
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Европската унија планира да предложи задолжително постепено укинување на увозот на јаглен од Русија како директен одговор на извештаите дека руските сили извршиле очигледни воени злосторства во Украина, објавува Bloomberg. Акцијата за јагленот ќе биде додадена на пакетот чекори насочени кон зајакнување на постоечките мерки и санкции кон Русија. Деталите за забраната и времето на исклучување на јаглен се уште се предмет на дискусија. Европската ...
По испораките во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција. Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес . И градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изрази задоволство заради збогатувањето на возниот парк со ...
Зависноста на германската економија од Русија е многу поголема отколку само во енергетиката. Русија не е само главен извозник на гас за Германија, туку и пазар од каде германската индустрија се снабдува со важни суровини. Германија и светскиот пазар се особено зависни од рускиот извоз на никел, паладиум и хром, се вели во новата студија на Германскиот економски институт (IW). Станува збор за суровини кои тешко се заменуваат. „Затоа, ...
Намалување на увозната зависност и инвестирање во самоодржливоста, е најважниот аспект од домашната економија на кој треба да работиме, а храната и енергијата да бидат првите области на кои ќе се фокусираме, порача денеска извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, Свето Јаневски. Во обраќањето на настанот по повод Денот на НАТО, Јаневски потенцира дека не треба да бидеме само брзи, туку и храбри во ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) подготви Национален план за производство на храна, чија основна цел е зголемена поддршка на поледелски култури. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со Националниот план кој ќе биде доставен до Владата, се предвидува измена на програмата за Интервентниот фонд, односно се зголемува поддршката за набавка на вештачки ѓубрива. Но, се подготвува и нов ...
Русија ќе го забрани извозот на семки од сончоглед од петок до крајот на август и ќе воведе извозна квота за сончогледово масло за да избегне недостиг и да го намали притисокот врз домашните цени, соопшти во четвртокот руското Министерство за земјоделство. Владата ги одобри забраната и квотите меѓу другите мерки за стабилизирање на домашните цени на земјоделските производи. „Со остриот раст на глобалните цени на сончогледовото масло и ...
Не постои друг начин како да се обезбеди поевтина струја во овој момент освен по пазарна цена на берза, поради големата флуктуација на цените, вели претседателот на Македонската енергетска асоцијација проф. д-р. Кочо Анѓушев. „Никој не се осмелува да даде фиксна цена за подолг временски период и таквата состојба ќе продолжи и во одреден период, се додека практично не се создаде ситуација во која ќе може да се нуди електрична енергија од ...
Русија ќе ја запре испораката на гас за купувачите од „непријателските“ држави, освен ако не се префрлат на плаќања во рубљи од 1 април, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот претседател Путин денеска потпишал декрет според кој странските купувачи мора да плаќаат во рубли за рускиот гас од 1 април, а договорите ќе бидат прекинати доколку овие плаќања не се извршат. Според налогот денеска потпишан од Путин, ...
Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение организираат работна средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на тема: „Очекувањата на приватниот сектор од новата Влада во време на корона и енергетска криза“. На настанот присуствуваа повеќе од 90 претставници на германски, македонски и други интернационални компании-членки на ...
И покрај сложените услови за работа кои ги предизвика пандемијата, македонската индустрија за преработки од овошје и зеленчук продолжува со растот на производството и извозот на странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статиистика во текот на изминатата 2021 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 67,6 милиони евра, што е раст од 8,64% или 5,5 милиони евра во споредба со 2020 година. ...
Иницијативата „Отворен Балкан“ веќе дава резултати. Протокот на стоки добива на значење. На граничниот премин Табановце – Прешево камионите ги минуваат царинските и полициските контроли за помалку од четири минути, а целиот процес на проверки и пропуштање, заедно со ветеринарните и фитосанитарните инспекции, не трае повеќе од половина час, беше заклучено при заедничката посета на претставници на Коморите од Северна Македонија и ...
Финансиските санкции наметнати на Русија се закануваат постепено да ја намалат доминацијата на американскиот долар и може да резултираат со пофрагментиран меѓународен монетарен систем, изјави за Фајненшл тајмс Гита Гопинат, првиот заменик директор на ММФ. Русија е погодена со многу санкции од САД и нивните сојузници поради нејзината инвазија на Украина кон крајот на февруари. „Доларот ќе остане главната глобална валута дури и во тој ...
„Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ која е водечки производител на седишта за возови, автобуси почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра . Во новиот производствен погон во Тетово кој ќе се простира на површина од 7.500 метри квадртарни предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места од Полошкиот регион, напиша на својот ...
Владата на денешната седница донесе одлука за објавување на Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во девет региони. Со овој јавен повик им се овозможува на земјоделците што имаат земјиште со долгодишни насади, а за кoe немаат склучено договор за закуп, да достават понуди до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со податоците за земјиштето. На овој ...
Цените на нафтата денеска паднаа за повеќе од 5% , при што американскиот репер WTI падна на нешто под 100 долари за барел, поради знаците за напредок на мировните прегоори меѓу Русија и Украина. Суровата нафта од типот „брент“ поевтини за 6,51 долари, или 5,8%, на 105,97 долари за барел, а американската „Вест Тексас Интермедијт“ (WTI) поевтини за 6,41 долари или 6%, на 99,55 долари. Нафтата поевтинува втор ден по ред ...
Од 30-ти мај до 3-ти јуни годинава „Брако“ со својот бренд на возила за одржување на хигиена „Грин Машинс“, ќе биде дел од престижниот саем IFAT во Минхен. Водечкиот саем од областа на еколошките технологии, во светски рамки е најголемата платформа од која произлегуваат најефикасните, најсовремените и најиновативните решенија и технологии за заштита на животната средина. „Грин Машинс“ е во листата на излагачи ...
Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје на заедничка иницијатива организираат Македонско-австриски бизнис-форум. Основната цел на бизнис-форумот е да се поттикне заедничката соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции и компании, од областа на патната и железничката инфраструктура, со можност за видливи, применливи и практични ...
Шангај, град со 26 милиони жители на југоисточниот брег на Кина, е центар за финансии и меѓународен бизнис во земјата. Градот е исто така дом на најголемото пристаниште за транспорт на контејнери во светот. Затворањето на градот ќе биде во две фази, почнувајќи од источната половина, која потпаѓа под ограничувањата од понеделник за пет дена. Заклучувањето потоа ќе се префрли на другата половина од градот. Мерките за борба против заразната омикрон ...
За надминување на амбиентот во кој функционира домашната економија потребно е сите да ги „засукаме ракавите“, да се обединиме во нова Алијанса за поддршка на државата во справување со мулти кризата со акцент на неколку приоритети. “Цениме дека е потребно да отвориме серија од неколку прес конференции на кои ќе ја искажеме моменталната состојба која владее во реалниот сектор, бидејќи во соработка со 160 компании со кои имаме ...
Цените за некои од најважните производи во светот – храна, горива, пластика, метали – се зголемуваат над нивото што многу купувачи можат да си го дозволат, принудувајќи ги да купуваат помалку. Тоа ја намалува побарувачката, а ако трендот продолжи тоа може да предизвика рецесија во економиите, кои веќе се погодени од пандемијата на Ковид 19, пишува Bloomberg. Овој феномен веќе се забележува на повеќе нивоа. Зголемените цени на ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ најави дека околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас. Земјоделците ќе може да аплицираат со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачмен, односно за поледелски култури. До министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот се предвидени ...
Негативните последици врз економијата кои ги предизвика инвазијата на Русија во Украина се полоши од оние од корона пандемија и дополнително влијае врз зголемување на цените на енергенсите, вели во интервју за „Фактор“, проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на УО и извршен директор на „Фероинвест“ и „Брако“. „На лошата ситуација наместо стабилизација која што ја очекуваме се накалеми уште полоша ...
Европската унија (ЕУ) предлага пакет за финансирање од 1,5 милијарди евра за земјоделците кои се силно погодени од високите трошоци за енергија, ѓубрива и растечките производни трошоци. Исто така се предвидува одлободување на 4 милиони хектари земја за одгледување на дополнителни земјоделски култури. Ова се само некои од клучните мерки со кои ЕУ се обидува да ја зајакне безбедноста во снабдувањето на храната по руската инвазија на Украина, што ...
“Во однос на квотите за извоз на челик во ЕУ, како резултат на распределбата на квотите на Русија и Белорусија, Македонија доби зголемување од 18% само во една од двете засегнати групи, и тоа група 21 “Шупливи заварени профили од челик”. Ова зголемување, иако е далеку од задоволително, очекуваме позитивно да се одрази врз работењето на нашата компанија”, вели Александар Гечев, директор на ИГМ Трејд за порталот ИзвозМК. ...
Небесно високите цени на ѓубривата ги принудуваат земјоделците во целиот свет да ја намалат нивната употреба и да ги намалуваат површината на земјиште што ја засадуваат, како последица од војниот конфликт помеѓу Русија и Украина, заради што се предупредува за недостиг на храна. Западните санкции кон Русија, главен извозник на поташа, амонијак, уреа и други хранливи материи за земјоделско земјиште, ги прекинаа испораките на тие клучни инпути ...
Пазарите во Европа се отворија по коронакризата, по што македонските текстилни компанија бележат зголемени нарачки од странските партнери истакнува Ангел Димитров претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија. “Барањата на странските компании се толку големи што во моментов тешко може и да се задоволат, од причина што лани во текстилниот сектор е намален и бројот на ...
Русија објави дека ќе бара испораките на руски природен гас да бидат плаќани во рубљи, наместо во евра или во долари како досега, што се заканува да ја влоши енергетската криза во Европа. Цените на гасот се зголемија за повеќе од 30% откако претседателот Владимир Путин и нареди на централната банка да развие механизам за плаќање на природен гас во рубљи во рок од една недела на состанокот со неговата влада. „Донесов одлука да се префрлам ...
Украина, најголемиот светски производител на сончоглед, годинава би можела да засади само половина од нормалната култура додека земјоделците се борат со последиците од руската инвазија. Недостатокот на сончоглед во земјата веројатно ќе ги зголеми намалените глобални резерви на растително масло, при што цените на палминото и маслото од канола се тргуваат блиску до рекордно ниво. Украинското сончогледово масло обично се извезува во Азија, Европа ...
Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари по литар одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со оваа одлука, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 проценти во однос на одлуката од 22-ри месецов. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ...
Изминатата 2021 година била лоша за македонските извозници на овошје. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на изминатата 2021 година од Македонија било извезено овошје во вредност од 47,8 милиони евра, што е за 11 милиони евра помалку во споредба со претходната 2020 година. Тоа е годишен пад на вредноста на извозот на овошје од 18,7%, но кај клучните извозни производи како јаболката, праската, тој пад е многу ...