Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците. -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот ...

ДУИ не се бори против корупцијата, туку се обидува да ја сокрие својата – коментираат од владејачката Влен отфрлајќи ги како невистините наводите што денеска ги изнесе Демократската унија за интеграција за наводна имотна поврзаност на ексградоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на „Номагас“, Недим Рама. „Од катастарски податоци се извлекуваат политички конструкции. Се мешаат поими како имотен лист, носител на право, ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција го повика Инспекторатот за труд да го провери отсуството од работа на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски со оглед на тоа што не се појавил на работа една недела откако му заврши, како што го нарече, лажното боледување. „Наводното боледување му е истечено на 30 мај. На него пишува дека вработениот треба да се јави на работа на 30 мај. Оттогаш до ...

🤔 Во Македонија изгледа има нов вид отсуство од работа. Не си на боледување. Не си на одмор. Не си на службен пат. Едноставно не доаѓаш на работа. Боледувањето на Сотир Лукровски заврши на 30 мај. Денес сме 7 јуни, а градоначалникот веќе денови не се појавува на работа, без ново боледување, без одмор и без објаснување пред граѓаните. Истите тие што држат лекции за одговорност, отчетност и почитување на законите денес молчат. ❓Каде е ...

Привршува реконструкцијата и проширувањето на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска беше на увид на градежните работи, рече дека над 65 проценти од проектот за реконструкција на охридскиот аеродром се завршени. Најважно, според него, е што во текот на процесот работата на аеродромот се одвива непречено. „Реконструкцијата и надградувањето е нешто што долго време му ...

Жалбата што ја поднесе поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот велат дека жалбата во петокот била проследена до надлежното обвинителство, но јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата. „По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот ...

Кина објави дека почнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Тие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, јави Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ , ...

Се помасовни се протестите во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во „Зврнец” и островот Сазан. Во Тирана синоќа на главниот плоштад се одржа седмиот по ред протест, на кој четири часа учесниците го изразуваа своето противење за проектот, порачувајќи дека „Албанија не е на продажба”. Учесниците меѓу кои и културни работници дури и новинари, побараа оставка на владата, укинување на статусот и законската рамка поврзани со стратешките ...

Десничарската конзервативна кандидатка Кеико Фуџимори ќе се соочи со левичарскиот политичар Роберто Санчез во вториот круг од претседателските избори во Перу денеска. Кеико, 51-годишната ќерка на поранешниот претседател Алберто Фуџимори, кој беше осуден за кршење на човековите права, се кандидира за конзервативната партија Народна моќ и се кандидира за највисоката функција во земјата по четврти пат. Фуџимори беше малку пред својот ривал на ...

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби својот 49. роденден го дочека во куќен притвор, додека сè уште нема одлука дали против него ќе биде поднесено обвинение во предметот за Државна лотарија, во кој е осомничен за проневера на 8,2 милиони евра. По повод роденденот, на социјалните мрежи му беа упатени честитки, а поддршка доби и на улица. На надвозникот кај Мавровка, во близина на плоштадот „Скендербег“, беше поставен транспарент со порака: ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на ...

Грција беше погодена од земјотрес со магнитуда од 5,3 степени во 9:58 часот по Гринич (12:58 часот по локално време), објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил на длабочина од пет километри. Епицентарот бил 13 километри југоисточно од селото Мантуди на грчкиот остров Евиа. Следувале уште неколку земјотреси само четири минути подоцна, со магнитуда од 4,2 до 5,0 степени. Епицентарот бил на длабочина од 11 километри, ...

Кубанските власти почнаа да дистрибуираат оружје на своите граѓани стравувајќи од можна американска воена инвазија. Тамошната влада го повикува населението итно да се подготви за можен напад од страна на САД, пишува венецуелскиот весник „Верзија Финал“. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана почна да дистрибуира оружје на граѓаните, официјално повикувајќи ги да се подготват за непосредна ...

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“. Во обраќањето, Филипче посочи дека целта на овој Конгрес не е да биде само свечено усвојување на нова идеолошка платформа, туку враќање на СДСМ кон суштината на социјалдемократијата. „Денес ...

Германија се соочува со највисоко ниво на сиромаштија во последните години, покажуваат најновите податоци на германските социјални организации и Федералниот завод за статистика. Според извештајот на Германското здружение за социјална еднаквост, дури 13,3 милиони жители моментално живеат во сиромаштија или се изложени на ризик од сиромаштија, што претставува 16,1 проценти од вкупното население. Податоците покажуваат дека бројот на лица ...

Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот сектор продолжува да ги става профитите пред интересите на населението. Иако банките веќе остваруваат рекордни добивки, наместо да ги намалуваат трошоците за своите корисници, тие најавуваат нови поскапувања на услуги за кои имаат минимални или речиси никакви реални трошоци. „Провизиите во моментов ...

Ваквото барање на ИВЗ предизвика голема дискусија на последната седница на Советот на Општина Тетово. Од страна на дел од опозицијата се посочуваше дека се прави преседан, кој во иднина може да предизвика секоја верска заедница да бара пари од општината за некои свои потреби. Општина Тетово ѝ донираше на Исламската верска заедница (ИВЗ) 1.444.484 денари (над 23.000 евра), износ што го дала како данок на промет откако откупи дел од комплексот ...

Грчките власти уапсија 37-годишен маж на островот Крит под сомнение за поврзаност со терористички активности, откако истрагата покажа можни врски со осомничени лица приведени на Кипар поради планирани напади врз цели поврзани со Израел. Според истражителите, осомничениот, кој потекнува од Појасот Газа и легално работел во Грција како сезонски работник во хотелскиот сектор, бил уапсен во градот Агиос Николаос на североистокот на Крит. Во ...

Демократската унија за интеграција преку соопштение објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити. „Според официјалните податоци од Катастарот: – Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград, како ...

Долго време во општеството е отворено прашањето што треба државата да стори за да се намали бројот на обложувалници, автомат-клубови и казина. Од една страна државната каса на годишно ниво инкасира повеќе од 350 милиони евра, но од друга страна различните политички структури кои владеат во последните десетина години, се под притисок на критичката јавност која бара целосно затворање на игрите на среќа и „продавниците“ за брзи кредити. ...

Дали е точно дека на Богоев му биле ветени 10% од наместениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната матрица на СДС не се менува и не исчезнува. Таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок. Младинската организација на СДС, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, ...

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поднесе жалба до Основниот кривичен суд Скопје против одлуката за определување 30-дневен притвор. Во обид да издејствува негово бранење од слобода, адвокатскиот тим на Богоев понуди парична гаранција во износ од 60.000 евра, комбинирана со предлог за поблаги мерки за претпазливост. Во жалбата, која веќе е заведена во Судот, одбраната ги оспорува основите по кои судијата ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, кажа своите очекувања за денешната трка во Монако, шеста од светскиот шампионат во Формула 1 оваа сезона. – Знаете како одат овие трки. Многу, многу е тешко да се направи престигнување. Се надевам дека ќе имам многу добар почеток. Можеби ми треба дожд. Но, ништо не е невозможно. Оваа трка обично се одвива како парада, во смисла дека се следиме еден со друг. Автомобилот се прегрева, сопирачките се прегреваат ...

Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на повредените се движи од 16 до 51 година. Двајца од повредените ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...

Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД Канада и Мексико, и ова е распоредот на натпреварите во групната фаза: 11 јуни: Мексико – Јужна Африка (21.00, Мексико Сити) 12 јуни: Јужна Кореја – Чешка (4.00, Гвадалахара) Канада – БиХ (21.00, Торонто) 13 јуни: САД – Парагвај (3.00, Лос Анџелес) Катар – Швајцарија (21.00, Сан Франциско) 14 јуни: Бразил – Мароко (00:00, Њујорк) Хаити – Шкотска (3.00, Бостон) Австралија ...

Грчките власти уапсија 37-годишен Палестинец на Крит, осомничен за врски со палестинската група Хамас и планирање терористички активности, вклучително и можни напади врз израелски цели, јавија грчки медиуми повикувајќи се на безбедносни извори. Апсењето е извршено во заедничка операција на грчката разузнавачка служба EYP и Дирекцијата за борба против специјални насилни кривични дела (DAEEB), по информациите добиени од службите пред десет ...

Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од анкетираните изјавиле дека би прифатиле таква размена, додека 14 ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги. Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага. На средбата ќе ...

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Нови предвремени избори беа распишани откако ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.65
47%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
60%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.48
72%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.8
49%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.33
53%
1014
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
57%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
45%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.24
42%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
48%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
50%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
62%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
1.07
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33