Заборавете ја економијата – океаните се приоритет! Во земја без море, родена е спасителката на океаните. Од Кичево до Пацификот, операција: СИНИЛО.
Ете, океаните дочекаа спас – од нашата горда претседателка. А македонските граѓанки и граѓани? Тие можат мирно да продолжат да се дават во сиромаштија, корупција, неизвесност и еднонасочна пропагандна струја од телевизиските екрани. Но не грижете се. Кога ќе дојде цунамито – буквално или метафорично – ќе имаме сертифициран експерт за океани во претседателската фотелја. Со диплома од Ница, декларација од сирените и благослов од Нептун лично. И ќе нѐ спаси. Без сомнеж. Или барем ќе даде изјава дека сѐ е под контрола. Во овој мудар, мирољубив и мултиполарен свет.
Овој текст е сатира. Личен став на Авторот.
Џабир Дерала – ЦИВИЛ МЕДИА, 8 јуни 2025, Македонската претседателка во мисија за спас на океаните