
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Во период од 15 до 21 август регистрирани се вкупно 2.686 нови позитивни случаи на КОВИД-19 од 34 градови во земјава, со намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Делчево, Кавадарци, Гевгелија, Пехчево, Охрид, Неготино, Берово и Кратово. Согласно податоците од ...
Ќе профункционира хидросистемот „Ѓавото“ за да ја полни браната Паљурци. Вака одлучи Владата на вчерашната седница. Владата информира дека го задолжила Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ и да се обезбеди доток на вода во акумулацијата Паљурци до максималните можности на системот и тоа во траење согласно потребите за нормализирање на нивото на вода во ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид, 40 литри на метар квадратен, во Маврово 17, на Попова Шапка 16, Крива Паланка 14, во Гевгелија 10, а осум во Дојран. Според прогнозата на УХМР, времето и денеска ќе биде променливо облачно, на места со слаба нестабилност проследена со врнежи од дожд. Рано утрово нестабилно со дожд и грмежи беше во Гевгелиско. Претпладне со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, ...
Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија, потврдија за МИА владини извори. Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции на струја во престојниот зимски период. – Рестрикции на струја нема да има, ниту се ...
Градоначалникот на Струмица Костадин КОстадинов на својот ФБ профил ја соопшти локацијата и дел од музичките имиња кои ќе бидат дел од музичкиот настан. Влезот ќе биде бесплатен. -Get EXITed забавата, која ќе се одржи на 7. Септември во големиот градски парк во Струмица, носи возбудливи светски и регионални имиња! На големата летна забава доаѓа една од водечките италијански техно ѕвезди Deborah De Luca, глобалниот хитмејкер, продуцент и DJ ...
Во рок од една година треба да биде готов булеварскиот мост на Водочница. Така најави градоначалникот Костадин Костадинов кој изврши увид на градежните работи при што кажа дека мостот Обединување ќе значи поврзување на Струмица со индустриски капацитети но и новиот градски пазар за кого се изработува проектно техничка документација Според најавите мостот со две сообраќајни ленти ќе биде со должина од 15 и широчина од 23 метри. Целата инвестиција ...
По вторпат оваа година, еврото падна под вредноста на американскиот долар во понеделникот, со што достигна најниско ниво во последните 20 години бидејќи се интензивираше загриженоста од влошување на енергетската криза и од дополнително заострување на монетарната политика на САД. Еврото падна под вредноста на американскиот долар во понеделникот, по вторпат оваа година, бидејќи се интензивираше загриженоста од влошување на енергетската криза и од ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претставниците на здруженијата на лозари и винариите одржа состанок на кој се разговараше за овогодинешната откупна цена на грозјето. По денешните долги и исцрпни консулатиции, потигнато е до сега историско најголемо зголемување од 30% на откупната цена. Овогодишеншата откупна цена на смедеревката ќе биде 13 денари, а за вранецот 15 денари, односно 3 денари повеќе ...
На 20.8.2022 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.И.(47) од с. Добрашинци, Струмичко. При преглед кај него и во неговото возило „шевролет“, како и при преглед на теренот на излезот на Струмица кон Валандово биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин. Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени едно пакување кокаин и други предмети поврзани со делото. Тој бил ...
На 21.08.2022 во 10.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто “ со струмички регистарски ознаки, управувано П.К.(74) од Струмица и патничко возило „мерцедес спринтер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(1991) од Струмица. Во незгодата со повреди се здобила Е.И.(22) од Струмица, сопатничка во возилото „мерцедес“, која била ...
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетикаи водни услуги, од ноќеска на полноќ поскапуваат нафтените деривати. Дизелот поскапува за 1,5 денари и ќе чини 93,5 денари, а бензинот поскапува за половина денар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и ...
Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора. Според Комората, потребна е ...
На саемот ,,Меден Радовиш“ кој викендов се одржа во Радовиш во рамките на одбележувањето на патрониот празник, присуствуваше и Анита Ципушева единствената која има набавено и кошница за Апитерапија. Станува збор за терапија која лекува повеќе заболувања а се користат пчелите. Во моментов во земјава има две Апи комори но како што вели Ципушева во светски рамки овој вид на лекување кој потекнува од Русија се повеќе се бара. Таа има набавено апарат ...
Цената на гасот во Европа продолжи да расте и во моментов се движи над 3.000 долари за илјада кубни метри, поскапувајќи за 20 отсто од почетокот на денешното тргување. Во тргувањето со фјучерси на холандската TTF-спот, цената на гасот за испорака во септември скокна на 3.024 долари за 1.000 кубни метри, или 292,4 евра за мегават-час (MWh) по тековниот девизен курс од евро во долар, пренесува ТАСС, цитирајќи податоци од берзата ICE во Лондон. Ова ...
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца, на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици. „Со вистинска посветеност, љубов и грижа згрижувачкото семејство Гошеви, целосно успеале да создадат семејна атмосфера која е од големо значење за психо-физичкиот развој на децата. Како Министерство за труд и ...
На интернет страница на Основен суд Тетово во календарот на судења е поставена информација дека судењето за предметот К бр 450/22, односно за модуларната болница е закажано за 6 септември 2022 година во 10 часот кај судијата Јордан Велковски. Судењето е закажано откако на 16 август предметот за модуларната болница согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС) беше распределен кај судија. По разгледување на ...
Во однос на информациите изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош, Министерството за труд и социјална политика ја демантира информацијата и ја известува јавноста дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП, во период на вонредна состојба во државата. Додатокот од 1000 денари, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за ...
Подрачјето на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време. Утре со сончеви периоди, од пладневните часови особено на југоистокот, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30°C. УВ индексот ќе изнесува 6. Информација од утрово: Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²) 21 Попова Шапка, ...
„Проблемот не е нов, се провлекува со години наназад“, вели доцент д-р Ана Витанова-Рингачева за опаднатиот интерес за студирање на катедрата за македонски јазик и книжевност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но и на другите универзитети во државата. Рингачева смета дека потребна е стратегија за привлекување на нови студенти од сите факултети, но, пред сѐ државата мора да изгради национална стратегија за заштита и афирмација на ...
Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села попладнево на прес-конференција си даде оставка по вчерашниот неуспех на изборите за советници во Советот на Општина Тетово. На прес-конференцијата во Тетово по денешниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на партијата тоа право го има само двапати. На вчерашните избори, Алијанса ...
Матурантите кои сакаат да студираат на УКИМ помеѓу документите оваа година треба да потпишат уште една изјава – гаранција под морална, материјална и кривична одговорност, дека не се запишале на ниту еден универзитет во Македонија, но и во странство, објави ТВ 24 Ако бидат примени пак, три месеци нема да смеат да ги подигнат документите, бидејќи и овој услов преточен во изјава го бараат од најстариот македонски универзитет. Но, освен кај ...
Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на РСЕ. Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, вели тој. Шефицата на обвинителството против организиран криминал Вилма Русковска суспендирана, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева осудена. Две шефици на ...
ДИК соопшти дека во советот на Тетово влегуваат шест партии: Беса со 12 советници, ДУИ 11, ВМРО-ДПМНЕ 4, СДСМ 2 и Алтернатива и ДПА со по еден советник. Според сите параметри (број на гласови, процент на гласови и советници) БЕСА е апсолутен победник во Тетово бидејќи сите овие параметри ги подобри од ланските избори кога имаше 8 советници, а сега има 50% повеќе или 12. Во претходниот состав на Советот ДУИ имаше 10, Беса 8, ВМРО-ДПМНЕ 4, ...
Курсот на денарот останува стабилен, додека високо капитализираниот банкарски сектор оди во прилог на потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од страна на кредитната агенцијата „Стандард и Пурс“, односно „ББ -“ со стабилен изглед. Во услови на глобална криза предизвикана од ценовните пристисоци од примарните производи, потврдата на кредитниот рејтинг на земјава е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност. Во извештајот на ...
Од денес во ваши раце ќе биде сигурноста и безбедноста на целата заедница, во ваши раце ќе биде зачувувањето на мирот во земјата и спокојниот живот на граѓаните. Без разлика на родовата, етничката или верска припадност, Вие носите иста униформа, дел сте од истата институција и заеднички ќе се борите против заедничкиот непријател на нашата заедничка држава, а тоа е криминалот, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на 590 ...
Почина новинарката Гордана Стошиќ, која беше главна уредничка на првата приватна телевизија А1 во средината на 1990-те и генералната директорка на јавниот сервис МРТВ од 2004 до 2006, како и директорка и на скопската телевизија Скај нет, потврдија блиски и пријатели на социјалните мрежи. Имаше 63 години. Стошиќ во почетокот на 1990-те беше дел од тимот на популарната дебатна емисија на МРТВ „Без наслов но со повод“ од каде премина во А1. Во ...
Сојузот на Синдикатите на Македонија во својот пост на Фејсбук страната нагласува дека „100-те најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти“ – Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле ...
Радовишани организираа дефиле на близнаци родини во ова општина. Околу 220 близнаци од различни возрасти беа дел од манифестацијата која се одржа по радовишките улици а беше составен дел од одбележувањето на патрониот празник Св Спасо радовишки. Првпат ова манифестација се одржа во 2019 тата но заради коронакризата таа паузираше. Настанот го организираа од ЦК Ацо Караманов од каде најавија дека догодина во Радовиш ќе има дефиле на близнаци од ...
Со концертот на Влатко Лозаноски на кој беа отпеани неговите хитови заврши 11 тото издание на Струмица опен Фест. Пред неговиот концерт, настап имаше Коста Хаџикојчев Годинашново издание на Струмица Опен Фестивал 2022 траеше три недели и се реализираа вкупно 20 тина настани на отворено кои беат поделени во три програмски целини култура и забава, спорт и рекреација и музички концерит. Годинашново издание на СОФ чинеше околу 45 илјади евра а ...
Според податоците на Државната изборна комисија во Општината Центар Жупа до 11 часот гласале 14,47 отсто од запишаните гласачи, додека во Општината Маврово – Ростуше на гласање излегле 14,11 отсто од гласачите. Во Тетово излезноста е пониска и изнесува 6,69 отсто од гласачите со право на глас. Во Тетово се гласа за избор на нов општински Совет откако пролетоска Советот се расушти бидејќи не беше изгласана завршната сметка на Општината. Во ...