Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, заедничка активност за поврзување на прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. Како што информираат од СДСМ, иницијативата ја покренал претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со цел заедничко дејствување на прогресивните сили во борбата против авторитарните трендови, ...
Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека синоќа нападнала американски воени бази во Блиски Исток како одговор на американските напади врз островите Сирик и Кешм. Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека се нападнати „непријателските бази во регионот со помош на ракети“. ИРГЦ тврди дека ракетирани се американски бази во Кувајт и vo Бахреин, а исто така е стрелано врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ Ормуска Теснина. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар најави ревизија на инвестициите во железницата Будимпешта-Белград. Како што изјави во објава на Фејсбук, унгарската влада вчера донесе „многу исклучително важни одлуки“, од кои една е преглед на инвестициите во железницата Будимпешта-Белград. Унгарскиот министер за транспорт и инвестиции, Давид Витези, пред неколку дена изјави дека се идентификувани бројни проблеми во проектот за железница Будимпешта-Белград. ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, вели дека во овие две години од формирањето на актуелната влада, нема ниту една спроведена политика за справување со кризата. -За жал не гледам владини политики за справување со кризата, ниту за помош на економијата. Пуштено е стихијно да си тече, а тоа не се вика политика. Затоа некој може да тврди, еве да имавме опонент од другата страна, ќе прашав да ми каже една политика за овие две години која е ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека со тоа што неговиот руски колега Владимир Путин одбива директни разговори избира продолжување на војната. – За жал, руската страна избира уште војна … Едноставно не сака да ја заврши војната, наведе Зеленски. Украинскиот претседател вчера предложи директни преговори за завршување на војната, а Путин денеска одби средба со Зеленски, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“ пред да ...
Бонитетот претставува едно олицетворение на статусот и на кредибилитетот, но и на состојбата на една компанија во каква финансиска состојба се наоѓа, каква општествена улога игра во самата околина, но и се зема предвид морето во коешто плива, односно во каква дејност функционира и ја обавува својата работа. Така што, во кратки зборови, ако крвната слика ни кажува какво е нашето здравје, бонитетниот извештај кажува какво е здравјето, ...
Кој не бил во болница, тој не знае што е мака. Друга мудрост вели, дека, секој треба да посети болница и болни, за да го согледа значењето на личното здравје, но, и да знае што е грижа и посветеност на медицинските лица – доктори, сестри, болничари, хигиеничари и други. Охрид има релативно добро развиен здравствен систем, кога е во прашање Општата болница, но и голем исчекор кога се во прашање Кардиолошкиот центар ио Специјалната ортопедска ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека изградбата на граничниот премин „Маркова нога“ – „Лемос“ претставува стратешки проект од значење не само за регионот на Преспа, туку и за целиот Балкан. При денешниот увид во градежните активности на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“ – „Лемос“, Тошковски истакна дека сите вклучени страни се согласни оти Преспа претставува една од најубавите природни ...
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет, управуван од 16-годишен малолетник од село Лисец, удрил во пешакот И.Ѓ. (32) од село Непроштено. По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде, поради сериозноста на здобиените повреди, таа е префрлена на ...
Воениот советник на иранскиот ајатолах, Мохсен Резаи изјави дека преговорите помеѓу Иран и САД се во застој и оти американскиот претседател Доналд Трамп може да ги откочи. – Преговорите се во застој и господинот Трамп мора да го прекине застојот. Топката е во дворот на Трамп, истакна Резаи интервју за Си-ен-ен. Тој посочи дека евентуален мировен договор помеѓу Техеран и Вашингтон зависи од тоа дали САД ќе ги ослободат 24 милијарди долари ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директни преговори за завршување на војната, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“. Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека Зеленски вчера му испратил „грубо“ писмо, особено по нападот врз студентскиот дом во Луганск, при што загинаа 21 човек. Путин претходно му понуди на Зеленски средбата да се ...
Италијанскиот тенисер Флавио Коболи се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако неговиот противник во полуфиналето, сонародникот Матео Арналди се повлече од турнирот непосредно пред почетокот на дуелот. Како што вечерва објави Здружението на тениски професионалци (АТП), Арналди се повлече од турнирот поради „вирусна болест“, Во своето прво грен слем финале во кариерата, Коболи (АТП-14.) ќе игра против треторангираниот тенисер во светот, ...
Околу 50 лица ангажирани со договор за дело на Клиниката за детски болести излегоа на мирен протест пред Министерството за финансии. Медицинскиот и административно-техничкиот персонал реагираат дека од Нова година немаат земено ниту денар, а покрај исплатата на заостанатите плати за пет месеци, бараат и конечно решавање на нивниот работен статус. Проблемот е дополнително комплициран бидејќи вработените годинава немале потпишано никаков ...
Делегација на Амбасадата на Јапонија во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорката Сецуко Кавахара, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, во чии рамки беа претставени работењето на компанијата, нејзините финансиски резултати и клучните стратешки насоки, со акцент врз извозниот развој, инвестициите и одржливиот раст. Речиси пет децениската традиција на соработка со јапонски компании, започната со „Фуџи“, денес продолжува преку ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европска Унија планира да почне постепен процес за вклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ и да испрати сигнал дека се посакувани како полноправни членки, – Јасната порака од денешниот состанок е и ќе остане: Ве сакаме. И сакаме овој регион и земјите во него наскоро да станат членки на ЕУ, истакна Мерц по Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Германија и Франција вчера претставија ...
Го слушам премиерот Мицкоски како раскажува дека Радев потрошил цела година да ги убеди европските лидери оти треба да се стават Бугарите во македонскиот Устав. А што правеше Мицкоски во тоа време како опозиција? Додека Радев работел на случајот како да ја блокира Македонија во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ работеше како да го блокира владеењето на СДСМ. Ај што блокираа, туку сееја и омраза со „северџани“, „вакви-такви“, „не отварам врата на пописот“ и ...
Црна Гора има постигнато најголем напредок во процесот на европските интеграции меѓу државите од регионот, но официјален Загреб очекува конкретен напредок и решавање на отворените билатерални прашања, порача денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференција во рамките на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Пленковиќ нагласи дека Хрватска има сосема јасни очекувања кои претходно биле нотирани во односите меѓу двете држави. ...
Политичката партија Левица ја повика Млекарница Ѓоргиеви да се изјасни дали ќе ја врати наградата за општествена одговорност што ѝ беше доделена од Општина Радовиш, по обвинувањата и сомнежите што деновиве се појавија во јавноста во врска со млечните производи на компанијата. Од Левица потсетуваат дека само пред неколку месеци компанијата била наградена како пример за општествено одговорно работење, а сега нејзиното име се споменува во ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во четири сета го совлада Чехот Јакуб Меншик со 7-5, 6-2, 3-6, 6-3. Дваесетидеветгодишниот Зверев се избори за своето четврто грен слем финалето, а во претходните три претрпе исто толку порази – на Ју Ес Опен 2020, Ролан Гарос 2024 и Австралија Опен 2025. Во неделното финале, Зверев ќе игра против победникот од втората полуфинална пресметка ...
На астронаутите од Меѓународната вселенска станица денеска им беше наредено да се засолнат во своите летала и да се подготват за евентуална евакуација додека рускиот екипаж се обидува да го санира истекувањето на возух од орбиталната лабораторија, објави американската вселенска агенција НАСА. По кратко време на астронаутите им беше дозволено да излезат од засолништето. Истекувањето на воздух изминатите месеци беше релативно мало, но тоа се ...
Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, починаа 49 луѓе од жед, соопштија денеска локалните власт. Инцидентот се случи откако им се расипал камионот со кој патувале. Двајца патници пешки пристигнале до еден извор на вода и ги известиле властите на Нигер. Сите починати се државјани на Нигер. Тие се враќале од верски фестивал во Мали кога им се расипал камионот Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, починаа 49 луѓе од жед, ...
Окружниот суд во Хаг денеска осуди 49-годишна холандска државјанка на седум години затвор затоа што му дозволила на својот 14-годишен син да се приклучи на терористичката организација Исламска држава. Судот ја прогласи Ајада К. за виновна за воено злосторство, односно за помагање и за поттикнување регрутирање или користење на деца во вооружени дејствија. Таа беше прогласена за виновна и за помагање на терористичка организација, како и за ...
Претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, на денешната прес-конференција по Самитот ЕУ – Западен Балкан, изјави дека „иднината на Западен Балкан е со иднината на ЕУ, а ние сега навистина одбројуваме до следното проширување на Унијата, Црна Гора да стане 28 членка до 2028 година“. Тој истакна дека Црна Гора неодамна почнала подготовка на нацрт за завршување на преговорите за пристапување во ЕУ. Според него ЕУ и Црна Гора во изминатите ...
Албанскиот премиер Еди Рама, на прашање на новинарите во врска со протестите за “Зврнец”, рече дека не станува збор за еколошко прашање, туку за „хибридна војна“. Според него, зад протестите стојат ирански елементи, кои, како што изјави, биле вклучени во слични напади. -Тука не станува збор за еколошко прашање, туку за хибридна војна. Зад протестите стојат Иранците, кои беа вклучени и во други напади“, додаде тој. Премиерот додаде дека во ...
Додека Европа интензивно бара решенија за поголема енергетска независност и забрзана зелена транзиција, Австрија веќе со години покажува како природните ресурси можат да се претворат во стабилен енергетски систем. Хидроенергијата е столбот на австриското производство на електрична енергија, а искуството на оваа земја сè почесто се посочува како пример за успешно спојување на енергетските и еколошките цели. Речиси 60 проценти од електричната ...
Во последните години речиси секоја рударска инвестиција во Македонија се соочи со жестоки отпори, предупредувања за катастрофи и сценарија за целосно уништување на животната средина. Во меѓувреме, Европската Унија ја прогласи битката за критични минерали за стратешки приоритет и работи на обезбедување сопствени извори на суровини. Додека Брисел бара повеќе бакар, литиум и други минерали за зелената транзиција, во Македонија сè уште доминира ...
Иранските фудбалски репрезентативци, кои сè уште чекаат американски визи за Светското првенство, ги предадоа своите пасоши во Амбасадата на САД во Турција, објави денеска челникот на Иранската фудбалска федерација. Претстојното Светско првенство ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, но САД, каде што Иран треба да игра три натпревари од групната фаза, сè уште не издале визи. „Разговарав со ФИФА во четвртокот во врска со американските визи. ...
Иранската морнарица денеска истрелала предупредувачки ракети и беспилотни летала кон американски воени бродови во Омански Залив, објавија иранските медиуми, при тоа обвинувајќи ја американската армија за попречување на поморскиот сообраќај и запленување товарни бродови и танкери. Претходно, американската Индо-пацифичка команда соопшти дека американските сили синоќа го пресретнале санкционираниот танкер Давина во Индиски Океан. – Ќе продолжиме ...