
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво, изјавија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). – На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочуваат од РКЕ. Од ...
По силниот удар кој ги нанесе пандемијата на Ковид 19, војната во Украина сега повторно ги погодуваат силно германската автомобилска индустрија, за која е врзан речиси 50% од македонскиот извоз. Соработката со Русија е прекината, а се повеќе фабрики имаат проблеми во производството заради недостиг на делови. „Воените дејствија на Русија доведуваат до прекин на синџирите на снабдување. Транспортот е ограничен, производството кај ...
Годишната инфлација во Турција се зголеми повеќе од очекуваното на 54,44% во февруари, покажаат официјалните податоци на Турскиот статистички институт објавува Daily Sabah. Ова е највисоко ниво во последните две децении што беше поттикнато од падот на турската лира кон крајот на минатата година и повисоките цени на суровините. На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени (CPI) се зголеми за 4,81%. Индексот на цените на производителите се ...
Цените на пченицата го продолжија брзиот раст искачувајќи се над 11 долари за бушел, највисоко ниво во последните 14 години, бидејќи руската инвазија на Украина доведе до блокада на извозот од Украина, која е петти најголем извозник на пченица во светот. Војната и последиците од опсежните санкции на САД и Европа врз Русија ги ограничија испораките од Црното Море во време кога глобалните залихи се веќе на ниско ниво. Украина и Русија учествуваат ...
Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во контекст на руско-украинската криза, напротив тие растат, посочува вицегувернерката на ...
Цените на нафтата денеска се зголемија за околу 9% , достигнувајќи цена од 106,7 долари по стравувањата дека се можни прекини во снабдуввањето по руската ивазива во Украина и санкциите на Западот кон руската економија. Фјучерсите на брент поскапеа за 8,80 долари, или 9%, на 106,77 долари за барел, што е најголем дневен процентен пораст од март 2021 година. Американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) порасна за 9,89 долари, или ...
Двете најголеми контејнерски линии во светот привремено ги прекинаа товарниот транспорт до и од Русија како одговор на западните санкции кон Москва по нејзината инвазија на Украина, како дополнителен удар за трговијата со земјата. MSC, најголемата светска компанија за транспорт на контејнери по капацитет со седиште во Швајцарија, во известувањето за клиентите потврдува дека од 1 март воведува „привремено запирање на сите карго резервации ...
Минатата недела американската филијала на „Грин Машинс“ од Велес, активно учествуваше на конференцијата организирана од најголемата северно-американска асоцијација од областа на „свипинг“ индустријата, NAPSA (North American Power Sweeping Association), фокусирана на најсовремените производствени решенија на возила наменети за одржување на хигиена на надворешни површини. „Грин Машинс“ беше застапена преку ...
Фармацевтската компанија Алкалоид ги објави резултатите од работењето во изминатата 2021 година кои покажуваат продолжување на трендот на раст и позитивни финансиски резултати, зголемување на извозот на странски пазари, нови инвестиции и вработувања. Oбјавените извештаи на компанијата на Македонската берза покажуваат дека најсупешната домашна компанија изминатата 2021 година, кога одбележа и 85 години постоење, ја завршила со консолидирани ...
„Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“. „Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните ...
Руската инвазија ги затвори фабриките за автомобили, ги погоди резервите на челик и ги прекина транспортните патишта. Цените на суровините растат за сончогледовото масло, природниот гас и пченицата. Руската инвазија на Украина натрупува нови неволји на веќе нарушените светски синџири на снабдување. Борбите ги затворија фабриките за автомобили во Германија кои се потпираат на компоненти произведени во Украина и ги погодија залихите за челичната ...
Руската валута падна за повеќе од 28% на рекордно ниско ниво во почетокот на тргувањето во понеделникот, откако новата рунда на западни санкции го зголеми притисокот врз финансискиот систем на Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина. Рубљата падна на речиси 118 во однос на американскиот долар, според податоците на Блумберг, по викендот кога рускиот претседател Владимир Путин ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност, а ...
Во петокот (25.2.2022 година) во Стопанската комора на Северна Македонија претседателот Бранко Азески потпишуваше посвети на својата најнова книга „Што ни се случува?“, која излезе од печат деновиве. Граѓаните имаа можност да добијат бесплатен примерок во кој се изнесени јавните настапи (интервјуа, колумни, говори) и ставови на органите и на телата на Комората за клучните прашања од економскиот живот на државата. Насловот на книгата ...
Светските лидери постигнаа согасност за воведување на најстроги санкции кон Русија и исклучување на одделни руски банки од системот SWIFT со што ќе се усложни извозот и увозот со Русија. за САД и лидepитe нa Eвpoпската Унија, Фpaнција, Гepмaнија, Итaлија, како и Oбeдинетото Кралство и Kaнaдa постигнаа согласност одделни руски банки дa бидaт исклучени од cиcтeмот ЅWІFТ, со што ќе се остават надвор од меѓународниот финансиски систем и ќе им се ...
Подготвени сме да носиме мерки и политики во интерес на граѓаните, првенствено за заштита на најранливите категории на граѓани, како и за поддршка на економијата, пишува во својата колумна посветена на руско-украинската криза, министерот за финансии, Фатмир Бесими. „Во вакви кризи, од големо значење е темелна анализа, земање во предвид на сите параметри, дури и оние кои се чинат во моментот мали и неважни, за да се дојде до што попрецизни ...
Како што кризата во Украина ескалира и западните земји воведуваат нови санкции насочени кон руската економија, автомобилската индустрија може да има значителна колатерална штета, вклучувајќи ги производителите на автомобили и добавувачите на делови во САД, Европа и Азија. Сите санкции наметнати од САД и нејзините сојузници во Русија за нејзините акции во Украина би можеле најмногу да влијаат на Renault Group, Volkswagen Group и Stellantis. Сите ...
Renault (Рено) не прецизираше дали неговиот синџир на снабдување бил погоден од конфликтот со Украина. Рено ќе прекине некои операции во своите фабрики за склопување возила во Русија следната недела поради логистичките тесни грла што предизвикаа недостиг на компоненти, соопштија денеска од компанијата. Потегот доаѓа откако Русија започна инвазија на Украина во четвртокот, иако Рено, кој има три фабрики за склопување автомобили во Русија, не ...
По неодамнешната испорака во Египет и Франција, Калифорнија е следната дестинација за четири нови возила на „Грин Машинс“, произведени во „Брако“ од Велес. Револуционерниот GM1ze, GM414 RS, првиот GM636 петрол и GM400ze RS ќе се грижат за беспрекорна чистота на просторните паркови и булевари на калифорнискиот мегалополис Сан Диего. Овој град кој полага огромна вредност на уреденоста на надворешните површини, познат како ...
Руската инвазија на Украина ќе има значителни економски реперкусии, кои ќе влијаат на глобалното економско закрепнување, предупредија лидерите на Светската банка и ММФ, сигнализирајќи дека се подготвени да и помогнат на Украина. Директорката на ММФ Кристалина Георгиева рече дека е „длабоко загрижена“ за влијанието на борбите врз народот на Украина и предупреди во твитот дека конфликтот „додава значителен економски ризик за ...
Во врска со последната одлука, со која се определува највисоката трговска маржа до 5 % на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 % на продажната цена во трговија на мало, како посебен услов во трговијата, донесена од Владата на РСМ на предлог на Министерството за економија, претставници на трговците на големо и на мало, како дел од Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при ...
Продажбата на органска храна во Германија – вториот најголем органски пазар во светот – достигна рекордна бројка од 16,85 милијарди долари во 2020 година, што претставува раст од 22% во споредба со претходната 2019 година. На овој пазар е сконцентрирана повеќе од една третина од вкупната продажба на органска храна во Европската унија (ЕУ). Според извештајот на Глобалната земјоделска информативна мрежа (GAIN), забележителна e промена ...
Во 2021 година, Перу се позиционираше како водечки светски извозник на свежо грозје, кое е главен производ на националната агро-извозна кошница, соопшти Министерството за надворешна трговија и туризам на Перу. Перуанскиот извоз на грозје во 2021 година достигнал 1,26 милијарди американски долари, што е зголемување за 22% во однос на извозот од претходната 2020 година. Со тоа Перу го надмина Чиле, кој лани имал извоз од 928 милиони долари и ...
Монетарните и фискалните власти се координираат и внимателно ги следат меѓународните случувања и нивните потенцијални ефекти врз домашната економија и подготвени се соодветно да ги прилагодуваат политиките. Во оваа насока, денеска се одржа средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, на која се разговарало за актуелните меѓународни случувања, ефектите врз глобалната економија ...
Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија како една од шесте стопански комори основачи на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на Западен Балкан (ЗБ6) се одржа он-лајн презентација на активностите и услугите во рамките на КИФ. Настанот го отвори Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување којашто посочи дека во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) изработени се две дигитални ...
Последиците од војниот конфликт помеѓу Русија и Украина ќе ги почувствува и македонската економија, како индиректно преку поскапување на цените на многу суровини, метали и енергенси, така и директно преку пречки и намалување на трговската размена. Од Finance Think сметаат дека во поглед на директните економски последици, С.Македонија е изложена на ограничени и главно незнајачни економски ризици поради ниската трговска поврзаност со Русија и ...
По инвезијата на руската војска во Украина, цените на нафтата скокнаа, при што Брент нафтата се искачи над 105 долари за барел за прв пат по 2014 година заради загриженоста за прекини во глобалното снабдување со енергија. Русија започна сеопфатна инвазија на Украина по копно, воздух и море, како најголем напад од една држава против друга во Европа од Втората светска војна. Како одговор, САД и Европа ветија најстроги санкции за Русија. ...
Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност, жестоко реагираше на најавата на Германија за стопирање на проектот Северен тек 2. – Германскиот канцелар Олаф Шолц издаде наредба да се запре проектот за гасоводот Северен тек 2. Добредојдовте во многу нов свет каде Европејците наскоро ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри природен гас – се закани Медведев на Твитер. ...
Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 % на продажната цена во трговија на мало кај лебот, ...
Министерот за финансии Фатмир Бесими во текот на вчерашната посета на Европската комисија разговараше за економската состојба во Македонија и глобалната економска криза, за која придонесува руско-украинскиот конфликт, јави дописничката на МИА од Брисел. Енергетската криза, која силно ја погоди Европа и последните месеци не ја одмина ни Македонија, беше една од клучните теми на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими во Брисел со ...
Tрајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Ова се овозможува со измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа кои беа усвоени од Собранието, а на кој Министерството за финансии работеше минатата година во консултации со бизнис-заедницата. Со укинувањето на тарифите, според министерот за финансии Фатмир Бесими, се намалуваат ...