– Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. – Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски. Вонредното прскање ...

Канада се подготвува за нов бран од 50 проценти американски царини што треба да стапат на сила в среда, бидејќи преговарачите од двете земји се уште се далеку од постигнување трговски договор. Новите царини ќе бидат насочени кон канадски увоз вреден речиси 20 милијарди долари, или околу 5,2 проценти од вкупниот американски увоз од земјата до 2025 година. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец се повика на член 338 од Законот за ...

Приказната за трагедијата во Кочани продолжува да стигнува до меѓународната јавност преку документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој имаше светска премиера во официјалната документарна конкуренција на Сараевскиот филмски фестивал. Иван Ивановски, директорот на фотографија на филмот и дел од тимот волонтери на „Support Kočani“, сподели дека претставувањето на филмот во Сараево е важен момент за сведоштвата од Кочани да бидат ...

Вечерва на повеќе бензински пумпи се забележуваат редици од возила, откако беше објавено новото поскапување на горивата. Граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите пред стапувањето во сила на новите, повисоки цени, а на дел од бензинските се создадоа колони од автомобили. Зголемениот интерес за точење гориво доаѓа по информациите за сериозно покачување на цените, поради што дел од возачите одлучија да наполнат гориво по старата цена. ...

НАТО „внимателно ги следи руските воени активности, вклучувајќи ги и нивните капацитети за удари со голем дострел и беспилотни летала“, изјави денеска неименуван портпарол на НАТО за британскиот весник „Индипендент“. Ова беше кажано по истрагата на друг британски весник, „Телеграф“, која откри нови бази што и овозможуваат на Москва да лансира беспилотни летала способни да стигнат до територијата на земјите-членки на НАТО. Врз основа на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не бараат да го продолжат Меморандумот за разбирање што го потпишаа со Иран. -Техеран нема да се согласи со видот на договор за кој Трамп вели дека е потребен, изјави американскиот претседател. Трамп, исто така, рече дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун одговорил на неговите предлози откако американскиот претседател му нареди на Пентагон да ги намали годишните заеднички воени вежби ...

Во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва единицата на артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија во пресрет на утрешното одбележување 34 години од формирањето на македонската Армија. – Нека одекне гордоста – кусо напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски на својот профил на Фејсбук каде се објавени снимките од почесната стрелба. Со повеќе активности во ...

Голем пожар избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, а огнот брзо се прошири и навлезе меѓу првите куќи. Според првичните информации, изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Ова вечерва во вонредна изјави го кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој додаде дека во овој пожар две жени вдишале чад, а по интервенцијата на Итната помош сега се чувствуваат ...

Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки. На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и ...

Европските организации за спасување денеска пријавија најмалку 21 смртен случај на мигранти во изминатите денови во централниот Медитеран, јави ДПА. Италијанската организација „Имрџенси“ пронајде седум тела на преоптоварен брод и спаси 57 лица. Според организацијата, двајца од спасените биле во критична состојба. Мигрантите испловиле од либискиот крајбрежен град Зуара со дрвен брод. Според организацијата, спасувачката операција била ...

\- Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга. Освен ...

Специјалниот пратеник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ги заврши дводневните состаноци со лидерите на Израел и радикалната палестинска група Хамас за да го прекине застојот околу мировниот план на Трамп за Газа, но нема знаци за напредок. Кушнер се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху во Израел еден ден по средбата со политичкиот лидер на Хамас, Калил ал-Хаја, во Египет, за да го заживее планот, што е во застој ...

Ракометарите на Вардар постигнаа победа во првиот натпревар од новоформираната Регионална лига. Тие попладнево во Охрид ја совладаа Војводина со 36:30. Ова беше дуел од 8.коло од ова натпреварување. Двата тима се дел од турнирот во Охрид, кој почнува утре. Во регионалната лига настапуваат десет екипи, поделени во две групи, а во секоја од групите има по два македонски тима. Во групата А се Алкалоид и Еурофарм Пелистер, додека во Б група се ...

До 18:00 часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати. Центарот за управување со кризи соопшти дека активни е пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), с. Батинци, Општина Студеничани, с. Палиград (ниска вегетација и шума), Општина Зелениково, м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), ...

Како што најавивме уште пред два месеца – во тек е постапка за воведување целосен медиумски мрак во Србија и Македонија. Денес Вучиќ, преку Орбановата мрежа, ги презеде последните слободни српски медиуми: Н1, Нова С, Радар, Форбс Адриа, Данас… Купувач е португалската инвестициска група Alpac Capital (преку луксембуршкиот фонд European Future Media Investments). Сопственикот Педро Варгас Сантос Давид денес е веќе впишан како директор на сите ...

– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) попладнево соопшти дека во рамки на истрагата за организиран транспорт на марихуана од земјава во Србија е донесена наредба за спроведување постапка против уште седум лица, осомничени дека го сториле истото кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 ...

СДСМ објави видео за кое тврди дека прикажува експлозија на бомба во дворот на М.Б., лице вработено во Министерството за внатрешни работи, за кое опозициската партија наведува дека е поврзано со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. Од СДСМ јавно поставија повеќе прашања околу случајот и побараа одговор зошто, според нив, информациите за настанот досега не биле соопштени во јавноста. „Зошто се крие од јавноста? Која е позадината?“, ...

Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е меѓу 16-те добитници на престижната светска награда „Младинска храброст 2026“. Тој го доби ова признание за неговиот херојски чин во кој, ризикувајќи го сопствениот живот, спаси 21 лице за време на трагичниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани во март 2025 година. Наградата ја доделува Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, за млади од 13 до 20 ...

Во следните три години македонското државно акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе купува јаглен од косовската државна енергетска корпорација КЕК. Со одлука на македонската Влада е склучен стратешки договор со КЕК со кој ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци, информираа од ЕСМ. Партнерството предвидува гарантирана и фиксна цена од 24,4 ...

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден нешто помалку од 23 милијарди долари за забрзување на производството на ракети „Томахавк“. Министерството за одбрана на САД изјави дека е потпишан договор вреден точно 22,9 милијарди долари со „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачки ракети „Томахавк“ за американската морнарица. Големата нарачка доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо да го зголеми својот ...

По заминувањето на Феран Торес од Барселона во редовите на европскиот првак ПСЖ, каталонскиот клуб до крајот на преодниот рок ќе се обиде да најде замена. Како прва опција останува Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но конкурентот од шпанската лига тешко се откажува од играчот. Во таква ситуација Барселона како нов играч можно е да го донесе напаѓачот на Арсенал и репрезентативец на Шведска Виктор Ѓокереш. Тој минатата година од Спортинг ...

Сопственикот на компанијата „Алпак Капитал“, Педро Варгас Сантос Давид, денеска официјално е регистриран како директор на сите независни медиуми ANN, членки на „Јунајтед Груп“ во Србија, објави Н1 на сајтот. Во Агенцијата за деловни регистри, одлуките за назначување на сопственикот на „Алпак Капитал“ се донесени денеска, 17.08.2026 година. Михаило Јовиќевиќ, директорот на порталот и весникот „Нова“, како и на неделникот „Радар“, беа веднаш ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку земјата „на кој било начин“ се придружи на договорот за Ормуската Теснина. Оман и Иран со недели преговараат, без учество на САД, за стратешкиот воден пат. „Доколку Оман на кој било начин се придружи, ние ќе го бомбардираме со полна сила“, изјави Трамп за Фокс њуз како одговор на прашање за тековните преговори меѓу двете земји. Американскиот ...

Мнозинството американски гласачи во анкета на британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ) изјавија дека им е полошо под актуелниот претседател Доналд Трамп. Истражувањето беше спроведено од 7 до 10 август од непартиската онлајн компанија Фокалдата, со седиште во Лондон, на 1.913 регистрирани гласачи. На помалку од три месеци до среднорочните избори во ноември, повеќе од 53 отсто од американските гласачи кои учествуваа во анкетата изјавија дека ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од 2-1 во сетови од Аргентинецот Тиаго Тиранте на Мастерсот во Синсинати донесе загрижувачки вести за организаторите на УС опен. Ова откако тенисерот изјави дека веќе неколку години има здравствени проблеми во услови на висока температура при голема влажност на воздухот. Поранешната француска тенисерка, Камил Пен која коментира за Еуроспорт, напомена дека проблемите со дишењето е лош знак особено што ...

Авион на француските ВВС денеска принудно слета на автопатот 113 во Салон де Прованс, по што се запали, а двете лица во него се полесно повредени. Инцидентот се случил околу 9:45 часот наутро, кога авионот, кој се користи за обука на пилоти на воздухопловните и вселенските сили, од воената база 701 во Салон де Прованс, морал принудно да слета на патот, пренесува Фигаро. Во авионот имало инструктор и пилот на обука, кои се здобиле со полесни ...

„444“ објави фотографија според која сменетиот унгарски премиер Виктор Орбан се дружи со сестрата на новиот унгарски премиер петер Маѓар во Опатија. “Нашиот читател наиде на возбудлива бригада во Опатија, Хрватска доцна во неделата навечер: иако сликата е за жал заматена, сепак е препознатливо како Виктор Орбан како шета во друштво на Антал Роган и Марија Шмит. Според описот на нашиот читател, фотографијата е направена таму каде што Орбан ...

За справување со епидемијата од западнонилска треска министерот за здравство, Сако Клековски, најави дека ќе продолжи вонредното прскање против комарци, покрај редовните, веќе испланирани прскања, извести дека жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а кај нив ќе се прави и контрола на живината. Покрај овие мерки кои ќе ги преземаат институциите, министерот Клековски очекува дисциплина и од жителите и ...

Најмалку пет Палестинци се убиени, а 18 повредени во новите израелски напади врз Појасот Газа во изминатите 48 часа, соопшти Министерството за здравство на енклавата. „Израел уби најмалку 1.265 лица и рани 4.198 во Газа откако стапи на сила „прекинот на огнот“ постигнат со посредство на САД минатиот октомври“, се вели во соопштението на министерството, објавено на Телеграм. Од октомври 2023 година, војната во Газа уби најмалку 73.399 лица, а ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07