Руската енергетска компанија Газпром денеска соопшти дека ја прекинала испораката на гас за Бугарија и Полска поради тоа што двете земји не го платиле гасот во рубли и испораките ќе останат во прекин се додека не се нарават исплатите во рубљи. Ова е најтешката одмазда на Кремљ досега на меѓународните санкции поради војната во Украина. Полска и Бугарија потврдија дека снабдувањето е прекинато и обвинија Гаспром за кршење на долгогодишните ...

Цените на енергијата се очекува да пораснат за повеќе од 50% во 2022 година пред да се намалат во 2023 и 2024 година, се вели во најновиот извештај на Светската банка. Пазарите на стоки се соочуваат со големи шокови поради руско-украинската војна, која ги менува глобалните модели на трговија, производство и потрошувачка на начини кои ќе ги задржат цените на историски високи нивоа до крајот на 2024 година, покажува најновиот изврштај Commodity ...

По испорачаните прототипови и нулта серија, за само неколку месеци, „Брако“ започнува со сериско производство и неделни испораки на шасии за мини дампери наменети за австрискиот пазар. Современата производна опрема, инженерските решенија, менаџерското искуство, како и прецизно дефинираните технолошки постапки, се клучни за стартот на новиот производствен проект во „Брако“. Металните конструкции (шасии) за мини дампери, ...

Македонската компанија за производство на месни преработки “Пекабеско” објави дека во првите три месеци од годинава работела со вкупни приходи од продажба од 18,5 милиони евра, кои се за 15% поголеми во споредба со истиот период 2021 година. Најголемиот дел од приходите од продажба на Пекабеско или 87% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои во првите три месеци од 2022 година се зголемени за 15% и изнесувале 16,2 милиони ...

– Премиерката на Србија Ана Брнабиќ најави дека Владата на денешната седница ќе дозволи извоз на пченица, пченка, брашно и рафинирано масло, но и дека нема да дозволи извоз на нерафинирано масло, бидејќи се извезува по повисоки цени. Со оваа одлука Владата, како што кажа Брнабиќ за РТС, ќе излезе во пресрет на сите барања на Здружението за жито на Србија, а следниот вторник ќе има нова средба со нив за подобро организирање на транспортот. ...

Војната во Украина силно ќе влијае на економскиот раст во еврозоната, се вели во најновиот Извештај на ММФ, бидејќи конфликтот предизвикува хаос врз цените на енергијата и производниот сектор. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше својата прогноза за раст на еврозоната за 2022 година на 2,8% од 3,9 % во јануарската проценка, при што најголемата економија во регионот, Германија, трпи најтежок удар. „Главниот канал преку кој ...

Продажбата на нови автомобили во Европа бележи намалување во март, деветти месец по ред, бидејќи растечките проблеми со синџирот на снабдување заради војната во Украина, продолжија силно да го погодуваат автомобилскиот сектор во регионот, покажуваат најновите податоци на Асоцијацијата на производители на автомобили во регионот ACEA. Бројот на нови возила регистрирани во Европската унија бележи пад од 20,5% во март. Продажбата на автомобили во ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Унијата на турските комори и стокови берзи (ТОББ) Рифад Хисарчиклиоглу, на работната средба во Анкара договорија неколку долгорочни заеднички деловни активности. Пријателскиот однос на Хисарчиклиоглу кон Стопанската комора и пред се кон претседателот Азески и неговите лични заложби се потврдија и овој пат. 1. Комората по повод 100 годишнината добива две ...

Од земјава досега се вкупно извезени 136.423 јагниња или 1.560.254 килограми јагнешко месо, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, најголем извоз е реализиран во Италија, 85.013 јагниња или 929.990 килограми, а најмал во Црна Гора, 396 јагниња или 5.824 килограми. Во Хрватска се пласирани 23.193 јагниња или 283.784 килограми, во Бугарија 20.860 јагниња или 256.061 килограм, во Грција 5.542 јагниња или 69.262 ...

Околу 30% е зголемен извозот на флаширано вино годинава. Радува што се зголемува процентот на извоз на флаширано вино, тоа покажува дека во тој правец треба да се фокусираме. Да се зголемува вредноста на извозот, а паралелно, со низа мерки, да го поддржуваме секторот. Ова го соопшти синоќа во Кавадарци министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој беше на средба со претставници на лозарите и винарите, пратеници и градоначалници од Тиквешкиот ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 %. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 82,5 денари за ...

Скоро 400 милиони луѓе во 45 градови во Кина се под целосeн или делумeн карантин како дел од строгата нулта ковид политика на Кина. Овие луѓе заедно претставуваат 40% или 7,2 трилиони долари од годишниот бруто домашен производ на втората по големина економија во светот, покажуваат податоците на Номура холдингс. Аналитичарите предупредуваат дека глобалните економски последици од овие продолжени затворања во Кина можат да бидат погубни. ...

Во Србија, во периодот јануари-март 2022 година, вкупната вредност на извозот на 15-те најголеми извозници изнесува 1,8 милијарди евра, а првите три места ги заземаат Serbia Zijin Mining, HBIS Group Serbia и Serbia Zijin Copper, објави Министерството за финансии. Сите три компании кои се најголеми извозници од Србија се во сопственост на кинески компании. Компанијата Serbia Zijin Mining од Бор во првите три месеци годинава остварила извоз во ...

Државјаните на Србија, Албанија и Северна Македонија ќе можат да се вработат во некоја од земјите членки на „Отворен Балкан“ со добивање Идентификациски (матичен) број на Отворен Балкан“, без какви било дополнителни административни процедури, јави дописникот на МИА од Белград. Регионалната имплементација на договорите со кои се регулира слободниот пристап до пазарите на трудот во Западен Балкан треба да започне кон крајот на ...

Стопанската комора на Северна Македонија цени дека би било добро да се разгледа можноста и да се обврзе владата до крајот на годината да не воведува нови даноци или други давачки за приватниот сектор. Сите знаеме дека тоа во вакви услови е тешко, но мислиме дека е единствено решение, предвидливо поради следните констатации: Исклучително е значајно да се напомене дека во секојдневната комуникација со компаниите, преовладува нивното инсистирање ...

„Оваа криза нé научи дека мора да се инвестира стратешки, како што зборував пред малку во енергетиката, исто така и во земјоделството. Затоа, веќе е направен нов интервентен фонд оваа година, програмата е веќе направена во која што клучни за инвестирање се пченката, пченицата, јачменот и сончогледот, второ полјоделството и трето сточарството и нормално овоштарството како извозни гранки на нашето земјоделие. Исто така, во однос на ...

Македонските производители на храна изминатата 2021 година во странство продале производи во вредност од 389,5 милиони евра, што е зголемување за 7,23% или повеќе за 26 милиони евра во споредба со извозот остварен во претходната 2020 година. Ако се анализира извозот на храна од аспект на пазарите каде се извезува, тогаш македонските прехранбени производи минатата година најдобро се продавале во земјите од регионот и земјите членки на ЕУ. Русија ...

Во центарот на вниманието на монетарната политика мора да е одржувањето на ценовната стабилност, а со тоа и на вкупната макроекономска стабилност, коишто се најдобриот придонес што таа може да го даде за економијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата „Задржување на домашниот раст сред постпандемично врамнотежување, ценовни притисоци и војна во Украина“ во рамките ...

Царинската управа вчера свечено го одбележа својот јубилеј – 30 години постоење. На прославата присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, високи претставници на Владата, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва, државни институции, поранешни директори на Царинската управа, претставници на ...

Германската компанија за изработка на прецизни делови за автомобилската индустрија „Костал“ со нова инвестиција во фабриката во Охрид. Станува збор за производство на полначи за електрични и хибридни возила кое треба да започне во 2024 година. Оваа голема инвестиција беше денеска објавена за време на посетата на фабриката од страна на заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и ...

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчера одржаната седница одлучи да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени, пред се како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период. “Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата продолжи ...

Германија би можела да се соочи со загуби од 220 милијарди евра (240 милијарди долари) на производството во следните две години во случај на итен прекин на руското снабдување со енергија поради војната во Украина. Економските институти кои ја советуваат владата во Берлин соопштија во средата во заедничка прогноза дека целосното запирање на увозот на природен гас од Русија ќе резултира со „остра рецесија“. Загубата за најголемата ...

Светската трговска организација (СТО) предвиде дека светската трговија ќе порасне значително пониско од очекуваното оваа година, потенцирајќи дека изгледите за глобалната економија се влошиле по рускиот напад на Украина. Организацијата со седиште во Женева наведе дека светската трговија се очекува да порасне за 3% оваа година, додека пред војната во Украина предвидуваше дека растот ќе изнесува 4,7%. СТО укажа на повеќекратни несигурности во ...

Македонските винарии учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа – Vinitaly 2022 кој оваа година се одржува од 10-13 Април во Верона, Италија на кој се преставени вина од 4.500 винарии, а саемот привлекува над 20.000 професионална винска публика од целиот свет. Во рамките на саемот, се одржа и посебна Мастерклас дегустација на македонски вина од сортата Вранец и преку стручна презентација беа презентирани посебните ...

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Согласно оваа одлука и во наредните 30 дена до 15 мај 2022 година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, ...

Фотоволтаикот во „Брако“ ќе обезбеди 40% од електричната енергија што ја троши компанијата и ќе редуцира 2000 тона CO2e на годишно ниво. Во тек е инвестицијата на „Брако“ во изградба на фотоволтаична електрана за производство на електрична енергија. Во моментов се инсталирани 0,4 MW, а во следните неколку месеци ќе бидат инсталирани уште 0,4 MW. До крајот на годинава фотонапонската централа во „Брако“ ќе има ...

По два месеци раст, продажбата на автомобили во Кина падна во март како резултат на строгите ограничувања на земјата за зауздување на растечкиот број на заразени со омикрон варијантата на корона вирусот. Продажбата на најголемиот светски пазар на автомобили падна за 11,7% во март во однос на претходната година на 2,23 милиони возила – негов прв пад во последните три месеци и остар контраст со скокот од 18,7% во февруари, според Кинеската ...

Светската банка предвидува дека војната во Украина и нејзиното прелевање, пред се преку пазарот на суровини, ќе го намалат економскиот раст на Западен Балкан на 3,2% во 2022 година. Иако уделот на економското производство кое е директно поврзано со Русија и Украина е релативно мал за Западен Балкан како целина, неколку земји остануваат ранливи на шокови од Русија, вклучувајќи ги Црна Гора, каде 11% од нејзините СДИ (странски директни ...

Стопанската Комора во името на своите членки кои обезбедуваат 50,3% од вкупниот приход, 47,6% од нето добивката и 33,7% од вработените во приватниот сектор, укажува дека не смеат да се носат измени и дополнувања на системски законите без дијалог со засегнатите страни. Најголемата и најбројна бизнис заедница укажува дека Законот за работните односи е комплексен закон (Устав за работниците), за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна ...

Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и Министерството за образование и наука, а со поддршка на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, се реализира дводневната конференција од регионален карактер на тема: „Вештини за идните работни места“. Целта на регионалната конференција е на едно место да се обединат експертите кои ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
86%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
71%
1015
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
9.16
81%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.45
54%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
5.81
92%
1010
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.67
65%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3371

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58