Кристијан Ериксен е решен повторно да се врати на фудбалските терени, иако лекарите го предупредиле дека со таква одлука сериозно го ризикува своето здравје. Данскиот репрезентативец веќе започнал индивидуална програма за рехабилитација во татковината и се надева дека повторно ќе биде подготвен за настап. Ериксен пред извесно време повторно колабираше за време на натпревар, овојпат од пријателски карактер против Украина и беше итно пренесен ...

Чешката тенисерка Каролина Мухова е првата финалистка на овогодинешниот Вимблдон, откако по голема битка ја совлада Коко Гоф со 2-1 во сетови (6-2, 1-6, 7-6). Деветтата тенисерка на светот до победата стигна по повеќе од два и пол часа игра, во меч во кој двата први сета минаа во целосна доминација на едната, па на другата тенисерка. Мухова убедливо го доби првиот сет, а Гоф возврати со идентична игра во вториот, па патникот во финалето се ...

Матеј Гаштаров не мрда од Црвена Звезда, откако веројатно остави одличен впечаток на подготовките за новата сезона. Младинскиот репрезентативец на Македонија стави потпис на нов договор со важност до 2029 година со белградскиот клуб. Гаштаров пристигна во Црвена Звезда во 2024 година како малолетно момче, а сега тропа на вратата на првиот тим. Тој веќе постигна и гол во пријателските натпревари ова лето и се надева на минутажа во новата ...

Фудбалерите на Шкендија допатуваа во Гибралтар како фаворит во дуелот со Европа во првото претколо на Конференциската лига на УЕФА. Ова ќе биде официјано деби за тренерот Артим Положани на клупата на тетовските „црвено-црни“. Тој го одбра стартниот состав и се потпре на проверени сили, оставајќи ги сите новајлии освен Бојан Димоски на клупата за резерви. Стартни состави за натпреварот: Европа (3-5-2): Де Лука; Валес, Висенте, Драмех, Кармона, ...

Фудбалерите на Силекс ќе го предизвикаат Динамо Минск во првиот натпревар од првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Во нешто потешки и врнежливи услови во Стара Загора екипата од Кратово ќе се судри со белорускиот ривал кој ја одбра Бугарија за домаќин на својот европски настап. На нешто повеќе од еден час тренерите Алиаксандр Шаноика и Александар Васоски ги открија картите. Во таборот на кратовци играат четворица ...

Македонската фудбалска репрезентација веројатно веќе од следниот циклус ќе добие големо засилување за бековските позиции од Турција. Станува збор за Казимчан Караташ, лев бек кој настапува за екипата на Галатасарај. 23-годишниот фудбалер беше младински репрезентативец на Турција, играше за селекциите до 17, 19 и 21 година, а имаше и повик во сениорскиот тим во 2023 година. Сепак, се работеше за пријателска средба против Јапонија и Караташ ...

Второлигашот Камјани продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување е Бесарт Реџепи, кој ќе го носи бело-зелениот дрес во претстојниот шампионат. Реџепи е производ на младинската школа на Шкендија, а во досегашната кариера настапуваше и за Борец во сезоната 2021/22, како и за Арсими, каде што минатата сезона беше дел од прволигашката конкуренција. Реџепи во новата средина доаѓа со големи амбиции и желба да го даде својот ...

Капитенот на Норвешка, Мартин Одегард, порача дека пријателството со своите клупски соиграчи од Арсенал ќе остане на страна во пресрет на четвртфиналниот дуел против Англија на Светското првенство. Норвешкиот плејмејкер во сабота во Мајами ќе се соочи со Деклан Рајс, Букајо Сака, Нони Мадуеке и Еберечи Езе, но нагласи дека во моментов е целосно фокусиран на натпреварот. „Немаше многу шеги. Разменив по некоја порака со неколкумина од нив за ...

Фудбалската федерација на Мексико и официјално го назначи Рафаел Маркез за нов селектор. Легендарниот поранешен дефанзивец потпиша договор до 2030 година и го наследи Хавиер Агире на клупата на „сомбреросите“. Маркез од 2024 година беше помошник на Агире, а по елиминацијата на Мексико во осминафиналето на Светското првенство и заминувањето на искусниот стратег, очекувано доби унапредување, нешто што одамна се најавуваше. „Назначувањето на ...

Повратникот во Пелистер, Мартин Мирчевски, ги сподели своите први впечатоци по враќањето во матичниот клуб, испраќајќи јасна порака дека е подготвен да го даде својот максимум за експресно враќање на битолчани во Првата македонска фудбалска лига. „Како играч, ќе го дадам својот максимум за да му помогнам на клубот повторно да расте и да се развива по вистинскиот пат. Ми се допадна проектот што ми беше претставен и верувам дека, доколку сите ...

Ракометната селекција на Македонија со дваесет години го забележа вториот пораз на Европското младинско првенство кое што се одржува во Романија. Во второто коло од групата Д нашите надежи беа целосно надиграни од своите врсници од Хрватска, која што на крај славеше убедлива победа од 34-29 (19-14). Младите хрватски ракометари покажаа квалитет и ефикасност уште во првото полувреме во кое дури деветнаесет пати ја затресоа нашата мрежа. Во тој ...

По еднодневната пауза, Светското првенство продолжува со првиот четвртфинален натпревар, во кој вечерва од 22:00 часот на стадионот „Жилет“ ќе се соочат Франција и Мароко. Победникот од оваа пресметка во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Белгија. Ова ќе биде реприза на полуфиналето од Светското првенство во Катар во 2022 година, кога Французите славеа со 2-0 и обезбедија место во финалето. „Триколорите“ на Дидие ...

Екипата на Арсими продолжува активно да го засилува тимот за новата сезона, и го потврди доаѓањето на нигерискиот играч за врска Ибрахим Олаосебикјан. Дваесет и шестгодишниот фудбалер пристигнува на позајмица од редовите на Вардар, каде што во изминатата сезона одигра 20 натпревари. Претходно остави одличен впечаток во македонскиот шампионат настапувајќи две сезони за Брера, а во својата кариера има интернационално искуство и во литванските ...

Сега следува најинтересниот дел – борбата за „Златната божица“. Во игра останаа осумте најдобри репрезентации во светот, од кои шест се од Европа, Аргентина ја брани честа на американскиот континент, а Мароко – на Африка. Според досегашните настапи на Мундијалот, Франција сосема заслужено ја има улогата на главен фаворит. Квотата во Mozzart за тимот на Дидие Дешамп повторно да се искачи на светскиот трон, по титулата освоена во Русија во 2018 ...

Македонскиот ракометен шампион РК Вардар 1961 и официјално го потврди ростерот за сезоната 2026/27, во која „црвено-црните“ покрај одбраната на домашните трофеи се враќа и на големата европска сцена со настапите во Лигата на шампионите. Во составот на Иван Чупиќ има седум нови засилувања, кои ќе донесат дополнителен квалитет и конкуренција на сите позиции. Нови членови на Вардар се искусниот голман Бомаштар, кој пристигна од Шартр, Фадуил од ...

Екипата на Башкими се уште нема означено старт на подготовките за новата сезона во ПМФЛ, а на нив ќе биде без еден од стандардните првотимци, голманот Амир Јашар. Искусниот 35-годишен чувар на мрежата си заминува од Куманово и ќе бара нова средина. Во дресот на Башкими тој беше повеќе од година и пол. Во македонскиот шампионат, Јашар се врати од косовска Вуштрија, претходно играше и за Влазнија, додека на домашната сцена беше дел и од ...

Фудбалскиот клуб Пелистер го договори првото огромно засилување во пресрет на подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. По неколку години настапи во Македонија и странство, Мартин Мирчевски повторно ќе го облече зелено-белиот дрес на својот матичен клуб. Станува збор за фудбалер кој зад себе има богато прволигашко и интернационално искуство. Мирчевски настапуваше за Вардар, Академија Пандев, ТСЦ Бачка Топола, ...

Македонскиот шампион Вардар доживеа домашен пораз од фински КуПС (0-2) во рамки на првото квалификациско коло од Лигата на шампионите и шансите кај статистичарите да пројде коло се ептен мали. Во моментов, нашиот првак има само 3% шанси да пројде во следната квалификациска рунда во елитното натпреварување. Помалку од Вардар шанси има само Витебск од Белорусија, кој во првиот меч со 1-4 беше поразен од Крајова од Романија. Доколку направи чудо ...

Доаѓа новитет во македонскиот фудбал, тоа е Здружение на тренери во кое за почеток ќе членуваат шест члена и ќе работи за подобрување на условите и статусот на домашните тренери во нашите шампионати. Идејата доаѓа благодарение на неколку големи имиња од македонскиот фудбал и луѓе кои со години работат или работеле во шампионатот на Македонија, во кој оставиле своевремено свој белег. Основачи на Здружението на тренери се Гоце Седлоски, Ерхан ...

Филип Талески е осмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона. Македонскиот лев бек потпиша договор со суперлигашот за сезона 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 30 години (202 cm) и ќе го носи дресот со број 28. "Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и ...

Тетовска Шкендија зад себе остави историска сезона во Европа со пласман во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА, но разочарувачка на домашната сцена без трофеј и вицешампионски статус. Со добриот коефициент кој си го изгради низ настапите во Европа низ годините, а и лани во Конференциската лига на УЕФА, си изгради статус на носител во евро-куповите и затоа имаше поволна ждрепка. Во првото квалификациско коло за Конференциската лига, ...

Екипата на Силекс ја отвора својата европска авантура во новата сезона со гостување против белорускиот претставник Динамо Минск во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига. Иако формално домаќин е Динамо, натпреварот ќе се одигра во Стара Загора, Бугарија, поради добро познатите ограничувања за белоруските клубови. Реваншот е закажан седум дена подоцна во Скопје, каде кратовци ќе се обидат пред своите навивачи да ...

МЗТ Скопје го промовираше првото странско засилување за новата сезона, откако договор со македонскиот шампион потпиша босанскиот центар Емир Крајиниќ. Станува збор за 24-годишен кошаркар висок 208 сантиметри, кој игра на центарската позиција и зад себе има настапи во Босна и Херцеговина и Словенија. Од клубот го најавија како подвижен центар кој добро се снаоѓа во рекетот и во офанзивните и во дефанзивните задачи. Крајиниќ ја започна ...

ФИФА го комплетираше списокот на главните музички ѕвезди кои ќе настапат на првиот „FIFA Halftime Show“ во историјата на финалињата на Светското првенство, откако официјално беше потврдено дека дел од спектаклот ќе биде и Џастин Бибер. Канадскиот пејач им се приклучи на Мадона, Шакира и БТС, а шоуто ќе се одржи на 19 јули 2026 година на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, за време на паузата од финалниот натпревар на Мундијалот. ФИФА најави дека ...

ФИФА покрена дисциплинска постапка по расистичкиот инцидент кој се случи за време на осминафиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Аргентина и Египет, а во центарот на вниманието се најде познатиот јутјубер „IShowSpeed“. Инцидентот се случи на трибините за време на натпреварот во кој Аргентина со голем пресврт славеше со 3-2 и обезбеди пласман во четвртфиналето. Популарниот јутјубер, кој редовно присуствува на натпреварите од ...

Фудбалската репрезентација на Мароко ќе биде значително ослабена во денешното четвртфинале на Светското првенство против Франција, откако остана без својот најдобар стрелец Исмаел Саибари. Офанзивецот не успеа да се опорави од повредата заработена на осминафиналниот натпревар против Канада. Саибари досега постигна три гола на Мундијалот и беше еден од најзаслужните за историскиот пласман на Мароко меѓу осумте најдобри селекции. На самиот ...

Силекс го започнува европскиот предизвик во новата сезона со гостување кај Динамо Минск во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот освојувач на Купот ќе се обиде да избори активен резултат пред реваншот кој ќе се игра во Скопје. Во пресрет на натпреварот, тренерот Александар Васоски истакна дека неговиот тим има голема почит кон белорускиот претставник, кој е лидер во домашното првенство и ...

По заминувањето на Златко Далиќ од селекторската функција, Хрватската фудбалска федерација веќе работи на изборот на негов наследник, а според хрватските медиуми најголем фаворит е Славен Билиќ. Иако Далиќ, наводно, го предложил Ивица Олиќ како човек кој треба да ја преземе репрезентацијата, челниците на федерацијата засега се наклонети кон поинакво решение. Актуелниот селектор на младата репрезентација до 21 година беше дел од стручниот штаб ...

Светското првенство донесе суров крај за речиси сите африкански репрезентации, кои беа елиминирани по примен гол во самата завршница од натпреварите или продолженијата. Најболен беше поразот на Египет, кој до 79. минута имаше водство од 0-2 против Аргентина, но потоа прими три гола и беше елиминиран со погодокот на Енцо Фернандез во судиското продолжение. Драматичен беше и крајот за Сенегал, кој испадна со гол во 125. минута, додека Јужна ...

Словенечкиот репрезентативец Јака Соршак и официјално потпиша за Целје Пивоварна Лашко. Овој 22-годишен лев бек се обврза на тригодишен договор (до 2029 година), со што клубот ја комплетираше екипата за новата сезона и настапите во Лигата на шампионите. Соршак зад себе има 147 сениорски натпревари и импресивни 603 постигнати гола. Во претходната сезона, во дресот на Тримо Требње, тој беше најдобар стрелец во плеј-офот со просек од 7,7 гола по ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.39
27%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
39%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.4
32%
1017
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.24
39%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.66
39%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
1.9
46%
1018
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
7.15
43%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
6.18
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
0.96
30%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
3.13
43%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
1.79
29%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
7.9
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Сребро

2044.16

Платина

56038.75

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Калај

56.36

Бакар

13.23

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Цинк

0.00