Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Четири танкер-авиони на американските воздухопловни сили го напуштија аеродромот „Васил Левски“ во Софија, што е прво видливо намалување на присуството на американската воена авијација стационирана во Бугарија веќе неколку месеци. Според податоците од платформата за следење на летови „Флајтрадар24“, авионите што го напуштија бугарскиот главен град беа авиони за полнење гориво „боинг КЦ-135 стратотанкер“. Заминувањето е во време кога ...
МВР информира дека вчера попладне во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје. Според пријавеното, во саботата на ул. „Жан Жорес“ во Скопје (скопската населба Хиподром) околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите. Извршен е увид од увидна екипа на ...
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош. Извршен е ...
Соопштение на СДСМ: Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија рече дека во новата програмска платформа на СДСМ, „Твоја држава, твоја шанса”, централно место има работникот и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Осврнувајќи се на „Скопска иницијатива”, која беше завчера, и на која дојдоа претставници на сестрински партии на Социјалдемократскиот сојуз од регионот, ...
Лидерот на СДСМ во интервју за српски Недељник вели дека владата во Скопје предводена од Христијан Мицкоски користи техники што им се познати на граѓаните на Србија – корупција, притисок врз медиумите, контрола врз судството и обвинителството, како и етикетирањето „предавници“, и дека поранешниот премиер Никола Груевски освен унгарско, има и српско државјанство. „Имаме јасни информации дека Никола Груевски има унгарско државјанство, а имаме ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег” во Албанска библиотека. Новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој. „Ќе ја изградиме Албанската библиотека. Ја ...
Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. За првпат во историјата, ова право нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа крај, изјави Албрим Хоџа од ВЛЕН на прес-конференција. -За законот да не остане само ...
До четврток времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку ...
Мрежата за заштита од дискриминација изрази сериозна загриженост поради предлогот Исмаил Синани да биде избран за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), оценувајќи дека неговите јавно искажани ставови и професионално искуство отвораат прашања за неговата соодветност за функцијата. Реакцијата следува откако собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата го предложи Синани за член на КСЗД. Од Мрежата ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ги повика сите пратеници да покажат конструктивност и заеднички да работат во насока на донесување на подобар закон за правична застапеност. За најавите на опозицијата дека ќе го блокира законот, Гаши денеска одговарајќи на новинарски прашања, по презентацијата на извештајот за неговата двoгодишна работа, нагласи дека што се однесува до најавите на опозицијата, тоа е начин како може да се дојде ...
Маж од српско потекло синоќа бил застрелан и убиен од непознат напаѓач во Барселона, објави „АБЦ“. Според каталонската полиција, жртвата, чиј идентитет сè уште не е официјално потврден, била погодена со неколку куршуми во областа Зона Франка. Неколку сведоци се обиделе да го реанимираат, но без успех, и тој починал кратко потоа. Полицијата моментално се обидува да го лоцира напаѓачот, кој побегнал од местото на настанот. Само две недели ...
Канадските компании се меѓу најактивните инвеститори во секторот на критични минерали, кој денес претставува еден од столбовите на глобалната индустриска трансформација. Во Македонија, сепак, проектот „Иловица-Штука“, во кој е вклучен канадски капитал, со години се соочува со одложувања и неизвесност. Во време кога многу држави се натпреваруваат за нови извори на бакар, останува отворено прашањето дали Македонија ќе успее да го искористи ...
Најмалку 32 лица загинаа во силниот земјотрес што денеска го погоди јужниот дел на Филипините предизвикувајќи предупредувања за цунами во делови од регионот, што по неколку часа беа повторно повлечени – јави ДПА. Земјотресот беше регистриран во 7.37 часот наутро по локално време (23.37 GMT синоќа) и беше со магнитуда од 7,8 степени, наведе Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Епицентарот на потресот се наоѓа ...
Малопродажните цени на бензините евросупер БС-95 и евросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 2,00 денара, а на евродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на евросупер БС – 95 ќе биде 86,00 денари, евросупер БС – 98 ќе се продава за 88,00, евродизел БС (Д-Е V) за 87,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 89,00 за ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и ...
Според сигурни извори на весникот „Журнал“ (Journal) компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, планира целосно да се повлече од својата инвестиција на островот Сазан. „Извори блиски до проектот потврдија дека е донесена одлука за повлекување и дека средствата ќе бидат пренасочени кон друга луксузна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос. Грчките власти понудиле посебни услови и привлечни стимулации ...
Еден од копретседателите на ВЛЕН, Биљал Касами му честита на косовскиот премиер Албин Курти за победата на парламентарните избори, пофалувајќи го и изборниот процес и демократската атмосфера во земјата. „Во мое име и во име на ВЛЕН, му честитам на мојот пријател Албин Курти за убедливата победа на парламентарните избори во Косово. Се надевам дека институциите на Републиката ќе бидат консолидирани што е можно поскоро, врз основа на ...
Жителот на Кратово, Марио Станојковски, преку објава на социјалните мрежи алармираше за, како што тврди, незаконска наплата на влез и ограничување на пристапот до локалитетот „Куклите“, еден од најпознатите природни феномени во Македонија. Во својата објава тој наведува дека повторно бил спречен да влезе на локалитетот, а притоа разговарал и со туристи од Косово кои му кажале дека платиле по 10 евра за влез. „Куклите кај Кратово се природно ...
Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари. Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конферецнија. ЈО мора да истражи дали е точна ...
– Со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување. Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија – рече на Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извшрниот одбор на СДСМ. Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ во конечната форма е јавно достапна и ...
Лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство познати како „Европска тројка“, ја поддржаа идејата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за „непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“, пренесуваат светските агенции. Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер оценија дека „тековната ...
Брзата и присебна реакција на мајка во Грција најверојатно спречила трагедија, откако автомобил изгубил контрола и удрил во неколку паркирани возила во градот Нафпактос. Инцидентот бил снимен од безбедносни камери, а видеото за кратко време се прошири на социјалните мрежи. На снимката се гледа како 39-годишна жена ја вади својата ќерка од задното седиште на автомобил „Фолксваген Поло“. Само неколку моменти подоцна таа забележува дека кон нив ...
Ако успее најновиот тендер, првите 30 од вкупно 150 електрични автобуси ќе ги видиме на скопските и на улиците од поголемите градови пред Нова година, во декември. Министерот за транспорт, Александар Николоски ја направи проценкава по барање на БИРН откако во последниве недели му пропадна тендерот за автобуси и речиси веднаш, на 28 мај, распиша нов и идентичен јавен повик. Неслучајно се брза. Со рокот во декември неславно се заокружуваат ...
На четврти јуни, за Маржан Сатрапи, француско-иранска писателка, стрип-авторка и режисерка која ја освои глобалната јавност со нејзиниот автобиографски роман „Персеполис“, беше објавено дека повеќе не е меѓу живите. Имаше 56 години. Изјавата на семејството и блиските беше кратка и разорна: „Маржан Сатрапи умре од тага, малку повеќе од една година по смртта на Матијас Рипа, нејзиниот сопруг и љубовта на нејзиниот живот.” Ниту долга болест. ...
Снаоѓањето низ светот на романтичните врски и сексуалната привлечност честопати е збунувачка. Некои луѓе во текот на животот се прашуваат зошто не ги делат истите искуства како нивните пријатели, зошто не се привлечени од случајни авантури или зошто им е потребна подлабока емоционална врска пред да почувствуваат сексуална желба. Тука доаѓа до израз концептот на „демисексуалност“ – идентитет што добива сè поголема видливост последниве години, ...
Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица се мртви, а четворица се повредени откако земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди еден од јужните острови на земјата. Според Ројтерс, нема непосредни детали за пријавените жртви, но досега објавените снимки покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го погоди Минданао на јужните Филипини. 🚨JUST IN: Powerful ...
Косово доби победник на парламентарните избори, но не и јасен излез од политичката неизвесност што ја следи земјата во изминатиот период. Иако Самоопределување на Албин Курти освои најголем број гласови, пред новото парламентарно мнозинство претстојат сложени преговори за формирање влада и избор на претседател. Според официјалните податоци, по обработени 99,4 проценти од гласовите, Самоопределување останува најсилната политичка сила во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа – објавуваат украинските портали. Според наводите, Зеленски, претходно, најчесто за меѓународни патувања, го користел полскиот аеродром „Жешов-Јасионка“, кој од почетокот на конфликтот во Украина има важна логистичка улога за Киев и западните сојузници. Меѓутоа, вчера тој за Лондон отпатувал преку Кишињев. Официјално објаснување ...
Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво, соопшти партијата. -Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и ...
Во изминатите три дена Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје го реализира „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните за една тема што со години е присутна во нашето општество – проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот почна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, каде што ...