
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од -2 до 6 степени, а утрово провејува слаб снег. Во сабота претпладне нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ...
Шеесет и седум случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот се евидентирани во текот на 45. недела од 2024 година – од 4 до 10 ноември во државава, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Тоа претставува за 42,6 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Во споредба со 45. недела од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 42,6 проценти, додека во однос на моделот за ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица, се вели во соопштението од МВР, се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да ...
Постудените денови, покрај сета есенска убавина, често носат и настинки и вируси. Многу луѓе се жалат на настинки и болки во грлото, па затоа е добро да бидете секогаш подготвени бидејќи секоја настинка нема да бара посета на лекар. Честопати можете да си помогнете без да потрошите пари во аптека и можете да ја подготвите вашата „волшебна напивка“ која за еден час ќе ја ублажи болката во грлото. Еден таков брз и чудесен напиток е „медот за грло“ ...
Со добро менаџирање на потребите на пациентите, инсулинската терапија, вметнување едукативни програми за средношколци, Општина Гостивар е една од водечките во борбата и превенцијата на дијабетесот. Ова е оценката на претседателот на Сојузот на дијабетичари на Македонија, Димче Велев која ја сподели на одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на борбата против дијабет, во Гостивар. „Општина Гостивар е една од водечките во борбата и ...
Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Противник на „црвено-жолтите“ во 5. коло од четвртата група на Ц-сегментот е селекцијата на Летонија. Голманот Столе Димитриевски посакува да одигра уште еден натпревар без примен гол. Натпреварот се игра вечер од 20:45 часот на „Тодор Проески“ во Скопје. По четири кола Македонија е лидер на табелата со 10 бодови, Ерменија и Летонија имаат по 4, Фарски Острови ...
Повеќе од 800 милиони возрасни луѓе во светот имаат дијабетес, што е двојно повеќе од претходните процени, а повеќе од половина од нив на возраст од 30 и повеќе години не се лекуваат, покажа новото истражување на медицинскиот списание „Лансет“ (The Lancet). Во светот во 2022 година околу 828 милиони луѓе над 18 години биле заболени од дијабетес од типот 1 и 2. Во студијата е наведено дека кај возрасните лица над 30 години, односно 445 милиони ...
Една нова студија на израелски научници покажа дека загадувањето на воздухот, особено она предизвикано од издувните гасови од автомобилите и генерирано од големите фабрики, може да влијае на значително зголемување на стапката на аутизам кај децата, а изложеноста на мајката на загадување за време на бременоста исто така придонесува за ова. -Откритието дека помалите честички, особено ситните честички – ПМ2.5, како и азотниот оксид, кои се ...
Православните верници денеска одбележуват празник во спомен на Св. бесребреници Козма и Дамјан. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат ...
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ За ...
Собранието денеска ја одржа 19-та седница, на која беа изгласани неколку закони. На почетокот на седницата беше верифициран мандатот на новата пратеничка Катерина Димитровска од ВМРО-ДПМНЕ која доаѓа на местото на Марија Митева откако таа се откажа од пратеничкиот мандат по нејзиното назначување за портпарол на Владата. Продолжението на 19. седница претседателот на Собранието Африм Гаши ја најави за утре за во 12 часот. За нови членови на ...
Надуеноста и дигестивните проблеми се вообичаени проблеми кои можат да бидат резултат на исхрана, стрес и воспаление во дигестивниот систем. Лошата дигестија може да доведе до гасови и надуеност, што влијае на дневното ниво на енергија. Добрата вест е дека додавањето антиинфламаторна храна во вашата исхрана може да помогне да се смири дигестивниот систем, да се намали надуеноста и воспалението и да се промовира здрава рамнотежа на цревните ...
На 12.11.2024 во 16.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во Фазенерија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,рено“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од малолетник од Гостивар и велосипед управуван од малолетно лице од Гостивар. Полицијата извести дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар- Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар. ...
Државата е подготвена за претстојната зимска сезона и врнежите од снег, а граѓаните да користат зимска опрема на своите возила и доколку немаат неопходна потреба да не патуваат при најави за обилни врнежи, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференција по состанокот со претставници на координативното тело. Тој упати апел до граѓаните да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења на социјалните мрежи ...
Вчера (12.11.2024) во времето од 11 до 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со социјални работници од Центрите за социјални работи извршиле акциска контрола за сузбивање на питачењето на тетовско-гостиварското подрачје. Како што соопшти СВР Тетово во Гостивар во 11.10 часот на булевар ,,Браќа Ѓиноски“ била затекната С.Т.(38) од Прилеп, во 11.30 часот на улица ,,Мајор Чеде Филиповски“ била затекната Е.А.(36) од ...
На аеромитингот „Airshow China“ во Жухаи, Кина, светот ја виде извозната верзија на рускиот ловец Су-57, модерен авион од петтата генерација. Оваа прва презентација пред меѓународната јавност го привлече вниманието на стручњаците и љубителите на авијацијата, Ловецот Су-57 пред публиката изведе неверојатни динамични акробатски маневри, управуван од искусниот пилот и херој на Русија, Сергеј Богдан. Су-57, развиен од руската корпорација „Ростех“, ...
Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. „Тие двајца исклучителни Американци ќе и помогнат на мојата администрација да ги намали непотребните регулативи и трошоци и да ги реорганизира федералните агенции – што е од клучно значење за движењето „Да ја спасиме ...
На 13 ноември 2024 година, во 00:30 часот во с.Дебреше, на патот за село Здуње, полицијата од ОВР Гостивар го лишила од слобода 36-годишниот С.С. од истото село. Лицето било приведено врз основа на централен распис за сторени кривични дела – кражби и тешки кражби во подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, како и за кривично дело противправно лишување од слобода. При обидот за приведување, С.С. се обидел да им побегне на полициските ...
Најстудено утрово во Маврови Анови и Попова Шапка со нула степени, во Крушево и Лазарополе еден, Берово и Крива Паланка три степени, во Виница, Прилеп и Битола се измерени четири степени, пет во Штип, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Претор, шест Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Петровец, Охрид, Гевгелија. Утринава облачноста од запад започнува да се намалува, а во останатите делови е облачно. Понекаде и особено на југоистокот има ...
Студените стапала и нозете под колената често се резултат на недоволно топли чорапи и чевли или слаба циркулација. Колку и да се чести, особено во постудениот дел од годината, студените стапала кои не можат да се загреат со ништо може да бидат последица на посериозен здравствен проблем. Силно чувство на страв, нервоза, но и неправилно функционирање на тироидната жлезда, настинки, периферна невропатија, се некои од причините зошто би можеле да се ...
Непрописното паркирање е чест сообраќаен прекршок. Низ Гостивар секојдневно се забележуваат возачи кои ги оставаат своите возила на места каде што не е дозволено и на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Паркирани автомобили има во зони на крстосници, на пешачки премини, тротоари, на самите коловозни ленти, па и на зелени површини. „Летаат казни“, но дисциплина не се постигнува. За три месеци биле казнети речиси 280 ...
Цената на криптовалутата Биткоин значително порасна и достигна речиси 90.000 долари во понеделникот вечерта, како реакција на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Овој скок од над 25% по објавувањето на изборните резултати е дел од поширокиот позитивен тренд во крипто-пазарот. Оптимизмот на инвеститорите е предизвикан од ветувањата на Трамп дека ќе ги поддржи дигиталните валути и ќе ја претвори Америка во „крипто капитал“, ...
Од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како зимска опрема на моторните возила ...
Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава, меѓу кои и Општина Гостивар. Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи – детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа ...
На 11.11.2024 во 12.40 часот во Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од Селце Кеч. Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле ...
Високопреработената храна, како што се грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо – сѐ тоа е поврзано со забрзаното биолошко стареење. Тоа, поради високата содржина на калории, шеќер, масти и сол во намирниците, посочува ново истражување на Медитеранскиот невролошки институт „Неуромед“ во Поцили, Италија. Староста на човековите клетки и ткива е под влијание и на генетиката, навиките за животен ...
Проблемите со сонот не се предизвикани само од прекумерната употреба на мобилни телефони пред спиење, зголеменото ниво на стрес во текот на денот или прекумерното внесување на кофеин пред спиење, туку може да бидат предизвикани и од ‘рчењето на партнерот. Добрата вест е што може да се намали со помош на една намирница. Доволна е само една кафена лажичка пред спиење Иако на пазарот има бројни препарати и уреди кои ветуваат дека ќе престанете со ...
На иницијатива на мото-клубот Go Bikers од Гостивар, денска успешно беше организирана нивната прва крводарителска акција, на која беа собрани над 20 единици крв. Со оваа акција, Go-Bikers покажаа висока свест за значењето на хуманитарните активности и дадоа пример за солидарност и грижа за заедницата. Од мото-клубот изразуваат голема благодарност до сите учесници кои одвоија време да дадат крв и ја поддржаа оваа акција, особено до тимот на ...
Редовната замена на четката за заби е од суштинско значење за одржување на оптимална орална хигиена. Со текот на времето, бактериите, нечистотијата и остатоците од храна се акумулираат на влакната, додека секојдневната употреба предизвикува четката да се истроши. Експертите препорачуваат четката да се менува на секои три месеци, но знак дека треба порано да се смени се истрошените влакна, што често е предизвикано од преголем притисок при миењето ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ да се зголеми цената на горивата. Непроменета останува само цената на дизелот. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а за денар ипол поскапува Екстра лесното масло за домаќинство. Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 78 денари за литар. Дизелот оваа недела ќе биде со ...