
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Цените за некои од најважните производи во светот – храна, горива, пластика, метали – се зголемуваат над нивото што многу купувачи можат да си го дозволат, принудувајќи ги да купуваат помалку. Тоа ја намалува побарувачката, а ако трендот продолжи тоа може да предизвика рецесија во економиите, кои веќе се погодени од пандемијата на Ковид 19, пишува Bloomberg. Овој феномен веќе се забележува на повеќе нивоа. Зголемените цени на ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ најави дека околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас. Земјоделците ќе може да аплицираат со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачмен, односно за поледелски култури. До министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот се предвидени ...
Негативните последици врз економијата кои ги предизвика инвазијата на Русија во Украина се полоши од оние од корона пандемија и дополнително влијае врз зголемување на цените на енергенсите, вели во интервју за „Фактор“, проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на УО и извршен директор на „Фероинвест“ и „Брако“. „На лошата ситуација наместо стабилизација која што ја очекуваме се накалеми уште полоша ...
Европската унија (ЕУ) предлага пакет за финансирање од 1,5 милијарди евра за земјоделците кои се силно погодени од високите трошоци за енергија, ѓубрива и растечките производни трошоци. Исто така се предвидува одлободување на 4 милиони хектари земја за одгледување на дополнителни земјоделски култури. Ова се само некои од клучните мерки со кои ЕУ се обидува да ја зајакне безбедноста во снабдувањето на храната по руската инвазија на Украина, што ...
“Во однос на квотите за извоз на челик во ЕУ, како резултат на распределбата на квотите на Русија и Белорусија, Македонија доби зголемување од 18% само во една од двете засегнати групи, и тоа група 21 “Шупливи заварени профили од челик”. Ова зголемување, иако е далеку од задоволително, очекуваме позитивно да се одрази врз работењето на нашата компанија”, вели Александар Гечев, директор на ИГМ Трејд за порталот ИзвозМК. ...
Небесно високите цени на ѓубривата ги принудуваат земјоделците во целиот свет да ја намалат нивната употреба и да ги намалуваат површината на земјиште што ја засадуваат, како последица од војниот конфликт помеѓу Русија и Украина, заради што се предупредува за недостиг на храна. Западните санкции кон Русија, главен извозник на поташа, амонијак, уреа и други хранливи материи за земјоделско земјиште, ги прекинаа испораките на тие клучни инпути ...
Пазарите во Европа се отворија по коронакризата, по што македонските текстилни компанија бележат зголемени нарачки од странските партнери истакнува Ангел Димитров претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија. “Барањата на странските компании се толку големи што во моментов тешко може и да се задоволат, од причина што лани во текстилниот сектор е намален и бројот на ...
Русија објави дека ќе бара испораките на руски природен гас да бидат плаќани во рубљи, наместо во евра или во долари како досега, што се заканува да ја влоши енергетската криза во Европа. Цените на гасот се зголемија за повеќе од 30% откако претседателот Владимир Путин и нареди на централната банка да развие механизам за плаќање на природен гас во рубљи во рок од една недела на состанокот со неговата влада. „Донесов одлука да се префрлам ...
Украина, најголемиот светски производител на сончоглед, годинава би можела да засади само половина од нормалната култура додека земјоделците се борат со последиците од руската инвазија. Недостатокот на сончоглед во земјата веројатно ќе ги зголеми намалените глобални резерви на растително масло, при што цените на палминото и маслото од канола се тргуваат блиску до рекордно ниво. Украинското сончогледово масло обично се извезува во Азија, Европа ...
Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари по литар одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со оваа одлука, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 проценти во однос на одлуката од 22-ри месецов. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ...
Изминатата 2021 година била лоша за македонските извозници на овошје. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на изминатата 2021 година од Македонија било извезено овошје во вредност од 47,8 милиони евра, што е за 11 милиони евра помалку во споредба со претходната 2020 година. Тоа е годишен пад на вредноста на извозот на овошје од 18,7%, но кај клучните извозни производи како јаболката, праската, тој пад е многу ...
На 29 март претседателите на српската и македонската стопанска комора Марко Чадеж и Бранко Азески и ќе ги посетат Прешево-Табановце (Србија-Северна Македонија) и Ќафасан-Ќафе Тане (Северна Македонија-Албанија) за да видат лично како функционира регионалната иницијатива Отворен Балкан. На денешната средба во Стопанската комора на Србија, Чадеж и Азески го поздравија поставувањето на таблата Отворен Балкан на граничниот премин Прешево-Табановце, ...
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши остварија средба со раководството и вработените во производните капацитети на нашиот национален бренд „Витаминка“ од Прилеп со традиција од над 60 години постоење. Премиерот Ковачевски по обиколката на производството истакна дека и во услови на криза Владата ги поддржува компаниите кои се охрабрени да инвестираат и да придонесуваат во развојот на ...
Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на седницата одржана денеска во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија го избра проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на Управниот одбор и извршен директор на „Фероинвест“ и „Брако“, за нов претседател на МЕА. Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на ...
Извозот на Телекомуникациски, компјутерски и информациски (ИКТ) услуги од Македонија во изминатата 2021 година достигна 330,4 милиони евра, што претставува раст од 37% во споредба со 2020 година, покажуваат податоците од Народната банка на Р.С.Македонија. Најголем дел од извозот е остварен од извоз на компјутерски услуги, чиј извоз лани достигнал 295,2 милиони евра. Увозот на ИКТ услуги во земјава минатата година изнесувал 115,5 милиони евра, ...
Романската единица на германскиот добавувач на автомобилски делови Continental денеска објави дека инвестирала 150 милиони евра во 2021 година и планира да инвестира слична сума оваа година. Компанијата има намера да инвестира во проекти за проширување на своите производни објекти и во нова опрема за нејзините инженерски центри, како и во своите фабрики за гуми, електронски компоненти и ContiTech во 2022 година, се вели во соопштението за ...
Популарните бокс – спринг кревети во својата основа имаат жичани јадра кои се произведуваат од специјална жица, која во државава единствено се произведува во „Брако“ од Велес. Се изработува како ладно влечена жица од висококвалитетна суровина со висока и средна содржина на јаглерод. Во процесот на извлекување, жицата е хемиски третирана. Хемискиот состав е според стандардот EN16120-2, а механичките особини според стандардот ...
Федералните резерви на САД во средата ги зголемија каматните стапки за прв пат од 2018 година, што е сигнал за затегнување на монетарната политика во борба против растечката инфлација. Зголемувањето е за четврт процентен поен, односно за 25 базични поени, од 0,25% на 0,5%, со што се зголемува клучниот репер за одредување на останатите стапки што се наплаќаат во економијата, а кои сега беа речиси на нула. Но, уште позначајно, новите проекции на ...
Регистрациите за патнички автомобили во Европската унија се намалени во месец февруари за 6,7% во споредба со истиот месец пред една година, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили, бидејќи нарушувањата во синџирот на снабдување продолжуваат да се зголемуваат и да им создаваат проблеми на производителите на автомобили. Со 719.465 автомобили продадени во ЕУ, ова е најслабиот резултат во однос на обемот за месец февруари ...
Руската инвазија на Украина ќе влијае на целата глобална економија со забавување на растот и зголемување на инфлацијата и би можела суштински да го преобликува глобалниот економски поредок на подолг рок, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Надвор од човечкото страдање и историските бегалски текови, војната ги зголемува цените на храната и енергијата, ја поттикнува инфлацијата и ја еродира вредноста на приходите, истовремено ја нарушува ...
Европската Унија денеска донесе одлука за прераспределување на квотите за увоз на челик во ЕУ кои досега беа наменети за Русија и Белорусија, со која се зголемени квотите за македонските извозници за извоз на одделни видови челик европскиот пазар, потврдуваат за ИзвозМК компании оваа индустрија. Според одлуката на ЕУ, за С.Македонија има зголемување на квотите за извоз на цевки за гасоводи и челични профили. Македонската челична индустрија и ...
Американската компанија за производство на чипови Intel објави дека ќе инвестира 33 милијарди евра во производство на чипови и полупроводници во Европа. Одлуката се однесува изградба на 17 милијарди евра вредна најсовремена фабрика за полупроводници во Магдебург, Германија, плус истражувачки центар во Франција, нов капацитет за пакување, веројатно во Италија и зголемување на капацитетот во постојната фабрика во Ирска. Ова е само почеток на ...
Последиците од Украина ставаат во опасност 2,6 милиони возила во 2022 година: S&P Global Mobility Војниот конфликт во Украина уште еднаш потсети колку се кревки светските синџири за снабдување со автомобили. S&P Global Mobility (поранешно IHS Markit) најверојатно ќе ја намали прогнозата за производство на а втомобили за 2022 година за 2,6 милиони единици, на на 81,6 милиони единици. Околу 1 милион автомобили ќе се произведат ...
По падот на продажбите и профитабилноста во пандемиската 2020 година, најголемата македонска винарница Тиквеш ја заврши изминатата 2021 година со значително подобрени резултати во работењето. Финансиските неконсолидирани извештаи објавени на Македонската берза покажуваат дека Тиквеш во 2021 година имала приходи од продажба од 31,6 милиони евра, кои се поголеми за 29% во споредба со претходната 2020 година, но се поголеми и за 7,5% во споредба ...
Македонската компанија за производство на месни преработки “Пекабеско” објави дека во текот на минатата 2021 година работела со вкупни приходи од продажба од 77,8 милиони евра, кои се за 5% поголеми во споредба со 2020 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 87% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во 2021 година бележат раст од 4% и изнесувале 67,3 милиони евра. Приходите од извоз и продажба на ...
На иницијатива на група компании формирана е ТИМ 40, нова Асоцијација во рамки на најмоќниот бизнис колектив, Стопанската комора на Северна Македонија. Целите и задачите на ТИМ 40 ќе бидат насочени кон обединување на младите претприемачи, во насока на изнаоѓање решенија следејќи ги новите трендови и практики во услови во кои функционираат помладите генерации со различна перспектива на гледање на работите, со потенцијал да внесат свежина и нови ...
Растот на случаи на „Ковид-19“ доведе до блокирање на кинеските производствени центри Шенжен и Чангчун во последните неколку дена, запирајќи го производството во многу фабрики за електроника и автомобили во најновата закана за нарушениот синџир на снабдување во светот. Голем број производители, вклучително и Foxconn Technology Group, главен склопувач на iPhone-и информираа дека ги запираат операциите во Шенжен во согласност со ...
Запирањето на рускиот увоз на енергија може да ја чини Германија до 3% од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) на краток рок, покажаа проценките на мрежата EconPol Europe . „Трошоците за запирање на увозот на енергија би биле значајни, имајќи предвид дека пандемијата на коронавирус чинеше околу 4,5% во економското производство“, изјави Андреас Пејхл, раководител на Центарот за макроекономија и анкети на Ифо. Не може да се исклучат ...
Германскиот магазин “Штерн” ги објави резултатите од истражувањето “650 најдобри работодавачи во Германија”. Во истражувањето, направено во соработка со “Статиста”- независен Институт за испитување на мислењето и истражување на пазарот, повеќе од 50.000 испитаници биле замолени да одговорат на повеќе од 50 прашања, во периодот од 24.06 – 09.08.2021 година. Меѓу споменатите прашања, едно од позначајните ...
Војната во Украина има големо индиректно влијание врз производствените процеси на компаниите од автомобилската индустрија во земјава, поради проблемот со испораката на компонентите и репроматеријалите кон клиентите во Европа, оцени претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо. Токму кризата во Украина, како што посочи за МИА, е причината и за намалување на обемот на работа или запирање на ...