Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги „запали моторите“ за новата сезона во која освен на домашно тло, се враќа и во елитната Лига на шампиони. Тимот предводен од Иван Чупиќ го одржа првиот летен тренинг во новиот дом, реновираната сала „Расадник“ каде што ќе тренираат во иднина. На овој терен ќе се играат натпреварите од Суперлигата со исклучок на дерби пресметките, додека европските дуели остануваат во СЦ „Јане Сандански“. ...

Ракометарите на Вардар 1961 влегоа во подготовките за новата сезона со највисоки амбиции на домашен план, како и желба за достојно претставување на кам-бекот во Лигата на шампионите. Тимот го одржа првиот собир и тренинг во реновираната сала „Расадник“, а своите очекувања за новата сезона ги сподели хрватскиот тренер Иван Чупиќ. Според него, Вардар повторно ќе цели кон домашните трофеи, но посочи дека конкуренцијата е засилена и дека воопшто ...