Колумбиската фудбалска репрезентација се врати во татковината по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, но меѓу патниците за Богота го немаше Хаминтон Кампаз. Фудбалерот одлучил да не се врати со националниот тим поради сериозни закани по неговата безбедност. Кампаз се најде на удар на јавноста откако во натпреварот против Швајцарија промаши голема шанса во самиот финиш, со која можеше да ѝ донесе победа на Колумбија пред ...

Белгија и во четвртфиналето против Шпанија на Светското првенство нема да смета на повредениит Зено Дебаст. Стоперот на Спортинг пристигна на Мундијалот со повреда на ногата, поради која досега не одигра ниту една минута. Иако лекарскиот тим на белгиската репрезентација смета дека е подготвен, португалскиот клуб не му дозволува да настапи. „Зено Дебаст нема да биде на располагање за четвртфиналето. Неговиот клуб, Спортинг, го извести играчот ...

Белгискиот стратег Хуго Брос стави крај на дилемите околу својата иднина и официјално потврди дека повеќе нема да ја предводи репрезентацијата на Јужна Африка. „Нема да бидам повеќе селектор на Јужна Африка. Ако имаат потреба од некоја друга функција, можеби скаутинг е друга приказна. Фудбалот повеќе нема да биде дел од мојот живот 24 часа“, изјави Брос. Иако по елиминацијата од Канада во осминафиналето на Светското првенство призна дека ...

Франција го славеше пласманот во полуфиналето на Светското првенство, но прославата на северот од земјата заврши со голема трагедија. Во местото Оноа Емери животот го загуби 17-годишно девојче, кое паднало од камион за време на славјето. Според првичните информации, девојката се качила на задниот дел од влекач кој се движел без приколка за да ја прослави победата на француската репрезентација. Во еден момент ја загубила рамнотежата, паднала ...

Франција со победата од 2-0 над Мароко обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство. Килиан Мбапе продолжи да ги поместува границите со своите бројки на најголемата фудбалска сцена. Напаѓачот на Франција повторно беше во центарот на вниманието, иако промаши пенал потоа го даде првиот погодок на средбата. Со тоа францускиот капитен стигна до осум погодоци на актуелниот Мундијал, а според статистиката на „Опта“ стана единствениот ...

Шпанија вечерва ќе се соочи со Белгија во четвртфиналето на Светското првенство, а Ламин Јамал верува дека токму во завршницата од турнирот ќе го покаже своето најдобро издание. Младиот фудбалер на Барселона нагласи дека на Мундијалот пристигнал по двомесечна пауза без натпревари, поради што му било потребно време повторно да влезе во натпреварувачки ритам. „Не играв фудбал два месеци. Тешко е кога ќе одиграш седум натпревари во низа. Треба ...

Ерлинг Халанд не е само еден од најдобрите напаѓачи во светот, туку и фудбалер кој никогаш не ги заборава своите корени. Кога настапува за норвешката репрезентација, тој побарал на неговиот дрес да стои и презимето Браут, па затоа на грбот носи Ерлинг Браут Халанд. Браут е презимето на неговата мајка Марита, поранешна професионална спортистка и повеќекратна шампионка на Норвешка во седмобој. Халанд исто така многу пати истакнал дека љубовта ...

Организаторите внимателно ја следат временската прогноза пред четвртфиналниот натпревар меѓу Англија и Норвешка на Светското првенство, бидејќи постои можност дуелот во Мајами да не започне во предвидениот термин. Флорида е погодена од екстремни горештини, а метеоролозите најавуваат дека температурата може да достигне и до 43 степени. Покрај жештината, над регионот се прошири и облак од сахарска прашина, а за подоцна во текот на денот се ...

Најдобрата одбрана против еден од најдобрите напади. Кога почна турнирот, малкумина можеа да претпостават дека токму Шпанија и Белгија ќе имаат таков статус во пресрет на четвртфиналето. Барем не во такви улоги. Од „Црвената фурија“ се очекуваше атрактивен фудбал, убави акции и многу голови, а наместо тоа добивме тим чија мрежа сè уште мирува на територијата на Северна Америка. Од друга страна, „Црвените ѓаволи“ постепено го прошируваа својот ...

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување на битолскиот состав е голманот Марко Трајков. Младиот чувар на мрежата пристигнува во редовите на вториот тим на „зелено-белите“, каде ќе се обиде да се наметне со своите настапи и да придонесе во остварувањето на клупските цели. Трајков зад себе има настапи за Голден Арт и Тинекс Пролет, а сега кариерата ќе ја продолжи во Битола како нов член на ...

МЗТ Скопје го задржа своето најголемо домашно оружје за новата сезона, откако официјално ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Обновувањето на договорите со двајцата искусни репрезентативци било еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата натпреварувачка сезона. За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес. Најтрофејниот македонски кошаркар ќе има можност да ја нападне ...

Матеј Гаштаров стави потпис на нов тригодишен договор со Црвена Звезда. Младиот македонски фудбалер ги мина подготовките за новата сезона со првиот тим и веројатно се наметна, па управата го награди со продолжување на соработката. По потписот Гаштаров доби и убаво изненадување во организација на медиа тимот на Црвена Звезда. Тој доби видео-повик од македонските легенди на клубот Дарко Панчев и Илија Најдоски. Двајцата му го честитаа потписот, ...

Франција обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство 2026, откако со 2-0 го совлада Мароко, но селекторот и навивачите со нетрпение ќе ги чекаат вестите околу здравствената состојба на Килијан Мбапе. Ѕвездата на Реал Мадрид го отвори резултатот и стигна до осмиот погодок на Мундијалот, иако претходно не успеа да реализира удар од белата точка. Сепак, во самиот финиш беше заменет поради болка во десниот зглоб, а грижа предизвикаа ...

Генералниот менаџер на Милвоки Бакс, Џон Хорст, првпат јавно проговори за одлуката клубот да се раздели со Јанис Адетокумбо, кој по 13 години ја напушти франшизата и кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит. Хорст призна дека станува збор за една од најтешките одлуки што ја донело раководството, но потенцира дека клубот ја искористил можноста за нов почеток и градење на нов тим. „Никој денес нема да каже дека сме подобар тим по трејдот на ...

Новиот англиски премиерлигаш Ипсвич Таун, го урна клупскиот трансфер рекорд и го ангажираше бразилскиот напаѓач Емерсон како најскапо засилување во историјата на клубот по враќањето во Премиер лигата. 21-годишниот Бразилец потпиша петгодишен договор, и иако клубот не ги објави финансиските детали за трансферот, британските медиуми објавија дека Ипсвич му платил отштета на француски Тулуз во износ од 24 милиони фунти. Емерсон, кој е поранешен ...

Тренерот на Шкендија, Артим Положани, успешно дебитираше на клупата на тетовскиот тим, откако неговите избраници со убедливи 5-0 ја совладаа Европа на гостински терен во Гибралтар, во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. По натпреварот, Положани изрази задоволство од резултатот, но нагласи дека тимот има простор за напредок. „Очекувавме тежок натпревар, но кога ќе победите со 5-0, мора да им честитам ...

Екипата на Силекс направи подвиг и со победа на неутрален терен против Динамо Минск (0-1) тргна во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Иако важеше за нефаворизиран тим на хартија, Куп-освојувачот на Македонија беше подобар од ривалот и на домашен терен ќе брка следна рунда. Еден погодок го реши мечот на теренот во Стара Загора, Бугарија. Лидерот во белорускиот шампионат мораше да игра на неутрален терен заради војната која се води ...

Фудбалската селекција на Франција е првиот патник во полуфиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, откако во репризата од битката за финалето од пред четири години, одново совладан беше тимот на Мароко со 2-0 (0-0). Ѕвезди на вечерта во Бостон беа Килијан Мбапе и Усман Дембеле, кои беа автори на головите за Франција. На тој начин елиминирана беше единствената африканска селекција која што по вторпат во низа на Мундијалите ...

Килијан Мбапе се искупи за промашениот пенал против Мароко во четвртфиналето на Светското првенство. Напаѓачот на Реал Мадрид во првото полувреме од дуелот во Бостон не реализира удар од единаесет метри, но на стартот од вториот дел покажа класа и ѝ донесе водство за својата селекција. Се играше 60 минута кога Мбапе на велемајсторски начин го пронајде патот на топката до противничката мрежа и погоди за заслужена предност на „триколорите“ од ...

Битолски Пелистер продолжува интензивно да го комплетира тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а денес клубот официјално претстави уште трите нови засилувања. Зелено-белиот дрес во новиот шампионат ќе го носат Данаил Тасев, Максим Славков и Давид Илоски. Дваесет и четиригодишниот играч за врска Данаил Тасев во Битола пристигнува од редовите на Тиквеш, каде што настапуваше во изминатиот период. Нов член на ...

Килијан Мбапе го изведе можеби најлошиот пенал во својата кариера, и тоа во момент во кој најмалку требаше да го направи тоа. Во четвртфиналето од Светското првенство во САД, Мексико и Канада, Франција доби најстрога казна по стартот на Мазрауи токму врз Мбапе. Асот на Реал Мадрид ја презеде одговорноста и ја намести топката на белата точка, но шутираше толку лошо, што Боно без многу проблеми ја фати жива. Mbappé just Messi-ed his penalty? ...

Ракометниот клуб Радовиш ги потпиша првите договори со играчите кои ќе го носат дресот на клубот во новата сезона. Дел од ракометарите кои настапуваа во ланскиот шампионат и во изминатата сезона остануваат дел од тимот, а особено значајно за Радовиш е што потпишани се договори со неколку перспективни млади ракометари од сопствената школа, кои со својата работа и посветеност заслужија место во сениорскиот состав. Во новата сезона Радовиш ќе се ...

Екипата на Шкендија забележа убедлива победа на гостувањето кај Европа во Гибралтар (5-0) во рамки на првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА и само чудо ќе ја спречи од пласман во следната квалификациска рунда. Црвено-црните демонстрираа сила против ривалот, иако играа на вештачка трева. Избраниците на новиот тренер Артим Положани одиграа тактички одличен дуел и покажаа ефикасност која скоро и да им гарантира патување во ...

Репрезентациите на Франција и Мароко ќе ја отворат четвртфиналната програма на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а селекторите веќе ги одредија стартните состави за мечот. Франција (4-2-3-1): Мењан; Кунде, Упамекано, Салиба, Дињ; Коне, Рабио; Дембеле, Олисе, Дуе; Мбапе Мароко (4-2-3-1): Боно; Хакими, Диоп, Мазрауи, Салах-Едине; Буади, Ел-Ајнауи; Талби, Оунахи, Ел Канус; Диаз Натпреварот меѓу двете селекции стартува од 22:00 ...

Екипата на Силекс направи подвиг и со победа на неутрален терен против Динамо Минск (0-1) тргна во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Иако важеше за нефаворизиран тим на хартија, Куп-освојувачот на Македонија беше подобар од ривалот и на домашен терен ќе брка следна рунда. Еден погодок го реши мечот на теренот во Стара Загора, Бугарија. Лидерот во белорускиот шампионат мораше да игра на неутрален терен заради војната која се води ...

Фудбалскиот клуб Арсими продолжува со засилувањата во летниот преоден рок, откако официјално го промовираше колумбискиот напаѓач Диего Контрерас како нов член на тимот. Контрерас кој има 22 години пристигнува од редовите на албански Партизани, а претходно настапуваше и за Јагуарес во најсилното првенство на Колумбија. Колумбискиот офанзивец беше едно од најпријатните изненадувања во изминатата сезона, кога со своите настапи во дресот на ...

Екипата на Шкендија дојде до предност на гостувањето кај Европа во Гибралтар во рамки на Конференциската лига на УЕФА, со погодок кој падна во средината на првиот дел. Погодокот во мрежата на домашниот тим падна во 28. минута. Стрелец беше најистурениот напаѓач Фахд Ндезенге, кој го совлада домашниот голман. Асистент на голот за тетовчани беше Ване Крстевски. Екипата на Шкендија дојде до предност на гостувањето кај Европа во Гибралтар во ...

Фудбалскиот клуб Пелистер ги засили своите редови со три повратници пред почетокот на новата сезона. Во зелено-белиот дрес повторно ќе настапуваат Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски. Битолскиот клуб официјално потврди дека тројцата фудбалери повторно ќе бидат дел од тимот, со што дополнително ќе се зголеми конкуренцијата во составот за претстојните предизвици. Љамчевски, Христов и Наумоски добро ја познаваат клупската средина ...

Екипата на Силекс дојде до предност во натпреварот против Динамо Минск од Белорусија (0-1) пред крајот на првото полувреме во Конференциската лига, со погодок од пенал. Во казнениот простор невнимателен беше Туре, кој стартуваше остро врз Пановски. Судијата без размислување покажа на белата точка. Првиот европски гол за Силекс оваа сезона беше дело на новото засилување во нападот, Есмир Хасукиќ, кој стрела во 42. минута од мечот на ...

Вимблдон оваа година ќе добие чешка шампионка, откако Каролина Мухова и Линда Носкова обезбедија пласман во големото финале на најпрестижниот тениски турнир. Ова ќе биде трет пат во последните четири години трофејот во женска конкуренција да заврши во рацете на чешка тенисерка. Минатата година титулата ја освои Полјачката Ига Швјонтек, додека претходно шампионки беа Чехинките Барбора Крејчикова и Маркета Вондроушова. Линда Носкова, која е 12. ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.39
27%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
39%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.4
32%
1017
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.24
39%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.66
39%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
1.9
46%
1018
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
7.15
43%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
6.18
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
0.96
30%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
3.13
43%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
1.79
29%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
7.9
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Алуминиум

3.28

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Паладиум

43628.56

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Сребро

2044.16

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Калај

56.36

Платина

56038.75

Бакар

13.23