Кризата во Украина се одрази силно врз глобалната економија и животниот стандард на милиони граѓани ширум светот, а Северна Македонија не беше исклучена од негативните ефекти на конфликтот. На само две недели по отпочнувањето на кризата во Украина, Владата на Северна Македонија донесе пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милииони евра со цел олеснување на ценовните притисоци од енергетската криза и растот на цените на храната на ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави дека ЕК предложила „забрана за транспортните оператори од Русија и Белорусија“. Фон дер Лајен го објави предлогот при презентирање детали во врска со 5-тата рунда санкции на ЕУ против Русија, кои веќе вклучуваат забрана за руски јаглен, како и забрана за пристап до руски бродови и бродови со кои управува Русија. Предлогот за забрана на транспортните оператори доаѓа ...

Во февруари годинава од Македонија се извезени стоки вредни 670,4 милиони евра, што е за 23% во споредба со извозот во февруари минатата 2021 година. Во истиот месец, во земјава биле увезени стоки во во вредност од 980 милиони евра, што е раст од 31,3% во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит во февруари надминал 309 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз ...

На работната средбата одржана меѓу компаниите членки на Македонско-Германското стопанско здружение со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на работната средба која минатата недела се одржа со компаниите членки на Македонско-Германското стопанско здружение најавил формирање на One-Stop-Shop оддел во Владата кој ќе се грижи за странските инвеститори, нивните потреби и барања. Како клучни ...

Џонсон Мети, глобалниот лидер за производство на катализатори и одржливи технологии вчера го одбележа почетокот на изградбата на фабриката во Полска во која ќе бидат инвестирани 50 милиони евра. Фабриката која ќе биде лоцирана во полскиот град Гливице ќе отвори 50 нови работни места, а со неа компанијата ќе обезбеди капацитет на своите клиенти да им понуди мали серии и резервни делови од својата палета на важни производи за катализатори кои и ...

Македонските компании изминатата 2021 година извезле во Грција прехранбени производи во вредност од 18,7 милиои евра, што е раст од 82,7% или 8,5 милиони евра во споредба со претходната 2020 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Анализата на податоците покажува дека извозот на храна од земјава бележи најголем раст токму во Грција, споредено со останатите извозни пазари. Исто така, извозот на храна на грчкиот пазар лани ...

Ко-претседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Бранко Азески, и потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Елена Милевска Штрбевска, се домаќини на 23 Меѓународен бизнис саем што се одржува во Мостар, заедно со претседателот на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Ахмет Егрлиќ. Ова е втора саемска манифестација (после Саемот во Тирана што се одржа во декември минатата година) на која стопанските ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со претставници од Владата, првиот вицепремиер и министри, и генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, денеска присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаичната електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема. „Целта на Владата заедно со институциите и партнерите е да станеме земја која од европски ...

Tурските јаболка го освојуваат индискиот пазар. Како што завршува сезоната на јаболка, количините на јаболката со повисок квалитет се намалуваат, заради што нивните цени на индискиот пазар растат. Алпер Керим, сопственик на турскиот извозник на јаболка, Демир Фреш Фрутс, вели дека побарувачката за турски јаболка во Индија секоја година се зголемува за 20%. „Нашата сезона на јаболка сè уште е во полн ек и беше многу успешна досега. ...

Украина во март 2022 година извезла 1,1 милион тони пченка, 309 илјади тони пченица, 118 илјади тони сончогледово масло и 40 илјади тони соја, што е 4 пати помалку од извозот во февруари годинава, објавува Министерството за економија на Украина. Агенцијата истакна дека пченката и сончогледовото масло (заедно со рудите и феролегурите) биле главните ставки на украинскиот извоз во март. Во март Украина извезла 5,97 милиони тони производи во ...

Унгарија како земја-партнер на овогодинешниот саем, ќе ги претстави своите економски потенцијали и можности за соработка. На саемот ќе учествуваат голем број изложувачи, доминантно од Австрија, Германија, Турција, Полска, Израел како потенцијална земја партнер. Присутни се и излагачи од Кина, предводени од технолошкиот гигант Huawei… Саемот ќе биде збогатен со конференции, на регионално и меѓународно ниво од областа на животната средина, ...

Европската унија планира да предложи задолжително постепено укинување на увозот на јаглен од Русија како директен одговор на извештаите дека руските сили извршиле очигледни воени злосторства во Украина, објавува Bloomberg. Акцијата за јагленот ќе биде додадена на пакетот чекори насочени кон зајакнување на постоечките мерки и санкции кон Русија. Деталите за забраната и времето на исклучување на јаглен се уште се предмет на дискусија. Европската ...

По испораките во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција. Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес . И градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изрази задоволство заради збогатувањето на возниот парк со ...

Зависноста на германската економија од Русија е многу поголема отколку само во енергетиката. Русија не е само главен извозник на гас за Германија, туку и пазар од каде германската индустрија се снабдува со важни суровини. Германија и светскиот пазар се особено зависни од рускиот извоз на никел, паладиум и хром, се вели во новата студија на Германскиот економски институт (IW). Станува збор за суровини кои тешко се заменуваат. „Затоа, ...

Намалување на увозната зависност и инвестирање во самоодржливоста, е најважниот аспект од домашната економија на кој треба да работиме, а храната и енергијата да бидат првите области на кои ќе се фокусираме, порача денеска извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, Свето Јаневски. Во обраќањето на настанот по повод Денот на НАТО, Јаневски потенцира дека не треба да бидеме само брзи, туку и храбри во ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) подготви Национален план за производство на храна, чија основна цел е зголемена поддршка на поледелски култури. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со Националниот план кој ќе биде доставен до Владата, се предвидува измена на програмата за Интервентниот фонд, односно се зголемува поддршката за набавка на вештачки ѓубрива. Но, се подготвува и нов ...

Русија ќе го забрани извозот на семки од сончоглед од петок до крајот на август и ќе воведе извозна квота за сончогледово масло за да избегне недостиг и да го намали притисокот врз домашните цени, соопшти во четвртокот руското Министерство за земјоделство. Владата ги одобри забраната и квотите меѓу другите мерки за стабилизирање на домашните цени на земјоделските производи. „Со остриот раст на глобалните цени на сончогледовото масло и ...

Не постои друг начин како да се обезбеди поевтина струја во овој момент освен по пазарна цена на берза, поради големата флуктуација на цените, вели претседателот на Македонската енергетска асоцијација проф. д-р. Кочо Анѓушев. „Никој не се осмелува да даде фиксна цена за подолг временски период и таквата состојба ќе продолжи и во одреден период, се додека практично не се создаде ситуација во која ќе може да се нуди електрична енергија од ...

Русија ќе ја запре испораката на гас за купувачите од „непријателските“ држави, освен ако не се префрлат на плаќања во рубљи од 1 април, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот претседател Путин денеска потпишал декрет според кој странските купувачи мора да плаќаат во рубли за рускиот гас од 1 април, а договорите ќе бидат прекинати доколку овие плаќања не се извршат. Според налогот денеска потпишан од Путин, ...

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение организираат работна средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на тема: „Очекувањата на приватниот сектор од новата Влада во време на корона и енергетска криза“. На настанот присуствуваа повеќе од 90 претставници на германски, македонски и други интернационални компании-членки на ...

И покрај сложените услови за работа кои ги предизвика пандемијата, македонската индустрија за преработки од овошје и зеленчук продолжува со растот на производството и извозот на странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статиистика во текот на изминатата 2021 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 67,6 милиони евра, што е раст од 8,64% или 5,5 милиони евра во споредба со 2020 година. ...

Иницијативата „Отворен Балкан“ веќе дава резултати. Протокот на стоки добива на значење. На граничниот премин Табановце – Прешево камионите ги минуваат царинските и полициските контроли за помалку од четири минути, а целиот процес на проверки и пропуштање, заедно со ветеринарните и фитосанитарните инспекции, не трае повеќе од половина час, беше заклучено при заедничката посета на претставници на Коморите од Северна Македонија и ...

Финансиските санкции наметнати на Русија се закануваат постепено да ја намалат доминацијата на американскиот долар и може да резултираат со пофрагментиран меѓународен монетарен систем, изјави за Фајненшл тајмс Гита Гопинат, првиот заменик директор на ММФ. Русија е погодена со многу санкции од САД и нивните сојузници поради нејзината инвазија на Украина кон крајот на февруари. „Доларот ќе остане главната глобална валута дури и во тој ...

„Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ која е водечки производител на седишта за возови, автобуси почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра . Во новиот производствен погон во Тетово кој ќе се простира на површина од 7.500 метри квадртарни предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места од Полошкиот регион, напиша на својот ...

Владата на денешната седница донесе одлука за објавување на Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во девет региони. Со овој јавен повик им се овозможува на земјоделците што имаат земјиште со долгодишни насади, а за кoe немаат склучено договор за закуп, да достават понуди до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со податоците за земјиштето. На овој ...

Цените на нафтата денеска паднаа за повеќе од 5% , при што американскиот репер WTI падна на нешто под 100 долари за барел, поради знаците за напредок на мировните прегоори меѓу Русија и Украина. Суровата нафта од типот „брент“ поевтини за 6,51 долари, или 5,8%, на 105,97 долари за барел, а американската „Вест Тексас Интермедијт“ (WTI) поевтини за 6,41 долари или 6%, на 99,55 долари. Нафтата поевтинува втор ден по ред ...

Од 30-ти мај до 3-ти јуни годинава „Брако“ со својот бренд на возила за одржување на хигиена „Грин Машинс“, ќе биде дел од престижниот саем IFAT во Минхен. Водечкиот саем од областа на еколошките технологии, во светски рамки е најголемата платформа од која произлегуваат најефикасните, најсовремените и најиновативните решенија и технологии за заштита на животната средина. „Грин Машинс“ е во листата на излагачи ...

Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје на заедничка иницијатива организираат Македонско-австриски бизнис-форум. Основната цел на бизнис-форумот е да се поттикне заедничката соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции и компании, од областа на патната и железничката инфраструктура, со можност за видливи, применливи и практични ...

Шангај, град со 26 милиони жители на југоисточниот брег на Кина, е центар за финансии и меѓународен бизнис во земјата. Градот е исто така дом на најголемото пристаниште за транспорт на контејнери во светот. Затворањето на градот ќе биде во две фази, почнувајќи од источната половина, која потпаѓа под ограничувањата од понеделник за пет дена. Заклучувањето потоа ќе се префрли на другата половина од градот. Мерките за борба против заразната омикрон ...

За надминување на амбиентот во кој функционира домашната економија потребно е сите да ги „засукаме ракавите“, да се обединиме во нова Алијанса за поддршка на државата во справување со мулти кризата со акцент на неколку приоритети. “Цениме дека е потребно да отвориме серија од неколку прес конференции на кои ќе ја искажеме моменталната состојба која владее во реалниот сектор, бидејќи во соработка со 160 компании со кои имаме ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1014
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
91%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
86%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
76%
1015
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
8.61
85%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
57%
1009
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1012
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
87%
1014
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
90%
1009
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
73%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58