Британското производство на автомобили минатата година падна на најниско ниво од 1956 година, главно поради глобалниот недостиг на полупроводнички чипови што ги натера производителите на автомобили да ги забават или затвораат погоните додека чекаат делови, објави индустриската групација во четвртокот. Здружението на производители и трговци на мотори (SMMT) соопшти дека производството паднало за 6,7% од 2020 година на 859.575 возила и е 34% под ...

“ПроКредит Банка Македонија оваа година ќе биде ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение”, информираат од Делегацијата на германското стопанство ПроКредит Банка Македонија нуди банкарски услуги како за мали и средни претпријатија, така и за физички лица и е главно активна во Југоисточна и Источна Европа. “Преку одговорно банкарство и услуги, ПроКредит Банка сака да даде придонес за одржлив економски ...

Со имплементирањето на ISO стандардите во производствените процеси, со опсег на сертификација: развој и производство на жичани производи, производи од метал, медицински мебел, машини за чистење надворешни површини, „Брако“ директно одговара на високите критериуми и барања од меѓународната организација за стандардизација (ISO). „Со имплементација на ISO9001:2015, ISO14001:2015 и ISO45001:2018, „Брако“ сигурно и ...

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ја намали својата прогноза за глобален раст за оваа година бидејќи зголемениот број случаи на Ковид-19, прекините на синџирот на снабдување и повисоката инфлација го попречуваат економското закрепнување. Во одложениот извештај за глобалната економска прогноза, ММФ рече дека очекува растот на глобалниот бруто-домашен производ да ослаби од 5,9 % во 2021 година на 4,4 отсто во 2022 година. „Глобалната ...

Европската унија има многу што повеќе да изгуби од САД во случај на евентуален конфликт со Русија, бидејќи европската економија е далеу поизложена на Русија од амертиканската. Тоа е едно од објаснувањата зошто зошто западните сојузници имаат тешкотии да се договорат за цврст став околу Украина, пишува Bloomberg. Русија е рангирана како петти најголем трговски партнер на ЕУ, како и нејзин главен снабдувач со енергија, додека за САД, Русија едвај ...

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 %. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) по ...

Грција ќе добие уште два терминали за складирање и гасификација за течен природен гас, со што ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето со гас и ќе добие силна улога во транзитот со максимално искористување на својата стратешка локација и нејзините нови коридори за снабдување на Европа и на Балканот, пишува Екатимерини. Грчките енергетски групи сакаат максимално да ја искористат можноста гасот да биде гориво за мост на патот кон чиста енергија ...

Автор: Бранко Азески Харолд Вилсон, британскиот премиер од 70-тите години, ние „коморџиите“ ќе го запаметиме по неговата легендарна изјава во која рекол: „Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирањето на законите, отколку како противник во нивната примена“. Но, сѐ уште не е роден лидер кој ќе ја каже формулата за тоа, бидејќи јасно е дека тоа танцување меѓу јавниот и приватниот сектор изгледа ...

Мерките за заклучување, проблеми со синџирот на снабдување – и клиенти кои станаа претпазливи: сето ова и многу повеќе предизвикаа огромен економски пад, според Институтот за германска економија. Последиците од пандемијата на Корона 19 ја чинеа германската економија 350 милијарди евра додадена вредност во последните две години, покажува истражувањето на Германскиот економски институт (IW). Најголем дел од загубата се должи на падот на ...

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 2022 година. “Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со COVID-19, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски со економскиот тим на средбата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици во државата ја истакна важноста од континуираната соработка, партнерски однос со деловната заедница сè со цел постигнување повисоки стапки на економски раст и решавање на предизвиците од ...

Компанијаа Kuehne+Nagel една од водечките логистички и транспортни компании во светот разви нов индикатор The Sea Freight Disruption кој има за цел да ја измери ефикасноста на светските мрежи за транспорт на контејнери The Sea Freight Disruption Indicator или индикаторот за прекини во морскиот товарен транспорт ќе го пресметува кумулативното време на чекање на бродовите според нивниот капацитет. Индикаторот го покажува кумулативното време на ...

По откажувањето на половина од втората смена кон средината на ноември минатата година, словенечкиот производител на автомобили и најголем извозник во земјата, Ревоз, продолжува да го намалува бројот на вработени. Кон средината на април планираат да откажат уште половина од смената и да работат само во една смена. Како резултат на тоа, 450 луѓе ќе останат без работа, наспроти 350 во ноември. Со тоа бројот на вработени ќе се намали од 2.100 на ...

Оддалечувањето од глобалните синџири на снабдување и враќањето на производството во матичната земја може скапо да ја чини германската економија, предупреди во четвртокот Институтот за економски истражувања Ифо. Враќањето на производството од странство би го намалило бруто домашниот производ за речиси 10 %, предупредуваат од престижниот германски институт, повикувајќи се на резултатите од истражувањето. Доколку другите земји потоа се свртат кон ...

Корпорацијата Intel ќе инвестира 20 милијарди долари во две нови фабрики во Охајо за производство на напредни чипови, соопштуваат од компанијата , што е првиот чекор кон „мега-локацијата“ која може да прими осум фабрики за чипови, кои чинат 100 милијарди долари. Планираната инвестиција вклучува 3.000 постојани работни места и 7.000 градежни работни места на локацијата од 1.000 хектари во округот Ликинг, веднаш надвор од Колумбус. ...

„Брако“ е сертифицирана компанија што веќе втора учебна година по ред спроведува дуално стручно образование според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK). Компанијата ги пренесува практичните знаења и вештини во создавањето на идни квалификувани кадри од областа на современото машинство. На овој начин, по завршувањето на средното образование, се отвора можност овие кадри да бидат вработени ...

Продажбата на автомобили во Европа се намали во декември, шести месец по ред, покажувајќи го товарит од тешката битка со која се соочуваат производителите на автомобили во кризата со снабдување со чипови. Регистрациите на патнички автомобили се намалија за 22 % во декември 2021 година, на 950.218 возила, објави денеска Европската асоцијација на производители на автомобили. Продажбата на нови автомобили опадна за 1,5% минатата година, кога ...

За еден денар се зголемува цената на бензините, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ во следните седум дена, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 76,5 денари, Еуросупер БС-98 по цена од 78,5 денари, а новата цена на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 69 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,103 ...

Кинеската економија порасна за 8,1% во 2021 година, многу посилно отколку што планираше владата, но активноста малку забави на крајот на годината поради мерките за спречување на новиот бран на Ковид 19 што ја забави потрошувачката. Втората светска економија силно закрепна на почетокот на минатата година од последиците на пандемската криза што го забави темпото на раст во 2020 година на само 2,2%, според ревидираните податоци. Кинеските власти ...

Отворено обраќање на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески до бугарскиот премиер Кирил Петков Господине Кирил Петков, министер претседател на Министерскиот совет на Република Бугарија, на самиот почеток, како дипломец на „Колумбија“ и на „Харвард“ и како бизнисмен, сакам да ги поздравам Вашите изјави со кои најавувате нов пристап спрема решавањето на споровите меѓу нашите две држави. Тоа е значаен напредок ...

Владата на денешната седница по предлог на Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, а по доставениот извештај на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, донесе одлука со која се предлага мерка со која АД ТЕ-ТО Скопје ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 до 01:00 со полна моќност, а при тоа АД ТЕ-ТО истовремено ќе продолжи да ги реализира своите обврски ...

По силното закрепнување кое го доживеа глобалната економија во 2021 година, оваа година таа се соочува со значително забавување поради заканите од новите видови на коронавирус и зголемената инфлација, нееднаквоста на долгот и приходите, што може да го загрози закрепнувањето во економиите во развој. Се очекува значително забавување на глобалниот раст, од 5,5 отсто во 2021 година на 4,1 отсто во 2022 година и 3,2 отсто во 2023 година, бидејќи ...

Пазарот на свежи јаболка во Бахреин често е потценет од многу учесници во трговијата со овошје и зеленчук. Според аналитичарите EastFruit, забележливо е дека Србија и Украина ја зголемиле најмногу понудата на јаболка на пазарот во Бахреин во 2021 година. Србија постигнала најголем напредок на пазарот на јаболка во Бахреин минатата 2021 година. Србија извезла 839 тони свежи јаболка во Бахреин во 2021 година, што е зголемување за 12 пати во ...

Индустријата за автомобилски делови е многу значајна индустрија за македонската економија, како во поглед на извозот, така и во поглед на бројот на работни места кој ги обезбедува. Истовремено, оваа индустрија е една од најпогодените од пандемијата со Ковид 19, но и со постпандемискиот недостиг на чипови, кој предизвикува големо намалување на производството и продажбите на автомобили низ целиот свет. Најновото рангирањето на најголемите 100 ...

Во ноември изминатата 2021 година македонските компании извезле стоки во вредност од 614,3 милиони евра, што е за 6,2% повеќе во споредба со извозот во ноември 2020 година. Увозот на стоки, пак, во ноември изнесувал 876 милиони евра и е за 26,1%% поголем во споредба со истиот месец од кризната 2020 година. Ако се гледа извозот за периодот од јануари до ноември 2021 година тој изнесувал 6,2 милијарда евра и е за 21% повисок од истиот период ...

Сите вработени во „Џонсон Мети“ во Македонија отсега ќе добиваат приватно здравствено осигурување. Компанијата обезбеди здравствени придобивки од „Триглав осигурување“ за сите вработени, бидејќи нивното здравје е приоритет. „Нашата посветеност за вработените ја покажуваме на дело со воведување нова придобивка – приватно здравствено осигурување. Во соработка со ‘Триглав осигурување’, вработените ги ...

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а бензините поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5, а ...

Автор: Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници и ко-сопственик и на ПроАгенс Ќе донесе ли 2022 година навистина измени во даночниот систем? И што да очекуваат македонските даночни обврзници од претстојната година? Иако на почетокот на годината беа користени сегменти од изјава на претставник на фискалните авторитети за престојни измени во даночниот систем во 2022 година сепак годината во која влеговме не носи посебни ...

Данскиот бродски гигант Маерск, кој 25 години досега беше најголем поморски превозник за контејнерски товар, повеќе не е на врвот. Најновите податоци објавени од аналитичката компанија Аlрhаlіnеr покажуваат дека швајцарско-италијанската Mediterranean Shipping Company (MSC) сега е најголем поморски контејнерски превозник во светот според капацитетот на контејнерите. Проблемите со синџирите на снабдување и тесните грла предизвикани од пандемијата ...

Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8% повеќе во однос на 2020 година и 20,8% во споредба со 2019 година. Односно кон фирмите во РС Македонија по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра што е за 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година, информираат од Министерството за финансии. Дополнително, кај ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
78%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
51%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.78
69%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.24
55%
1010
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
73%
1018
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
0.89
63%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
52%
1015
Currency

61.525

Currency

54.6226

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15372.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.87

Сребро

1050.40

Злато

107132.47

Бакар

9.24

Паладиум

30993.32

Платина

31450.19

Родиум

172810.26

Цинк

2.56