
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Започна со работа првата лабораторијата за производство и прототипирање ИНО ФАБ ЛАБ, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет (ТМФ) во Скопје. Во неа, под менторство на академски професори и стручни лица од реалниот сектор, младите на возраст од 15 до 29 години ќе развиваат и тестираат иновативни идеи до создавање продукт-прототип. Клучната цел на оваа лабораторија е да се зајакне иновативната инфраструктура во земјава и да се подобрат ...
Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу. Авторите повикаа на „враќање на довербата во глобалниот систем, заснован на ...
Вкупната продажба на возила во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, во април падна за речиси 48% во однос на претходната година, бидејќи големите затворања и ограничуваења заради ширењето на Ковид 19 ги погодија фабриките и изложбените салони. Но, податоците покажуваат дека продажбата на електрични возила се зголемила, а кинеските брендови земаат поголем пазарен удел од светските ривали. Месечниот обем на продажби беше најнизок за ...
Германската фармацевтска индустрија предупредува дека ЕУ мора повторно да стане поатрактивна за фармацевтските компании бидејќи зголемената зависност од земји како Кина и Индија предизвикува проблеми. Во дебатата за тесните грла и тензичните синџири на снабдување со лекови, германската фармацевтска индустрија предупредува на растечката зависност од Кина и Индија. Активните состојки за иновативни биофармацевтски препарати, на пример, за терапии ...
Нови, дополнителни 76 милиони евра во случај да се потребни нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка за фирмите, дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, покачување на пензиите и платите на наставниците, како и субвенции за покачување на минималната плата. Ова се обезбедува со ребалансот на Буџетот, усвоен од Владата, а кој го презентираше во јавноста министерот за финансии Фатмир Бесими. Вкупните приходи со Ребалансот се ...
“Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев и Кочо Анѓушев лично, не се сопственици на проектот Фотонапонска електроцентрала во Осломеј. Фирмата РЕС на Кочо Анѓушев се занимава со трговија со струја и нема никаков сопственички удел, ниту целосен ниту делумен, во ФЕЦ Осломеј”, се вели во писмениот демант од компанијата Фероинвест испратен до јавноста по повод лажните информациите објавени од ИРЛ. “Повеќе фирми во Р. Северна ...
Владата на Република Северна Македонија на денешната 47 седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2022 година е насочен кон повеќе цели како што се ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со променетиот макроекономски контекст во првата половина на 2022 година, инкорпорирање на фискалниот одговор на кризата, ...
Вредноста на извозот на замрзнато овошје се зголеми на 6,7 милијарди долари во 2021 година, што е досегашен врв и веројатно ќе продолжи да се зголемува и во следните години. Вредноста на извозот на замрзнато овошје во последните 14 години се зголемувала со просечна стапка од 4,1%. Испорачаните, пак, количини на замрзнато овошје во странство во 2021 година се зголемиле за 2,3%, на 2,9 милиони тони, што е зголемување дванаесетта година по ред. ...
Производните цени во Германија достигнаа ново рекордно ниво во април, зголемувајќи се за повеќе од 33%, најмногу поради растот на цените на енергијата, објави германската федерална статистичка служба Дестатис. Индексот на цените на производителите на индустриски производи во април скокна за 33,5% на годишно ниво, што е највисок раст во Германија досега, објави Дестатис. Во март зголемувањето изнесувало 30,9%. Цените на енергијата бележат скок ...
Извозот на македонски производи во земјите од Западен Балкан (Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) во првите три месеци годинава изнесувал 212 милиони евра, што е за 33% или за 53 милиони евра повеќе во споредба со истиот период минатата година. Увозот од земјите од Западен Балкан во истиот период растел побрзо, односно е поголем за 38,6% или за 71 милион евра, надминувајќи вредност од 256 милиони евра. Србија е најголем ...
Украина објави алармантно намалување на извозот на жито годинава, а цените на пченицата достигнаа рекордно високо ниво. Извозот на жито од Украина е намален за 64% досега во мај во споредба со истиот временски период минатата година, соопшти во четвртокот Министерството за земјоделство на земјата, објавува Интерфакс. Украина е позната како важна житница која обезбедува значителни количини на храна. Украина учествувала со 10% во глобалниот извоз ...
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи е во дводневна посета на Копенхаген, Кралството Данска со цел промоција на инвестициските поволности во нашата земја, како и средби со нашата бизнис дијаспора во Данска, која може да биде вистински економски поттик за инвестиции во нашата земја. Во текот на денешниот ден вицепремиерот Битиќи оствари неколку билатерални ...
Американски професор, економист и автор Пол Кругман, лауреат на Нобеловата награда, доаѓа во Скопје. Кругман ќе има свое 30-минутно обраќање на отворањето на годинашната конференција на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), платформа за дијалог на економски и финансиски теми, која минатата година ја иницира Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Нобеловата награда за економија Кругман ја доби во 2008 година за истражувањето ...
Продолжува успешната соработка на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој, со проширување на кредитната линија со грант за дополнителни 2 милиона евра за поддршка на малите и средни претпријатија. ПроКредит Банка, како докажан партнер на бизнисот ќе ги искористи средствата од кредитната линија за своите клиенти, мали и средни претпријатија како поддршка за намалување на негативните ефекти врз бизнисот, предизвикани од Ковид ...
Војната во Украина го намалува економскиот раст и ја зголемува инфлацијата во земјите од Европската унија, покажуваат најновите податоци објавени од Европската комисија. Со оглед на фактот дека македонската економија е силно поврзана со економисијата на ЕУ, пред се со Германија, влошените прогнози и кризата на овие пазари силно ќе се одразат и врз македонската економија, особено врз македонските извозни компании, со оглед дека речиси 80% од ...
Острото забавување на кинеската економија предизвикано од нејзините строги нулта ковид правила и оддалечувањето на Пекинг од традиционалното потпирање на надворешната побарувачка потвораат сомнеж за тоа колку Кина ќе придонесе за идната глобална трговија и инвестиции. Додека Кина имаше неверојатно брзо закрепнување од првичниот пад на економијата за време на пандемијата, благодарение на зголемениот извоз и фабричкото производство, аналитичарите ...
Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст,посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра ...
Човечките ресурси се еден од главните приоритети на „Алкалоид“ АД Скопје, а компанијата континуирано инвестира и им посветува големо внимание на безбедноста и здравјето при работа за секој еден од над 2.600-те свои вработени. Преку доследно почитување и преку строго придржување до применетиот систем за безбедност и здравје при работа (БЗР), ИСО 45001, компанијата ја осигурува добросостојбата на сите работни места. Признание за ...
На својата редовна 45-та седница Владата на Република Северна Македонија по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука за распишување на четири јавни огласи за ставање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари. Земјоделското земјиште кое се дава на закуп со овие јавни огласи е со намена за подигнување на долгогодишни насади и оренжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни ...
Дванаесет македонски винарии учествуваат на најголемиот саем за вино во светот ProWein кој се одржува во германскиот град Дизелдорф од 15 до 17 мај 2022 година. На националниот саемски штанд организиран со поддршка на Министерството за земјоделие своите вина ги изложуваат винариите Тиквеш, Стоби, Бовин, Далвина, Попов, Мовино, ГД Тиквеш, Пуклавец, Венец, Камник, Езимит и Имако. “Овој саем е добра можност на нашите винарии да остварат ...
Индија, вториот по големина производител на пченица, го забрани извозот на пченица и одлуката на државата стапи на сила во петокот доцна навечер, соопшти владата во Њу Делхи. Индиската влада соопшти дека ја прекинува продажбата на пченица во странство за да управува со безбедноста на храната и да ја намали цената на домашниот пазар. Ова одлука од страна на Индија предизвика критики од министрите за земјоделство од групата Г7, кои изјавуја дека ...
Цените на природниот гас денеска го продолжија падот по информациите дека Европската комисија се подготвува да изнесе насоки за тоа како енергетските компании можат да вршат плаќања кон Русија без да ги прекршат санкциите и да го одржат протокот на снабдувањето со гас. Референтните фјучерси на гас во Холандија паднаа за цели 3% во понеделникот, на 94 евра за мегават-час, продолжувајќи го петочниот пад од 9,2%. Новиот руски систем за плаќање ...
Фабриката „Брако“ денеска во Велес ги промовираше најновите инвестиции вредни 10 милиони евра во новите еколошки линии за производство на поцинкувана жица, кои значат нов концепт и бројни предности, во изградба на фотоволтаична електрана, како и изградба на нов погон за производство на возилата за одржување хигиена од брендот „Грин Машинс“. Менаџментот на компанијата предводена од извршниот директор и претседател на ...
Во првите четири месеци од годинава извозот од Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) достигна 1.1 милијарда евра и е највисок споредено со истиот период во изминативе четири години, покажува денеска објавената редовна месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Само во однос на 2021 растот е за 4%, во однос на пандемиската 2020 година за 74 %, додека споредено со истиот период во 2019 и 2018 година извозот е зголемен за 19% односно за 51%. ...
Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на настанот „НЛБ Ден на инвеститори“ („NLB Investor Day“), кој се одржува во Народниот театар во Белград од 11 до 13 мај годинава, на кој присуствуваат финансиски експерти, аналитичари, инвеститори, извршни директори на водечки компании во регионот и претставници на медиумите. Во фокусот на настанот, освен макроекономскиот ...
Американскиот претседател Џо Бајден вчера ги објави јавно плановите и мерките на Белата куќа за зајакнување на домашното производство на храна и намалување на трошоците за храна во САД, како дел од пошироките напори за зголемување на снабдувањето со храна на САД достапно за извоз во деловите од светот кои се соочуваат со недостиг како резултат на војната. Бајден рече дека САД мора да продолжат да инвестираат во американските земјоделци бидејќи ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја заврши својата програма за стимулативен откуп на државни обврзници на почетокот на третиот квартал од оваа година, по што планира да ги зголеми каматните стапки, изјави во средата во Љубљана претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард. Лагард во Љубљана присуствуваше на свечената прослава на 30-годишнината од независната словенечка централна банка, а во својот говор ги коментираше актуелните очекувања во однос ...
Трговската размена со Украина и Русија во првите три месеци годинава бележи зголемување, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Македонскиот извоз во Русија во овој период бележи намалување од 24%, додека извозот во Украина е поголем за три и пол пати споредено со извозот реализиран во истиот период лани. На страна на увозот, во периодот јануари-март 2022 година има зголемување на увозот и од Украина и од Русија. Најновите ...
Владата на Србија денеска одлучи да дозволи слободен извоз на брашно од 15 јули бидејќи е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар. Извозот на брашно е овозможен со изменување и дополнување на Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која се воведени квантитативни ограничувања на извозот на месечно ниво за одредени земјоделско-прехранбени ...