Федералните резерви на САД одлучија да ја зголемат основната каматна стапка за половина процент, што е најголемото зголемување на каматите од 2000 година, како и план за намалување на своето портфолио на средства од 9 трилиони долари, во борбата за намалување на инфлацијата која е на највисоко ниво во изминатите 40 години. Потезите, одобрени едногласно од Комитетот за утврдување стапки на ФЕД, ќе ја подигнат референтната стапка на федералните ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посетија новата браната „Конско“, којашто е во фаза на изградба. Оваа вештачка акумулација е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“ и нејзиното пуштање во употреба ќе значи навремено обезбедување на вода за наводнување за нови 4.000 хектари земјоделски површини. ...

Новата фабрика за производство на концентрати за хемодијализа, со потребните магацински простории за суровини, амбалажа и за готови производи, зафаќа површина од 2.600 м2. Изведена е во согласност со строгите стандарди за добра производствена пракса, со законските прописи за производство на медицински средства и со директивите на системот за обезбедување квалитет. Следењето на најновите трендови во индустријата и во производството на ценовно ...

Кондиторската компанија Европа објави дека првите три месеци годинава остварила приходи од продажба од 3,26 милиони евра, кои се поголеми за 13% во споредба со приходите од продажба остварени истиот период минатата 2021година, покажуваат финансиски извештаи компанијата. Најголем дел од растот на продажбите се должи на поголемите продажби на странските пазари, кои во првите три месеци годинава изнесувале околу 2 милиони евра и се поголеми за 26% ...

Продажбите на германски производи во Русија во март годинава паднле за 62,3% во споредба со претходиниот месец февруари, на околу 900 милиони евра, поради санкциите воведени кон руската економија , објави германската канцеларија за статистика Дестатис. Увозот во Германија од Русија во истиор месец бележи месечен пад од 2,4%, достигнувајќи вредност од 3,6 милијарди евра. Русија не е голем извозен пазар за Германија и е рангирана на 26 место на ...

Европската унија планира да ја забрани руската сурова нафта во следните шест месеци и рафинираните горива до крајот на годината како дел од шестата рунда санкции за да го зголеми притисокот врз Владимир Путин поради неговата инвазија на Украина. „Ова ќе биде целосна забрана за увоз на целата руска нафта, преку море и нафтоводи, сурова и рафинирана“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во предлогот до ...

Производителот на топловалани лимови Макстил објави дека во првиот квартал годинава работел со приходи од продажба од 42 милиони евра, што е за дури 95% повеќе во споредба со приходите од продажба остварени во првиот квартал од 2021 година. Неревидираните финансиските извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека близу 92% од приходите од продажба се остварени од извоз, односно продажба на странски пазари, кои се ...

Бидејќи е јасно дека кризата со електричната енергија останува и натаму (цената на струјата денеска на 3.5.2022 г., е 218,5 евра), а се приближуваат, односно се подјадуваат деновите до почетокот на новата грејна сезона, од Стопанскатата комора на С.Македонија велат дека мора да се дејствува во два правци, да се зголеми домашното производство и да се направи заштеда на електрична енергија и нејзина рационализација. Во однос на зголемувањето на ...

Делегација предводена од г-дин Дејвид Бенчик, заменик државен секретар за меѓународни односи во Министерството за земјоделие на Унгарија денес имаше работна средба во Стопанската комора на Северна Македонија. Цел на состанокот беше презентација на македонските потенцијали во земјоделието и преработувачката индустрија, претставување на македонски компании од овој сектор, како и Б2Б средби помеѓу македонски и унгарски компании. Г-дин Антони Пешев, ...

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотира добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Задржувањето на кредитниот рејтинг е особно значајно за РС Македонија во услови на глобална криза. Агенцијата нотира дека негативниот изглед ги рефлектира ризиците ...

Во организација на Коморскиот инвестициски форум, во Брисел се одржа средба на бизнис-платформата на Западен Балкан – ЕУ, со која се обезбедува континуиран и структуриран дијалог меѓу носителите на одлуки во ЕУ и бизнис-заедницата од ЗБ, претставена преку Бизнис-советот на КИФ. Пред репрезентативниот состав на претставници од Европската комисија и нејзините директорати (DG Near, DG Taxud, DG Trade, DG Move), Секретаријатот ЦЕФТА, ...

Цените на пченката и сојата се зголемија речиси до рекордни нивоа, сигнализирајќи повисока инфлација на храната . Глобалните цени на храната веќе достигнаа рекорди кога Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари и ги загрозија светските резерви на жито и маслодајни семиња. Слабите жетви во Јужна Америка, лошите временски услови за садење во САД и зголемената побарувачка за биогориво се заканува дополнително да ги зголеми цените. Цената на ...

Цената на суровото масло за јадење која ја набавува „Витаминка“ за производство на „Брилијант“ сега чини по 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца изнесуваше од 1.200 до 1.500 евра за тон, па поради тоа мораше да дојде до зголемување и на цената во малопородажбата. Вака од „Витаминка“ ги образложуваат причините за повисоките малопородажни цени на маслото „Брилијант“, посочувајќи дека во ...

Бизнисмени од регионот утре во Брисел со претставниците на Европската комисија ќе разговараат за отстранување на пречките во водење бизнис со Европската унија и за целосно поврзување на економиите на Западен Балкан со единствениот пазар на ЕУ. Собирот го организира Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан како заедничка регионална комора која ги обединува стопанските комори од сите шест економии. „Фактот дека сите наши економии се ...

Почнувајќи од денеска, Индонезија ќе го сопре извозот на палмино масло. Оваа мерка следи по остриот пораст на цените на маслото за јадење дома, предизвикано во голем дел од нарушувањата кои произлегуваат од војната на Русија во Украина. Палминото масло е една од најприсутните прехранбени производи во светот, кое наоѓа широка употреба во прехрнабената и кондиторската индустрија, како и во индустријата за производство на козметика. Индонезија е ...

Претставници на компанијата Стелантис (Срелантис) и Владата на Србија денеска потпишаа договор за финансирање на производството на електрични автомобили во фабриката за автомобили Фиат-Крајслер во Крагуевац. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по потпишувањето на договорот изјави дека овој ден е многу важен за Србија со што започнува сосема нова ера на инвестиции во земјата. “Денеска потпишавме договор за финансирање на електричен ...

Поради неизвесноста на финансиските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути продолжува да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во последните пет години. Доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,28 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,37 поени. ...

Германската влада во средата ја намали прогнозата за економски раст оваа година на 2,2 % поради ризиците поврзани со војната во Украина. Германија во јануари годинава процени раст од 3,6%. Според последната владина прогноза, растот би требало благо да се забрза следната 2023 година, на 2,5 %. Во 2020 година, германскиот БДП падна за 4,6%, што е повеќе од 2,9% минатата година. Главна причина за полошите економски прогнози е војната во Украина, ...

Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека во првите три месеци годинава работела со вкупни консолидирани приходи од 60 милиони евра кои во споредба со остварените приходи во истиот период во 2021 година бележат пораст од 10%. Приходите остварени од продажба на производи и услуги учествуваат со 98% во вкупните консолидирани приходи и тие се зголемени за 11% во споредба со истиот период лани. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат ...

Руската енергетска компанија Газпром денеска соопшти дека ја прекинала испораката на гас за Бугарија и Полска поради тоа што двете земји не го платиле гасот во рубли и испораките ќе останат во прекин се додека не се нарават исплатите во рубљи. Ова е најтешката одмазда на Кремљ досега на меѓународните санкции поради војната во Украина. Полска и Бугарија потврдија дека снабдувањето е прекинато и обвинија Гаспром за кршење на долгогодишните ...

Цените на енергијата се очекува да пораснат за повеќе од 50% во 2022 година пред да се намалат во 2023 и 2024 година, се вели во најновиот извештај на Светската банка. Пазарите на стоки се соочуваат со големи шокови поради руско-украинската војна, која ги менува глобалните модели на трговија, производство и потрошувачка на начини кои ќе ги задржат цените на историски високи нивоа до крајот на 2024 година, покажува најновиот изврштај Commodity ...

По испорачаните прототипови и нулта серија, за само неколку месеци, „Брако“ започнува со сериско производство и неделни испораки на шасии за мини дампери наменети за австрискиот пазар. Современата производна опрема, инженерските решенија, менаџерското искуство, како и прецизно дефинираните технолошки постапки, се клучни за стартот на новиот производствен проект во „Брако“. Металните конструкции (шасии) за мини дампери, ...

Македонската компанија за производство на месни преработки “Пекабеско” објави дека во првите три месеци од годинава работела со вкупни приходи од продажба од 18,5 милиони евра, кои се за 15% поголеми во споредба со истиот период 2021 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 87% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првите три месеци од 2022 година се зголемени за 15% и изнесувале 16,2 милиони ...

– Премиерката на Србија Ана Брнабиќ најави дека Владата на денешната седница ќе дозволи извоз на пченица, пченка, брашно и рафинирано масло, но и дека нема да дозволи извоз на нерафинирано масло, бидејќи се извезува по повисоки цени. Со оваа одлука Владата, како што кажа Брнабиќ за РТС, ќе излезе во пресрет на сите барања на Здружението за жито на Србија, а следниот вторник ќе има нова средба со нив за подобро организирање на транспортот. ...

Војната во Украина силно ќе влијае на економскиот раст во еврозоната, се вели во најновиот Извештај на ММФ, бидејќи конфликтот предизвикува хаос врз цените на енергијата и производниот сектор. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше својата прогноза за раст на еврозоната за 2022 година на 2,8% од 3,9 % во јануарската проценка, при што најголемата економија во регионот, Германија, трпи најтежок удар. „Главниот канал преку кој ...

Продажбата на нови автомобили во Европа бележи намалување во март, деветти месец по ред, бидејќи растечките проблеми со синџирот на снабдување заради војната во Украина, продолжија силно да го погодуваат автомобилскиот сектор во регионот, покажуваат најновите податоци на Асоцијацијата на производители на автомобили во регионот ACEA. Бројот на нови возила регистрирани во Европската унија бележи пад од 20,5% во март. Продажбата на автомобили во ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Унијата на турските комори и стокови берзи (ТОББ) Рифад Хисарчиклиоглу, на работната средба во Анкара договорија неколку долгорочни заеднички деловни активности. Пријателскиот однос на Хисарчиклиоглу кон Стопанската комора и пред се кон претседателот Азески и неговите лични заложби се потврдија и овој пат. 1. Комората по повод 100 годишнината добива две ...

Од земјава досега се вкупно извезени 136.423 јагниња или 1.560.254 килограми јагнешко месо, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, најголем извоз е реализиран во Италија, 85.013 јагниња или 929.990 килограми, а најмал во Црна Гора, 396 јагниња или 5.824 килограми. Во Хрватска се пласирани 23.193 јагниња или 283.784 килограми, во Бугарија 20.860 јагниња или 256.061 килограм, во Грција 5.542 јагниња или 69.262 ...

Околу 30% е зголемен извозот на флаширано вино годинава. Радува што се зголемува процентот на извоз на флаширано вино, тоа покажува дека во тој правец треба да се фокусираме. Да се зголемува вредноста на извозот, а паралелно, со низа мерки, да го поддржуваме секторот. Ова го соопшти синоќа во Кавадарци министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој беше на средба со претставници на лозарите и винарите, пратеници и градоначалници од Тиквешкиот ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 %. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 82,5 денари за ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
34%
1017
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
5.66
26%
1015
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
3.6
26%
1016
weather icon

Софија

33ᴼ / 26ᴼ
4.12
24%
1017
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.5
19%
1016
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.34
38%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
7.72
43%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
35%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
23%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
5.66
26%
1016
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
2.68
25%
1016
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
12.86
100%
1013
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052