
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



· ЕБОР ќе обезбеди ЕУР 167,6 милиони кредит за 10 км автопат од Скопје до надвозникот кај Блаце · ЕУ ќе додели ЕУР 29,6 милиони преку Инвестициска Програма за Западен Балкан · Новиот автопат ќе ја поттикне трговијата и поврзаноста на регионот Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) финансираат нов дел од автопатот во Северна Македонија, од главниот град Скопје до надвозникот кај Блаце, во близина на границата со ...
Шведскиот производител на луксузни возила Volvo Cars планира да изгради нова европска фабрика во источна Словачка вредна 1,2 милијарда евра, објави денеска словачкиот министер за економија, Ричард Сулик. Третата европска фабрика на Volva ќе биде лоцирана во Кошице, вториот по големина град во Словачка“, изјави министерот за економија Сулик. “Многу сум задоволен што Словачка успеа на натпреварот за оваа мега инвестиција која ќе донесе развој и ...
Во наредните два месеца, во јули и во август, лица вработени во Стопанската комора на Северна Македонија ќе бидат присутни на граничниот премин „Табановце/Прешево“, односно на најфреквентниот граничен премин во нашата држава, со цел спроведување на проектот „Следење на протокот на стоки на граничниот премин ’Табановце’“. Во работните денови од јули и од август, од 9:00 до 15:00 часот, на конкретниот граничен премин ќе се прибираат изворни ...
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со поддршка на економскиот советник за Полска, Амбасадорот Илија Псалтиров, a во соработка со стопанските комори од земјата и Македонската асоцијација на преработувачи МАП, Агенцијата за инвестиции и трговија од Полска и Полско-балканската трговска комора вчера организираше “Македонско-Полски Б2Б настан” во Варшава, Полска. На отварањето на настанот се обрати директорот на Агенцијата, ...
Секогаш кога има криза, а во моментов се неколку истовремено, по правило постои голема неизвесност за иднината, а тоа многу го отежнува работењето на фирмите. За да му се помогне на приватниот бизнис-сектор и за да можат фирмите подобро да ги планираат своите активности за излез и за спас од кризата, треба да се обезбеди колку што е можно поголема предвидливост на условите за работење. Имајќи го предвид сето ова, како и важната улога на ...
Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза. Најновата инвестиција на „Алкалоид АД“ Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра ...
Целосното запирање на рускиот извоз на природен гас ќе ја чини Германија 12,7 % од економските перформанси во втората половина на 2022 година, покажуваат податоците презентирани од Асоцијацијата на индустријата vbw на покраината Баварија. Руски Гаспром ја намали испораката на гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1 за 60% поради, како што тврдат, доцнењето на опремата што ја испратија до Сименс на ремонт. Поради загриженоста за ...
Заради тешката економска состојба во која ќе се најде државата во периодот што следува, потребни се и практични, прагматични мерки, кои на нашата економија ќе ѝ дадат можност да го преживее периодот што следува, велат од Стопанската комора на С.Македонија. “Две од тие мерки се однесуваат, првенствено, на активната употреба на механизмот за јавни набавки, во која државата, како најголем учесник во делот за создавање на побарувачката во државата, ...
Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони (ТИРЗ). Одлуката за инвестицијата на компанијата ја соопшти потпретседателот на „Гересхајмер“, Оливер Бургел на средбата со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Премиерот Ковачевски искажа ...
Во „Брако“ е во тек реализирањето на феријална практична настава за повеќе наставни програми во рамките на проектот Дуално образование. Учениците од овој модел на образование се идниот обучен кадар подготвен за вклучување во производствените технолошки процеси. Современата технологија, машините и опремата во кои „Брако“ во континуитет инвестира, овозможува беспрекорно реализирање на ова стручно образование по германски модел каде во ...
Цените на бакарот, калајот и другите метали драстично паднаа минатата недела како што растат стравувањата од рецесија. Индустриските метали се на пат за најлошото тримесечје од финансиската криза во 2008 година, бидејќи цените паѓаат заради грижите за рецесија. Тоа е драматичен пресврт во однос на изминатите две години, кога металите поскапија по бранот на оптимизам по укинувањето на карантините. Сега, инфлацијата е тука, а залихите се сè уште ...
“Македонската економија се наоѓа пред едно од најголемите иксушенија од осамостојувањето. Многумина ќе кажат дека економската криза во која се наоѓаме не е ништо ново за нашата држава и дека ние сме немале период во кој државата од осамостојувањето не била во криза. Да тоа е така, но и не е така. Изминатиов период, годините што изминаа беа исполнети со големи искушенија заради тоа што поминувавме од криза во криза, почнувајќи од кризата со ...
Француската осигурителна компанија Кофас го намали кредитниот рејтинг за 16 европски земји поради влошените економски изгледи. Француската осигурителна компанија Coface, една од водечките светски осигурителни компании за кредитен ризик, го намали кредитниот рејтинг на дури 16 европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Обединетото Кралство, Шпанија, Чешка и Полска, поради влошените економски изгледи и зголемени ризици. Аналитичарите ...
На 21 и 22 јули во Охрид ќе се разговара за односите со Отворен Балкан и другите регионални иницијативи Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж, беа реизбрани да го раководат Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за нов мандат од четири години, на денешната седница на Управниот одбор на КИФ, која беше одржана во онлајн формат. На 21 и 22 јули во Охрид ќе ...
Германската влада нема да се согласи со плановите на Европската унија за ефикасна забрана на продажба на нови автомобили со мотори на согорување од 2035 година, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер. Во својот обид да ги намали емисиите на штетни гасови за 55% до 2030 година во однос на нивоата од 1990 година, Европската комисија предложи 100% намалување на емисиите на CO2 од новите автомобили до 2035 година. Тоа значи дека би било ...
Бранислав Недимовиќ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија изјави дека се пронаоѓаат нови рути за извоз на српските производи во Русија. Српски производи ќе бидат испорачувани на рускиот пазар преку Турција и некои балтички земји. „Отворивме нови пунктови, одиме преку Турција, низ балтичките земји и се работи многу подобро отколку во март и април. Отстранет е и проблемот со извозот на јаболка во Русија, но проблемот е ...
„Брако“ од Велес од денес ја претстави Програмата за жица и жичани производи во Диселдорф, на водечкиот саем од областа на жичаната индустрија во светски рамки, „Wire Dusseldorf“ 2022 . Жичаното производство е една од првите производствени програми во „Брако“, која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Со најновите инвестиции оваа производствена програма се збогати со нова еколошка линија ...
На последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид договорено е да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ЕНП) во три земји – Србија, Македонија и Албанија. “Возачите наскоро патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред, што треба да биде уште едно олеснување кое е иницирано во рамки на оваа иницијатива. Имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона”, информираат од Асоцијацијата на ...
Прехранбениот гигант Danone ја намалува разновидноста на производите кои ги произведува за да ги скрати трошоците на работење, изјави врвен извршен директор за Reuters. Супермаркетите и производителите на пакувана храна се борат да се изборат со зголемените трошоци, при што производите кои се движат од сурова нафта до хартиена амбалажа стануваат поскапи поради долготрајната транспортната криза поттикната од пандемијата и руската инвазија на ...
Откако се соочија со тесните грла за снабдување предизвикани од пандемијата, производителите на чипови се соочуваат со нова главоболка: Русија, еден од најголемите светски добавувачи на гасови што се користат за производство на полупроводници, почна да го ограничува извозот. Москва почна да го ограничува извозот на инертни или „благородни“ гасови, вклучително неон, аргон и хелиум во „непријателските“ земји на крајот на мај, според извештајот на ...
Романија ги замрзна државните вработувања од 1 јули за да ги намали трошоците Владата на Романија одлучи да ги замрзне вработувањата во јавната администрација и државните институции од 1 јули до крајот на годината, со цел да ги намали трошоците и да го намали буџетскиот дефицит, објави Министерството за труд на Романија. Согласно владината уредба, слободните или привремено испразнетите работни места во централните и локалните јавни институции и ...
Цените на природниот гас во Европа имаат најголем скок изминатата недела откако Русија ја започна својата војна против Украина, како резултат на острото намалување на испораките на гас од Русија кон земјите од Европската унија. Цените на продолжија да растат од остриот прекин на снабдувањето од Русија. Референтната цена на природниот гас во Европа, холандскиот TTF, вчера достигна речиси 150 евра (158 долари) за мегават/час пред да падне на 134 ...
Повеќе од 30 награди за македонски вина на Decanter World Wine Awards 2022 – еден од најпознатите и највлијателни вински натпревари во светот, каде вината се оценуваат од врвни вински експерти од целиот свет. Како дел од наградените винарии се среќаваат: винарија Тиквеш, винарија Далвина, винарија Венец, винарија Пуклавец, винарија Камник. Многубројните награди за македонските вина се показател за квалитетот на вината и врвните способности и ...
Дури 41% од испитаниците во анкетата за најпосакувана компанија на порталот Вработување се изјасниле дека би работеле во Алкалоид. На прашањето “Сте размислувале ли во која од поголемите македонски компании би се вработиле доколку имате можност?”, дури 601 лице од вкупно 1.468 испитаници ја одбрале Алкалоид. Во прилог се некои од многуте позитивни коментари кои испитаниците ги дале за компанијата: „Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со ...
Во понеделник „Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ во Диселдорф, Германија. Очекувањата се дека презентацијата на „Брако“ на престижниот саем во Диселдорф ќе придонесе во реализирањето на целта за производство на 3.000 тона месечно, жичани производи во следните четири години. „Наша цел, како изложувачи на ’Wire Dusseldorf’ е да ја презентираме широката палета на жичани ...
Официјалните лица сигнализираат многу поагресивен пат на покачување на стапките за борба против инфлацијата која е на највисоко ниво во последните 40 години Американските Федерални резерви (ФЕД) ја зголемија референтна каматна стапка за 0,75 процентни поени, што е најголем пораст на каматите од 1994 година. Со овој потег, референтната стапка на ФЕД ќе се зголеми во опсег помеѓу 1,5% и 1,75%. ФЕД сигнализираше дека ако е потребно ќе продолжи со ...
Метежот на пристаништато би требало да се намали следната година бидејќи се испорачуваат нови контејнерски бродови и побарувачката се намалува од високите пандемиски нивоа, но недоволно за да ги врати глобалните текови во синџирите на снабдување на состојбата како што беа пред Ковид пандемијата, според шефот на шпедитерската единица на DHL. „Ситуацијата ќе се олесни во 2023 година, но нема да се врати во 2019 година“, изјави Тим Шарват, ...
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2022 година изнесува 13.4 и е намален за 1.4 процентни поени во однос на мај минатата година. Во однос на претходниот месец април, индикаторот на доверба е зголемен за 0.2 процентни поенти. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 20.1%, ...
Компаниите со германски капитал најголем проблем имаат со корупцијата и правната несигурност, а најзадоволни се од работниците и ниските даноци Дури 70% од испитаните компании членки на Македонско-германското здружение повторно би инвестирале во С. Македонија, додека 30% би се одлучиле за друга локација, покажуваат резултатите од Анкетата за деловна клима во С.Македонија кои на денешната прес конференција ги презентираа Патрик Мартенс, директор ...
На 14 јуни 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и показателите за домашната економија, во смисла на поставеноста на монетарната политика. Имајќи ги предвид најновите информации и показатели Народната банка одлучи да се продолжи со процесот на постепено нормализирање на монетарната ...