Швајцарија ја победи Колумбија по подобро изведување пенали (4-3) и обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, каде што ќе се соочи со Аргентина. По 120 минути игра немаше голови, а еден од најинтересните моменти во пенал серијата беше поврзан со капитенот Гранит Џака. Искусниот играч за врска беше првиот изведувач на Швајцарија, а непосредно пред ударот дел од колумбиските навивачи зад голот се обидоа да го деконцентрираат ...

По потписот со Божидар Илиески, Еурофарм Пелистер 2 за новата сезона ќе биде посилен со уште еден млад ракометар. Нов член на тимот кој ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски е Кристијан Симоноски, ракометар кој што ја покрива пикерската позиција. Младиот кружен напаѓач во битолскиот состав доаѓа со една цел, да се развие во ракометар кој во иднина достојно ќе го носи дресот на првиот тим на Еурофарм Пелистер. „Кристијан Симоноски е нов ...

Алваро Арбелоа е новиот менаџер на Фулам, откако со премиерлигашот потпиша тригодишен договор. Поранешниот шпански репрезентативец на клупата на лондонскиот клуб го наследува Марко Силва, а ова ќе биде негов прв тренерски ангажман во Премиер лигата. 43-годишниот Арбелоа неодамна кратко го водеше Реал Мадрид, каде што го наследи својот поранешен соиграч од Ливерпул, Чаби Алонсо. По завршувањето на сезоната го напушти „кралскиот клуб“, а на ...

Аргентина со неверојатен пресврт го совлада Египет со 3-2 во осминафиналето на Светското првенство и обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на турнирот. Иако беше еден од најзаслужните за победата, Лионел Меси по натпреварот ги пофали своите соиграчи и истакна дека токму тимскиот дух ја донел големата победа. „Искрено, тоа што го направи овој тим денес е лудо. Успеавме да се вратиме од 2-0 во елиминациски натпревар на Светско првенство, ...

Селекторот на Египет, Хосам Хасан, со необичен гест го привлече вниманието во драматичната завршница од осминафиналниот натпревар против Аргентина на Светското првенство, кој „гаучосите“ го добија со 3-2 по голем пресврт. По третиот гол на Аргентина, кој во самиот финиш го постигна Енцо Фернандез, клупата на Египет „полуде“, а судијата Франсоа Летексие мораше да ги смирува со картони. Најмногу внимание привлече селекторот Хасан кој ги крена ...

Демар Дерозан и официјално е слободен кошаркар, откако Сакраменто Кингс објави дека спогодбено ја прекинал соработката со искусниот бек кој е 16. најдобар стрелец во НБА лигата. Шесткратниот учесник на „Ол-стар“ натпреварот имаше делумно гарантиран договор за следната сезона, но двете страни се договорија за разделба. Американските медиуми пренесуваат дека за Дерозан интерес постои од неколку НБА екипи кои имаат плејоф амбиции, меѓу кои и ...

Исландскиот репрезентативец Бјарки Мар Елисон е ново засилување за францускиот ракометен гигант ПСЖ, откако официјално се пресели во Париз од унгарскиот тим Веспрем. Францускиот шампион ангажираше засилување на левата крилна позиција за да го засили својот состав за претстојната сезона. За ПСЖ ова е искусно засилување на левата крилна позиција во потрага по нови домашни и европски титули Елисон е стандарден репрезентативец на Исланд. Забележа ...

Со одигрувањето на вчерашните натпревари меѓу Аргентина и Египет, односно Швајцарија и Колумбија се комплетираше осминафиналната фаза на Светското првенство. Аргентинците и Швајцарците се последните патници во четвртфиналето и тие го формираа последниот пар. На останатите терени веќе беа формирани паровите и тоа: Франција игра со Мароко, Шпанија ќе се судри со Белгија, а Норвешка ќе ја предизвика Англија. Веќе се познати и официјалните ...

Карло Анчелоти ќе остане селектор на Бразил најмалку до крајот на Светското првенство во 2030 година, потврди генералниот координатор на Бразилската фудбалска конфедерација, Родриго Каетано. Италијанскиот стратег неодамна го продолжи договорот со федерацијата, а и покрај критиките по елиминацијата од Норвешка (1-2) во осминафиналето на Светското првенство, челниците на бразилскиот фудбал му дадоа целосна поддршка. „Денес болката е голема, но ...

Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ порача дека неговата желба е да ја заврши кариерата во дресот на Денвер Нагетс, но истовремено откри дека нема намера да го продолжи договорот со клубот во текот на ова лето. Трикратниот најкорисен играч во НБА ја изнесе својата позиција по победата на Србија над Босна и Херцеговина со 94-81 во квалификациите за Светското првенство, натпревар на кој забележа трипл-дабл учинок од 20 поени, 10 скока и 11 ...

Фудбалерите на Швајцарија подобро шутираа пенали и со 4-3 (0-0 по регуларното време и продолженијата) ја исфрлија Колумбија во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот во Ванкувер понуди огромна борба и по некоја шанса на двете страни, ама немаше реализација. На крајот Швајцарците беа посигурни во пенал-рулетот и ќе играат четвртфинале. Натпреварот во Ванкувер започна во високо темпо, а првата сериозна закана ја создадоа ...

Новак Ѓоковиќ на спектакуларен начин се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако по голема борба го совлада Феликс Оже-Алијасим со 3-2 во сетови. Српскиот тенисер мораше да мине низ вистински маратон против одличниот Канаѓанец, кој двапати се враќаше во мечот и не му дозволи на Ѓоковиќ лесно да ја заврши работата. Сепак, искуството и смиреноста на Новак дојдоа до израз во решавачките моменти. Ѓоковиќ славеше со 7-6/10, 3-6, 6-3, 6-7/4, ...

Раководството на Милвоки Бакс официјално потврди дека дресот со број 34, кој го носи Јанис Адетокумбо, ќе биде повлечен од употреба и засекогаш ќе остане дел од историјата на клубот. Со оваа одлука, Милвоки ќе му оддаде највисока можна почит на еден од најголемите кошаркари во историјата на франшизата, кој остави неизбришлива трага во НБА. Гркот го напушти клубот, ќе игра за Мајами Хит во следната сезона. Адетокумбо израсна во вистинска ...

Шпанскиот кошаркарски клуб Валенсија и официјално го назначи Чави Алберт за нов шеф на стручниот штаб, откако со него потпиша двегодишен договор. Триесет и осумгодишниот стратег ќе го наследи Педро Мартинез, кој го напушти клубот по историската сезона во која Валенсија настапи на Фајнал-фор турнирот во Евролигата и ја освои шампионската титула во шпанската АЦБ лига. Алберт во изминатите три сезони беше помошник на Мартинез и добро е запознаен ...

Мохамед Салах беше разочаран и незадоволен по елиминацијата на Египет од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство. Капитенот на Египет посебно се осврна на ситуацијата во која бараше пенал, но главниот судија Франсоа Летексие само одмавна со раката и не покажа на белата точка. „Му кажав да се врати и да ја погледне снимката, затоа што тоа беше чист пенал, но тој само одмавна и ми рече: ‘Не, тоа не е прекршок’“, изјави Салах. Сега ...

Селекторот Хосам Хасан не можеше да го сокрие својот гнев по драматичниот пораз на Египет од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство. Египет водеше со 2-0, и имаше четвртфиналето на дофат, но Аргентина успеа да изведе епски пресврт, постигнувајќи гол во 93. минута за победа од 3-2. По натпреварот, Хасан упати сериозни обвинувања против организаторите и судијата. „Ќе кажам што ми е на ум, без оглед на последиците. Ова беше очигледно ...

На терените на ТК Југ денеска се одиграа натпеварите од првото и второто коло, а беа одиграни вкупно шеснаесет во двете конкуренции. Фаворитите не дозволија изненадување и само еден меч се играше во три сета. Дејвис куп репрезентативците на Македонија се дел од четвртфиналните мечеви кои ќе се играат утре (среда). Резултати 1.коло – мажи: Амар Хусеиновиќ – Џемал Јилдиз Селим 2-0 (61 63) Борјан Ѓуковиќ – Василиј Закоски 2-0 (75 62) Виктор ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар со пораз се врати во Лигата на шампионите. Нашиот претставник во елитното друштво на првиот натпревар загуби од фински КуПС во Скопје (0-2) и на реваншот на гостински терен во Куопио ќе му биде потребен подвиг за пласман во следната рунда. Најтрофејниот македонски тим пред околу 4.000 гледачи доживеа пораз со примени голови во првото и во второто полувреме заради сопствени грешки во последната линија и ...

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со екипирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона и официјално ја продолжи соработката со Кире Ристевски и Стефан Спировски, како и со двајцата млади и перспективни фудбалери, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски. Ристевски и Спировски, со своето искуство, ќе бидат меѓу носителите на играта, додека Мрмачовски и Димовски претставуваат иднината на клубот и дел од генерацијата на која Пелистер сериозно ...

Германскиот репрезентативец Исак Бонга и официјално е нов кошаркар на Панатинаикос, со кој потпиша тригодишен договор. За крилниот кошаркар владееше голем интерес на трансфер-пазарот, а меѓу клубовите кои сакаа да го доведат беа и европските великани Реал Мадрид и Барселона. Сепак, Бонга на крајот се одлучи за Панатинаикос, каде повторно ќе соработува со тренерот Жељко Обрадовиќ. Двајцата веќе работеа заедно во Партизан, период во кој ...

Фудбалерите КуПС со победа од 0-2 заминуваат од Скопје по мечот со Вардар во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. По мечот на средбата со новинарите младиот тренер Мика Нутинен беше задоволен од одиграното на својот тим. „Задоволен сум од резултатот и нашиот перформанс. Не беше лесно, ама бевме дисциплинирани и успеавме да одиграме како што сакавме. Одбранбено бевме добро поставени и креиравме доста во нападот. Постигнавме два ...

Со лоши вибрации и домашен пораз од КуПС, македонскиот шампион Вардар ја отвори новата сезона. Поразот од 0-2 (0-1) од првакот на Финска не отвора многу опции пред реваншот следната недела. Тренерот на вардарци, Кристијан Фабијани на средбата со новинарите по натпреварот рече: „До примениот гол разликата беше што креиравме доста, по десната страна креиравме и добра шанса, но во нашиот најдобар момент примивме погодок. Знаевме дека КуПС е ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар со пораз се врати во Лигата на шампионите. Нашиот претставник во елитното друштво на првиот натпревар загуби од фински КуПС во Скопје (0-2) и на реваншот на гостински терен во Куопио ќе му биде потребен подвиг за пласман во следната рунда. Најтрофејниот македонски тим пред околу 4.000 гледачи доживеа пораз со примени голови во првото и во второто полувреме и според актуелната ситуација гледа кон преселба ...

Фудбалската репрезентација на Египет се бореше максимално, ама на крајот остана со празни раце во дуелот со Аргентина (3-2) во осминафиналето на Светското првенство. Иако африканската селекција водеше со 0-2, на крајот претрпе поразо со голем пресврт во финишот. Во судиското продолжение во една акција Еѓипќаните очекуваа дека ќе добијат пенал во две ситуации. Во центарот на вниманието беа Алексис Мекалистер кој повлече ривал без топка, а ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина со епски пресврт против Египет (3-2) се пласира во четвртфиналето на Светското првенство. Бранителот на тронот остана жив на планетарниот собир, иако до 79. минута имаше негатива од два гола (0-2). Резултатот на „Мерцедез-Бенз Арената“ во Атланта беше отворен по 15 минути игра, откако Јасер Ибрахим со глава стрела по нафрлување од Атиа за 0-1. Шокот можеше да биде амортизиран веднаш бидејќи Аргентинците ...

Екипата на КуПС дојде до предност во дуелот со Вардар (0-1) пред крајот на првото полувреме во Скопје во рамки на дуелот во квалификациите за Лигата на шампионите. Се чекаше екстра-времето, а тогаш финскиот првак дојде до гол. По еден корнер, во шеснаесетникот најдобро се снајде стоперот Брахима Махаса кој успеа да го совлада Давор Талески. Двата тима заминаа на паузата, а Вардар ќе се обиде да се врати во игра во вториот дел. Екипата на ...

Александар Зверев обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако го совлада Чехот Јиржи Лехечка со 3-1 во сетови – 6-4, 7-5, 3-6, 7-6 (8-6). Нивниот осминафинален дуел се играше во два дена, бидејќи поради полицискиот час во Лондон натпреварот беше прекинат во понеделникот, кога Германецот веќе имаше убедлива предност од два освоени сета. По продолжението на мечот следниот ден, Лехечка прикажа далеку подобра игра и успеа да го освои ...

Фудбалската асоцијација на Англија сериозно ја разгледува можноста да поднесе жалба за црвениот картон што Езри Конса го доби во осминафиналниот натпревар против Мексико на Светското првенство. Дефанзивецот беше исклучен во 54. минута од драматичната победа на Англија со 3-2 на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, поради што „трите лава“ речиси цело второ полувреме го одиграа со играч помалку. Доколку казната остане во сила, Конса ќе го ...

Фудбалерите на Египет постигнаа и втор погодок против Аргентина во осминафиналето на Светското првенство, ама голот на Мохамед Зико беше поништен, па потоа истиот фудбалер успеа да погоди и регуларно. Причината за поништувањето на првиот гол беше прекршок во зачетокот на акцијата од Атиа врз Лисандро Мартинез, па реализацијата на Зико во продолжението на акцијата беше анулирана. Сепак, ако во 58. имаше прекршок, сè беше чисто девет минути ...

Генералното собрание на Акционерската асоцијација на Евролигата ги усвои сите клучни одлуки поврзани со сезоната 2026/27, меѓу кои и воведувањето на ново натпреварување – Суперкупот. Новото натпреварување ќе го има своето премиерно издание во септември 2026 година и ќе претставува дополнување на календарот на европската клупска кошарка. Повеќе детали околу форматот и учесниците се очекува да бидат објавени во наредниот период. Се шпекулира ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.39
27%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
39%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.4
32%
1017
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.24
39%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.66
39%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
1.9
46%
1018
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
7.15
43%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
6.18
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
0.96
30%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
3.13
43%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
1.79
29%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
7.9
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Платина

56038.75

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Злато

139576.04

Калај

56.36

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.28

Сребро

2044.16

Родиум

278103.96

Бакар

13.23

Паладиум

43628.56