Скопје 45 наставници за една година

Стојкоски: 18 решенија за вработување на наставници во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров стои цврсто зад образованието. Инвестициите во наставниот кадар не се само потреба – тие се обврска кон идните генерации, потенцира Стојкоски.

Стојкоски: 18 решенија за вработување на наставници во општина Ѓорче Петров

Образованието е столбот на нашата иднина, а наставниците се срцето на секоја училница. Денес доделивме нови 18 решенија за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време – трајно вработување за уште 18 посветени наставници во сите основни училишта на територија на нашата општина, соопшти градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Вкупно 45 наставници оваа година добија решенија за траен работен однос.

-Продолжуваме да градиме систем во кој секој наставник ќе има сигурност, стабилност и поддршка. Сигурен наставник значи сигурен ученик. Општина Ѓорче Петров стои цврсто зад образованието. Инвестициите во наставниот кадар не се само потреба – тие се обврска кон идните генерации, потенцира Стојкоски.

Најнови вести од Скопје

To top