Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина. Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина. Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост ...

Инцидентот со чартер-летот на српски државјани, кои беа вратени од аеродромот во Тиват непосредно пред Самитот ЕУ – Западен Балкан, бил резултат на иницијатива на лица од неговото опкружување, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека меѓу патниците немало криминалци ниту, пак, намера за предизвикување каква било дестабилизација. Говорејќи по пристигнувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Вучиќ рече дека денес ...

Тиват денеска е домаќин на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а во фокусот на разговорите ќе биде процесот на проширување на Европската Унија. Со Самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, додека домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата ќе присуствуваат и Урсула фон дер Лајен, Каја Калас и ...

Американската имиграциска и царинска служба (ICE) донесе одлука да ја укине обврската за пријавување на смртни случаи на мигранти кои ќе починат во рок од 30 дена по нивното ослободување од притвор, потег што предизвика остри реакции кај организациите за човекови права и правните застапници. Според информациите на „Вашингтон пост“, вршителот на должноста директор на ICE, Дејвид Вентурела, во интерен допис информирал дека агенцијата ќе се ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, од Рига порача дека малите држави можат да бидат лидери во примената на иновативни и дигитални решенија во здравствените системи и покрај ограничените ресурси и предизвиците со кои се соочуваат. Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација, што се одржува во Рига. Главна тема на дводневниот собир е како малите европски држави ...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата ...

„Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив“ информираа од ЗОО Скопје на Фејсбук. Велат „Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени“. „Затоа и овие ...

Европската индустрија може да се соочи со губење на дури 1,3 милиони работни места оваа година ако конфликтот меѓу САД и Иран дополнително ги зголеми цените на енергијата, предупреди во среда европската комисарка за социјални права и работни места Роксана Минзату. Според проценките на Европската комисија, автомобилскиот сектор може да претрпи најголем удар, каде што се изложени на ризик до 600.000 работни места. Особено ранливи се енергетски ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...

– На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде ...

Националната опера и балет објави дека на 83-годишна возраст почина Хазарос Сурмејан (1943–2026), македонски балетски уметник и кореограф, кој остави значаен белег во македонската и светската балетска уметност. Познатиот балетски творец, роден во Скопје, а починат во канадскиот град Торонто, изгради извонредна професионална кариера која траеше повеќе од пет децении. Своето образование и творечки пат ги започна во Македонија, а првиот ...

Американските војници и воени ветерани, како и вработените во екипите за итни интервенции и нивните семејства ќе имаат бесплатен пристап до 4.547 билети за претстојното Светско првенство, обезбедени со донација од 2,25 милиони долари од Банката на Америка и непрофитната организација „Вет Тикс“. Донацијата вклучува билети за натпревари во сите 11 градови домаќини на Светското првенство во САД, од 12 јуни до 19 јули. Билети ќе бидат достапни ...

Рекордни 1.248 фудбалери од 449 клубови од 71 држава се регистрирани за претстојното Светско првенство, а најмногу од Манчестер Сити, вкупно 19. Следуваат минхенски Баерн со 18, Арсенал и ПСЖ со по 16 и Барселона со 15 фудбалери. Најмногу фудбалери настапуваат за англиски клубови – 205. Во германските клубови играат 108 фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство, додека 86 од нив играат во Франција и Шпанија. Следуваат Италија (71), ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал Москва да направи некои компромиси во однос на Украина, додавајќи дека Москва е подготвена да го направи тоа доколку Киев го стори истото. Тој на средбата со уредниците на светските агенции во Санкт Петербург истакна дека Русија располага со сите неопходни ресурси за да ги постигне воените цели и оти армијата ќе продолжи да напредува во ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва предложи директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, соопшти кабинетот на Зеленски. Тој потенцира дека Киев не сака „трајна војна“ и предложи директните преговори да се одржат во трета земја, наведувајќи ги Швајцарија, Турција или арапските земји како можни домаќини. Додека Европа и САД да учествуваат во процесот како гаранти на безбедноста. – Доста е ...

Подрумските простории на зградите во рамките на Трговскиот центар „Скопјанка“ во општина Аеродром се целосно поплавени со фекалии, објави порталот СДК.МК. Станува збор за деловни објекти во сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДПИСП), од кои дел се издадени, а дел се празни. Токму во празните простории се наоѓа препумпната станица која во моментов не работи, што предизвикува излевање ...

Германија и Франција подготвиле нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“ во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, Црна Гора. Неофицијалниот документ, во кој имаше увид „360 степени“, е разработка на писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го упати до првите луѓе на институциите на ЕУ. Но, ако две третини од писмото на Мерц беа посветени на Украина, нон-пејперот се однесува целосно ...

Контролите на сувомеснатите производи покажуваат уште полоши резултати од оние кај млечните производи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. И во овој случај се откриени отстапувања меѓу декларираниот и реалниот состав на производите, со што потрошувачите се доведуваат во заблуда. Наодите ќе бидат објавени по комплетната обработка на земените примероци, пренесува Телма. „Првичните резултати покажуваат дека кај сувомеснатите производи ...

Руските сили убиле најмалку 707 деца и повредиле уште 2.548 во Украина од почетокот на целосната инвазија, изјави претседателот Володимир Зеленски, ден во кој се одбележуваат децата убиени од руската агресија. „4 јуни се одбележува Меѓународниот ден на невините деца жртви на агресија. Овој ден им оддава почит на децата погодени од војната и насилството. Секоја смрт е дете чија иднина е одземена. Русија мора да биде одговорна за овие ...

Проблемот со депонијата во Струга е голем, пред се затоа што се наоѓа блиску до градот, реката Црн Дрим и Охридското Езеро и бара итно решение, заклучи евроамбасадорот Михалис Рокас по денешната посета на депонијата заедно со градоначалникот Менди Ќура. Тој изрази загриженост и вети дека ќе разговара со властите за прземање итни мерки. – Најпрво дозволете ми да кажам дека сум прилично шокиран од големината на проблемот. Знаев дека депонијата ...

На јавниот оглас се пријавија вкупно 11 кандидати, од кои осуммина ги исполнија условите. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, Усеин Елезоски, Кадрије Мустафа, Жаклина Дамческа, Кристина Наќеска-Арсовска и Несиме Јашари-Љума. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, ги запозна присутните со начинот на спроведување на постапката и текот на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта. Гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“, Тошковски истакна дека од вкупно 12 луѓе кои загинале во сообраќајни несреќи во текот на минатиот месец, дури петмина биле мотоциклисти. – За тројца од загинатите сум ...

Турски суд го осуди претседателот на Фенербахче – Садетин Саран, на две и пол години затвор за поттикнување нелегално обложување, неколку дена пред турскиот клуб да одржи изборно собрание. Во пресудата на судот во Истанбул се вели дека Саран и неговиот брат се осудени на две години и шест месеци затвор за „поттикнување лица да се вклучат во нелегално обложување преку реклами или разни други средства“. Тој негираше какво било кривично дело во ...

Неколку лица беа повредени денес на аеродромот во Франкфурт кога паркиран авион падна на пистата поради дефект на предното тркало. Паркиран Боинг 787 на Луфтханза се урна денес на пистата на аеродромот во Франкфурт кога предното тркало на авионот се лизна неконтролирано, соопшти портпаролот на аеродромот. Insurance company watching this must be freaking out!💸 Here's footage of the 4-month-old Lufthansa Boeing 787-9 "Herne" (D-ABPQ) following ...

Би дошол тука и би рекол извинете за непријатноста, бидејќи јас сум тој кој ќе ја плати политичката цена за погрешната одлука донесена од некој од мојата околина, изјави денеска во Тиват претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој додаде дека не знаел за чартер летот што беше вратен во Белград од Тиват вчера, под наводи дека на него имало 87 осомничени за безбедноста. „Работам на тоа и тоа е наша внатрепартиска работа, работам на тоа“, ...

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите ...

Премиерот Христијан Мицкоски утре (5 мај) ќе присуствува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора, соопштија попладнево од Владата. Претседателот на Владата на РС Македонија, Христијан Мицкоски / Фото: Влада на РС Македонија, Сектор за односи со јавност Самитот, како што се наведува во соопштението ќе се одржи во хотелот Regent Porto Montenegro, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни ...

🚨Градоначалникот на Град #Скопје, Орце Георгиевски, јавно изнесе невистинити информации со што ја доведе јавноста во заблуда во врска со ПОНИШТЕНИОТ конкурс за избор на директор на ЈУ Универзална сала. 🔸️Имено, градоначалникот тврдеше дека конкурсот бил поништен бидејќи се пријавил само еден кандидат со нецелосна документација. Меѓутоа, достапните информации и јавно објавените реакции од учесници во постапката упатуваат на поинаква ...

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од канцеларијата од ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.13
31%
1014
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.93
44%
1011
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
3.64
44%
1009
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.34
38%
1014
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.01
34%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
55%
1010
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.05
42%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.8
37%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.58
42%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
2.68
51%
1011
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 23ᴼ
1.03
54%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09