Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Македонската сениорска репрезентација ја комплетираше првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален учинок. Победата над Луксембург (80-66) беше шеста во исто толку натпревари за избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал, кои без пораз го освоија првото место во групата „А“ и обезбедија пласман во следната рунда. Еден од најдобрите поединци на средбата, Виктор Ташовски, истакна дека Македонија одиграла уште еден ...
Екипата на Силекс во новата сезона ќе биде без шпицот Ади Алиќ, кој си замина пред извесно време, а веќе го има новиот ангажман и клубот каде ќе ја продолжи својата кариера. 24-годишниот центарфор минатата сезона за Силекс беше втор најдобар стрелец со девет постигнати гола, а кариерата ќе ја продолжи во најдобриот унгарски шампионат каде веќе договори ангажман. Нов клуб на Ади Алиќ ќе биде некогашниот шампион Хонвед од Будимпешта, кој оваа ...
Екипата на Арсими договори уште едно засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое доаѓа од редовите на Вардар. Ибрахим Олаосебикјан, 26-годишниот фудбалер кој настапуваше за црвено-црните, доаѓа во тимот од Чегране како позајмен играч. Се работи за офанзивен играч за врска кој има 55 настапи во Првата македонска фудбалска лига, со шест гола и пет асистенции. Покрај за Вардар, Олаосебикјан играше и за екипата на ...
Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, екипата на МЗТ Скопје, почна со формирање на ростерот за следната сезона и добива уште еден репрезентативец во своите редови. „Штрковите“ го потпишуваат Лука Стојановски, 26-годишен бек шутер и актуелен репрезентативец на Македонија. Доаѓа од Пелистер, за кого настапуваше од 2023 година и се очекува да биде важен дел од тимот. Стојановски професионалната кариера ја започна токму во МЗТ Скопје, за ...
Екипата на Работнички во новата сезона ќе игра во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а тимот ќе има нов изглед со оглед на тоа што повеќе играчи си заминаа или си заминуваат во потрага на нови клубови. Еден од оние кои нема да бидат дел од дебармаалци во новата сезона е Аритон Мехмед. Тинејџерот кој е актуелен младински репрезентативец на Македонија си отиде од Работнички и разгледува понуди каде ќе ја продолжи кариерата. Мехмед има ...
Во Охрид официјално започна јубилејното, 5. издание на ракометниот камп „40х20“, кој ќе трае до сабота. Повеќе од 120 учесници од пет држави, Македонија, Шведска, Германија, Швајцарија и Србија во наредните седум дена ќе имаат можност да ги усовршуваат своите ракометни вештини, да стекнуваат нови знаења, да се дружат и да уживаат во бројни едукативни и забавни активности. Организаторите и оваа година подготвија богата и разновидна програма, ...
Фудбалската репрезентација на Англија се соочи со неочекуван проблем веднаш по драматичната победа над Мексико во осминафиналето на Светското првенство, откако искусниот Џордан Хендерсон заработи сериозна повреда за време на прославата по натпреварот. Според селекторот Томас Тухел, англискиот репрезентативец го повредил зглобот на раката при пад преку рекламните паноа додека заедно со соиграчите ја славел победата од 3-2. По инцидентот, ...
Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд продолжува да ги поместува границите во дресот на Норвешка и испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал. Норвешкиот голгетер стана првиот и единствен фудбалер во историјата кој постигнал гол на секој натпревар што го одиграл во квалификациите за Светско првенство и на самиот Мундијал. Во квалификациите, Халанд беше неверојатен, постигнувајќи 16 голови на осум натпревари, при што се запиша во листата ...
Искусниот мексикански стратег Хавиер Агире потврди дека го завршува својот трет мандат на селекторската функција, откако Мексико беше елиминиран од Англија во осминафиналето на Светското првенство. Шеесет и седумгодишниот тренер истакна дека ја напушта репрезентацијата со чувство на гордост, нагласувајќи дека дал сè од себе во текот на својот последен ангажман. „Замнувам со многу гордост“, изјави Агире по завршувањето на настапот на домаќинот ...
Групацијата Ред Бул бара Германската фудбалска федерација (ДФБ) да плати отштета доколку Јирген Клоп ја напушти функцијата директор на фудбалските операции во компанијата и стане нов селектор на германската репрезентација. Преговорите со поранешниот тренер на Ливерпул се во тек, откако Јулијан Нагелсман ја напушти селекторската функција по изненадувачката елиминација на Германија во осминафиналето на Светското првенство, каде што беше ...
Фудбалската репрезентација на Англија избори место во четвртфиналето на Светското првенство, откако на легендарниот стадион „Ацтека“ го совлада домаќинот Мексико со 3-2 во натпревар исполнет со пресврти, пет гола, црвен картон и огромна драма до самиот крај. Средбата започна со едночасовно задоцнување поради силно невреме над Мексико Сити, но откако временските услови се подобрија, гледачите добија вистински фудбалски спектакл. Мексиканците ...
Осминафиналниот натпревар меѓу Мексико и Англија на Светското првенство е одложен поради силно невреме кое го зафати Мексико Сити. Организаторите донесоа одлука мечот да не започне во предвидениот термин со цел да се гарантира безбедноста на фудбалерите, службените лица и навивачите. Според најновите информации, новиот почеток на натпреварот е закажан за 19:00 часот по локално време во Мексико Сити, односно 03:00 часот по македонско време. ...
Осминафиналниот натпревар меѓу Франција и Парагвај на Светското првенство не донесе многу убав фудбал, но затоа остана запаметен по екстремните временски услови во кои се играше. Во Филаделфија официјално беа измерени 37 целзиусови степени, но чувството на теренот било околу 39 степени, додека температурата на тревникот надминувала 40 степени. Фотографиите од трибините покажуваат дека жештината била речиси неподнослива и за навивачите. Поради ...
Бразилската фудбалска легенда Нејмар официјално објави крај на својата репрезентативна кариера по елиминацијата на Бразил од Светското првенство. Емотивниот ѕвезда ја соопшти одлуката веднаш по натпреварот со Норвешка, испраќајќи кратка, но моќна порака која одекна во јавноста. Кариерата во националниот тим, играчот на Сантош ја завршува на 34 години. „Се обидов. Се обидов. Сè започна тука, на стадионот „МетЛајф“, и тука завршува. Сега е ...
Италијанскиот тенисер и светски рекет број еден, Јаник Синер, се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Актуелниот бранител на титулата обезбеди место меѓу најдобрите осум откако на Централниот терен во Лондон убедливо го совлада јапонскиот квалификант Шинтаро Мочизуки со резултат од 3-0 во сетови (6-3, 7-6, 6-3). Ова е петто последователно четвртфинале за Синер на Вимблдон, со што стана најмладиот играч на кој му успеало тоа по Пит Сампрас ...
Фудбалерите на Норвешка го елиминираа Бразил со 1-2 (0-0) во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот на „МетЛајф стадион“ во Њу Џерси понуди огромна борба, а вистински херој беше Ерлинг Халанд кој со два гола го реши натпреварот. Средбата тргна со погодок на Патрик Берг по само четири минути, меѓутоа веднаш се огласија судиите и сигнализираа недозволена позиција во зачетокот на акцијата. Набргу следуваше глупост на Норвежаните и ...
Иако светските ѕвезди блескаат на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада, најпродаваниот дрес на Мундијалот не е ниту на Меси, ниту на Мбапе, ниту на Роналдо. Дресот на францускиот крилен напаѓач Мајкл Олисе е најпродаваниот од дресовите на националните тимови на Светското првенство. Побарувачката за дресови со неговото име драстично се зголеми по неговите импресивни настапи на турнирот. Обемот на нарачки ...
Регистриран е првиот допинг случај за време на Светското првенство. Траги од забранета супстанца се пронајдени во допинг тестовите на осум играчи од фудбалската репрезентација на Тунис. Според британските медиуми, станува збор за кленбутерол, лек кој ги шири дишните патишта и е на листата на забранети супстанции на Светската антидопинг агенција (WADA). Можно е да влегол во телото по консумирање контаминирано месо за време на престојот на ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, не го криеше задоволството по победата на Големата награда на Велика Британија, истакнувајќи дека триумфот доаѓа по тежок период за него и тимот. Тој посочи дека во последните неколку тркачки викенди се соочувале со проблеми и грешки, но во Силверстоун конечно успеале да го пронајдат вистинскиот ритам и да го извлечат максимумот од болидот. „Прекрасно чувство, после долго време победив и се радувам на успехот. ...
Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, призна дека не стигнал лесно до победата и пласманот во четвртфиналето на Вимблдон, нагласувајќи дека Роман Сафиулин одиграл одличен натпревар. Ѓоковиќ славеше со 3-1 во сетови, но искрено рече дека на моменти не се чувствувал концентрирано и тоа довело до мали фрустрации во текот на мечот. „Сафиулин беше одличен, ми создаде многу проблеми во моменти кога ја губев концентрацијата. Сето тоа доведе до мали ...
Белгиската фудбалска федерација реагираше со официјално соопштение откако ФИФА одлучи да му ја укине суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун и да му дозволи настап во осминафиналниот натпревар од Светското првенство.. Балогун требаше да го пропушти натпреварот поради црвениот картон, но ФИФА ја поништи суспензијата. Одлуката предизвика бурни реакции, а белгиската федерација објави официјално соопштение за ситуацијата. ...
Кристијано Роналдо потврди дека настапот на Мундијалот 2026 ќе биде негов последен на најголемата фудбалска сцена. Во пресрет на осминафиналето против Шпанија, португалскиот капитен откри дека сака да ужива во секој момент, но и се надева дека неговото мундијалско патување нема да заврши веќе утре. „Сакам да уживам во ова колку што е можно повеќе, затоа што ова ќе биде моето последно Светско првенство. Но, се надевам дека утре нема да биде ...
Репрезентациите на Мексико и Англија ноќеска ќе се борат за место во четвртфиналето на Светското првенство, а во пресрет на натпреварот една необична тема ја одбележа прес-конференцијата на Англичаните. Поради тоа што мечот ќе се игра во Мексико Сити, на надморска височина од повеќе од 2.200 метри, селекторот Томас Тухел беше запрашан дали неговиот тим користел вијагра за полесно да се адаптира на условите. Иако лекот најчесто се поврзува со ...
Доскорешниот голман на битолски Пелистер, Андреј Јовчевски, официјално е нов фудбалер на македонскиот прволигаш, Струга Трим Лум. Стружани го објавија новото засилување, со надеж дека ќе биде солидно пополнување за тимот од крај езерото. 22-годишникот досега ги бранеше боите на Пелистер, а сега заминува крај езерото, каде се очекува да прикаже солидни партии за секогаш амбициозниот прволигаш. Струга Трим Лум веќе го објави и трансферот на ...
Американскиот бек Двејн Вашингтон е нов кошаркар на Баерн Минхен, откако германскиот шампион официјално го потврди неговиот трансфер на почетокот на јули 2026 година. Американскиот кошаркар потпиша долгорочен договор кој има важност до 2028 година. Вашингтон во Минхен пристигнува од редовите на белградски Партизан, каде што беше еден од најдобрите стрелци и треба да биде директна замена за нашиот Ненад Димитријевиќ, кој потпиша за Арис од ...
Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед го потврди ангажманот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Базумана Туре. Дваесетгодишниот фудбалер потпиша долгорочен договор и пристигнува од Хофенхајм за сума од 50 милиони евра. Туре изјави дека е пресреќен што ќе има можност да настапува во Премиер лигата и најави дека ќе даде максимум за новиот клуб. Минатата сезона тој одигра 32 натпревари за Хофенхајм, постигнувајќи пет голови и ...
Македонската ракометна судиска двојка Методија и Михајло Илиевски официјално се делегирани од страна на ЕХФ да ја делат правдата на претстојното Европско првенство во ракомет за младинци. Ова е уште едно големо признание за браќата Илиевски, кои веќе имаат богато меѓународно искуство, судејќи натпревари во Европската лига и Европскиот Куп. Покрај машката младинска репрезентација, Македонија ќе има свои претставници и преку судискиот пар од ...
Светското првенство во фудбал 2026 година е поставен апсолутен историски рекорд со дури тринаесет постигнати автоголови досега на турнирот. Оваа бројка го надмина претходниот рекорд од дванаесет автоголови, кој беше поставен за време на Мундијалот во Русија во 2018 година. Египетскиот репрезентативец Мохамед Хани стана првиот фудбалер во историјата на светските првенства кој постигнал два автогола на еден мундијалски турнир. Во 55. минута од ...
Јапонската тенисерка Наоми Осака се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналната фаза ја елиминираше светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, со 2-0, по сетоби 6-2, 7-6. Осака доминираше во првиот сет, кој го доби со два брејка во своја полза, додека во вториот двете тенисерки беа сигурни на свој сервис. Победникот беше решен во тај-брејкот, каде што Јапонката беше поуспешна и го завери пласманот меѓу осумте ...
Напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, ќе може да настапи за САД во осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Белгија. Иако на дуелот со Босна и Херцеговина доби директен црвен картон по стартот врз Тарик Мухаремовиќ, што вообичаено носи автоматска суспензија од еден натпревар, Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да му дозволи настап. Со тоа, најдобриот стрелец на САД на турнирот ќе му биде на располагање ...