Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
ФИФА ги објави судиите за првото четвртфинале на Светското првенство меѓу Франција и Мароко, а одлуката предизвика бројни реакции во јавноста. Главен судија на натпреварот ќе биде Аргентинецот Факундо Тељо, а целата судиска екипа исто така доаѓа од Аргентина. Негови помошници ќе бидат Хуан Пабло Белати и Габриел Чаде, четврти судија е Дарио Ерера, додека резервен асистент ќе биде Кристијан Наваро. Ваквиот избор на ФИФА отвори бројни дискусии ...
Аргентинецот Факундо Тељо е назначен за судија на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во 2026 година помеѓу Франција и Мароко, кој ќе се одржи на 9 јули во Бостон. Асистенти ќе му бидат Габриел Чаде и Хуан Пабло Белати, а четврти судија е Дарио Херера. Англичанецот Мајкл Оливер ќе го суди четвртфиналниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија, кој ќе се одигра в петок во Лос Анџелес. Делителите на првадата за долниот дел на костурот ќе ...
Тренерот на Шкендија, Артим Положани, со оптимизам го најави првиот натпревар од новата европска сезона, во кој тетовчани гостуваат кај Европа од Гибралтар во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Стратегот на македонскиот претставник истакна дека тимот е целосно подготвен за предизвикот и дека најголемата добивка е тоа што нема проблеми со повредени играчи. „Почнува новата европска кампања. Сите знаеме дека минатата ...
Фудбалерите на Шкендија се во Гибралтар, каде што утре ќе го одиграат натпреварот против Европа во првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. На прес-конференцијата освен тренерот Артим Положани се обрати и капитенот на тимот, Бесарт Ибраими. „Навистина сме подготвени за овој натпрева.р Нема лесна средба во Европа. Подготвени сме да дадеме максимум, да славиме тука во Гибралтар за да ни биде полесно на реваншот. Како што ...
Пелистер продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а битолскиот клуб денес потврди продолжување на соработката со тројца фудбалери. „Зелено-белите“ постигнаа договор со искусниот Христијан Грозданоски, кој и натаму ќе биде дел од тимот и ќе треба да има важна улога со своето искуство. Покрај него, нови договори добија и младите Христијан Стојановски и Габриел Крстевски. Двајцата веќе имаат настапи за првиот тим, а во клубот ...
Артур Фери го продолжува бајковитиот настап на Вимблдон, откако се пласира во полуфиналето и стана само втор тенисер во историјата кој како добитник на специјална покана стигнал до оваа фаза на турнирот. Британецот, кој е 114. на АТП листата, во четвртфиналето убедливо го совлада Флавио Коболи со 6-4, 7-6(4), 6-0. Со овој успех Фери стана и најнискорангираниот полуфиналист на Вимблдон уште од 2001 година, кога Горан Иванишевиќ како носител на ...
Португалија добива нов селектор. По разделбата со Роберто Мартинез, Фудбалската федерација на Португалија постигна договор со искусниот Жорге Жесус, кој ќе ја предводи националната селекција до 2030 година. Според португалските медиуми, двете страни веќе си подале рака, а официјалната промоција се очекува во наредните денови. Со овој договор, 71-годишниот стратег ќе ја води Португалија на Европското првенство во 2028 година, како и на ...
Рубен Аморим беше официјално претставен како нов тренер на Милан. Една од темите на прес-конференцијата беше и Лука Модриќ, односно неговата иднина на „Сан Сиро“. Португалецот недвојбено откри дека сака да го задржи Хрватот во своите редови. Тој не криеше дека го има во своите планови. „Модриќ е играч кого сакаме да го задржиме. Веќе двапати разговарав со него, а ако биде потребно и лично ќе одам по него. За нас тој е референтна точка и ...
Екипата на Скопје ги стартува подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. На својот терен на стадионот „Железарница“ во скопската населба Железара беше означен стартот на припремниот период. Тренерот Александар Таневски ги собра своите фудбалери и го одржа првиот тренинг во подготовките. На кам-бекот во ПМФЛ тимот на Таневски ќе гостува кај вицепрвакот Шкендија во првото коло, а стартот е закажан за 25/26 јули. По ...
Панатинаикос го потврди ангажманот на францускиот репрезентативец Гершон Јабуселе, кој потпиша тригодишен договор со грчкиот гигант. Иако клубот не ги објави финансиските детали, грчките медиуми пренесуваат дека 30-годишниот кошаркар ќе заработи околу 12 милиони евра за тригодишната соработка. Η ΚΑΕ Παναθηναϊκός AKTOR ανακοινώνει την απόκτηση του Γκερσόν Γιαμπουσέλε για τα επόμενα τρία χρόνια. ——————— Panathinaikos BC AKTOR is pleased to ...
ФИФА ја одби жалбата на Француската фудбалска федерација за поништување на жолтиот картон на Мајкл Олисе, па играчот за врска ќе го дочека четвртфиналниот дуел со Мароко под закана од суспензија. Олисе беше опоменат во судиското продолжение од осминафиналето против Парагвај, кое Франција го доби со 1-0. Доколку добие уште еден жолт картон против Мароко, ќе го пропушти евентуалното полуфинале. Французите побараа од ФИФА да ја поништи ...
Португалската фудбалска федерација и официјално се раздели со селекторот Роберто Мартинез по елиминацијата на Светското првенство и елиминацијата од Шпанија во осминафиналето. Со тоа започна потрагата по нов предводник на една од најталентираните генерации во португалскиот фудбал. Како главен фаворит за селекторската функција и натаму се споменува Жорге Жезус, но според португалските медиуми договор меѓу двете страни сè уште не е постигнат, ...
Александер Зверев сигурно победи против Тејлор Фриц со 3-0 и се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Мечот на главниот терен во Лондон траеше час и 57 минути, а Германецот демонстрира сила и лесно го реши во своја корист. Првиот и вториот сет Зверев ги доби со по ист резултат, со по еден брејк со по 6-4. Во третиот сет германскиот ас двапати одзеде противнички сервис, па со сигурни 6-2 го затвори мечот. Интересно е дека ривал во полуфиналето ...
Линда Носкова го оствари најголемиот успех во кариерата на Грен слем турнирите, откако се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Чешката тенисерка, која моментно е 12. на ВТА листата, во четвртфиналето ја совлада Елис Мертенс со 6-3, 7-5 по еден час и 46 минути игра. За Носкова ова е чекор напред во однос на нејзиниот досегашен најдобар Грен слем резултат, бидејќи пред две години стигна до четвртфиналето на Австралија Опен. Во полуфиналето ќе ...
Жозе Мурињо со критики за судењето по победата на Аргентина над Египет (3-2) во осминафиналето на Светското првенство. Португалецот, кој натпреварот го следеше во улога на стручен аналитичар, смета дека арбитрите и ВАР донеле неколку спорни одлуки кои влијаеле на текот на мечот. „Ова е грабеж . Срамота е во што се претвора фудбалот. Зошто дозволија да продолжи акцијата и да падне гол, за потоа да се вратат и да го поништат? Ако има прекршок, ...
Швајцарија по подобро изведување пенали ја елиминира Колумбија и обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, а селекторот Мурат Јакин беше задоволен што неговиот план целосно се реализирал. Швајцарците по 120 минути без голови славеа со 4-3 во пенал серијата, а Јакин истакна дека натпреварот се одвивал токму онака како што неговиот стручен штаб го замислил. „Мислам дека не сакате да го слушнете мојот план за натпреварот, но сè се ...
Додека Аргентина успешно чекори кон завршницата на Светското првенство, Аргентинската фудбалска федерација (АФА) се најде под истрага на американските власти поради сомнежи за перење пари и финансиски малверзации вредни повеќе од 300 милиони долари. Според информациите, агенти на ФБИ и обвинители од американското Министерство за правда во Мајами го испрашувале бизнисменот Гиљермо Тофони, како дел од истрагата за комерцијалните договори на АФА ...
Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски има нов клуб во Турција, а повторно и во следната сезона ќе настапува во Втората лига на оваа земја. Аврамовски стави потпис на договор со Мугласпор, клуб кој е нов второлигаш во Турција. Оваа екипа минатата сезона се натпреваруваше во третиот ранг, ама преку баражот стигна меѓу второлигашите и го промовира Македонецот како засилување во офанзивниот дел од средниот ред. View this post on ...
Машката јуниорска репрезентација на Македонија со победа ги започна контролните натпревари во рамките на подготовките за претстојните репрезентативни обврски. Во првиот тест, одигран во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ ја совладаа селекцијата на Косово so 90-87, иако по првата четвртина имаа негатива од 20 поени. Гостите отворија одлично и по десет минути игра поведоа со убедливи 34-14. Нашата ...
Со првиот собир и тренинг во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, избраничките на селекторот Виктор Петровски го означија почетокот на подготовките за континенталниот шампионат, на кој Македонија ќе настапи во групата Д заедно со селекциите на Грција, Словачка, Данска и Велика Британија. Стручниот штаб ќе располага со доволен период за да ја темпира формата на репрезентативките пред стартот на натпреварувањето во Романија, а веќе претстојниот ...
Македонскиот ракометен ас Филип Талески и официјално е нов член на ГРК Охрид. Искусниот лев бек по неколкунеделните преговори се договори со охридскиот клуб и во новата сезона ќе го носи дресот на „гладијаторите“, дознава Gol.mk. Талески во Охрид пристигнува од унгарска Татабања, каде што настапуваше во вториот дел од минатата сезона, откако претходно се раздели со Вардар. Зад себе има богата интернационална кариера. Ракометните чекори ги ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е казнет со 5.600 фунти од организаторите на Вимблдон поради „гласни вулгарности“ за време на осминафиналниот натпревар против Русинот Роман Сафиулин. Според соопштението на организаторите, Ѓоковиќ во неколку наврати употребил вулгарни зборови по загубени поени, поради што најпрво добил опомена од главниот судија, а потоа му била изречена и парична казна. Инцидентот се случи на дуелот во кој српскиот ас го ...
Ракометната селекција на Македонија до 20 години со пораз го започна Европското првенство, откако во првиот натпревар од групата Д загуби од Норвешка со 36-31 (18-14). Нашите надежи одлично го започнаа натпреварот и играа рамо до рамо со фаворизираниот противник повеќе од половина полувреме. Во тој период водството наизменично се менуваше, но потоа следуваше мал пад во играта на Македонија и Норвешка искусно го искористи тоа. Скандинавците ...
Елиминацијата на Бразил во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка предизвика вистински хаос во таборот на „кариоките“, а интересен детал по враќањето во татковината привлече големо внимание. Имено, во авионот што од САД слета во Бразил се наоѓал само еден репрезентативец – Данило, еден од ретките фудбалер од националниот тим кој настапува во домашното првенство. Десниот бек беше стандарден во составот на Карло Анчелоти, а по првиот ...
Македонскиот второлигаш Камјани и официјално ги започна подготовките за новата сезона, откако го одржа првиот тренинг. Екипата и во новата натпреварувачка година ќе ја предводи тренерот Бурхан Емурлаи, а во неговиот стручен штаб ќе бидат Беким Зибери и Сулејман Ибиши. Раководството на клубот веќе работи на засилување на ростерот со цел да формираат поконкурентен тим за претстојниот шампионат, додека целиот подготвителен период, заедно со ...
АргентинаКонтроверзиите по осминафиналниот натпревар меѓу Аргентина и Египет не стивнуваат. По драматичната победа на актуелниот светски шампион со пресврт од 0-2 на 3-2, на социјалните мрежи се појави видео-компилација со сите спорни судиски одлуки од натпреварот. Во видеото се издвоени неколку ситуации во кои, според многумина, главниот судија Франсоа Летексије и ВАР-собата донеле одлуки во корист на Аргентина. Египќаните тврдат дека биле ...
Златко Далиќ повеќе не е селектор на хрватската фудбалска репрезентација. По елиминацијата на „коцкестите“ во шеснаесетинафиналето на Светското првенство од Португалија (2-1), искусниот стратег одлучи да се повлече од функцијата што ја извршуваше од 2017 година. Со тоа завршува најуспешната ера во историјата на хрватската репрезентација. Под водство на Далиќ, Хрватска го освои сребрениот медал на Мундијалот во Русија во 2018 година, бронзата ...
Фоларин Балогун не сакаше да навлегува во политичките контроверзии по елиминацијата на САД од Белгија (4-1) во осминафиналето на Светското првенство. Американскиот напаѓач, чиј настап беше одобрен по контроверзната одлука на ФИФА да му ја поништи суспензијата, истакна дека најмногу го боли поразот и испаѓањето од Мундијалот. Иако се најде во центарот на вниманието поради одлуката на ФИФА и наводните политички притисоци, Балогун не успеа да ...
ГРК Тиквеш и официјално ќе биде дел од новата сезона во ЕХФ Европскиот куп, откако Европската ракометна федерација му додели вајлд-карта за настап во ова натпреварување. Така, кавадаречкиот клуб четврта сезона во низа ќе ја претставува Македонија на европската ракометна сцена, што претставува уште една потврда за стабилноста, континуитетот и квалитетната работа во клубот. „По одлука на Европската ракометна федерација, нашиот клуб доби ...
Македонскиот репрезентативец Лука Стојановски е првото летно засилување на МЗТ Скопје, откако официјално стави потпис на договорот со македонскиот шампион. За него ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше сино-белиот дрес во сезоната 2018/19. Потоа, три години беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер. Сега, повторно е таму каде што припаѓа – во ...