Со скептицизам и премал интерес, синоќа во Флорида стартуваше првото Светско клупско првенство со 32 клуба. Домашниот тим Интер Мајами на стадионот „Хард Рок“ играше без голови против Ал Ахли од Египет. 61.000 гледачи имаа можност да видат одлична игра, со многу шанси, со пенал, меѓутоа без голови. Голманите беа во главна улога, особено Оскар Устари кој му одбрани пенал на Трезеге во 43. минута, додека на спротивната страна Мохамед ел Шенави ...

Фудбалерите на Ал-Ахли и Интер Мајами го отворија Светското клупско првенство со реми без голови (0-0). Мечот од првото коло на групата А кој се одигра на „Хард Рок Стадион“ не понуди голови и централни фигури беа голманите на двете страни. Подобар од стартот на мечот беше Ал-Ахли кој креираше неколку добри шанси, имаше и поништен гол, а во финишот на првиот дел доби и пенал откако Теласко Сеговиа направи прекршок. Одговорноста да го изведе ...