
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Почина уште еден пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Литванија. Тој е 61-та жртва од трагедијата. „Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години. Беше упатен од Градската општа болница во Литванија на 17 март. Неговата состојба беше тешка од почеток, а од 4 април се влоши уште повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа. Ова ни е втор пациент кој ...
Со доаѓањето на пролетта, на пазарите пристигнаа младото лукче и кромитче – вкусни и здрави пролетни зеленчуци кои нутриционистите ги препорачуваат како природен начин за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа што се вкусен додаток во салати и јадења, овие зеленчуци се познати по своите здравствени придобивки. Младото лукче содржи алицин – соединение со силно антивоспалително и антибактериско дејство, додека младото кромитче е богато со витамин Ц ...
Старата џамија во гостиварско Равен ќе биде целосно обновена и отворена до крајот на следната година, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при денешната посета на Гостивар. За зафатите во џамијата министерството годинава обезбеди 1,5 милиони денари. „Овде е интервенирано претходно повеќепати. Сега се работи на дрвената конструкција, на подот и уште неколку зафати и се надевам до крајот на 2026-та година со уште една мала ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и Белата куќа ги објавија реципрочните царински стапки на САД што ќе ги почувствуваат повеќе од 180 земји и територии според неговата нова сеопфатна трговска политика. Во графикони објавени на социјалните мрежи, Белата куќа ги прикажува ефективните царински стапки за кои тврдат дека другите земји ги наметнуваат на американските производи, вклучувајќи ги и оние преку „манипулација со валутите и трговски ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со заменик-министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, денеска ќе престојуваат во работна посета на општина Гостивар. Како што најавија од Министерството за култура и туризам, Љутков и Сулејмани ќе ги посетат институциите од областа на културата како и повеќе објекти кои се дел од значајното културно наследство на Гостивар. Станува збор за Беговата куќа, Куќата на Ахмед Чако, Саат кулата, ...
Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на вчерашните внатрепартиски избори, на кои беше единствениот кандидат. Претседателот на Централната изборна комисија, Бранко Георгиевски, соопшти дека од вкупно 23.712 запишани избирачи, гласале 18.140 членови на партијата, што претставува излезност од 76,5 проценти. Од нив, 18.001 гласале за Филипче, додека 139 ливчиња биле неважечки. На ...
Времето денес (понеделник) ќе биде променливо облачно, ветровито и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, со брзина од над 70 километри на час. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од -4 до 6 степени. Како што најавуваат од УХМР, во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито, со температури под просекот за овој период од годината. ...
Бугарските фудбалски легенди од славната генерација на Светското првенство 1994 година ќе се соочат со македонски фудбалски ѕвезди во хуманитарен натпревар, со цел собирање средства за настраданите во трагедијата во Кочани. Натпреварот ќе се одржи на 27 април во Варна, Бугарија, и е во организација на Фондацијата „Национали 94“, во партнерство со Општина Варна. Целта е да се соберат средства за лекување на повредените од трагичниот пожар во ...
Љубовта кон пишаниот збор и стихувањето брише граници, ги поврзува луѓето со позитивна нишка и надминува секакви бариери. Ова се докажа и преку настанот посветен на поетското творење, кој се одржа вчеравечер во Гостивар, чиј домаќин беше Центарот за култура АСНОМ. На сцената во малата сала со свои стихови се претставија дваесетина поети од Гостивар од различни генерации и националности. Манифестацијата се одржа во чест на Светскиот ден на ...
На 06.04.2025 година во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински мост, патничко возило ,,Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетало од пат. СВР Тетово информира дека на лице место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово, кој се здобил со тешки телесни повреди и на лице место им подлегнал на повредите, додека сопатничката негова сопруга А.С.(47) се ...
Православните верници денес одбележуваат Благовештение, еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го ...
„Радувај се, благодетна! Господ е со тебе!“ (Од Евангелието според светиот апостол Лука) Со оваа ангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата, започнува спасението на човештвото и обновата на вистинското сознание. Историјата на Новиот завет ја отвора архангелот Гаврил со зборовите „Радувај се!“, најавувајќи дека Новиот завет ќе биде извор на радост за луѓето и за сите што ќе го побараат патот на вистината. Поради тоа, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Ноќеска во 01.58 часот после полноќ во ПО Галате бил пријавен пожар во куќа во село Дебреше. Веднаш било постапено по пријавата и била известена Територијаната противпожарна единица. Пожарот е целосно локализиран во 03.10 часот, информира СВР Тетово. „При гаснењето на пожарот во една просторија во приземјето забележано е огнено оружје (пиштол) марка ,,Екол Дуеле Џејмс”. Во моментот таму не живее никој и е во сопственост на лицето Б.В. од Дебреше ...
Телото на суптилни и не толку суптилни начини ви дава до знаење дека копнее повеќе за движење. Многу луѓе го поврзуваат недостатокот на физичка активност со зголемување на телесната тежина или намален мускулен тонус – што се јасни знаци. Но, проблемите со спиењето, болките во зглобовите, анксиозноста или раздразливоста исто така може да укажуваат на тоа дека на телото му недостасува движење. Дури и ако вежбате 30 минути секое утро, долгото ...
Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за определување мерка притвор за 15-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. -Осомничениот, во неколку наврати, искористувајќи отсуство на ...
Од Министерството за внатрешни работи денеска апелираат граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки и таквите случаи веднаш да се пријават во полиција. – Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи, од страна на граѓаните, пријавени се повеќе кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени ...
Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница, ќе пристигне денеска во 16 часот во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Побожје, на Скопска Црна Гора, информира Скопската епархија на МПЦ-ОА. Иконата ќе биде донесена од монаси од манастирот Дохијар на Света Гора и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со ...
Сигурно сте ги забележале малите кесички со ситни бели или проѕирни зрнца во купените нови парчиња облека, обувки или електронски уреди. Овие пакетчиња содржат силика гел – супстанца со висока моќ на апсорпција на влага. Иако често завршуваат во ѓубре, нивната употреба може да биде многу корисна во секојдневниот живот. Во продолжение ќе дознаете како да ги искористите на најдобар можен начин. Како функционира силика гелот? Силика гел е форма на ...
Вчера (3.04.2025) во 17 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Р.(70), сопственик на угостителски објект од Гостивар, информира СВР Тетово. „Во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување-Скопје, била извршена контрола на противпожарните апарати во угостителски објект во Гостивар, при што било утврдено дека картонот за сервисирање не е оригинал.“, стои во соопштението од полицијата. Од таму додаваат ...
Продорот на студена воздушна маса од недела може да им нанесе штети на процветените овошки – препораки за земјоделците од УХМР Агрометеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека најавеното значително опаѓање на температурите од недела, проследено со врнежи и можна појава на мраз, може сериозно да ги загрози земјоделските култури, особено овошните дрвја кои веќе се во фаза на цветање. Според нив, иако дождовите ...
Во денешниот свет со брзо темпо, нашите тела секојдневно се изложени на низа штетни материи – од загаден воздух и адитиви во храната до стресот кој стана неизбежен дел од секојдневниот живот. Сето ова ги оптоварува нашите природни системи за детоксикација, првенствено црниот дроб, бубрезите и дигестивниот систем. Последиците од акумулацијата на токсините може да се манифестираат на различни начини, вклучувајќи замор, главоболки, дигестивни ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2025 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство почнувајќи од денес, 4 април 2025 година. За ...
Во текот на 13. недела од 2025 година – од 24 до 30 март, во државава се пријавени 511 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 39,1 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 13. недела од минатата сезона е зголемен за 3,1 пати, а во споредба со бројот за 13. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, ...
СВР Тетово информира дека вчера (3.04.2025) во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишна жена од Гостивар, дека малолетникот, кој и е внук од сестра, во куќата на нејзиниот брат извршил полов напад врз нејзината петгодишна ќерка. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Гостивар и се ...
Почина пациент од пожарот во дискотеката во Кочани, кој беше испратен на лекување во Литванија. Тој е 60-тата жртва во трагедијата во Кочани. Информацијата утрово за МИА ја потврди доктор Игор Николов, кој е координатор за состојбата на повредените пациенти кои се на лекување во странство. Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за управителот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Александар Карадакоски. За денеска во 13 часот, како што најави ...
Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови каде ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во гостиварскиот регион ќе 7, а максималната ќе достигне 13 степени. Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локална појава на ...
Секоја година, 27-ми март се слави како „Светскиот ден на театарот“, посебен ден кој им оддава почит и признание на уметниците на глобално ниво. Овој ден служи како потсетник за важноста на театарот и како тој може да го едуцира општеството за грижи и проблеми во различни области. Меѓународниот театарски институт (МТИ) го востанови Светскиот ден на театарот во 1961 година и оттогаш се слави на 27ми март. Овој ден е обележан со различни ...
Во просториите на Владата денеска се одржа средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, која траеше еден час и 40 минути. По средбата, Филипче ја оцени дискусијата како конструктивна и информираше дека е постигнат начелен договор за формирање на заеднички работни групи кои ќе работат на реформската агенда во неколку клучни сектори. „Начелно договоривме дека ќе работиме на начин за формирање на ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска загуби од Чехот Јакуб Меншик во финалето на турнирот во Мајами. Мечот траеше два часа и пет минути и заврши со 2:0. Двата сета Меншик ги доби на тајбрејк со 7:6 (7:4). Триесет и седумгодишниот Србин имаше седум асови, една двојна грешка и една претворена брејк точка. Деветнаесетгодишниот Чех имаше сервира 14 асови, една грешка на вториот сервис и една реализирана брејк-точка. Светскиот рекет број 54 ја ...