Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Унгарската влада следната недела ќе достави пакет законски предлози неопходни за обезбедување пристап до околу 16,95 милијарди евра од европските фондови, потврди денеска премиерот Петер Маѓар. Во објава на социјалните мрежи по владината седница во Будимпешта, Маѓар соопшти дека кабинетот одлучил да започне итна ревизија на јавните набавки за апарати за механичка вентилација набавени за време на пандемијата на Ковид-19. Според него, овие ...
Европската комисија најави дека ќе предложи дополнителни ограничувачки мерки за издавање шенгенски визи на руски државјани, со цел спречување на можни безбедносни закани, изјави денеска портпарол на Комисијата. Тој нагласи дека ограничувањето на бројот на шенген визи за руските граѓани е еден од приоритетите на Европската комисија од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Според неговите податоци, бројот на издадени визи ...
На 06.06.2026 (сабота) поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар ...
Во Ново Лисиче во тек е исцртување на паркинг-места како дел од активностите за воведување зонско паркирање во оваа населба. Штом заврши обележувањето и поставувањето на информативните табли, зонското истовремено ќе се воведе и во Ново Лисиче и во Реонски центар, населби кои имаат исклучително сериозен проблем со паркирањето. Колку воведувањето на зоната Д, која ќе овозможи бесплатно паркирање за жителите и наплата од 25 денари за час за ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. – Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на ...
Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. „Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како ...
Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на примената на Е-дневникот е направено со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. -Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно ...
Украина и Молдавија добија статус на кандидат за членство во Европската Унија по руската инвазија на Украина во 2022 година, но Брисел сега се обидува да покаже дека Западен Балкан не е ставен во „бавната лента“ на европската интеграција, објави денеска „Гардијан“ по повод самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват. Британскиот дневен весник наведува дека Црна Гора најмногу напредувала во процесот на пристапување и оти Подгорица се надева дека ќе ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не е никаква тајна фактот што криминални кланови од Црна Гора сакале да платат некого да изврши негово убиство, нагласувајќи дека таквите податоци веќе се заведени во записите на апликацијата „Скај“. Одговарајќи на новинарско прашање за сопствената безбедност по информациите дека одредени осомничени лица уште во 2021 година нуделе пари за негова ликвидација, тој појасни дека зад тие ...
Според германскиот канцелар, фактот што Европската Унија нема примено ниту една нова членка изминатите 13 години покажува дека постојат недостатоци и од самата Унија во однос на процесот на проширување Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска од Тиват оцени дека процесот на проширување во Европската Унија е многу бавен и дека се потребни нови идеи за дополнително охрабрување на земјите од регионот да спроведат реформи. Порача дека Европската ...
Видеозаписи, од кои се нотираат времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и на активацијата на пиротехниката, беа изведени денеска во материјалните докази од Обвинителството во рамките на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје против 13 полициски службеници. Судењето продолжува на 8 јули со сослушување сведоци предложени од Обвинителството. – – Пред судот денеска беа изведени повеќе видеоснимки, ...
На 04.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и неговата изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел. Известен е јавен обвинител и се работи на ...
Премиерот на Албанија Еди Рама, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, рече дека земјите од Западан Балкан треба да бидат дел од „масата“ на ЕУ, и дека секој кој испорачал во реформите, да стане полноправен член. „Имате нов „Хелмут Кол“ момент.Големиот лидер на Германија по падот на Берлинскиот ѕид не им рече на Источните Германци: „Сега имате 35 поглавја што треба да ги исполните пред да седнете на масата со нас. Напротив, тој рече: „Сите ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи предупреди на можни безбедносни ризици поврзани со организирање настан на кров од објект за кој, како што тврди, претходно била изречена забрана за користење. Јакимовски потсети дека минатата година општината забранила одржување забави на кровот на објектот поради безбедносни причини и наложила отстранување на пристапните скали. „Денес истиот ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на мај 2026 година се регистрирани 191 кривично дело поврзано со семејно насилство, што претставува зголемување од 70,5 проценти во споредба со истиот месец лани. Според податоците на МВР, најголем дел од пријавените дела се однесуваат на телесна повреда, вкупно 130 случаи, како и 52 случаи на загрозување на сигурноста. Во текот на месецот е регистрирано и едно убиство поврзано со ...
„Единствениот пат кон членство во европската Унија се уставните измени, тоа се и последните пораки од ЕУ, нагласи пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. Лукаревска посочи дека одговорноста сега е кај Владата, но наместо стратегија која ќе го олесни влегувањето во европското семејство, власта свесно го блокира европскиот пат и во јавноста пласира лаги и манипулации. „Сите сигнали и пораки коишто ги ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение се огласи во врска со реакцијата на ФК Шкендија. Соопштението на ФФМ го пренесуваме во целост. Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат ...
Остра реакција пристигна од професорката Мирјана Најчевска на назначувањето на Арбен Фетаи на амбасадорско место во Брисел. Таа реагира заради тоа што тој наместо да одговара за тоа што земал плата а не се појавил со месеци на работа, тој доби друга функција. „Значи некој кој ја злоупотребил службената должност и кој ја изложи на потсмев Владата на Македонија ќе ја претставува државата во Брисел? Тие од јавно здравје кои не оделе на работа а ...
Полицијата утврдила дека автобусот кој четири пати се расипуваше на враќање од екскурзија од Грција, со ученици од скопската гимназија „Орце Николов“, бил технички неисправен во кочниците, додека, пак, Град Скопје тврди дека автобусот бил исправен и имал само проблеми со светлата за магла. Ова го тврдат двете институции во одговор за „СДК.мк“. Од Министерството за внатрешни работи вчера рекле дека при технички преглед било утврдена ...
Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот на Сојуз на тутунски здруженија, Кире Ристевски дека исплатата се пролонгира. „Исплатата на субвенциите ќе биде пролонгирана, ја користам приликата да им се извинам на тутунопроизводителите дека ќе закаснат субвенциите за 10 до 15 дена и ќе бидат исплатени во целост. Најмногу до средината на месецот ќе бидат исплатени“, убедува Ристевски. Наместо МЗШВ да им соопшти официјално на ...
Во изјава за ДВ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев рече дека неговата земја е подготвена да им помогне на „браќата од Северна Македонија“. Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ, изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ- Западен Балкан кој се одржува во црногорскиот град Тиват. „Подготвени сме да ...
По 18 години години низ судските лавиринти, обвинетите во случајот ,,Изгрев” конечно ќе дочекаат и правосилна ослободителна пресуда. На јавната седница во Апелација, во средата, Вишото јавно обвинителство побара да се одбие жалбата поднесена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое се жалеше на ослободителната првостепена пресуда. -Ова значи дека ,,Изгрев” заврши, чекаме само писмена потврда на одлуката на ...
Двајца пешаци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне кај дивиот пешачки премин во близина на Бит Пазар во Скопје, локација која подолго време се посочува како ризична за пешаците. Автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале булеварот. По несреќата, повредените биле пренесени во болница за укажување лекарска помош. На местото на настанот пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а се ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Македонија и Бугарија треба да ја обноват меѓусебната доверба и преку интензивен политички дијалог да ги надминат отворените прашања. Таа нагласи дека Европската комисија е подготвена да помогне во олеснување на комуникацијата меѓу двете земји. Во интервју за Европски Западен Балкан, Кос истакна дека евроинтеграцијата на Македонија останува приоритет за Брисел и дека лично е ангажирана за ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека лидерите на Европската Унија се во Тиват за да ја поддржат Црна Гора како следна членка. Германскиот канцелар Фридрих Мерc изјави дека Европската Унија мора да покаже дека е подготвена за проширување. „Сите сме тука за да ја поддржиме работата на Црна Гора и црногорските власти за пристапување кон Европската Унија“, рече францускиот претседател. Тој рече дека европските лидери се на ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С. (68) од селото Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, додека извршувал работни задачи како професор во средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка. Во инцидентот ученичката се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кичево. ...
Во изјава за ДВ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев рече дека неговата земја е подготвена да им помогне на „браќата од Северна Македонија“. Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ, изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ- Западен Балкан кој се одржува во црногорскиот град Тиват. „Подготвени сме да ...
Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи сподели дека имал „пријателска и срдечна средба“ со францускиот претседател Емануел Макрон. – Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме ...
Американската администрација ги обвини европските држави дека се одговорни за тоа што сè уште не е избран нов висок меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, истовремено предупредувајќи дека поради тоа ќе ги преиспита својата улога и ангажманот во земјата. Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ (ПИК), на дводневната седница што заврши вчера во Сараево, не успеа да избере личност што ќе го наследи Кристијан Шмит на ...