Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Додека Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Гостивар истражуваат сомнеж за загадување на водата за пиење, новите лабораториски анализи на примероците земени од водоводната мрежа се очекуваат до понеделник. Дополнителните мостри биле земени во четвртокот од повеќе локации во градот, по зголемениот број граѓани кои деновиве побараа лекарска помош поради стомачни и цревни тегоби. Според информациите од СВР Тетово, ...
По цел ден молк конечно се огласи и градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани. „Почитувани граѓани на Гостивар, Во ваква ситуација, моја прва обврска е да ви ја соопштам состојбата точно, навремено и без прикривање на каква било информација. Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности. По добиената пријава, ...
ВМРО-ДПМНЕ бара случајот со водата во Гостивар итно да биде расчистен и сите инволвирани да понесат одговорност, оценувајќи дека општинската власт целосно потфрлила во своето работење и не успеала да им го обезбеди на граѓаните основното право на чиста вода за пиење. Од партијата велат дека е недозволиво во 21 век, во време кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција, граѓаните да бидат изложени на опасност поради ...
Директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ги отфрли тврдењата дека пумпите поставени во корито со отпадни води се причина за епидемијата што досега погоди околу 1.200 жители на Гостивар. Таа тврди дека пумпите биле пуштени само кратко за проба, дека водата потоа била испуштена во Вардар и дека лабораториските анализи покажале оти водата била исправна. Од СВР Тетово претходно соопштија дека три пумпи биле ...
Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, сè додека не бидат објавени официјалните лабораториски резултати. Според него, мерката е воведена превентивно, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел да се заштити здравјето на населението. Досегашните анализи биле во ...
Продолжува истрагата на полицијата и обвинителството за масовното труење во Гостивар. Симптоми, повраќање, стомачна тежина и дијареја, пријавиле над 1.200 жители на Гостивар, а пациенти пристигнуваа во болницата и вчера попладне пред камерата на Телма. Еден од пациентите изјави за Телма дека три дена имал болки и силно изразени симптоми по што барал лекарска помош. Првичните сомнежи се дека труењето е од водата од градскиот водовод, а ...
Над 1200 жители на Гостивар пријавиле симтоми како повраќање, болки во стомак и дијареја, како резултат на наводно заагадената вода од градскиот водовод. Додека пациенти постојано пристигнуваат во болницата, продолжува истрагата на полицијата и обвинителството за масовното труење во Гостивар. Првичните сомнежи се дека труењето е од водата од градскиот водовод, а издадена е забрана за пиење, од страна на АХВ. Почнати се лабораториски анализи ...
Институтот за јавно здравје, по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш излезе на терен на посочените локации и зема примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи, информираат од ИЈЗ по симптомите на труење поради кои голем број граѓани побарале лекарска помош во Гостивар. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. ...
Бројот на пациенти со цревна зараза во Гостивар и натаму не се намалува, а институциите сѐ уште немаат одговор што ја предизвика здравствената состојба која за само неколку дена испрати повеќе од илјада граѓани во болница. На инфективното одделение и педијатрија и натаму секојдневно пристигнуваат над 200 пациенти со дијареа, повраќање, болки во стомакот и кај дел од нив покачена температура, а истрагата паралелно се проширува за да се ...
Загадувањето на водата за пиење во Гостивар, кое за само неколку дена прерасна во сериозна здравствена криза, и натаму е во фокусот на јавноста. Додека бројот на граѓани кои бараат лекарска помош расте, институциите работат на утврдување на причините за инцидентот, а резултатите од лабораториските анализи треба да дадат одговор што точно се случило со водоводниот систем. Забранета употребата на водата, почна истрага Откако голем број жители ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека истрагата за случајот со масовните стомачни тегоби во Гостивар е во завршна фаза и најави дека наскоро ќе бидат објавени причините за инцидентот, како и лицата кои ќе сносат одговорност. При денешната посета на Општина Дебарца, Мицкоски изјави дека сите надлежни институции активно работат на расчистување на случајот, при што се анализираат мостри од водата, а постапка води и Јавното обвинителство. ...
Итни лабораториски испитувања на примероците од водата во гостиварскиот водовод се вршат во Институтот за јавно здравје, откако обвинителството покрена истрага по масовните поплаки и сомнежи за квалитетот на водата. Оваа здравствена и безбедносна криза ја крена на нозе целата општина, па надлежните сега трчаат со времето за точно да изолираат што ги предизвикало проблемите со водоснабдувањето. Резултатите од анализите треба да бидат готови во ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод. „Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, по ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. – Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално укинување ...
Основното јавно обвинителство Гостивар очекува резултати од испитувањата на примероците од водата од гостиварскиот водовод, по што ќе биде одлучено како ќе продолжи постапката за случајот со сомневањата за нејзиниот квалитет. Од Обвинителството информираат дека се во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на примероците од водата. „Според најавите, резултатите ...
Во меѓувреме, локацијата во Вруток и понатаму останува обезбедена по наредба на јавен обвинител, информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Препорака од ИЈЗ – водата да не користи ниту за подготовка на храна, миење овошје и зеленчук, подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци Основното јавно обвинителство Гостивар очекува резултати од испитувањата на примероците од водата од гостиварскиот водовод, по што ќе ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде што по наредба на јавен обвинител се вршат анализи на примероците од водата од гостиварскиот водовод. Од Јавното обвинителство соопштија дека резултатите од испитувањата се очекуваат утре, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката. – Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство ...
Основното јавно обвинителство во Гостивар редовно соработува со Институтот за јавно здравје. По иницијатива на јавниот обвинител, се изведуваат тестирања и анализи за утврдување на квалитетот на водата од локалниот водовод. Резултатите се очекува да бидат готови утре, што ќе помогне за определување на следните чекори во постапката, информираат од обвинителството. Основното јавно обвинителство во Гостивар редовно соработува со Институтот за ...
Владата будно ја следи состојбата со водоснабдувањето и проблемот што се случува во Гостивар изминативе денови, при што утврдивме дека на граѓаните на Гостивар им е потребна питка вода за пиење и заклучно од денеска и во наредните денови колку што е потребно ќе се доставуваат во Гостивар околу 50 илјади литри вода за граѓаните, изјави денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски Тој информира дека водата ќе биде ...
Гостивар и натаму се соочува со сериозна здравствена состојба, откако во изминатите денови голем број граѓани со стомачни тегоби побараа лекарска помош. Поради континуираниот раст на бројот на заболени, епидемиолозите вчера официјално прогласија епидемија на територијата на градот. Во текот на денешниот ден се очекува да бидат објавени резултатите од анализите на примероците земени од гостиварскиот водовод. Тие треба да покажат дали водата за ...
Добивај вести на Viber Резултатите од вонредните испитувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за квалитетот на водата во Гостивар се веќе готови, при што се утврдени одредени отстапувања од нормалните параметри, објави „Слободен печат“. Ваквиот епилог кореспондира со актуелната состојба во градот, каде стотици граѓани деновиве побараа лекарска помош поради симптоми на стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Сепак, точните детали и ...
Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби почна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски, директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се делат по 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера пријавија епидемија поради зголемениот ...
На протестот кој беше најавен за претпладнево во 11 часот во Гостивар поради актуелната состојба со водата дојдоа само 10-20 луѓе. Никој од нив не знаеше кој е организатор, а рекоа дека информацијата за протестот ја виделе на социјалните мрежи и решиле да присуствуваат. Официјални изјави немаше, а на локацијата каде требаше да се одржи пред објектот на ЈП „Комуналец“ полицијата беше присутна. Протестот беше најавен на социјалните мрежи од ...
Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и тоа ќе реши дали и кога тие ќе ѝ се соопштат на јавноста. – Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно – да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација – рече директорката на ИЈЗ, ...