Шпанскиот голман на Интер, Жузеп Мартинес, беше вклучен во тешка сообраќајна несреќа во градот Фенегро, недалеку од Комо, во која животот го загуби 81-годишен маж во инвалидска количка, објавија италијанските медиуми. Трагедијата се случила во утринските часови, околу 9:30 часот, во близина на тренинг центарот на Интер. Според првите извештаи, постариот маж, од сè уште непознати причини, преминал на спротивната лента од патот во моментот кога ...

Судиската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија по разгледувањето на извештајот од дерби натпреварот Шкендија - Вардар во рамки на 10. коло од 1.МФЛ утврди дека судиските одлуки во неколкуте спорни моменти се целосно исправни, соопшти ФФМ. Судиската комисија преку видео исечоци од спорните моменти даде објаснување за секоја одлука поединчено. „Во акцијата на која ѝ претходеше досудениот пенал, немаше прекршок, играта продолжи ...

Контроверзниот милијардер Илон Маск во понеделникот лансираше рана верзија на онлајн енциклопедија напишана од вештачка интелигенција и наречена Grokipedia. Маск веќе долго време најавува создавање услуга која, со помош на вештачка интелигенција, треба да стане конкурент на Wikipedia. Визуелно, страницата наликува на Wikipedia по стил и формат, иако бројот на содржини и теми е сè уште многу скромен во споредба со Wikipedia. Моментално, на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде освен во Русија и Белорусија, доколку тие разговори би можеле да ја завршат војната, но дека украинските сили нема да се повлечат ниту чекор на бојното поле за да отстапат територија. Зеленски, исто така, изјави во разговорот со новинарите дека Европејците се блиску до одлука за префрлање на замрзнатите руски средства во Украина, објави ...

Уживањето во оригинални уметнички дела во галерија може да го намали стресот, да го намали ризикот од срцеви заболувања и да го зајакне имунолошкиот систем, според првата студија од ваков вид. Истражувачите ги мереле физиолошките реакции на учесниците додека во галерија гледале ремек-дела од светски познати уметници, вклучувајќи ги Мане, Ван Гог и Гоген. Откриле дека уметноста истовремено имала позитивен ефект врз имунолошкиот, хормоналниот и ...

Сите вие кои ја следите и ја поддржувате оваа кампања, да почнете да агитирате помеѓу вашите најблиски. Многу луѓе не ја знаат уште приказната за ова нашe движење. Затоа, вие кои ги знаете пораките и целите на сè ова, разговарајте со вашите најблиски, со Вашите пријатели, родители, баби и дедовци, за да ја прошириме пораката и заедно да славиме победа, ваков апел преку видео-порака упатува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, ...

Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс со 127:114, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ уште еднаш покажа каква машина е. Одигра 36 минути и забележа трипл-дабл, 167-ми во неговата славна кариера. Тоа беше и неговиот трет трипл-дабл во трите натпревари оваа сезона. Јокиќ постигна 25 поени во победата на Нагетс, заедно со 19 скокови, 10 асистенции и 2 украдени топки. Шутираше 9 од 10 од поле и 7 од 7 од линијата за слободни фрлања. Имаше ...

Тренерот на Шкендија по вчерашниот пораз дома во дербито со Вардар ги откри причините за слабиот настап на актуелниот шампион. Вардар славеше со гол од белата точка откако играч на Шкендија играше со рака во казнениот простор. Со оваа победа Вардар изби на првото место на табелата по 10 одиграни кола. „Низ целиот натпревар сè одеше против нас. Од промашени шанси, до несреќен пенал… При вакви порази во дерби натпревар одговорноста лежи кај ...

Кашлицата и кивањето се неизбежни во ова време од годината. Без разлика дали сте на работа, патувате или се релаксирате дома, тешко е да се избегнат. Новите варијанти на ковид се раширени, а во морето од информации сè потешко е да се каже дали болно грло или течење на носот е знак на ковид или типична сезонска настинка. Што предизвикува настинка и што предизвикува ковид? „Настинките се предизвикани од цела низа различни вируси, но најчестиот ...

Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации. „Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, секој граѓанин ќе може да провери каква е фреквенцијата ...

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Руското Министерство за одбрана во соопштението извести дека нејзината воздушна одбрана уништила 17 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучувајќи едно што летало кон Москва и 13 над регионот Калуга, кој се граничи со Московската Област на североисток. Градоначалникот на Москва ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје ќ биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја замоли севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи да му пренесе на лидерот на неговата земја Ким Џонг Ун дека сè „оди според планот“ во билатералните односи. Путин и Ким минатата година потпишаа договор за стратешко партнерство, кој вклучуваше договор за меѓусебна одбрана, а Северна Кореја испрати војници, артилериска муниција и ракети во Русија за да ја поддржи воената кампања на ...

Иако многу разведени мажи носат со себе зрелост, искуство и појасна слика за тоа што сакаат, има одредени знаци на кои треба да внимавате. Пред да се предадете на вашите емоции, треба да бидете внимателни дали вашиот нов партнер расчистил со минатото. Разводот не секогаш значи емотивен крај на врската бидејќи многу мажи носат со себе нерешени емоции, без разлика дали станува збор за гнев, жалење или неисполнети очекувања. Ако вашиот партнер ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон за раскинување на неактивниот договор за намалување на залихите на плутониум со САД, кој имаше за цел да спречи производство на повеќе нуклеарно оружје. Овој потег доаѓа во време кога односите меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп се заладија. Трамп неодамна изрази сè поголемо разочарување од неподготвеноста на рускиот лидер да преговара за мир во Украина, а минатата недела ...

Кинеската компанија Beijing Linyi Yunchuan Energy Technology претстави џиновска ветерна турбина S1500, која може да генерира електрична енергија дури и во најоддалечени области. Турбината наликува на цепелин, висока е колку тринаесеткатна зграда и долга колку кошаркарско игралиште. Според компанијата, произвела еден мегават-час енергија за време на пробен лет. Нејзиниот дизајн користи главен хелиумски балон со прстенесто крило, кој ги користи ...

Вториот најдобар тенисер во светот, Јаник Синер (24), во неделата освои нов трофеј во својата кариера, откако го освои турнирот во Виена, но многу се зборува и за неговата победничка изјава. Имено, во изјава по победата од 2:1 над Александар Зверев, Синер ја потврди својата врска со прекрасната Босанка Лајла Хасановиќ (24), со која е поврзан долго време. „Ви благодарам многу за вашата поддршка. Трудот што го вложивте, трудот... Понекогаш не е ...

Купувањето лаптоп денес не е лесна задача. Пазарот е огромен, моделите се разновидни, а маркетиншките пораки честопати ги кријат вистинските перформанси на уредот. Затоа е важно да се разбере што стои зад техничките спецификации и маркетиншките услови, за да навистина го добиете она за што плаќате. Затоа, овој практичен водич може да ви помогне да донесете паметна одлука при купување нов лаптоп. Процесор - мозокот на лаптопот Процесорот е клучна ...

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, соопшти полицијата. Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар ...

Три хороскопски знака ќе се најдат во епицентарот на среќата овој ноември. Нивниот живот ќе биде исполнет со радост, благосостојба и остварување на најдлабоките желби. Овој ноември ќе донесе значајни астролошки аспекти кои на овие три хороскопски знаци ќе им донесат среќа и успех. Биковите, Лавовите и Стрелците ќе бидат во центарот на вниманието, носејќи со себе радост, благосостојба и можност за остварување на најдлабоките желби. Планетите ќе ...

Владата на Литванија одлучи да ја затвори границата со Белорусија на неодредено време по серија инциденти поврзани со шверцувани балони, објави премиерката на земјата Инга Ругињене, објави Українська правда. Ругињене појасни дека ќе има одредени исклучоци при затворањето на границата. „Ова значи дека дипломатите и дипломатската пошта сè уште ќе може да ја преминуваат границата, а литванските и граѓаните на ЕУ ќе можат да се вратат од Белорусија, ...

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко. „Тоа се портали, кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, кој сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ја поддржува ДУИ во вториот круг. ...

За да некој има 1,17 промили алкохол во крвта доволно е да испие три чаши жесток алкохол од 0,05 со волуменски процент од 45 до 55, објаснува за Blic токсикологот Радомир Ковачевиќ. Токму оваа доза довела синоќа, еден час по полноќ, до сообраќајна несреќа во Белград во која загинаа сообраќајниот полицаец Б.Ж. (43), неговата сопруга Д.К. (38) и син М.Ж. (9). Несреќата се случила на Нов Белград кога на нивниот автомобил налетал Audi со босански ...

Пристапот до фотографии од апликацијата Google Messages на Android е релативно едноставен, но би можело да биде полесен. Отворете Google Messages и допрете ја која било претходна порака. Лево од полето за внесување текст има тркалезно копче со знак плус [+] во него. Допрете го тоа копче и ќе се појават овални симболи со икони внатре. Има осум опции: Gallery Camera GIFs Stickers Files Location Contacts Schedule Send Изберете Gallery и ќе ги ...

Првото големо дерби помеѓу двата главни кандидати за титулата заврши со победа на скопски Вардар од минимални 1:0. Понеделнички, во многу непопуларен термин од 13:30 часот кога сите се на работа или на училиште, Шкендија и Вардар го одиграа првото големо дерби за титулата оваа сезона. Дербито понуди интересен фудбал со неколку сериозни шанси, а можеби поконкретни беа оние на домаќините, како онаа во 31. минута кога Давор Талески го одбрани ...

Почна сезоната на слави, па еве шанса да ја освежите вашата трпеза со поинаков начин на сервирање. Без разлика дали славата е посна или мрсна, најголемо внимание се посветува на предјадењето, неговото сервирање и декорација. Богатите предјадења се полесни за сервирање, бидејќи има поширок избор на состојки. Ако ја славите Света Петка - салама, печеница, чајна, шунка, разни сирења... имате на располагање широк избор на бои и форми што можете да ...

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието по бурното Ел Класико во неделата, во кое Реал Мадрид ја победи Барселона на Сантјаго Бернабеу. Иако неговиот тим славеше, Винисиус предизвика контроверзии реагирајќи луто на замената и учествувајќи во тепачката по натпреварот, која наводно започнала со судир на неговите соиграчи со младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, објави Goal.com. Винисиус не ја прифати добро одлуката ...

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата се приведени во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик, или како што појаснуваат, станува збор за загрозување на животната средина и природата со отпад. „Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело ...

Хрватскиот стручњак Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус, а за ова утрово го информирале челниците на торинскиот гигант, според бројни сигурни извори од Италија. Тудор наскоро ќе биде официјално отпуштен, а за негов наследник ќе биде именуван Масимо Брамбила, кој ќе биде привремено решение на клупата на „Старата дама“. Брамбила моментално го предводи вториот тим на клубот, наречен Јувентус Некст Џен, кој се натпреварува во третата лкига, ...

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 28 октомври од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
7.72
69%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
5.14
86%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
9.37
94%
1025
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.34
98%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
1.34
91%
1015
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
13.38
84%
1029
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.63
73%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
76%
1021
Currency

61.545

Currency

52.1668

Currency

70.5371

Currency

35.0381

Currency

38.2156

Currency

66.2688

Currency

7.43314

Currency

0.66136

Currency

0.3354

Currency

0.52426

Currency

1.21929

Currency

0.58206

Бакар

11.33

Кобалт

58.42

Цинк

3.09

Злато

144308.60

Сребро

2314.89

Алуминиум

2.95

Платина

73500.79

Паладиум

59028.77

Иридиум

145787.60

Родиум

263636.12

Калај

43.79

Рутениум

29192.88