МЛС објави официјални податоци за платите на фудбалерите во лигата, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси. Ѕвездата на Интер Мајами заработува бруто 28.3 милиони долари по сезона, убедливо најмногу во американско-канадскиот шампионат. На второто место е новата ѕвезда на Лос Анџелес, Хјон-Мин Сон, со годишна заработка од 11.1 милиони долари. Трет најплатен играч во лигата е уште еден член на Интер Мајами и аргентински репрезентативец, ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе добива 25 милиони долари основна плата според неговиот нов договор во 2026 година, објави „АП“ повикувајќи се на податоци од Здружението на играчи на главната лига. Вкупната плата на 38-годишниот Аргентинец оваа година може да достигне 28,3 милиони долари. Платите на Интер Мајами се 54,6 милиони долари, што е за 20 милиони долари повеќе од 32,7 милиони долари на второпласираниот Лос Анџелес ФК и ...