде во портокалова алертна фаза поради горештините. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...
Државниот завод за ревизија утврдил повеќе недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода. Во очи паѓа купувањето на леб за 120 денари по килограм. „По воведувањето дневна евиденција, месечните фактури во 2025 година се значајно намалени во однос на 2024 година. Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната ...
Од Управата за извршување на санкции информираа дека добиле значајна донација за подобрување на стоматолошката грижа во КПУ Затвор Скопје. -КПУ Затвор Скопје доби значајна и исклучително корисна донација од доктор Дејан Трифуноски, кој за потребите на притворените и осудените лица донираше стоматолошки стол и рендген апарат. Оваа донација има особено значење за установата, имајќи ја предвид реалната потреба од унапредување на условите за ...
Соопштение на СДСМ Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница! Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа”. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули ...
Шумски пожар што со денови беснее во областа Лас Хурдес, во шпанската провинција Касерес, и натаму е активен, а досега изгореле најмалку 3.700 хектари. Поради брзото ширење на огнената стихија, повеќе од 700 жители од 12 населени места биле евакуирани. Ситуацијата за пожарникарите во текот на ноќта била нешто поповолна, откако зголемената влажност, пониските температури и ослабениот ветер помогнале во интервенцијата, пренесува РТВЕ. Во текот ...
Португалија воведува забрана за покривање на лицето на јавни места, а за прекршителите се предвидени парични казни од 150 до 3.000 евра. Новиот закон, кој во дел од медиумите е наречен „закон за бурка“, забранува носење облека со која се сокрива лицето или се оневозможува идентификација. Прописот предвидува и забрана за присилување друго лице да го покрива лицето поради пол, вероисповед, возраст или потекло. Португалскиот претседател Антонио ...
Шабан Салиу, еден од обвинетите во предметот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, по смената од функцијата министер без ресор добил нова владина функција – национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030. Салиу за новото назначување информирал преку својот профил на „Фејсбук“ на 22 јули, само една недела откако беше разрешен од министерската функција по владината реконструкција. Тој навел дека ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. Го бараме тоа, се вели во соопштението на ДУИ. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на ...
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди западна Колумбија се зголеми на 314 лица – покажува најновиот извештај што го објави Националната единица за управување со ризици од катастрофи (УНГРД). Во извештајот се посочува дека спасувачките екипи сè уште трагаат по 262 исчезнати лица. Бројот на повредени се издигна на 4.437, додека 364 лица се живи извлечени од урнатините. Вкупно 262.154 жители ...
Од почетокот на годината, заклучно до јуни, од наплата на патарина во државата инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра) во споредба со минатата 2025 година и наплатени се 21.891.532 денари повеќе – информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
Основачот на кинеската градежна компанија „Evergrande“, Ксју Џијаџин, е осуден на доживотен затвор поради извршено кривично дело голема финансиска измама, соопшти Судот во Шенжен. На Ксју му е конфискуван сиот личен имот и доживотно му се одземени граѓанските права, додека компанијата „Evergrande“ и нејзината подружница за недвижности се казнети со вкупно 15,82 милијарди јуани, или околу две милијарди евра. Според судот, „Evergrande“ и Ксју ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, конечно признава дека ПЕТ/КТ не работи повеќе од еден месец, но сега се обидува проблемот да го претстави како техничка игра на зборови: „скенот не е расипан, проблемот е во циклотронот“. За пациентот со рак, оваа разлика е бесмислена. Ако поради нефункционалниот циклотрон не може да се изврши ПЕТ/КТ снимање, тогаш ПЕТ/КТ услугата не функционира. И тоа повеќе од еден месец. Уште полошо, самиот министер ...
Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес њуз. Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го уапсила Скоро на 3 август пред канцеларија за имиграција во Њу Џерси, каде што ...
На граничниот премин „Табановце“ помеѓу Македонија и Србија вчера беа забележани повеќечасовни колони странски возила, откако започна проверката и наплатата на казни за сообраќајни прекршоци евидентирани од камерите на системот „Безбеден град“. Голем дел од возилата биле со странски регистарски таблички, а меѓу патниците имало и туристи кои се враќале од одмор во Грција. На возачите кај кои системот претходно евидентирал прекршок им било ...
Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт. Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 година. Експертите предупредуваат дека ...
За една седмица во Грција биле регистрирани 47 нови случаи на вирусот Западен Нил и починале четири лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на оваа сезона, заклучно со вчера претпладне во земјата се дијагностицирани и пријавени вкупно 157 домашни случаи на инфекција со вирусот и се регистрирани вкупно 13 смртни случаи, сите ...
Државното знаме е еден од најзначајните делови во комплексот на државотворноста, уставотворноста во тертиторијално поделената меѓународна заедница. Знамето ја обележува и идентификува самобитноста на субјектите во светот и истовремено го маркира идентитетот на државите и на групите во нив. Заради тоа неговото значење како социјална компонента и обележје на поединечните државни творби е јасно верификувано во сите политички носечки документи на ...
Од МВР информираат дека се поднесени кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, поради сомнеж дека сториле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари. -СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување ...
Еден човек загина, а двајца полициски пилоти се повредени при судир во воздух меѓу мал авион и полициски хеликоптер над аеродромот Карлајл во округот Камберленд, во централниот дел на американската сојузна држава Пенсилванија. Во несреќата учествувале мал авион „Цесна 150“ и хеликоптер „Бел 407“ на полицијата на Пенсилванија. Загинал пилотот на „Цесната“, за кого се претпоставува дека бил единственото лице во авионот. Helicóptero policial y ...
Како што инфомираше синоќа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, во гаснењето на овој пожар кој е најголем на територијата на државата оваа година, на помош ќе пристигнат и екипи од Неготино и скопската противпожарна бригада кои ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на селото Крушевица Вкупно 37 пожари се регистрирани на територијата на државата во изминатото деноноќие, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот ...
Денко Малески На разделбата на аеродромот во Будимпешта каде што, со група студенти од Македонија, долетавме со мал авион по посетата на Кишињев, Молдавија, Пал Тамаш, унгарски професор и умен човек, ми вели дека брза на многу важен состанок кој го организира Унгарската академија на науките. Беше тоа во 2004, годината кога Унгарија, заедно со уште девет земји на Источна Европа, стана членки на ЕУ. Многу важен состанок, прашувам љубопитно. Да, ...
Од денеска до 27 август во Скопје ќе се одржува Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Проекциите ќе се одвиваат во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Фестивалот почнува вечер во 20:30 часот, во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Приказната во ...
Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект. Засега нема официјални информации за тоа како ...
Јавниот долг на Соединетите Американски Држави вчера достигна рекордни 40 билиони долари, објави Министерството за финансии на САД. Долгот расте побрзо во последните години, а поради повисоките каматни стапки, трошоците за негово сервисирање исто така нагло се зголемија, пишува Си-Ен-Ен. Мајкл Петерсон, извршен директор на Фондацијата Питер Г. Петерсон, предупреди дека со ова темпо, долгот на САД би можел да се искачи на 50 билиони долари за ...