Слекторите на Бразил и Норвешка, Карло Анчелоти и Стале Солбакен „се разоружија“ пред почетокот на осминафиналниот натпревар на Светското првенство. Двајцата стратези ги обелоденија своите состави, по кои веднаш се гледа дека очекуваме пеколна пресметка и голема битка за пласман меѓу осумте најдобри. Бразил ќе тргне со Винициус Жуниор и Матеус Куња во офанзивната линија, додека Норвежаните ќе се обидат да го изненадат фаворитот со најсилната ...

Еден од најискусните репрезентативци на македонската репрезентација, Стојан Ѓуроски, по победата над Луксембург (80-66) истакна дека токму карактерот и односот кон играта биле пресудни Македонија да го задржи максималниот ефект до самиот крај на претквалификацискиот циклус. „Тежок натпревар за нас, без неколку играчи и со скратен ростер. Мило ми е што покажавме карактер и влеговме максимално во натпреварот, без разлика што за нас немаше ...

Македонскиот репрезентативец Виктор Ефремовски, по победата над Луксембург (80-66) истакна дека дисциплината и почитувањето на тактичките замисли на стручниот штаб биле клучот за уште едно убедливо издание на македонската селекција. „Црвено-жолтите“ убедливо го освоија првото место во групата А и со голема самодоверба ќе го очекуваат вториот претквалификациски циклус за Европското првенство. „Одигравме одличен натпревар против Луксембург и ...

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум продолжува да го засилува ростерот за следната сезона, а најнова аквизиција на клубот е искусниот Егзон Белица, кој доаѓа од редовите на Работнички. 35-годишниот дефанзивец треба да донесе цврстина во одбраната на стружани, кои следната сезона повторно ќе имаат највисоки амбиции во Првата македонска лига. Белица зад себе има големо искуство - во два наврати играше за Работнички, беше дел од тетовска ...

Поранешниот германски репрезентативец, Никлас Зуле, е нов фудбалер на СВ Тифенбах, клуб кој се натпреварува во Крајслигата во германската покраина Баден-Виртемберг, соопшти клубот. Триесетгодишниот стопер од следната сезона ќе настапува за нисколигашот, со што ја завршува својата 13-годишна професионална кариера на највисоко ниво. Зуле истакна дека одлуката ја донел за повторно да го доживее фудбалот во поинаква средина. „Со нетрпение ...

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, победи на трката во Формула 1 која се возеше за Големата награда на Велика Британија и ја забележа својата прва победа од октомври 2024 година. На патеката Силверстоун, Леклер ја оствари деветтата победа во кариерата. Второто место му припадна на домашниот возач на Мерцедес, Џорџ Расел. Трет низ целта мина тимскиот колега на Леклер во Ферари, Луис Хамилтон, додека актуелниот светски шампион и возач на Мекларен, ...

Американската тенисерка Џесика Пегула се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако ја совлада својата сонародничка Ива Јовиќ со конечни 2-1, по сетови 4-6, 6-3, 6-1. Пегула, која е четврта тенисерка на светот, до победата стигна по два часа и 12 минути игра. Во првиот сет беа видени дури седум брејка, од кои четири направи Јовиќ - американска тенисерка со српско потекло. Пегула заигра многу подобро во вториот сет и по два освоени брејка ...

Новак Ѓоковиќ продолжува сигурно да чекори кон ново финале на Вимблдон, откако во осминафиналето го совлада Русинот Роман Сафиулин со 3-1 во сетови (7-6, 6-3, 3-6, 6-3). Српскиот ас се соочи со сериозен отпор во првиот сет. Двајцата тенисери направија по два брејка, па сетот влезе во тај-брејк, каде што Ѓоковиќ покажа повеќе смиреност и славеше со 8-6. Во вториот сет седумкратниот шампион го подигна нивото на игра. Клучниот момент се случи во ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија иако со скратен ростер, успеа да го совлада Луксембург на гостински терен (80-66) и така со перфектни 6-0 ја заврши првата фаза од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2029 година. Избраниците на Жозеп Мариа Берокал уште од стартот го наметнаа своето темпо. Предводени од расположениот Ефремовски, по пет минути игра поведоа со 13-7, а во финишот од првата четвртина се ...

Сериозна замка и потенцијална мина ја очекува Англија во осминафиналето на Светското првенство. Еден од најголемите фаворити за освојување на титулата, во ноќта меѓу недела и понеделник (02:00 часот), ќе го има најтешкиот испит досега на Мундијалот, бидејќи во Мексико Сити го чекаат разиграните Мексиканци и суровата „Ацтека“, која проголтува сè пред себе! Тимот на Томас Тухел не може да се пофали со течна игра, ниту со лесно создавање шанси, ...

Младиот македонски напаѓач и репрезентативец на Македонија, Никола Величковски, во новата сезона ќе има нов клуб затоа што си замина од редовите на Брера Струмица. 20-годишниот фудбалер имаше солидна сезона на личен план, на 28 натпревари постигна вкупно седум гола со уште една асистенција и беше еден од постандардните играчи во составот од Струмица. По испаѓањето на Брера од прволигашкото друштво, Величковски ќе тргне во нов предизвик. За ...

Атмосферата пред вечерашниот осминафинален дуел меѓу Мексико и Англија на Светското првенство достигнува кулминација, а навивачите на домаќинот уште еднаш покажаа колку им значи овој натпревар. Голем број мексикански фанови се собраа пред хотелот во кој е сместена англиската репрезентација и со песни, знамиња и гласно навивање создадоа вистинска фудбалска атмосфера. Освен што испратија силна поддршка до својата селекција, навивачите имаа и ...

Францускиот селектор Дидие Дешамп по победата над Парагвај и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство изнесе сериозни обвинувања, тврдејќи дека од клупата на противникот биле упатени навреди, меѓу кои и кон неговата неодамна почината мајка. Дешамп, кој неодамна ја загуби мајка си, по натпреварот истакна дека Французите можеле да минат и без навредите кои, според него, дошле од дел од стручниот штаб и резервните играчи на Парагвај. ...

Бразилците се протнаа низ иглени уши до осминафиналето на Светското првенство со гол во судиското продолжение против Јапонија (2-1). „Селесао“ не блеска, но трофејниот италијански стручњак Карло Анчелоти му вгради победничка ДНК. Од друга страна, Норвешка ја оправда улогата на фаворит од сенка, селекција која може да ги изненади и најдобрите репрезентации во светот. Ерлинг Халанд и соиграчите ја елиминираа селекцијата на Брегот на Слоновата ...

Украинскиот тенисер Владислав Орлов со многу емоции го доживеа финалето на „Македонија опен“ во Скопје, во кое загуби од македонскиот ас Калин Ивановски. Орлов по мечот, низ солзи, ѝ се обрати на публиката и испрати силна порака, потсетувајќи на тешките години низ кои минува неговата земја. „Доаѓам од држава која е во војна. Ова се долги и тешки години за нас Украинците. Додека гледав како го бодрите вашиот тенисер Калин, тоа ме инспирираше и ...

Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ги заврши подготовките за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Романија. Во последниот контролен натпревар, избраниците на селекторот Игор Илиевски ја совладаа Италија со убедливи 30-22, прикажувајќи сигурна и квалитетна игра. Овој триумф претставува одлична увертира пред настапот на континенталниот шампионат, на кој младите македонски ракометари ќе се обидат да остават ...

Струга Трим Лум продолжува активно да работи на засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на македонскиот прволигаш е Хамонд Агамах. Станува збор за 29-годишен напаѓач, кој доаѓа од Франција, но поседува и пасош на Гана. Агамах во досегашната кариера настапуваше исклучиво за клубови од пониските француски лиги, а природна позиција му е во самиот врв на нападот. Искусниот офанзивец е уште едно од летните засилувања на Струга ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го забележа најголемиот успех во својата кариера, откако триумфираше на Македонија опен во Скопје. Ивановски во големото финале славеше против Владислав Орлов од Украина со 2-1 во сетови, односно 6-1, 0-6 и 6-2, и така за првпат се радуваше на трофејот на турнирот во македонската престолнина. По последниот поен следуваше емотивна прослава на Ивановски, кој со многу радост го прослави најголемиот момент во ...

Калин Ивановски не ја криеше радоста по освојувањето на титулата на Македонија опен во Скопје, која воедно е и најголемиот успех во неговата досегашна кариера на домашно тло. Македонскиот тенисер по победата над Владислав Орлов во финалето (2-1) им се заблагодари на навивачите за големата поддршка, истакнувајќи дека токму домашната публика му била дополнителен мотив да стигне до трофејот. „Многу сум среќен што се вратив на терените после ...

Калин Ивановски го забележа најголемиот успех во својата кариера на Macedonian Open 2026, откако во големото финале славеше над Владислав Орлов од Украина со 2-1 (6-1, 0-6, 6-2) во сетови и со тоа за првпат се радува на трофеј на турнирот во македонската престолнина. Македонскиот ас фуриозно го започна натпреварот за титулата и по само половина час игра поведе со 1-0 во сетови. Калин беше доминантен во секој сегмент од играта и на противникот ...

Златан Ибрахимовиќ, кој за време на Светското првенство работи како стручен аналитичар на „Фокс Спортс“, ја пофали Франција за начинот на кој се справи со провокациите во осминафиналниот натпревар против Парагвај. „Триколорите“ со многу мака славеа со 1-0 во Филаделфија, а победничкиот гол го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70. минута. Иако Франција беше голем фаворит, Ибрахимовиќ смета дека дуелот бил исклучително тежок поради грубата ...

Хрватскиот шампион Загреб со нов тренер ќе ги започне подготовките за новата сезона. Клубот официјално го назначи Хрвоје Хорват за нов шеф на стручниот штаб, со што по три години минати во швајцарскиот Кадетен Шафхаузен се враќа во својата татковина. Хорват добро го познава клубот, бидејќи во минатото настапуваше и како играч за Загреб, а сега ќе има задача да предводи тим во кој ова лето пристигнаа дури осум нови ракометари. Тренерската ...

Реал Мадрид и официјално го обезбеди потписот на Дензел Дамфрис, кој стана ново големо засилувања на „кралскиот клуб“ во летниот преоден рок. Холандскиот репрезентативец се наметна како приоритетна опција за десната бековска позиција, по заминувањето на капитенот Карвахал. Дамфрис зад себе има неколку одлични сезони во дресот на Интер, каде што беше еден од најстандардните фудбалери и важен дел од тимот што бележеше успеси на домашна и ...

Карло Анчелоти уште еднаш покажа дека знае како да се носи со критики. За време на Светското првенство доби некои провокативни прашања, а критики имаше и од бразилската јавност. Италијанецот порача дека неговото долгогодишно искуство доволно зборува за неговите квалитети. Анчелоти исто така посочи дека само еден тренер има повеќе искуство од него и само тој може да ме критикува. „Не знам дали разбирам фудбал или не, но никој друг не може да ...

Килиан Мбапе повторно беше човек на одлука за Франција, постигнувајќи го единствениот гол во победата над Парагвај (1-0) со која „триколорите“ обезбедија место во четвртфиналето на Светското првенство. Капитенот на Франција реализираше од пенал во 70. минута и продолжи да испишува историја на Мундијалите. Со овој погодок стигна до 19 на Светските првенства, постигнати на исто толку натпревари, па сега го дели само еден гол од Лионел Меси на ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, не го криеше задоволството по пласманот во четвртфиналето на Светското првенство, но призна дека неговите избраници имале исклучително тешка задача против Парагвај. „Триколорите“ славеа со минимални 1-0 во Филаделфија, а единствениот погодок на натпреварот го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70. минута. Искусниот стратег по натпреварот откри дека им дал посебна задача на своите фудбалери да го заштитат ...

Парагвај не успеа да ја изненади Франција во осминафиналето на Светското првенство, но остави впечаток на селекција која не бираше средства во обидот да го сопре големиот фаворит. Јужноамериканците од самиот почеток се определија за цврста и агресивна игра, со многу дуели, прекини и провокации, настојувајќи да го исфрлат ривалот од ритам. Најчесто на удар беше Килиан Мбапе, кој во текот на целиот натпревар беше под постојан притисок од ...

Шкендија го врати во своите редови своето дете Флорент Рамадани. По шестмесечната авантура во косовска Дрита, 25-годишниот играч за врска се врати во Тетово како слободен фудбалер. Рамадани во јануари ја напушти Шкендија и се пресели во Косово, но по само половина година повторно го облече дресот на тетовскиот клуб. Станува збор за поранешен младински репрезентативец и фудбалер кој ги мина младинските категории на Шкендија. Во својата ...

Со одигрувањето на денешното финале меѓу Калин Ивановски (Македонија) и Владислав Орлов (Украина) ќе биде испишана уште една страница од турнирот Macedonian Open. Во продолжение можете да ги прочитате имињата на сите победници на овој турнир низ годините. Победници на досегашните изданија: 1992 година – финале: Орлин Станојчев – Александар Китинов 3-2 1993 година – финале: Зоран Шевченко – Александар Китинов 3-0 1994 година – финале: Орлин ...

Фудбалскиот клуб Вардар ќе го намали ростерот пред новата натпреварувачка сезона, а веќе се договорени неколку позајмици. Мануел Куестас кој неодамна потпиша продолжување на соработката на четири години, следната сезона ќе ја мине на позајмица. Аргентинецот е проследен во Црна Гора, а таму ќе настапува за екипата на Језеро Плав. Станува збор за прволигашка екипа која минатата сезона избори опстанок во црногорската елита преку баражот. Инаку, ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.61
24%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.24
31%
1017
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.35
40%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.26
38%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
1.59
44%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
43%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
8.13
19%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
1.52
25%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 29ᴼ
1.79
41%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
2.24
27%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
7.58
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Калај

56.36

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Паладиум

43628.56

Бакар

13.23

Сребро

2044.16

Алуминиум

3.28

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Платина

56038.75