
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Комерцијалните авиокомпании ширум светот размислуваат колку долго да ги суспендираат летовите до Блискиот Исток, бидејќи конфликтот што веќе ги наруши главните воздушни рути влегува во нова фаза откако САД нападнаа клучни ирански нуклеарни постројки, а Техеран се закани со одмазда. Вообичаено прометниот воздушен простор што се протега од Иран и Ирак до Медитеранот е во голема мера празен од комерцијален воздушен сообраќај веќе 10 дена откако ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно се вклучи од Чаир на социјалните мрежи, од пред зграда на 12 ката за која вели дека е градена небезбедно, без проект, со обид да се прикаже дека е од 2011 година. Арсовска рече дека објектот поседува нелегален приклучок на струја и нелегален приклучок на вода. „Дрскоста оди до таму што денес копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и канализациона мрежа, демек во недела нема ...
Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Пол Погба (32), е пред потпишување за Монако. Погба усно се согласи на двегодишен договор со францускиот клуб од Лига 1 откако одби профитабилна понуда од Саудиска Арабија. Во февруари 2024 година, Погба беше суспендиран четири години поради позитивен тест на DHEA, забранета супстанција. Но, во октомври неговата забрана беше намалена на 18 месеци по жалба до Арбитражниот суд за ...
На Светското клупско првенство, Реал Мадрид славеше победа од 3:1 над Пачука. Капитенот на Пачука, Густаво Кабрал, го фаулираше Антонио Ридигер на крајот од натпреварот, по што германскиот дефанзивец на Реал му пријави на судијата Рамон Абати Абе дека бил цел на расистички навреди. Потоа судијата ги скрсти рацете пред градите за прв пат на вакво натпреварување, сигнализирајќи активирање на специјалниот протокол на ФИФА против расизам. Ридигер го ...
Појадокот е првиот оброк во денот и често се нарекува „најважниот оброк“, бидејќи обезбедува енергија и нутриенти што му се потребни на телото за успешен старт. Научните истражувања покажуваат дека избалансираниот појадок го подобрува фокусот, го одржува нивото на шеќер во крвта стабилно и ја намалува веројатноста за прејадување во текот на денот. За луѓето кои работат, клучно е појадокот да биде лесен за подготовка, хранлив и доволно ...
Членките на НАТО се согласија за изјава за претстојниот самит во среда, со која се поставува цел од пет проценти од БДП за годишни трошоци за одбрана и безбедност до 2035 година, надминувајќи ги приговорите од Шпанија, соопштија дипломати, објави Reuters. Изјавата има зелено светло од сите 32 членки на НАТО, рекоа дипломати, но ќе стане официјална дури откако лидерите, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја одобрат на ...
Поранешниот руски претседател и премиер, Дмитриј Медведев, изјави дека „многу земји се подготвени директно да го снабдуваат Иран со своето нуклеарно оружје“ откако Американците извршија напади во Иран. Медведев напиша на својот Telegram канал какви 10 последици предизвика американскиот напад врз три нуклеарни објекти во Иран. Првото нешто што го наведува е дека критичната инфраструктура на нуклеарната програма на Иран очигледно не е оштетена или ...
Холандија официјално ѝ врати на Нигерија 119 скапоцени древни скулптури украдени од поранешното Кралство Бенин пред повеќе од 120 години за време на колонијалната ера. Враќањето на артефактите во Африка доаѓа во време кога расте притисокот врз западните влади и институции да го вратат пленот од колонијалното угнетување. Нигерија го прослави враќањето на непроценливите „бенински бронзи“ - метални и скулптури од слонова коска кои датираат од XVI ...
Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила кај „Лимак“, за да се олесни сообраќајот пред комплексот клиники. Ова го најави министерот за здравство, Азир Алиу. Паркинг местата кај „Лимак“ за дел од вработените во „Мајка Тереза“ ќе бидат обележани со табли, оддалечени на 5 минути пешачење, а ќе продолжат да ги плаќаат самите, по истатат цена како досега. За тоа кој ќе ...
Италија донесе нов закон кој го третира насилството врз фудбалските судии како напад врз службени лица, како што се полицајците, објави Reuters. Отсега па натаму, агресивното однесување кон судиите – вклучувајќи туркање, удирање или заканување – ќе биде построго казнувано, со можни затворски казни. Ова го објави министерот за спорт Андреа Абоди, откако владата го усвои декретот. Законот не се однесува само на судиите, туку и на сите службени ...
И покрај тоа што можеби сте слушнале во текот на животот, кучињата всушност не се далтонисти. Вашиот крзнен придружник може да гледа одредени бои поради присуството на прачки и конуси во нивната мрежница, кои се одговорни за детекција на бои. Според Max's Corner, иако кучињата не гледаат црно-бело, нивната способност да гледаат одредени бои е ограничена. Нормалниот вид на кучето е сличен на оној што би го видело лице со црвено-зелено ...
Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Руди Гобер, нема да игра за француската репрезентација на претстојното Европско првенство. Гобер е двократен освојувач на сребрен олимписки медал и шесткратен освојувач на медал со француската репрезентација. Ова е само втор пат во репрезентативната кариера на 32-годишникот да пропушти големо натпреварување – претходно тоа се случи на ЕвроБаскетот во 2017 година. Не е познато во кој состав ќе игра Франција на ...
Овиедо се врати во Ла Лига по 24 години и ќе игра на елитното ниво на шпанскиот фудбал во претстојната сезона. Овиедо го победи Мирандес со вкупен резултат 3:2 во финалето од плејофот за пласман Ла Лига. Мирандес го доби првиот натпревар дома со 1:0 и поведе во Овиедо во 16-тата минута со голот на Хоакин Паникели. Познатиот Санти Касорла (40) постигна гол од пенал во 39-тата минута за 1:1, а Мароканецот Илјас Шаира погоди за 2:1 во 52. минута, ...
Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма. Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на AFP објавија дека слушнале силни експлозии. Дописникот на BBC од Ерусалим, Уго Бачега, јави дека над градот се слушнале повеќекратни детонации како резултат на активирањето на израелската ...
Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х, нагласувајќи дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици. Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки. „Сите ги слушаа тие имиња со години додека ја градеа таа страшна и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше да го уништиме иранскиот објект за збогатување ураниум“, рече Трамп. Додаде дека нападите биле спектакуларен воен успех и дека клучните капацитети за збогатување ураниум биле ...
Американски воени авиони и подморници нападнаа три клучни нуклеарни постројки во Иран во раните утрински часови во неделата, што ја вовлече американската војска директно во војната против Иран и ги зголеми стравувањата дека нападите би можеле да предизвикаат опасна ескалација на Блискиот Исток, пишува The New York Times. Претседателот Доналд Трамп рече дека целта на нападот била да се уништат капацитетите на Иран за нуклеарно збогатување и да се ...
Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во наредните денови следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Есфахан. „Го завршивме нашиот многу успешен напад на три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Есфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална мрежа доцна синоќа. Тој, исто така напиша и дека ова е историски момент за Соединетите ...
Многу суштества имаат способност да испуштаат видлив сјај, но луѓето не се меѓу нив. Сепак, како што истакнуваат истражувачите, ова можеби не е целосно точно. До 1923 година, бројни студии откриле дека луѓето луминисцираат на фреквенции кои би биле видливи доколку не беа премногу слаби за да ги забележиме. Новото истражување сугерира дека од моментот на зачнувањето, сите ние блескаме на свој уникатен начин. Исто така, можно е дека откривањето на ...
Холандскиот фудбалер Квинси Промес (33) е екстрадиран во Холандија во петокот, каде што е осуден на 7 и пол години затвор за шверц на кокаин и ранување на свој роднина. За неговата вмешаност во шверцот на повеќе од еден тон кокаин од Бразил во 2020 година, Промес беше осуден во отсуство на 6 години затвор во февруари 2024 година, додека доби дополнителна година и пол во друг случај, за прободување на роднина по расправија на семејна прослава. ...
YouTube објави дека ова лето ќе воведе нов модел за генерирање видеа со употреба на вештачка интелигенција, Veo 3, на својата платформа Shorts. Ова е напредна верзија на моделот на Google со вештачка интелигенција која, според првичните најави, носи значителни подобрувања во квалитетот на видеото, вклучително и можноста за интегрирање на звук. Во моментов, креаторите на содржини за Shorts веќе имаат пристап до постариот модел, Veo 2, преку ...
Левиот бек на фудбалската репрезентација на Македонија, Езѓан Алиоски, ја заврши авантурата во Саудиска Арабија. Алиоски реши да се врати во Европа, во новата сезона ќе го носи дресот на Лугано. Езѓан Алиоски, стрелец на 13 голови во 85 настапи за Македонија, од 2021 година го носеше дресот на Ал Ахли. Не успеа да се наметне и не доби вистинска шанса, една сезона дури мина и на позајмица во Фенербахче. Органичената минутажа го натера да се врати ...
Општина Чаир исплатила речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на заменик-министерката од ВЛЕН, Калтрина Зеколи-Шаќири, во периодот откако стапила на функцијата, обвинува политичката партија Левица. „Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на ...
Русија постојано му укажувала на Израел дека нема докази оти Иран планира да развие нуклеарно оружје, го цитира Sky News рускиот претседател Владимир Путин во денешното интервју. „Русија, како и ИАЕА (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано му укажувавме на израелското раководство“, изјави Путин. „Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот ...
Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од Тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час на место каде што е дозволено 80, информираа од МВР. Тој бил сопрен кај клучката Камењане, а се работи за 29-годишник со иницијали Б.М. од селото Пирок, Тетовско. „При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило Audi со германски национални ознаки со брзина од 190 ...
Минхенски Баерн ја победи Бока Жуниорс со 2:1 во второто коло од Светското клупско првенство, што е прв пораз за кој било јужноамерикански тим на ова турнир. Во деветте досегашни натпревари, Јужноамериканците победија шест пати и одиграа три нерешени, а поразот на Бока од германскиот тим е прв пораз на кој било јужноамерикански тим на ова турнир. Почна добро за Баварците, кои постигнаа гол во 8. минута преку Мајкл Олисе, но неговиот гол беше ...
Во текот на изминатата ноќ две лица загинаа, а четворица се повредени во напад на станбена зграда во иранскиот град Ком, според извештаите на иранските државни медиуми, пренесува CNN. Во нападот беше погоден четвртиот кат од зградата, а тоа се случи набрзо откако израелските одбранбени сили објавија дека почнале нов бран напади врз Иран. Градот Ком се наоѓа во близина на Фордоу, тајниот ирански капацитет за збогатување ураниум. Неофицијално, ...
Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Во Русија започнаа клиничките испитувања на вакцината против рак под името „Ентеромикс“, соопшти главниот онколог на Министерството за здравство, Андреј Каприн. „Нашиот институт е прв на кој му беше доверено да спроведе отворено, едностепено клиничко испитување од прва фаза со оваа вакцина“, изјави генералниот директор на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија (NMIT радиологија) за време на сесијата „Развој на персонализирани ...