Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Една од најубавите приказни на Светското првенство е онаа на голманот на Зеленортските Острови, Возиња, кој со своите фантастични интервенции стана вистински хит на турнирот. Четириесетгодишниот чувар на мрежата блесна на Мундијалот, особено на натпреварите против Шпанија и Аргентина, каде со серија спектакуларни одбрани го привлече вниманието на светската фудбалска јавност. Но, само неколку недели пред почетокот на Светското првенство, ...
Фудбалската федерација на Франција официјално побара од ФИФА да го поништи жолтиот картон на Мајкл Олисе, заработен на осминафиналниот натпревар против Парагвај. Крилниот напаѓач беше јавно опоменат по дуелот со Матијас Галарса, кој падна на тревникот држејќи се за лицето. Сепак, телевизиските снимки покажаа дека Олисе само го повлекол противникот за дресот и воопшто немало удар во лицето. Французите сметаат дека картонот е неоправдан и ...
Португалија го заврши настапот на Светското првенство во осминафиналето, откако беше поразена од Шпанија со 1-0, а најемотивниот момент по натпреварот му припадна на Кристијано Роналдо. Легендарниот португалски капитен не можеше да ги сокрие солзите по последниот судиски свиреж. Видно разочаран, 41-годишниот Роналдо го напушти теренот со солзи во очите, свесен дека го одиграл своето последно Светско првенство. Cristiano Ronaldo llorando con ...
Фудбалската селекција на Шпанија е новиот патник меѓу најдобрите осум на светот. Во пиринејското дерби „црвената фурија“ во самиот финиш го шокира големиот ривал Португалија и со победата од 1-0 се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Шпанија и Португалија одиграа исклучително возбудливо прво полувреме, но и покрај големиот број шанси, мрежите мируваа по првите 45 минути. Првата закана ја имаше Микел Ојарзабал ...
Селекторот на Соединетите Американски Држави, Маурисио Почетино, ја поздрави одлуката на ФИФА да ја суспендира автоматската казна за Фоларин Балогун, кој доби црвен картон на осминафиналниот натпревар против Босна и Херцеговина. Аргентинскиот стратег истакна дека одлуката е исправна и дека таа претставува победа за спортот. „Мислам дека секој што навистина го следи спортот и верува во етиката и интегритетот треба да ја поздрави оваа одлука. ...
Фудбалската федерација на Белгија не успеа со жалбата против одлуката на ФИФА да му дозволи на Фоларин Балогун да настапи на вечерашниот осминафинален натпревар против САД, но најави дека ќе поднесе нов приговор доколку американскиот напаѓач се најде на теренот. Од ФИФА ја отфрлија жалбата со образложение дека Белгија не е страна во дисциплинската постапка и затоа нема правна основа да ја оспорува донесената одлука. Сепак, Белгијците не се ...
Британскиот тенисер Артур Фери приреди големо изненадување на Вимблдон, откако во осминафиналето го елиминира Григор Димитров со 3-2 во сетови (7-5, 3-6, 4-6, 6-4, 7-6). Дваесет и тригодишниот Фери, кој е роден во близина на комплексот „Ол Ингланд Клаб“, за првпат во кариерата се пласира во четвртфинале на Грен слем и од следната недела ќе дебитира во Топ 100 на АТП-листата. Во следната рунда ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи. Без ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш продолжува со подготовките за новата сезона, а утре ќе го одигра првиот контролен натпревар за време на главната фаза од подготовките во Турција. Противник на кавадаречкиот тим ќе биде рускиот суперлигаш Балтика, кој ќе биде сериозен тест за избраниците на Богатинов во оваа фаза од подготовките. Натпреварот е закажан со почеток од 17:00 часот по македонско време, односно 18:00 часот по локално време во Турција. ...
Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека, по истекот на договорите, завршува соработката со шестмина фудбалери. Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим. „Во името на клубот, искрено им благодариме за професионалниот однос, пожртвуваноста, посветеноста и придонесот што го дадоа во изминатиот период. Со ...
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија и официјално ги започна подготовките за настапот на претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот денеска се собраа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со што стартуваше првиот дел од подготовките. Репрезентативците ќе тренираат во Скопје во периодот од 6 до 8 јули, а потоа на 8 јули ќе отпатуваат на подготовки во Австрија, каде што ќе престојуваат до 15 јули. По ...
Пресвртот на Белгија против Сенегал во натпреварот од шеснаесетфиналето претставува еден од најголемите впечатоци во досегашниот тек на Светското првенство. Селекцијата на Папе Тиа до 86. минута имаше предност од два гола и апсолутна контрола врз натпреварот, но потоа ситуацијата целосно се сврте во корист на веќе отпишаниот тим на Руди Гарсија. Ромелу Лукаку го намали резултатот, а потоа работите во свои раце ги презеде Јури Тилеманс, кој ...
Пиринејското дерби меѓу Португалија и Шпанија ќе го даде патникот во четвртфиналето на Светското првенство. Тренерите Роберто Мартинез и Луис Де Ла Фуенте ги одредија тимовите за средбата, а нема изненадувања освен што Леао е на клупата кај Португалците, а Жоао Феликс е стартер. Португалија (4-2-3-1): Коста; Кансело, Диаз, Веига, Мендеш; Невеш, Витиња; Нето, Фернандес, Жоао Феликс; Роналдо Шпанија (4-2-3-1): Симон; Поро, Кубарси, Лапорт, ...
Тренерот на финскиот шампион Купс, 34-годишниот Мика Нутинен, со голема самодоверба го најави утрешниот дуел против Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Младиот стратег истакна дека неговиот тим е целосно подготвен за европскиот предизвик и дека очекува Купс да оствари позитивен резултат доколку го прикаже своето вистинско лице. „Подготвени сме и возбудени. За нас ова е голем натпревар и целосно сме подготвени за ...
Екипата на Вардар е подготвена за натпреварот против фински КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите. Пред првата рунда со финскиот првак, своите видувања пред медиумите ги изнесе тренерот Кристијан Фабијани. „Дојде долго очекуваниот момент, по добрите подготовки во Италија. Со подготовките сум задоволен, сепак јас сум нов и не го имав оптималниот тајминг за да се подготвиме. Овој меч според мене трае 180 минути, а не деведесет. Ќе се ...
Македонскиот шампион Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. „Црвено-црните“ на домашен терен ќе го пречекаат финскиот КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на дуелот, капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, истакна дека тимот е подготвен за предизвикот и дека враќањето во најелитното европско клупско натпреварување претставува дополнителна мотивација ...
Кошаркарскиот клуб Дубаи официјално го продолжи договорот со канадскиот центар Мфионду Кабенгеле, кој ќе остане дел од тимот најмалку до летото 2028 година. Иако Кабенгеле веќе имаше важечки договор до 2027 година, раководството на клубот одлучи да му понуди нова долгорочна соработка како награда за одличните игри во неговата прва сезона во дресот на Дубаи. Канадскиот интернационалец беше еден од најдобрите центри во Евролигата, каде што во ...
Фантастичните настапи на голманот на Зеленортските Острови, Возиња, на Светското првенство му отворија врати за најголемиот трансфер во неговата кариера. Иако има 40 години, искусниот чувар на мрежата е еден од најбараните голмани на летниот трансфер-пазар. Според последните информации, најконкретен интерес покажува новиот саудиски прволигаш Ал-Дирија, кој подготвува официјална понуда за искусниот голман. Клубот неодамна доби силна државна ...
Францускиот прволигаш Монако и официјално го назначи Филипе Луис за нов шеф на стручниот штаб на првиот тим. Четириесетгодишниот Бразилец денеска започнува ново поглавје во својата тренерска кариера, откако потпиша договор со клубот од Кнежевството со важност до јуни 2028 година. Филипе Луис, кој како фудбалер изгради богата кариера настапувајќи за клубови како Атлетико Мадрид, Челси и Фламенго, сега ќе има можност за првпат да предводи ...
Италијанскиот тенисер Флавио Коболи продолжува со одличните настапи во сезоната, откако обезбеди место во четвртфиналето на Вимблдон втора година по ред. Деветтиот носител на турнирот славеше убедлива победа над петтиот фаворит Алекс де Минор со 7-5, 7-6 (4), 6-3. По финалето на Ролан Гарос оваа сезона, Коболи ја потврди својата одлична форма и на најпрестижниот турнир на тревната подлога, каде што повторно се најде меѓу осумте најдобри ...
Германскиот репрезентативец Исак Бонга е на чекор до трансфер во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Според информациите на „Енсестандо“, германскиот кошаркар ќе ја продолжи кариерата во редовите на „кралскиот клуб“. Реал Мадрид наводно му понудил тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, односно околу 2,5 милиони евра по сезона. За неговиот потпис интерес покажаа и Панатинаикос и Барселона, но се чини дека мадридскиот гигант е ...
Талентираниот македонски фудбалер Давид Ангелевски го напушти Пелистер и пред себе ќе има нов интернационален предизвик. Младиот играч за врска се сели во соседна Србија, каде што во иднина ќе ги брани боите на тимот на Спартак Суботица. Ангелевски со своите настапи во дресот на Пелистер во минатиот шампионат привлече внимание кај повеќе клубови од Македонија и регионот, а на крај одлуката падна да се пресели во Суботица. Иако е на почетокот ...
Тотенхем официјално го комплетираше најголемиот трансфер во својата историја, откако го претстави италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали како ново засилување. Лондонскиот клуб му плати на Њукасл 100 милиони фунти, односно околу 117 милиони евра, со што Тонали стана најскапото засилување во историјата на Спарс. Италијанецот по потпишувањето на договорот не го криеше задоволството од новиот предизвик. „Многу сум среќен што сум тука. Кога ...
Вечерва љубителите на фудбалот ќе уживаат во едно од најголемите дербија на Светското првенство, откако Шпанија и Португалија ќе се судрат во осминафиналето во Далас. Влогот е огромен, место меѓу осумте најдобри селекции на планетата. Шпанија во елиминационата фаза пристигнува како една од најубедливите репрезентации на турнирот. „Црвената фурија“ сè уште нема примено гол, а во претходната рунда без поголеми проблеми ја совлада Австрија со ...
Украинската тенисерка Марта Костјук обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во два сета ја совлада Американката Ешлин Кругер со 6-4, 6-4. Тринаесеттата носителка ја оправда фаворитската улога против 102. тенисерка на ВТА-листата и по еден час и 24 минути игра го потврди пласманот меѓу осумте најдобри на престижниот Грен-слем турнир. Костјук одигра доволно стабилно во клучните моменти, четири пати го одзеде сервисот на ...
Англија обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство по драматичната победа над Мексико со 3-2, но славјето на „Гордиот Албион“ беше нарушено по бизарната повреда на Џордан Хендерсон. Искусниот играч за врска, кој не настапи на натпреварот, по последниот судиски свиреж сакал да им се придружи на соиграчите во прославата со навивачите. Хендерсон се обидел да ја прескокне рекламната ограда, но се лизнал, паднал и незгодно го ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) бурно реагираше по одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на фудбалерот на САД, Фоларин Балогун. Во соопштението се наведува дека со ваквиот потег е „помината црвената линија“, бидејќи автоматската суспензија по исклучување не е прашање на дискреционо право, туку јасно пропишано правило кое важи за сите натпреварувачи. „Фудбалот, како и секој друг спорт, се темели на правила кои обезбедуваат фер, ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш официјално ја претстави новата гарнитура дресови со која ќе настапува во сезоната 2026/27. Од кавадаречкиот клуб истакнуваат дека новиот дизајн, изработен од познатиот спортски бренд „Хумел“, претставува спој на богатата клупска традиција и модерниот изглед, со силен акцент на историјата која Тиквеш ја гради уште од 1930 година. Во промотивната објава, клубот потенцира дека црвено-белите бои не се само ...
Прволигашот Арсими продолжува активно да го засилува тимот за новата сезона, а најново име во клубот е Ѓорѓи Дошев. Станува збор за дефанзивен играч за врска, кој пристигнува од редовите на Брера. Дошев и покрај младите години зад себе веќе има прволигашко искуство, откако претходно настапуваше за Македонија ЃП и Вардар, клубови со кои редовно беше дел од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига. Неговите квалитети се препознаени и на ...
Натпреварот од првото коло во Примера помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад (закажан за викендот од 14-16 август 2026 година) ќе биде одложен поради официјалното правило на шпанската лига поврзано со Светското првенство во фудбал. Иако Реал Мадрид во минатото бараше одложувања поради замор (кои беа одбивани), овој пат поместувањето се активира автоматски. Прописите на Примера наложуваат дека секој клуб кој има барем еден фудбалер во полуфиналето ...
Селекторот на сениорската репрезентација, Жозеп Марија Берокал, по успешното завршување на првата фаза од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029, порача дека националниот тим веќе го насочува вниманието кон новите предизвици што следуваат на крајот од август. Шпанскиот стратег потенцираше дека и покрај кадровските проблеми со кои се соочи репрезентацијата, сите кошаркари кои беа дел од составот одговориле на задачите и ...