
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Турската земјоделска индустрија забележа пораст на извозот од 22,2% и достигна 29,74 милијарди долари во 2021 година, што е рекорд на сите времиња, покажуваат податоците од Собранието на турските извозници (ТИМ). Земјоделската индустрија учествувала со 13,2% во вкупниот извоз на Турција минатата година, кој се зголеми за повеќе од 30% и достигна историски максимум од речиси 225,4 милијарди долари. Житариците, мешунките и маслодајните семиња ја ...
Компаниите во ТИРЗ во 2021 достигнаа извоз од 3 милијарди евра за една година што е рекордно ниво досега од постоењето на Зоните. “Првичните анализи покажуваат дека ја достигнавме границата од 3 милијарди евра извоз. Ова е за 15% повеќе споредено со 2020 година, и за 6,5% повеќе од 2019 која досега беше рекордна извозна година. Ова покажува дека економијата во рамки на Зоните, но и во државата е во добар правец. Очекувам трендот на раст да ...
Eвpoпa ќe ocтaнe бeз гaс во текот на следните два месеца пopaди заладувањето на времето и ниcĸитe зaлихи на гас, пpoгнoзиpaат eĸcпepти и тpгoвци, aнĸeтиpaни oд aгeнцијата Вlооmbеrg. Меѓу пpичинитe зa претстојната криза во ЕУ e нaмaлувaњeтo нa coбcтвeното производство на гaс и нeдocтигот на гaс нa пaзapот – немa дoволно снабдување со природен гас од Pycија и нa тeчeн гас (LNG) oд CAД. “Πpeтcтoјат двa нaјстудени зимски месеци и имa ...
Сосема е извесно дека новата 2022 година стартува со многу предизвици за индустријата за производсто и преработка на храна. Но, досегашното искуство покажува дека колку повеќе ги разбираме предизвиците и проблемите со кои се соочуваме, толку подобро можеме да управуваме со нив, Во прилог се пет клучни трендови на кои треба д авнимаат сите онние кои работат во индустријата за храна: 1. Проблеми во синџирите на снабдување Доцнењета во синџирите на ...
Во триесет години сме имале 19 министри за образование, 17 за економија, 13 за екологија, 13 за земјоделие, 7 за развој (постоело до 2002, „после сме се развиле“)… Се на се, во просек од 18 до 22 месеци. Наздравје празнициве! Најпрво да упатам честитки со желби за просперитет во новата 2022 година во која СКСМ слави 100 години од своето постоење и со тоа како најстара институција во државата не обврзува на највисок ...
2021 година создаде многу предизвици за логистичкиот сектор и за производствените компании. Времето на испорака на многу производи се зголеми, заради недостигот на чипови автомобилите и електричните уреди не можеа да се произведуваат во вообичаениот обем. Пандемијата со Ковид 19 и нејзините последици, блокадата на Суецкиот канал и привремено затворените пристаништа во Кина имаа огромно влијание врз глобалните синџири на снабдување во текот на ...
Најуспешната домашна компанија “Алкалоид” очекува и следната 2022 година да го продолжи долгогодишниот тренд на раст на приходите ,добивката, инвестициите и вработувањата. Фармацевтскиот гигант очекува следната година да оствари консолидирани приходи од продажба над 224 милиони евра, што е раст за 8% во однос на очекуваните приходи во 2021 година. Над 65% од продажбите се очекува да бидат на странските пазари, додека 35% од ...
По пандемичниот шок од 2020 година, оваа година има поповолни трендови кај странските директни инвестиции, но и кај вкупните инвестиции како компонента на БДП, посочи во интервју за Ал џезира, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. „Странските директни инвестиции се исклучително значајни за економската активност, бидејќи тие овозможуваат пристап до надворешни извори на финансирање на растот, што е многу значајно за ...
Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија ја презентираше анкетата за странските директни инвестиции во земјава со посебен осврт на актуелните состојби, остварените резултати и очекувањата за идната година. Анкетата ја презентираа Виктор Мизо, претседател и Боријан Борозанов, потпретседател на Асоцијацијата на странски ...
Германскиот автомобилски гигант Volkswagen (VW) очекува да произведе околу 43 % повеќе возила во својата главна фабрика во Волфсбург, изјави шефицата на работниот совет Даниела Кавало. Зголемувањето би било значително подобрување од оваа година, но производството сепак ќе биде под влијание на недостигот на полупроводници. Оваа година, Volswagen, со чие работење се поврзани многу од производителите на делови во македонската автомобилска ...
Претставници на компанијата „Брако“ донираа медицински помагала и поделија новогодишни пакетчиња на 35 деца кои престојуваат во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје. На Дневниот центар му беа предадени на користење три медицински помагала за лица со инвалидитет кои што се дел од медицинската производствена програма на „Брако“, кои во компанијата ...
“Во оваа година, кон стопанството, во форма на директна државна помош, од страна на буџетот, преку Законот за контрола на државна помош од Владата и од ДТИРЗ се исплатени 19,5 милиони евра, преку инструментите на ФИТР исплатени се вкупно 16 милиони евра, додека за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции исплатени се 13 милиони евра. Вкупно преку овие мерки за поддршка, само во 2021 година, македонското стопанство е подржано ...
Велат дека oптимистот останува буден до полноќ за да ја дочека новата година, додека песимистот само се уверува дека старата година заминува. Гледајќи од денешна перспектива, сметам дека имаме многу причини да бидеме оптимисти. Ценам дека крајот на 2021 година нѐ наоѓа во значително подобрена ситуација на здравствен и економски план, со солидно заздравена економија и многу подобри изгледи за иднината, при сѐ уште присутни предизвици, како што се ...
ИНТЕРВЈУ ИНТЕРВЈУ ЈОРДАНКА РИСТОВА, извршен директор на “ВОРИ” Гевгелија Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската конзервна индустрија и еден од најголемите производители и извозници на преработки од зеленчук и овошје, која извезува речиси 100% од производството. Од мала семејна компанија основана во 1991 година, гевгелиската “Вори” годинава успеа да се најде на листата 100 ...
Министерот за финансии Фатмир Бесими, на веќе традиционалната средба на крајот на годината со поранешни министри за финансии, заеднички покренаа иницијатива за формирање Совет како експертско тело коешто ќе биде дел од платформата СЕФФ и во чии рамки ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за кои е потребен консензус во општеството. Иницијативата произлезе од средбата на министерот Бесими со поранешни министри за финансии од осамостојувањето ...
Денеска, 28 декември 2021 година, во Скопје официјално е отворен конзулатот на Република Малта во Република Северна Македонија. Честа да ја претставува Малта во нашата земја му е доверена на проф. д-р Кочо Анѓушев, кој е именуван за почесен конзул со указ на претседателот на Република Малта, Џорџ Вела од 5 октомври годинава. Именувањето на проф. д-р Анѓушев е одобрено од Владата на Република Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од страна ...
И покрај глобалните предизвици кои ги донесе COVID пандемијата „Брако“ останува стабилен економски фактор во македонската економија континуирано соработувајќи со повеќе од 650 македонски компании како добавувачи на репроматеријали и услуги. Во период на нарушено функционирање на синџирот „снабдување – производство“, „Брако“ е сигурна и неопходна алка во истиот и тоа во услови кога многу македонски фирми ...
Годинава којашто изминува е година на постепено закрепнување по првиот удар од пандемијата. За разлика од претходната глобална криза, којашто предизвика долга и тапа болка, корона-кризата предизвика брза и остра болка ‒ со првично поголем и пораспространет ефект во однос на светската финансиска криза, но со побрзо заздравување. За 2022 година се проектира раст од 3,9%, со што економијата би го достигнала преткризното ниво, но ризици се уште ...
ИНТЕРВЈУ НА ЖИВКО МУКАЕТОВ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА „АЛКАЛОИД“ АД СКОПЈЕ ВО СРПСКИОТ “МАГАЗИН БИЗНИС”. Земјите од регионот се наши традиционални извозни пазари бидејќи нашите производи се познати таму веќе 85 години. Извезуваме и во Европската Унија, Русија и ЗНД, Северна Америка, како и во некои земји на Блискиот Исток, додека, пак, Канада, Италија, Австрија, Шпанија, Португалија и ...
Министерството за финансии информира дека се обезбeдени потребните средства за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу РС Македонија и Грција. Министерот за финансии, Фатмир Бесими и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова го потпишаа Договорот за гаранција на РС Македонија. Воедно се потпиша и финансискиот договор меѓу Национални енергетски ресурси (НЕР) и ЕИБ. Вкупната инвестициска ...
Министерот за економски развој, Здравко Почивалшек изјави дека Словенија може да го забрани извозот на електрична енергија за да ја заштити економијата од растот на цените на енергијата. „Во Словенија произведуваме 85% од потребната струја. Извезуваме половина од она што го произведуваме. Овде државата може да интервенира – да го забрани извозот на нашата енергија и да ја одреди цената на струјата. Ако треба, ќе го направиме ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во износ од 110 милиони евра за финансирање на изградбата и услугите за супервизија на 10,2 километри автопат од Коридорот 8 на потегот од Букојчани до Кичево, заедно со деталниот нацрт на под-секцијата од 4 километри. Европската Унија го кофинансира проектот со ЕУР 20 милиони инвестициски грант, преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ). Со изградба на патната инфраструктура ...
Цената на гасот во европската тргување е заклучена синоќа на ново рекордно ниво на сите времиња, приближувајќи се до цената од 2.200 долари за илјада кубни метри. Според податоците од Лондонската берза ICE, цената на јануарските фјучерси во центарот TTF во Холандија е склучена на 2.190,4 долари за илјада кубни метри, или 187,47 евра за MWh, што е скок од 27% на дневно ниво. Цената на гасот во Европа порасна за 15,5 пати од декември 2019 година, ...
Хаосот предизвикан од недостигот на делови се заканува да ја врати автомобилската индустрија неколку децении наназад, барем кога станува збор за бројот на возила што се произведуваат годишно. Иако некои директори на автомобилски гиганти веруваат дека ќе има подобрувања во оваа област следната година, Volkswagen не дели таков оптимизам. Според германскиот Manager Magazin, Volkswagen не очекува подобрување на ситуацијата следната 2022 година и ...
Произведено комплетно во погоните на „Брако“ во Велес од инженерските тимови на компанијата, неделава пред светот беше презентирано најновото возило од брендот „Green Machines“. Новиот GM400ze е целосно електрично возило со револуционерни функционалности кои што дополнително придонесуваат кон остварување на еколошката агенда на брендот и компанијата. „Деновиве, серијата 400, се збогати со ново, целосно електрично ...
Човечкиот потенцијал има огромно значење за растот и за развојот на „Алкалоид“ АД Скопје, а професионалниот пристап во работењето, просперитетот на компанијата и нејзиниот кредибилитет се должат на децениското инвестирање во компаниското начело „Луѓето пред сѐ“. Во изминативе 15 години бројот на вработени во Групацијата „Алкалоид“ порасна од 1.200 на 2.500. Децениските инвестиции во едукација на македонските ...
Кризата со микрочипови во автомобилската индустрија која ги намалува производството и продажбата на автомобили е далеку од завршена. Aвтoмoбилските пpoизвoдитeли тpебa дa ce пoдгoтват на продолжен глобален недостиг на чипови и полупроводници, бидејќи тој може да потрае со години, заради што треба да се размислува и во насока на употреба на помалку чипови во автомобилите, се посочува во неодамна објавената анализа на консултанстката куќа Roland ...
Се обезбедуваат средства за Гарантен фонд и Фонд за развој во рамки на Развојна банка, коишто имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на фирмите и да ги поттикнат извозот, технолошкиот развој и воведувањето нови производи кои ќе дадат додадена вредност во извозот. Оваа недела на Влада беа усвоени Одлуки изготвени од страна на Министерството за финансии, со што се овозможи обезбедување на средствата. Притоа, од Буџетот, 5 милиони евра ...
Владата на Белорусија неодамна воведе забрана за избрани прехранбени производи од ЕУ, Обединетото Кралство, САД и неколку други земји, меѓу кои и Северна Македонија. Увозот на одредени категории на месо, млечни производи, зеленчук, овошје, кондиторски производи и увоз на сол од овие земји е забранет на шест месеци, почнувајќи од 1 јануари 2022 година. Вредноста на овие забранети категории увезени од Белорусија од ЕУ27, Обединетото Кралство, САД ...
Глобалниот долг минатата година се искачи на 226 трилиони долари, што е најголем скок во една година од Втората светска војна и ќе биде изложен на ризик доколку глобалните каматни стапки се зголемат побрзо од очекуваното и растот закочи, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд. Од ММФ сметаат дека пандемијата со Ковид 19 предизвикала долгот да достигне 256% од глобалниот БДП во 2020 година, што претставува зголемување од 28 процентни поени. ...